1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невиност на 20 години

Дискусија во 'Секс' започната од marija666, 6 јануари 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, за врски мислев првично, ама и за сексуални партнери.
    Може и мене ќе ме лаже дека ме сака за врска, а сака само забава како со претходните. И сега ќе си речам - со ниедна неќел врска, што баш со мене? Или само ме лаже за да ме придобие. Ништо не сум посебна јас од другите.
    Мислам не е тоа тоа и не ми е исто да ми рече не ми одеше врската со бившата и да ми рече со 20 девојки сум одел.
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    У принцип не треба да не' занима прошлоста на партнерите, ни да не оптоварува тоа.
     
    На Annath, *Amethyst*, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Абе во право си ама што е до мене, не можам да терам со него ако не знам сѐ за него.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А колку ми се па тие смешни кои си прават филмови во глава партнерот ке ме поштува ако ми е прв хахаха само ке се зезнат ако му е карактерот да вара да понижава тоа уште толку ке го наведе бидејки самата му се давате и се самата сметате за потчинета.
     
    На *Amethyst*, smile:), Rabbit 97 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.950
    Пол:
    Женски
    Како бре вие пресвети имате вакви другарки? Какви другарки сте вие со вакви морални вредности, а ваму се дружите со такви невоспитани? Значи очигледно сте лицемерни, се нарекувате нечиј пријател, а ваму ги сеете по форуми дека се вакви или такви. Што има да се дружиш ти со неморални девојки, ако ти не си таква? Нели с ким си такав си?

    А ако некоја девојка сака да има секс за една вечер од нејзини лични причини и одлучи да замине со некого после некоја пијачка, тоа си е лично нејзино право. Ако тебе не ти се свиѓа тоа, исто е твое лично право, имаш право да го коментираш тоа и на форум колку и да е глупо, ама навистина ми е жал што има девојки кои таквите како тебе ги сметаат за пријателки а им зборуваат зад грб и ги покажуваат со прст. Пријателка и пол си, нема што.

    Тој феминистички булшит што ти го нарекуваш е одговорен за тоа ТИ да имаш право да си одбереш партнер, место твоите да седнат на маса и да одлучат за кого да те мажат, ти да имаш право да си избереш што сакаш со себеси во животот, да излезеш да гласаш, да можеш да возиш кола, да имаш избор што да студираш, да имаш право да си одлучиш колку деца сакаш со помош на заштита и уште многу други работи.

    Тој феминистички булшит се бори за моментално да имаш исти плати со твоите машки колеги, да можеш да отидеш на работно интервју без да те прашуваат дали си мажена или планираш да раѓаш, да одлучуваат други дали да те вработат или не без разлика на претходно напишаното, да се имплементираме повеќе во "машки професии" како политика, медицина, астрономија и слично.

    Нажалост да, природата не ја сакам и јас секогаш, создава вакви ко вас што притисок ми дигаат и морам во Април, 2020 година да се објаснувам на форум кои глупости ги тресете.
     
    На Annath, Babygirll3, smooch и 22 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.950
    Пол:
    Женски
    А ти златен што прво некритички пристапуваш на темава а одма после тоа критика даваш кон Кончита и сите припадници на една таква заедница нарекувајќи ги забегани да ти објаснам неколку работи.

    1. Девојките се повеќе и повеќе се опаметуваат и ги кинат тие ортоми кои вие златни сте им ги стегнале така што треба да мислат дека треба да се чуваат за гоблини кои мислат дека се царови оти одзеле невиност на некоја девојка.

    2. Како што можеш да приметиш во Македонија исто така се повеќе се цени сексуалната слобода, ако гледаме процентуално колку девојки се либерални а колку ШугарХани испаѓа дека многу повеќе девојки си сакаат слобода и квалитетен сексуален живот отколку мачомени кому ќе му ја дадат невиноста.

    3. Девојките сакаат секс исто колку машките. И го имаат. Вие ќе мора да си го сфатите тоа и да си најдете начин да резонирате дека одамна ни е поминат тој филм дека треба да се чуваме за некој дури тој може да си спие со која сака. Можеме и ние, а и го правиме тоа. Шта год више се повеќе жени сакаат модерни мажи а не такви опиноци кои мислат дека хименот е богатство.

    4. Со самиот напредок на општеството веќе нема чичковци и тетки кои ќе ви најдат невеста пошто вие не можете, како што било на времето кога не ги прашувале девојките дали сакаат некој или не - туку ги мажеле па среќа и на таквите како тебе им наоѓале и имале партнерка покрај себе.

    5. Феминизмот (да, нешто на кое што сум најгорда дека сум) е одговорен да си ги сакаме телата, да си ги цениме и да одбираме партнери што го сакаат истото кај нас. Се повеќе и повеќе девојки опаметува да бегаат од таквите како тебе. Затоа и го мразите, ама жалам огромен замав зема и ќе стане уште поголем и помоќен.

    Сума сумарум светот се движи во правец кој вие не го сакате, а се движи со огромен моментум. И ништо не ми прави повеќе сатисфакција отколку кога ќе видам дека успеваат луѓе какви што вие мразите како Кончита и слично. Ништо. Може да си пукнете од мака само и да чекате да се испили некоја ШугарХани пошто само таква девојка може и ќе може да фатите.

    Поздрав и секое добро.
     
    На Annath, smooch, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А мене ми се смешни тие како тебе што сметаат дека МОРАМЕ да имаме повеќе од еден, иначе неизживеани сме.
     
    Последна измена од модератор: 4 април 2020
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.275
    Пол:
    Женски
    Многу се тупи за ова. За една факинг кожичка. Кој кога е спремен тогаш ќе си има односи. Ниту ние со еден партнер сме светици или затуцани, ниту тие со повеќе се „распуштеници“ (го мразам зборов ама така ги нарекуваат овие што осудуваат) или модерни. Дури не верувам многу дека вториве ја раскажуваат својата сексуална историја на секој што ќе го сретнат, туку повеќе е обид да се оцрни одредена девојка.

    Некои ќе имаме секс само со партнер во сериозна романтична врска, други ќе имаат секс за една вечер или со некој што ќе се гледаат само и само за тоа. Се' додека си сексуално едуциран и не повредуваш никој, стварно е океј. Престанете да се замарате што прават или што не прават луѓето во својот сексуален живот.
    Оти ако барате невин партнер или што не бил со повеќе од двајца пред вас, не е мала можноста да ве излажи дека е така, а да имал пример 10 пред вас. Само за да ви е убаво на душата и мирно да спиете.
    Единствено би ги осудила оние што се во врска/брак а настрана од тоа изневеруваат со кој ќе стигнат (без знаење на партнерот со кој се во врска).

    Па погоре читам се плука и по феминизмот. (facepalm)
    Ако толку сакате да сте „старомодни“ и да чувате некои си „вредности“ од минатото правете како што правеле тогаш. Нека ви бираат родителите партнер и после првиот секс обавезно вадете чаршав со крв да видат сите. Бре бре што нема да чуеш. Заблагодарете му се на тој феминизам што не сме уште во тие времиња и како жени што имате слобода да бирате се' во животот.

    Едноставно живејте си го животот без да пикате нос во туѓи животи.
     
    На Џасмин, kim.k, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Добро вие што осудувате девојки што имале повеќе партнери во животот сте дошле до крајот на својот ? Сте иживеале се ? Со вашата вагина имаат секс или со својата ? Кое е тоа право да се суди кој што прави со своето тело ? Само на балканов наидов бре на вакви закоравени доктрини дека една кожичка ќе ми ја диктира судбината и животниот пат. За кого се бореле тие жени да денеска ние имаме право на некој избор , право на образование , право да работиме , да бидеме самостални . Сексот е уживање ,и ако сака некоја и со 100000000 ќе го има , оговарањето и осудувањето е најдегенската доктрина што се негува во државава.
     
    На *Amethyst*, Mariii :), crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Ако така размислуваме требаше сами цел живот да си бидеме. Ни на сопствената сенка не би требало да веруваме. Долго време сме заедно, едноставно му верувам и се познава по човекот како се однесува.
     
  11. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Не е за факинг кожичка. Невиност се губи и со орален секс и со анален. Ако имаш интиност со партнер било каква тоа е веќе губење невиност.
     
    На Волшебникот му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.275
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е, ама најголем дел луѓе така ја сфаќаат невиноста па затоа така пишав. :)
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ох, невиност.:doh:
    Се осеќаш за виновна сеа коа веќе си стапила у тие води?
     
    На kim.k, smooch, *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Не во тој смисол тоа не е вина. Туку не си девица повеќе. Исто и за машките важи незнам што преувеличувате.
     
    На Волшебникот и makedon81 им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ниедно машко на друго машко кое имало повеќе сексуални партнерки,нема да му лупа у лице дека е ебиветар, дека е неморален, дека не се цени себе си, дека е курвар.

    А жените се први коа треба да се впери прстот кон друга жена.
    Сексизмот према сопствениот пол е најлошата форма на истиот.
    Од такви како тебе. Не си подобра од другите, соочи се со тој факт.
     
    На Annath, smooch, *Amethyst* и 20 други им се допаѓа ова.
  16. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Ами да иначе прости ќе останеме, така себеси сме се распознавале, што повеќе тоа подобро. Препорачливо е денес.
    Ти само такви машки си запознала затоа така зборуваш. Има многу многу машки кои се против курварството и воопшто не сметаат дека тоа е кул или добро. Не е сексизам ако сметам дека секс на 15 години и со многу партнери не е добро, како и за машко така и за женско. Јас сметам дека треба да сме еднакви какви што сме, и сум против да се глорифицира жената ко демен нешто погоре е од мажот или незнам што незнам што. Уште па коа ке ми почнат да ми паметуваат дека бременоста била понижување за жената и слични срања искрено се срамам од сопствениот пол.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Бременоста понижување ја немам слушнато такво нешто :^):^)
     
    На LoLa96 и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Хахаха имав во средно сојуз на млади оратори. Почна на бина да тропа глупости девојчето како тоа било понижување и што уште не дека скоро бебиња ќе се создавале во лабораторија и што уште на. Пред сите станав лом ја направив, да не кажувам кое школо. А тоа сама не го научила, и го испрале мозокот. Слични срања и од професорки во средно слушав.
     
    На Волшебникот му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас па ко што реков горе, прашувам. Дури либе го прашував до детали. Лоша навика, ама лично битно ми е да знам минато за некој со кој планирам да бидам. Сакам да знам дали тие работи се за него нови или веќе ги има искусено, дали знае како да се однесува и да зборува кога ќе дојдат тие теми или не, дали е отворен или не. А за тоа битно ми беше да знам кое искуство го има. Некои работи и не би ми смениле многу, ама сакам да сум мирна, да знам каков човек имам до себе.
     
    На deskarada и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    @SugarHoney лол, престани да се фокусираш на екстреми и погледни ја поголемата слика...
    Да, феминизмот ти го штити правото да управуваш со твоето тело како што сакаш - да се задоволуваш сама, со еден партнер цел живот, или со колку партнери сакаш, од онаа возраст кога самата се чувствуваш подготвена. Да забремениш и имаш деца само ако ти сакаш и си подготвена на сите ризици и предизвици. Да се облечеш како сакаш (баш и така ко девојкава на твојот аватар на пример) без да те етикетираат, навредуваат, па и да го сметаат тоа за „покана“ да се дрзнат на нешто што ти не сакаш. Да гласаш, да бидеш финансиски независна...
    Тоа го прави феминизмот и модернизацијата што ги плукаш, сосема спротивно од религијата во чие име се наоѓаш навредена. Аман веќе, опрајте се од Стокхолмскиов синдром, боли човек да ве чита.
    A за Македон доволно збори никот и она од политичките и останати теми, pattern и дијагноза си е тоа... :drunk:
     
    На Nightwish11, Annath, kim.k и 17 други им се допаѓа ова.