Реална да бидам барем според мене ова е реткост иако знам еден дечко што е невин на 30+ години. Мислам дека ова е некаков проблем, незнам, можеби грешам ама немам некое друго логично објаснување. Здрава, права личност (не е битно дали е машко или женско) над 20, 21 година да нема потреба за секс, мене ми е страшно. Пак ајде некако девојките ќе ги сфатам, си сакаат да си бидат со некој кој навистина ќе го заслужи тоа ама момциве не ги разбирам. Јас лично никогаш ама мислам баш НИКОГАШ не сум сакала да имам дечко кој нема да биде искусен во сексот. Секогаш сум сакала пред мене да имал многу партнерки, сега ќе речете ама болести, ова, она, дрн, дрн... Според мене ако дечкото си водел грижа за своето здравје нема да има никаков проблем. А и кој може да гарантира дека ако ете дечкото имал само една партнерка претходно дека само од неа неможе да фати нешто. Значи тоа не е мерило. Кој како сака нека каже ама искусен дечко си е искусен дечко. Несакам да незнае еден кондом да намести како што треба па после да се скине и ете ти беља. Или да го заборави во мене, па да се чудам после што ме снашло, или само од што ќе ме допре да сврши. Абе ајдеее... ќе си играме играчки. Уште една работа поради која не сум сакала невин дечко е заради тоа што несакам на над 25 години кога ќе треба да се озбилиме и двајцата и да размислуваме на посериозни теми на него тогаш да му текне дека му се шета и дека не си го изживеал животот. Како што ги има многу такви примери. Така што, не фала, си сакам и си имам некој што многу добро знае што прави.
Според тебе момците треба со кој ке им падне да се сексат, а девојките да се држат за некој посебен, кој патем се изнаебал... Девојката да се чува за специален, машкото со кого стигне... Хах.. Извини, малку ти се извртени свакањата... Малку повеке.
Немора да се "сексаат" со кој ќе им "падне", можат со која сакаат да се сексаат. Не разбирам што не ти е јасно. Демек и машките и женските треба да прават што сакаат и не треба да постојат ограничувања? Па добро, секој што сака може да си прави, мене лично тоа не ме интересира и не се мешам. Јас си кажав мое гледање на темата. Си кажав дека отсекогаш си сакав дечко што е искусен. Тоа "искусен дечко" може кој како сака да си го сфати. Ама исто така кажав и дека придавката "искусен или искусна" несакав и сеуште несакам да ме опишува мене во врска со ова прашање. Ако некоја друга сака тоа да биде нејзин личен опис и сака да биде на исто рамниште со машките во ова само заради тоа што сака да ги отфрли ограничените размислувања, исто така јас не се мешам, зашто е прашање на избор. Јас лично сметам дека жената треба да се стреми во други области да го надмине мажот, а не во ова. Пак ќе кажам, тоа е избор на секоја индивидуа, а јас не дискутирам за избори.
Ми го прочита ли цитатот? Не ти зборувам за искусен или не, на тоа секако секој си има право.. Но тоа дека за девојките е нормално и оправдано да го чекаат некој кој ке се нафати да ја заслужи нивната невиност.. И никој не рече без ограничување, но ова е тешка дискриминација.. Едноставно не е нормално и никако не треба да биде... Женска невиност да се заслужува, дај те молам...
А што па ти толку се припотресуваш и ми повраќаш тука? Не те разбирам.. Кој на кого и како сака ќе си ја даде невиноста. Ако некоја мисли дека треба да ја изгуби со некој што го сака и дека некој треба да го заслужи тоа, тогаш ок, ако некоја мисли дека невиноста е само една обична работа и треба да се изгуби од љубопитност тогаш пак ок. Не ме интересира мене. Јас лично, еве ако сакаш да знаеш за мене сметав дека ни јас, а ни мојата невиност не се најдени на улица. Несакав да му го дадам тоа задоволство на некој што утре нема ни да ме памети. И нормално си чекав подолго и си ја изгубив со некој кој, да, сметам дека го заслужил тоа. Ама тоа бил мој избор, јас никого не приморав или не ставив нож под грло на некоја друга истото да го прави. Кој како сака нека си прави. Јас си кажав мислење од мој аспект, а не дека некој треба да прави како мене или дека јас ги осудив тие што не прават како мене, многу далеку од тоа. Како што и ти не треба да ме осудуваш мене за мојот личен избор. Избор, се е тоа избор. И толку, едноставно е.
^Убаво те праша феминката над мене. А ти ја заслужи ли нечија машка невиност? Ако утре да речеме, наидеш на дечко кој е 22 години и ти вели дека е невин но дека треба да ја заслужиш неговата невиност бидејки не е најдена на улица што ке направиш? Да, ти сакаш искусни и нема што да ја заслужувај невиноста на дотичниот. Ама тебе некој те чекал и ја заслужувал твојата. И ако некоја феминка рече дека има 22 години и се се чуствува спремно и дека нејзиниот дечко не ја заслужува нејзината невиност, ќе и речеш да си чека. Ама машкото ке го фрлиш ова да ти го каже. Е заради таквите како тебе, има невини девојки и по 25 години кои чекаат некој кој ке ја заслужи таа златна невиност, а машко што на својот 21 роденден немал однос, заради тоа што едноставно не најдол девојка со која ке се опушти така, не му одело со девојките, треба да се ечка од земја... Заради тоа што неговата невиност е губре, не е девојка па да не му биде најдена на улица, мора да е искусен за да ги задоволи оние како тебе кои за жал се се повеке... Ете затоа, ти повраќав како што велиш ти.
Не ми е јасно. Па по грешка ќе ти се деси до 21-на. Јас право да ви кажам, си прашувам, си барам, отсекогаш, од мал. Се плеткав со лоши девојки. Што да правам Никогаш не ми бил јасен тој концепт на невиност. Шо се чува, за кого се чува, зш? Кога бев негде на 20 и нешто, една цура као ми вика невина била. Се убив од бегање. Више не и се јавивив. Никад. Одма ти е јасно дека типуе на мажачка. Тоа ми доаѓа потапа од „втор си ми“. За машки ми е уште понејасно. Неотпакуван ќе го чува ... Ние таквите ги викаме др**џии, а да не спомнувам дека се потенцијални манјаци. Меѓу пазачине у парк и на водно гарант ќе најдете невини.
Полека, полека, смирено, што се возбудувате толку.. Што не ви е јасно во "личен избор на секоја индивидуа"? М? Што сте се расфрлале со измислени ситуации, ако сум сретнела, ако ме сретнеле, ако ме прашале, дрн, дрн јариња... И кои се тие "такви како мене"? Јас не претставувам никаква група или организација, јас сум си единка, индивидуа и си донесувам сама избори позади кои си стојам. И незнам како јас со тие мои избори придонесувам за одредени девојки кои биле "како мене". Колку што има "такви како мене", има и "такви како тебе" и сега? Мислам дека бев доволно јасна и конкретна во сите мои мислења погоре. Несакам невини машки и невиноста треба да се заслужи *точка* Крива сум, си признавам... Не реков дека моето е супер, а твоето е лошо размислување или обратно. Си кажав мислење мое сопствено и не реков дека некој е ваков или таков, кој што сака нека прави мене не ме интересира. Овде ако некоја феминка побара совет јас ќе дадам од мој аспект, а дали ќе прифати или не нејзино си е. Впрочем скоро сите овде сме возрасни луѓе кои самите носиме лични одлуки и самите си ги трпиме последиците од тоа. Што сте се засекирале толку за мене јас незнам. Ако имаш конкретни аргументи со кои ќе ми се спротивставиш и ќе ми кажеш конкретно и јасно зошто не се согласуваш со мене тогаш во ред, прифаќам да ДИСКУТИРАМЕ, ама ако продолжиш со индиректни навреди и само (благо кажано) празни муабети тогаш немам апсолутно никаква причина да ја продолжам дискусијава. Овде сме да дискутираме и да ПРИФАЌАМЕ ТУЃ ИЗБОР И МИСЛЕЊЕ.
Види лепотице, сега отиде предалеку. Зборот ми беше дека мислењето дека девојчињата треба да се чуват за некој кој ке ја заработи невиноста е нормално, а не не нормално на 21 година машко да е невино. Тоа е едноставно дескриминација и јас сум против тоа. Секако, и дискриминацијата е нечиј избор. Океј е, твој си е изборот секако и мисли си како сакаш, поздрави го Елвис од мене и сите познати на минатиот век додека си таму. Бирај си што сакаш, овде целосно те поддржувам, но верувај кога ке собереш повеке искуство ке сватиш што ти зборувам...
а добро како ке знаете па вие дали е навистина невин или не? освен ако му верувате премногу, инаку мислам дека неможите да знаете дали имал досега нешто со друга или не освен по тоа шо можи да го посматрате како се понаша па ке сватите дали муе прв пат или не , искуството ке го издаде мислам ако го посматрате а ако не тогас незнам дали ке бидите сигурни во тоа
Па се приметува скоро по секој потег ! Кога ќе дојде до тоа , типот е нервозен , исплашен , незнае што треба да прави и како треба да го прави тоа, за овие ситници и не ти треба баш апла посматрање
Не сакам да коментирам зашто вакви теми ми се некако ептен малограѓански, како да се мешам во туѓ избор, а и јас да напишам што преферирам ќе му дојде како да се отворам пред секого и да се ставам на тапет за напади, исто како членката на претходната страна, а нејќам, ама пак ќе дадам коментар зашто многу ми личи како да се лечат комплекси на вакви теми и како само еден ист тип на луѓе да коментираат. Гледам и мажулиња некои се јавиле, демек која сакала невини, сака да каже као мене сите ме сакаат. Да разјасниме ако е искусен не значи дека го бива в кревет или дека е фраер. Ништо чудно пак да си е смотан . А на девојката Daydream џабе и се нафрливте, си кажа свое мислење, нема никој право да и кажува во кој век била заостаната.
Znaci normalno e da si nevin na 21 i ne e nekoja si golema starost gluposti mozat da ti kazat i deka si ikompleksiran i neznam tamu sto ednostavno ne gi slusaj ovie ovde so uste ziveat vo nekoja si zabluda.Sexot se oseka sexot ne se glumi i nikogas ne bidi so nekoj so koj sakas samo radi reda ili da imas sex da si prifanat ili ne prifanat od opshestvoto.Poznavam luge so sekogas imale sex samo za brojka nikogas ne uzivale i samo glumele deka mu e ok. Sexot ne se poznava dali ti e prv pat ili ne toa se zavisi do licnosta kolku e opustena taa moze i da imala 20 pati sex ama da osetis kao da nemala nikogas kao da nema nikavov senz, a ako znaes kako da ja vodes igrata imas senz oset so bi se reklo moze i nekoja da ne ti poveruva deka ti e prv pat pa da ja ubeduvas deka ti e ahahha,Zatoa uzivaj naprvo druzise drugarski so site razvija duhovitosta vo tebe zapoznaj se sebesi a podocna se samo ke si dojde.AHAHA procitav nesto deka nekoj sakal da mu e devojkata prva za da ne si zamisluvala drug smesno a so da receme na onie koi gi zamisluvaat nekoi od svetskite zvezdi ili bilo koj a nikogas ne bile alo bre luge izlezeto od malogradzanstvoto za koj koga trebalo da e nevin ili "vinoven " i uzivajte so sebe za da uziva i drugiot so vas
Procitav nekolku komentari-ne bi sakala so nevin, ne bi sakal so nevina.......Od nekade mora da se pocne, valjda ne se rodivte site "vini"
Спојлер se izvinuvam za latinicata, nemam mkd poddrshka lele znev eden vakov, i toa e postar od 21, neznam kaj drugite maski koi spagaat vo grupava koj e problemot, ama ovoj si postavuvase previsoki celi (a za volja na vistinata ne e nisto posebno), a sto e pointeresno ne se ni trudese mnogu mnogu...licno edno vreme se somnevav dek e gay... sega navistina nez sto stana so deckoto, iskreno se nadevam deka nesto se smenilo....
А зашто некој би лажел дека е невин? Ја мислев дека повеќето мажи си додаваат на бројот на партнерки кои ги имале, не си одземаат.