Невестулки не мора чевличките да се баш бели, видете низ продавниците има убави сандалки кои се кремасти, светло бежови, сребренки и слично... Ем има поголем избор, ем ќе може да си ги носите и во некоја друга пригода. Видете во Адамс, таму имаше интересни моделчиња
рајна извини сега гледам дека си пишала. на страната и во продавницата се сосема различни модели отиди слободно и види си има голем избор. за цена незнам да ти кажам бидејќи јас барав во боја и не се заинтересирав за цената на белите, а дали се удобни и тоа треба да видиш според ногата. јас си најдов и балетанки и штикли за мн ефтини пари дури се изненадив ама барав одреден модел а не гледав колку пари се. поздрав и со среќа
Леле, цел град го зартев за да најдам вакви чевлички, и нема ни под дрво ни под камен... Ми рекоа да си ги правам по нарачка, ама се ми е тоа некако комплицирано... Да не сте виделе некаде, да ми излезете во пресрет? Фала девојки!
Мили и драги мои, јас ги најдов овие кондурчиња!!!!!!! Трк сите кои барате во Албатрос во трговски, само наместо врвки имаат машнички. Ќе видам подоцна како се постира слика, па ќе ви ги покажам. И да, најваќното, ги купив за 500 ДЕНАРИИИИ!!!!!
Ташната е страшна глупост и невиден одвишок за невестата. Јас не ни купив ташна и немав на свадбата ташна. Шминката ми држеше цела вечер ( и да не држи сите ваши другарки ќе носат сјај или кармин, а мобилен да не и треба на невестата или пари?? Кај се држи бидермаер, венчаница, сопругот под рака и уште ташна ми требаше да си закачам на мене. Не е потребна ама ни малку!