Многу ми се свиѓаат вакви невестински торбички, зборам за оваа форма воопшто, некако баш ми се како за ваква пригода. @miss-bootylicius , мсм дека зависи и од фустанот, ама зошто да не. Мислам дека би биле добар избор.
Многу се убави, носи ги. Спојлер (многу голема мистерија е што барам јас во 12:55 во сабота во тема за невести)
Невевчиња купив штикли од бата многу убави,арно ама таму пробав седејќи само десна и ги грабнав и платив..дома облакање двете ке се напрчев да паднам.Е сеа,бројот е 40 ка,штикла 10тина цм,јас сум во Мк крај на август,ако има некоја со 40 ка величина ке ми биде драго да ги поклонам,зошто да ми стојат дома,тие се за носењенема да ми е проблем да ги пратам по такси/автобус било каде низ Мк,само пишете ми лп!се надевам ќе усреќам некоја
Мене ми се свиѓаат, и јас сум во потрага, свадбата ми е во септември, ама ако ти се тебе високи, сигурно и мене ќе ми бидат. Со 10цм слабо се движам
Јас ваква си најдов во Дуки Дасо лани. Мислам дека можеш и сега да најдеш. Пошто не „бакнував рака“ и не ми требапе голема ташна која ќе ја пунам со пари, оваа ми беше супер. П.С. Позади е сребрена.
Мојата е како оваа доле , малата, фатена во кадар на сликата на @SaNJaAaaAaa . Јас ја добив со фустанот.
Невестички дај кажете идеја од каде да купам убави чевли за свадбата, па и ташничка? Не мора да се бели, може крем, пудра боја, шеќерна посветла... и сл во тој стил. Фала
Јас барав и се чудев зошто во Мк нема нигде саламни невестински чевли... Абе ни еден модел такви елегантни , или со некое цветче, никако да се најде.
Јас моите чевли и ташна ги купив во Nine West и не беа типично невестински (бели), туку беа златни. Ги очекувам сликите од свадбата па ќе прикачам и тука слика.
Многу ми се допаѓаат овие чевли и сакам да ги купам, но ме загрижува висината на штиклата, дали ќе можам цел ден да издржам на толку високи. Ќе морамора да имам резерва балетанки, или да продолжам сод потрагата на чевли со помала штикла
Значи мислев нема да е прпблем да најдам чевли за свадбата ќе ги најдам во 1ден шетање и се свртев низ Скопје џабе...ако има модел нема број ако има број се далеку од удобни... Плс хелп (макар кај да најдам да ми направат по нарачка??
Прекрасни чевли и ташни има секогаш во Нине Вест ....погледни нема да се разочараш... Мона секогаш е опција и Карписа за ташнички.....