Девојки, кај низ Скопје можат да се најдат убави невестински чевли, по пристојна цена, до 3.000-3.500, свадбава се ближи а јас уште кондури не сум купила , некако ич не сум сериозна , вчера шетав низ гтц нема ништо.
^ Истата мака ја имам и јас Се е на платформа,превисоко,невкусно..... Батали цените,ништо не се наоѓа,а за 2 недели морам да најдам
и мене ми требаат се пријавувам за помош и јас пробата ми е за некоја недела а јас немам кондури омг кој ќе најде прв оп стоп нека пише
невести мои јас за мојата свадба купив два пара чевли - едните со ниска штикла кожни бели со сива машна напред ги земав на намаление од адамс во рамсторе(1700ден мислам беа) и тоа случајно ги најдов и другите високи бели 1200 ги купив во буњаковец со тие високите бев секаде во матично црква и во ресторан ги пречекав сите гости дури и првото оро го заиграв со нив после си ги облеков тие ниските и со нив до сабајле верувајте не се издржува цел ден на висока штикла вака ем одморена ем највесела невеста сега тие белите со машната можам да ги носам а другите ќе ги пребојам во црвени и нив ќе си ги носам
се согласувсам и јас треба да купам уште ниски ,а високи најдов исти како фустанот што уште немозам да се изначудам,ама како што каза за весела невеста мора и ниски
Eпа девојки јас си купив чевли Со мала платформа,штикла 11,12 цм,но многу удобни.Ги земав 2200 од Биана.Имаа доста избор на бело,крем и сиво,зборувам за Биана Трејд,пошто има и Биана Шус. Инаку,јас која не сакаше да чуе за бело,купи бели чевли Едноставно кога ги облеков се вљубив во нив,преубаво и нежно ми стоеја Едно гајле помалку
Уште да најдам низ град некои сандали со ремчиња што ќе одговараат на светол шампањ венчаница, а ќе можат да се носат и после свадбата, таман ќе биде Само нешто не гледам такви...