Ташна не носев, долго време се двоумев дали да носам салонка или сандала, на крај ради удобност избрав сандали. Не се класични невестински, ама беа најблиску до она што го имав замислено.
Еве го мојот избор на невестински чевли, од Биана трејд- кожни, удобни, ниски и на намаление од 2400 на 1800. Се надевам ќе се покажат како добар избор.
Одличен избор и овие беа едни од тие што ми се допаднаа меѓутоа немаше мој број па се одлучив за други исто од Биана. Поздрав
Што мислите за чевли на платформа? Јас на туѓи свадби сум плачела од болка од штиклите и на мојата не ни помислувам. А бидејќи сѕм нискичко не сакам да носам балетанки
Ќе си го видиш раатот. Јас на мојата свадба си одбрав златни штикли за да можам и подоцна да ги искористам. Со нив само излегов од дома и ги сменив со сандали на платформа и тоа доста високи. Цел ден издржав без проблем. Јас би те советувала само на платформа. Гледај да ти е што поудобно. Џабе се ако те болат нозете...
Моте невестински не се покажаа како добар избор, среќа што носев бели лаковани на плута за на крај на забавното ниски сандали
Здраво, јас сум 34,5, па често и штиклите бр. 35 ми се големи. Дали знае некој каде прават штикли по мерка?
Каде можам да најдам нешни ,,невестински,, патики? нема да можам да носам штикли- проблеми со нокт не верувам да се управи до тогаш