По продавниците во мавровка сигурно има, а и сигурно изработуваат. Инаку вака по продавнициве не сум видела
сакам вел , не многу долг и сакам само едни обетки ама повпечатливи , гледам деновиве по бижутерии и некако ништо да најдам како што сакам , предлози за некои добри продавници за бижутерија па макар и поскапи да се ама убаво изработени
Во ботони ГТЦ, Софи,Аб и Butterfly accesories мислам се викаше 3тата бижутерница во ТЦ Бисер. Како и таа на автобуската станица на Бит Пазар
Убава бижутерија, ама нешто поскапа, има во Рамстор на приземје во една мислам нова продавничка. Можеш да видиш и во тие горе, ама мислам обетки нема нешто посебно. Секако останува Swarovski, или Swarovski Elements (како поефтина варијанта од двете)
Јас немам поима каков детаљ за коса.Цвет не сакам,се мислев за венче-чинам имам постирано некаде,ама незнам ни каква фризура па ни како да стои венчето Утре треба да одам да се договорам за детали во коса,а јас сеуште се мислам,битно знам дека цвет не сакам
Вел и нараквици не ми се допаѓаат, а и не одат со секој модел на фустан. Од накит сум а нешто поедноставни и елегантно.
При едно невино шетање во Охрид пред две недели, случајно влегов во една продавница да си купам торба за на плажа, и ОП! Чипкани ракавици од истата чипка која ја планирав за фустанот! Радости неизмерни, хахаха! Кратки до злоб, со сите прсти и мало карнерче на зглобот. И за радоста да биде уште поголема, исиот ден на враќање од плажа толку многу врнеше, да се затскривме под една стреа каде имаше цвеќара и си го најдов совршеното чипкано од иста чипка ЧАДОРЧЕ! И сега сум мирна ко се да ми е средено. Чадорот е само за фотосесиите, се разбира. Заборавив да напоменам, произведени се од Дуки и Дасо, мислам од Неготино дека беше фирмата. Имаше апсолутно секакви, мора да ги има по Скопјево и другите градови!