Сакав да ве прашам за мислење. ММ е многу малце повисок од мене, да не претерам само 3 прсти... И несакам да носам штикли на свадбата бидејќи сликите остануваат успомен и несакам да делувам како жирафа спрема нема, плус тоа широк фустан, значи покрупна ќе ме прави фустанот од него и повисока, а тој си е таман ии несакам да носам штикли. што мислите вие за ова?? И за ташна, јас не би одбрала плико, некоја поелегантна ташна ама во никој случај ПЛИКО, како што знам, парите се чуваат во ташната од невестата а во пликото нема да ми го собери ниту карминот ни парфемот а камоли и пари да туткам....
НАЈВАЖНО, ЗНАЧИ НАЈВАЖНО Е ти да се чувствуваш убаво на сопствената свадба, ако не сакаш да носиш штикли не носи, купи си ниски чевли. А и плус, јас на мојата свадба ја направив најголемата грешка, не си купив плус и ниски чевли бидејки не можев да издржам цел ден и цела ноќ на штикли. Во ресторантот бев боса, но фустанот ми беше голем па така не се примеуваше многу. За ташна, јас лично имав мала, што знам мене лично не ми се допаѓа невеста со голема чанта (мое мислење). Јас за парите имав голема ташна, таа ми беше во кола па само си ја зедов за во ресторантот. Пак ќе ти повторам како ти се чувствуваш така и прави.
Ги гледам сликите и навистина се убави повеќето чевли, но од каде ги најдам???Видов само во Биана и Пеко ама некако ептен неубави моделите...сакам кожени чевли,боја-слонова коска со ременче околу глуждот па може и две за постабилна да ми е ногата...планирам резерва да си земам некои на полна пета за да издржам Феминки помагајте свадбата ми е почеток на мај
Точно од оваа марка што се на сликава Merry Ed,и ако не се лажам скрос истиве ѓи видов во Atelje Papillon ....има доста избор,а и цените не и се лоши.Само што продавницава се наоѓа во Куманово,зависи од каде си,има и facebook може да ја контактираш за повеќе инфо...
Обувките пред се треба да бидат удобни нели, за да го поминеш цел ден во нив. Мене ми е малце глупо кога невестата облекува некои бели кломпи во ресторант чисто да се каже дека не е боса.
Снаа ми си купи ниски кондури за да може да си се изнаигра на свадба и не погреши. За една невеста покрај фустанот важна е и стабилната обувка, оти ем цел ден е на нозе ем сите у неа гледаат.