Мојот дефинитивно ќе биде ваков.Порабен со чипка.Целата замисла за изгледот ми е некако чипката така да супер ќе одговара.
Женски, ај на помош пак... Кај да најдам ваков стил на вел? Со малечка мрежичка. Ако воопшто има кај да се најде тука, на неколку место што барав се се огромни, а јас сакам само од страна до окото да ми фаќа...
Па би требало да има по продавниците за венчаници. Ако нема каков што сакаш, би требало да може да го сошијат без проблем? Или пак, да ти го прикачат на некоја убава шнола цвет или слично. Тетка ми кога се мажеше на времето, имаше капа со ваква мрежичка, баш убаво изгледаше. Ама одеше со фустанот, комплет. Тоа беше во 80-тите. Денес веројатно треба да е полесно да се најде вакво нешто
И јас мислев дека е едноставно, ама излезе дека било многу сложено... За шиење само една ми се понуди од мавровка, само цената кај ја изнајде не ми е јасно... Се снајдов во меѓувреме, си купив тулче и еден многу убав цвет, и си го направив со многу мала мрежичка, ептен интересно дојде, и многу ми одговара со венчаницата!