Јас за црвено се одлучив. Си купив црвени штикли, а балетанки црвени имам за навечер што многу ми се удобни. и црвен ке ми биде и бидермаерот со нешто бело низ него. Не сакам класично, се во бело. А на сите што им спомнав за црвени штикли,коментарот беше, зошто така,нели треба се бело да е? Е треба,како ке си одлучам така треба
женички малку офф топик еве ви линк од мојата омилена страна кога се спремав за свадба. Многу идеи од овде си превземав, навистина се ми е преубаво. http://www.rocknrollbride.com/ п.с моите штикли и балетанки беа тегет боја така да баш ви е гајле, што сакате тоа носете.
веќе имам такви благ шпиц не многу високи црни штикли и згодни ми се, сега видов и бели дека имаат донесено па ќе си купам такви, убаво елегантно изгледаат. да е летно време свадбата друго е со сандалчиња сега ќе мора затворена салонка
сакам само да бидат бели, едноставни и удобни ид а можам после да ги носам, неќам светликави, кич. шљокици, чипки на штикла, ептен свечени после да неможам да ги носам, барем штиклите и ташната да ги искористам ако не можам фустанот Овие највеќе ми се допаѓаат!
mi se dopaga toa sto go opisa. Ne staviv like na ova zosto bas ne sakam platformi. Posebno za nevesti.
мислам дека на Biana штиклите се најудобни за секоја пригода, така да и за свадба се најудобни....Се надевм дека ќе најдам некои бели
Кога барав кондури важно ми беше само да најдам нешто што нема да го облечам само еднаш, да фаќаат прашина во плакар дваесетина години и на крај да завршат во ѓубре. Со оглед на тоа што беше зима, го превртев цело Скопје за да најдам помодерни кондури, кои иако се преубави излегоа крајно неудобни!
Заклучок: Првенствено да бараме удобни кондури за да издржам цел ден во нив, па после тоа гајле ми е дали ќе ги носам пак или не. Битно тој ден да не ме болат нозете
И јас се водам по тоа првенствено да ми бидат чевлите удобни, за да можам да издржам во нив. Повеќе сум за чевли со некоја средна штикличка. Сакам да ве прашам, доколку не најдам бели чевли (венчаницата ќе ми биде бела, со должина до под колена) со висина што би ми одговарала, да ве замолам ми дадете предлог која друга боја на чевли да ја земам во предвид освен црвена и сребрена?