И мојата фризура беше нешто вакво, само што косата ми беше пократка. Шминката и фризурата ми ги правеше девојка која ептен си ја бива за вакво нешто, а верувам дека не е многу позната. Ден пред свадбата се сретнавме, и само и' кажав дека сакам да личам на себе, а не да бидам порцеланска кукла. Девојката ми ја исполни желбата и јас сум презадоволна од тоа како изгледав на свадбата. И јас се сложувам дека не мора фризерот/шминкерот да биде некое звучно име - славата не е гаранција дека ќе изгледате убаво. Што се однесува до должината на косата - на професионалец не би му пречела ниедна должина - ако го бива, ќе и' го најде чарето.
А ќе може Вие двете да кажете за кого се работи, некаков контакт? И мене тоа нај многу ме плаши, да не го утнам фризерот/шминкерот. Баш сакам ваква едноставна но убава фризура, со локни, кај мене може и од двете страни, со некој цвет во коса, мммм....
Ова вторава е многу добра ама за оние кои имаат природно виткана коса, а ако е виткана на фризер можи да се растури, треба многу да се внимава.
или пак ваков украс поголем со убаво исфенирана шмекерски направена фризура. Мене ми се допаѓа чешелов
Јас не сакам некоја невестинска, со сто илјади шноли и тракатанци. Арно ама немам баш идеја каква сакам да ми биде. А идниот ми маж рече дека морам барем еднаш во животот да направам фризура и тоа има да биде на овој ден, инаку нема да ме земе. Е сега ме подзамисли тука... Значи, мора да правам фризура. Тоа е. Јас вака би си отишла, ама веројатно ќе останам немажена. Ќе треба изгледа сарма фризура да правам.
RainBow а зошто мора да правиш сарма фризура, мене искрено не ми се допаѓаат такви фризури имаш голем број на други видови на невестински фризури, сепак тоа е твој ден и твој избор. Ако ти се чувствуваш убаво и таков ќе ти биде денот.