Таткото е болен, на моменти заборава, меша кој е кој од кога имаше удар. А Перихан е мислам љубов негова од младоста или жена му била незнам…
Порано не ја гледав серијата сега ја гледам, интересна ми е, посебно Ѓулбен и Есап ми се многу слатки На Есап му се смени наеднаш ликот.
Серијата е показател како психичките трауми и несреќното детство се причина за многу ментални заболувања. Ако се гледа со внимание, колку и да нервира Сафије (актерката е неверојатна), сепак и таа е жртва на лудата мајка. Сафије од едно мило и симпатично девојче, мајка и ја претворила во монструм кој се уништува себе си и целото семејство. Мило ми е што Ѓулбен си ја најде среќата со Есад, оти иако беше прилично забегана, сепак беше прикажана како жена чија душа не е толку црна како на Сафије. Хан иако е столб на семјството, мрачните сенки од минатото му го контролираат живот и кога сака да направи добро го прави на најлош можен начин. А Нериман, најмалата сестра, одвај успеа да се опорави од "канџите" на Сафије, оти за секоја неправда, казна или малтретирање, мазохистички си ја гребеше раката.
Зошто кажуваат последна епизода вечерва, последна од сезоната е. Овој новиот филм да не го стават тогаш.
Гледајте со ја онлајн ја има со српски и англиски превод. Јас не знам како ви се гледа синхронизирано. Напишете Masumlar Apartmani sa prevodom и ќе ви излезат. Втората сезона почнува со 38 ма епизода
Можеби ќе ја продолжат ама не верувам пишуваше крај, а баш почнав да ја гледам, омилена серија ми стана. Многу жална беше вчерашната епизода ми беше многу жал што почина Инџи, а и за Хан тој од тага полуде.
Една од ретките серии што ни една епизода и немам гледано целосно. Жива досада. Мило ми е што ја прекинаа. Очигледно слаба заинтересираност имаше. И по темава може да се види, едвај 3 страни муабет за неа. За добри серии пишуваме тон страни.
Зошто ја прекинаа, се знае дали пак ќе ја даваат? Да не ја продолжат кога ќе заврши Бегалка? Многу добра содржина имаше и интересна беше многу серијава.