Женски сте виделе ли некаде вакви венчиња? И според вас со каков вел одговараат повеќе, краток, долг, ептен едноставен, со чипка на рабовите?
Нати вакви слични сум видела кај Емили во Струмица. Она изработува преубави. Според мене доколку веќе ќе се носи вел, подобро е да биде подолг. А може вакво некое венче и без вел. Толку е убаво и богато што е довлно.
Me интересира каде би можела да разгледам невестински круни. Не најдов во темата, ако знае некој некоја продавница, па да ми пушти линк.
Јас сум среќавала по поголемите продавници за бижутерија, конкретно во Штип видов на едносмерната улица. Е сега не знам од каде си ти како би можела да ти помогнам
Круни има на женски пазар, кај битпазар, во една продавница до она за играчки и се движат од 200-600 ден. зависно од украсувањето
Јас сакам да ми направат вакво нешто,дали е возможно тоа во Скопје оти ништо досега не ми се допаднало во продавниците ниту на битпазар??
Благодарам за одговорот. Јас веќе бев таму и си купив ама мојата изнесуваше 1200 денари. Не најдов поевтина, барем не таква каква што јас сакав.
Во трговскиот Беверли Хилс во Скопје има продавница за бижутерија се вика Олимпија изработуваат круни,шноли,обетки.... по ваша желба од какви каменчиња сакате,монистри,циркони најразлични бои и големини.Жената што работи таму е лудница,јас за било кој повод ако ми треба нешто таму ми изработуваат и има многу достапни цени... Исто сега за мојата свадба си порачав таму,нема потреба да губите време по пазари што сакате може да ви направи