jas najmnogu se nervirav so cevlite. Znaci pred da pocnam da baram mislev deka toa ke bide najlesnata rabota, no ispadna sosema sprotivno. Po tolku baranje najdov edni od biana koi mi odgovaraat na nogata, pa kako ke bide cel den ke vidime denta.
Во Куманово прават чевли по нарачка...и модел и бола и материјал Малку поскапи ке бидат ама за некоја посебна прилика вреди да се плати. Незнам дуќанот како има се вика, ама се наоѓа во редот на ТТК банка , последен е како на ќош доаѓа и гледа накај плоштадот.
Би платила и поскапо само да ми бидат удобни и да ми одговараат. Некоја Кумановка да не знае како се вика овој дуќан?
Феминки јас да се пофалам дека си најдов чевли во Пеко Бисерно-шампањ боја, чиста кожа Ниска штикличка, таман за да можам да издржам цел ден.
Една од најпаметните работи што ја направив на мојата свадба е што не носев штикли. Додуша јас не носев од причина што мажето ми е мааааалку пониско од мене, ама после ми се покажа како најдоброто нешто што го направив. Е малку имав проблем со наоѓањето на совршените невестински балетанки ама затоа си ги направив. Си купив обични бели балетанки со мал шпиц и ги однесов кај едно девојче во Велес, се вика Кате Чукниева, ми ја препорачаа и ми ги направи совршени. Цели со бели бисери, баш како што си ги замислив. И замислете ме коштаа само 1600 денари комплет. И супер ми беа згодни и преубави. Еве ви и слики во прилог
Јас ќе земам и штикли и балетанки,ќе се обидам да најдам со соодветна цена и ќе гледам да одберам некој што ќе ги изнаносам после тоа.Деновиве ќе тркнам да разгледам
Наместо да ставате слики покорисно би било да пишувате од искуство каде може да се најдат. Бидејќи јас ги свртев сите продавници за обувки и не само шо е многу тешко да најдеш бели штикли, туку е ептен тешко да најдеш такви кои ќе бидат соодветни за таква убава прилика. И на крај ќе се задоволиш со некои бели кои не се баш најбели али ајде... шо ќе се прави, барем (се надеваш) удобни ќе бидат. Јас купив од Биана трејд, обични се, лаковани и е не се баш чисто бели, али мислам дека ќе пројдат. А сеа па ко за беља, не можам ни бели балетанки убави да најдам. Сите ми се ептен ко за секој ден. Најдов едни шо ептен ми прават ќејф, ама златни се Ете ми ја маката моментално
Јас не купив бели кондури за мојата свадба, туку во боја исто и ташничката не беше бела. Гледав да ми се удобни и да не се многу високи, ниту пак скапи, плус купив и балетанки. Да ви кажам искрено ги изнаносив од тогаш навака, и среќа што не купив бели...бидејќи никогаш веќе немаше да ги облечам а и немаше да ми бидат по кејф баш
Гледам балетанки сите барате. Мене балетанките ми се изум што во поим ја убива женственоста. За свадба во никој случај не би носела. Доста свадби поминавме значи барабар со невестата на штикли па мака од штикли не видов. Тука мислам играње кај момчето, одење по невеста значи од сабајле до вечер играње па не ми падна на памет да се пресоблекувам, се надевам дека ќе издржам. Инаку би избрала висока елегантна штикла. Многу мои другарки се сликаа во полна пета сандали (дека високи а удобни) на пречекот на гостите и воопшто не и се гледаа на сликите од фустанот, а за веслбата високи штикли. Секако дека не стриптизерска чевла да се разбереме. И различна боја ми е интересна комбинација ама ај прво другото да истераме, па ќе му ја мислиме на чевлите, кешки уште тоа да останеше за мислење.
Лично јас не би фрлала пари за штикли шо немат да ги облечам уште еднаш. Би одбрала поедноставни и за да можам да ги носам во друга прилика. Секако нема да се гледаат под фустан.
Чевлите од регистрација, 14см високи, купени Bata цена некаде околу 6.000ден. Чевли од свадбата, се замислив во ниско, демек и после ќе сум ги носела, но и на сликава се гледа колку се упропастија од едно носење, купени во Полини, цена околу 8.000ден.. Чантата ја носев на двете свечености, бојата е како ниските чевли, но на сликава изгледа чудно купена од Скопска Чаршија цена 2,000ден.