Добар избор на невестински чевли има во Atelje Papillon во Куманово,а пред се многу удобни што е многу важно сепак...еве и facebook разгледај имаа неколку слики,а исто и цените им се доста добри https://www.facebook.com/Vencanici?ref=stream
Уф, нешто слично на овие меркам со месеци во Ил Камино, а пред некој ден ги забележав истите и во Алпина. Толку ми се допаѓаат, и нежни и елегантни (понежни се и од овие на сликата), што дури би си ги купила уште сега, да не ми ги снема кога ќе ми притребаат баш.
Мојата свадбена прослава се ближи. Како што веќе имав кажано, не планираме типична свадба, туку мала свадбена прослава со околу 30-40 гости па се обидов трошоците да ги сведам на минимум. При крај сме со подготовките, ташна и чевли купив од Бит-пазар. Многу скромно, чевлите ги платив 1300 денари (македонски производ) едвај најдов со мала штикла, а чантата 500 денари. Еве слика
Девојки каде можам да најдам удобен модел и со пониска или средна штикла, се што сретнав е високо а јас не можам да носам високи никако.