1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невиност на 20 години

Дискусија во 'Секс' започната од marija666, 6 јануари 2010.

  1. Istata od vcera

    Istata od vcera Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    127
    Ja ne se macam I apstiniram..samo izbrav da nemam toj vid na odnos
     
    На Poko Loko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aleksandra_8

    Aleksandra_8 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Имам 20 години и сум сексуално неискусна, пред се' заради личен избор и некои неразрешени стравови поради траума. Немам отидено подалеку од еден бакнеж и допирање. Ми е страв дека многу доцнам и треба одма да почнам да преземам чекори.

    Прилично чувствувам товар во однос на тоа дали ќе бидам одбиена, затоа што врежано ми е во глава дека машките сакаат само искусни. Ако си неискусна на одредена возраст, тогаш веќе нешто не е во ред со тебе. Јас почнувам така да се чувствувам, а не сакам да одам и да го направам тоа со првиот што ќе го сретнам на улица. Тоа што навистина го сакам е да го направам тоа со некој што вистински ќе ми се свиѓа, каде што има хемија, искреност и почит. Имам кажано на неколку досега и никој не ми изреагирал негативно, ама секој пат сум МНОГУ terrified кога ќе дојде тој момент.

    Што ќе помисли за мене? Што ако не сум доволно добра и не го задоволам и што ако е разочаран? Што ако се посрамотам и појма немам што правам? Чувствувам товар и како тоа да е некој натпревар во кој јас треба да докажам нешто. Како да ќе ми се сруши светов ако некој ме одбие затоа што не сум искусна. Многу често ме удираат ирационални стравови во смисла на тоа што ако ми требаат годиништа таков некој да најдам или пак ако останам неискусна до 25-30 г. и (што е сосема океј кога се работи за други и никогаш не би судела) и тек тогаш ме одбие или ми суди? Кога станува збор за себеси, станувам параноична.

    Исто многу имам читано за болка првиот пат. Да, знам дека болката обично доаѓа од тоа ако не си доволно возбуден, а не од било што друго, ама сепак и од тоа многу ми е страв. Се чувствувам како тоа да е нешто што нема да можам да го издржам.

    Многу би ценела совет назад.
     
    На Istata od vcera, diskreten32, Aleksbonito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Прво, не доцниш воопшто.
    Правилно време е она кога си ти спремна.

    Друга работа, никој нема да те суди за неискуство.
    Водењето љубов не е тешко да се 'научи', едноставно си ги следиш инстинктите.

    И трета работа, консултирај се со психолог за полесно да ја пребродиш траумата.
    Не за да имаш секс побрзо, туку да се прифатиш таква каква што си и да се сакаш и почитуваш.

    Со среќа :hug:
     
    На Peanut Butter, Lavender4, x-MajaEsposito-x и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ivan :)

    Ivan :) Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    da ti kazam iskreno dodeka da probas prvpat pota ke baras sekoj den :D
     
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Phahah koja glupost,nema vrska.
     
  6. rhp52

    rhp52 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Јас сум 20+ и сум сеуште невин. Дали ќе може да добијам мислења од женските членови во врска со ова, ама искрени мислења, не утешувања. Сум слушнал како машките зборат за некој што е невин и тоа прави да се осеќам како изрод. Не сум невин по мој избор, едноставно не сум имал шанса да ја изгубам невиноста. Ова ми стана комплекс уште од 18 години и се осеќам како да испуштам многу со тоа што не сум сексуално активен, како намерно да сум исфрлен од тоа искуство од страна на другите и ова стварно боли. Има огромно влијание на мојата самодоверба и тоа како се гледам себе си. Понекогаш не се ни осеќам како машко, особено кога ќе слушнам како некои помлади од мене зборат за нивните сексуални искуства, до толку е емаскулирачки. Ве молам за мислења, дали би биле со невин дечко и дали би гледале кон него на ист начин доколку дознаете дека е невин или би го откачиле?
     
    На Mart1na му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    7.478
    Пол:
    Женски
    I da si nevin i da ne si isto ti se fakja. Mozda treba pojse da iskacas, da se druzis. I btw ako edna te otkaci, druga kje te saka:lol: ne si nabivaj sam na sebe kompleksi. Mnogu mislish.
     
    На Macorot vo Cizmi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Да. Сум немала секс ни јас и повеќе би сакала дечко што немал сексуално искуство на 20, него некој на 18-19 што одел со која стигнел и не пребирал само бројка да има огромна. Тоа не е никакво достигнување, за ниеден пол.
     
    На Hecate, cresa-jagoda, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.621
    Искрено, како некоја што е 30+, ќе ти кажам само дека е лага тоа дека имањето повеќе партнер(к)и те прави подобар во секс.

    Кога ќе дојде момент да имаш секс, прво биди со девојка на која и' веруваш, без оглед дали на неа ќе и' е прв пат или не, ако немаш доверба во партнерот - налет сексот.

    Тоа е мое видување, биди со некоја што ќе биде ок да ти е прва (и всушност нема зошто да и' пречи).

    Сексот се учи со секој партнер, прв или шести :)

    Опушти се и не се замарај премногу, само да знаеш нема посељачко од раскажување (и најчесто преувеличување) на сексуални искуства. Не им верувај премногу на врсниците :)
     
    На cresa-jagoda, sunshinebabe, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Дека секој партнер има различни ерогени зони освен оние стандардните тоа да,дека секој се пали на различни работи и тоа да ама не се сложувам дека искуството не се стекнува со менување на партнери.
    Го исфрлам муабетот да е антиталент па и со сто да спиел да не го бива ама не сум бил истиот првиот пат и 50-от пат.
     
    На Flower.D му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.621
    Секако дека не си бил, поентата е во бројот на партнери. Дефинитивно не значи дека имаш рецепт за сите ;)
     
    На Polska.Win му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Никако,тоа е и убавината
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Повеќе искуство може да стекне некој со еден партнер долгорочно, поготово ако експериментираат, отколку некој кој менува партнери како што менува чорапи.
     
    На cresa-jagoda, minne992, Ordinary и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Имав долга врска и имав фобија од полови болести па инсистирав на почетокот на кондом.
    Во предиграта ќе се попалеше партнерката и јас да го ставам кондомот пенисот ќе ми се смалеше и стануваше неупотреблив па нервирај се па ставај нов,она се оладила па ја боли зашто ненавлажнета...хаос.
    Со друга партнерка го немав тој проблем зашто она не се однесуваше како да е којзнае колкав чекор да има полов однос па да ствара паника и да ми ја пренесува и мене.Не ме оставаше само јас да ја водам играта туку и она водеше и покажуваше иницијатива па бев порастеретен и можев да ја задоволам со кондом.
    Поентата ми е дека ако си често со еден и само со еден партнер сексот станува предвидлив на моменти и монотон
     
    На Flower.D му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Станува, ако налеташ на погрешна личност. Ако налеташ на права, не само што не станува монотон, туку со време станува подобар и подобар затоа што се знаете и си верувате се повеќе.

    Проблемот со ерекцијата и кондомот не бил до партнерката, туку до тебе. На психа ти удрило. Ништо страшно, на сите ни се случило.
    Вежбај дома сам, да не ти се повтори, да го избиеш стравот.
     
    На cresa-jagoda и Ordinary им се допаѓа ова.
  16. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Се сложувам,еве последнава партнерка ми е ептен ограничена а јас со премногу идеи и желби кои сакам да ги пробаме и правиме.На крај останувам со мисла дали е ферски да сме толку непогодени
     
    На Flower.D и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. rhp52

    rhp52 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    немам со кого, тоа е проблемот...
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Ако не се чувствуваш задоволен и тоа ти ствара фрустрација, може е време да се разделите. Така ќе е подобро за двајцата. Ќе си бараш што ти одговара.

    Најтешко е кога човек искусил подобри нешта во животот и има високи критериуми, а сега треба да се задоволи со некој bare minimum...
     
    На Ordinary и Polska.Win им се допаѓа ова.
  19. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    7.478
    Пол:
    Женски
    Sam iskoci. A za da se druzis? Imas interesi? Mozda teretana, sakas da svirirs na instrument, bilo so? Zapisi se. Ke si najdes i drugari. Samo vaka doma sedis i si nabivas kompleksi. Ne e zivotot tolku los.
     
    На Flower.D, Mart1na и Polska.Win им се допаѓа ова.
  20. rhp52

    rhp52 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Што ќе правам сам? Ќе гледам среќни парови и друштва и само ќе бидам уште помизерен кога ќе се вратам дома.