Каква беше вашта ташна и чевли, колку долго траеше изборот?Дали баравте нешто special или ви беше важна штиклата? Еве неколку убави:
јас моите ги најдов сосема случајно, иако мислев дека мн тешко ке најдам бели бидејки носам 35 а и не барав нешто специјално, нели немам и некој избор заради бројчето а ташна не носев... еве ги моите чевлиња
Е за летно време вакви Ама пошто е ладно и мора да биде нешто различно јас ќе си најдам вакви и ќе ги носам без око да ми трепне А за ташни вистинско мало ремек дело и за мене нормално ако најдам на црно ваква
Има некој стереотип дека чевлите за невестинскиот фустан треба да се бели,односно 90 посто од невестите купуваат бели чевли. Како понов моден тренд е чевли во појаки бои кои секако е многу смел избор. Какви чевли вие би сакале да носите за вашата свадба?Дали би останале на она традиционалното бели чевли или би избрале во некоја друга боја?
Една од можеби најважниот детал на свадбата. Да,не се гледа, но што ако чевлите не се удобни, ти поминала цела свадба со издуени нозе или плускавици. И тоа како ќе ги најдеш, па уште и ако зима правиш свадба ограничена си со изборот. Јас имав крем чевли високи, иако имав бела венчаница. И ташната и чевлите ги купив во последен момент.
Каде низ градов можат да се најдат бели чевли со мала штикла?? Јас до сега нигде немам видено. Сите се или превисоки или рамни. Помооош
Во мавровка на поминување по продавниците, во 2 видов пред едно недела дена. А за Gary сум 100% сигурна вчера,завчера ги видов.
Сметам дека невестинските ташна и чевли не мора да ја имаат истата судбина како и фустанот: ги облекувате само на свадбата и никогаш повеќе. Токму затоа сметам дека не мора да бидат типично невестински. Нека бидат оние кои сте ги бендисале два месеци пред воопшто да планирате свадба, оние кои два месеци после свадбата ќе ги облечете за на вечера. И најважно е да ви бидат удобни, затоа што треба цел ден да го поминете на нив. Невеста боса без чевли не ја личи. Можеби ќе сменам мислење, но засега желба ми е да носам на свадбата црвени штиклички, високи некои си 5 сантими.
Изгледа ја обажаваш црвената боја Црвени штиклички, црвен долен веш и црвен бидермаер Интересно и нескојдневно