1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невиност на 20 години

Дискусија во 'Секс' започната од marija666, 6 јануари 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кој како сака , ич не оправдувам деца да стапуваат во сексуални односи од проста причина што сексот не е за деца ... За мене идеална возраст е над 20 ( тоа е мое мислење секако дека ќе има и такви кои нема да се сложат ) Ама и мислењето невина сам лепо чу се удати :x ми е смешно , ок сакаш тоа да биде од религиозна причина , убедување ама не се лажете со вакви глупости и треба да знаете кога се бира партнер за брак се гледаат многу други работи ..
     
    На Tanjamm и SimonaTino им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    не мора да значи дека ако е невина ќе има убав брак и дека добро ќе се омажи. Моја роднина на 20 се омажи невина, со тој што и беше прв. Сега живее мизерно, се чуди како да скрпи месец и се кае што не експериментирала , барем да сменела неколку. Овака ај прв бил и скокнала во тавче. А девојката да не се нервира што на 20 е невина, јас знам една АЛбанка од мојот град на 20 год немала дечко и и било срам, а шета многу секаде по свет преку НВО. И кога ја прашувале она лаже дека имала дечковци за да не мислат дека нешто и фали. Ма што ви е гајле кој што мисли, важно е да осетиш дека сакаш да имаш секс со некого, е кога ќе сакаш не се двоими, тогаш направи го.
     
  3. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    52
    Колку е тешко една девојка која сака да загуби невиност да му каже на дечкото „Еби ме!“ и да го направи ова?

    [​IMG]

    Нормално дека ќе биде комплицирано ако мислиш дека мажите се комплицирани. Но навистина не се. Замисли колку е тоа позаебано за еден млад и запален дечко кој на 20 и кусур треба да се прави дека е сезнајко на тоа поле за да не те разочара. Па биологијата откажува, па мучење, па хормони пак удираат, па држ, па недај... а све што девојката треба да се помачи е да легне на грб и да рашири нозе. Евентуално да замижи. Леле тешкотии.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ни невиност ни експериментирање не ти гарантираат каков ќе ти биде брачниот живот. Јас чекав и мило ми е што чекав затоа што:

    Прво, претходно не се осеќав спремна, а не ни имаше некој асален наоколу кому можев да му верувам; Второ: си се поштедив себеси од многу стресови кои обично ги имаат девојчиња кои се впуштаат во такви работи пред убаво да се едуцираат претходно за тоа... како на пример „малце тест ме чека уште да мислам дали ќе ми дојде месецов“ вид на стресови па од страв да се трујам со Норлев-а и тн и тн.
    Трето, ми помогна средношколските врски и нивниот крај да не ги зимам толку при срце, затоа што со тој чин сите знаеме освен потреба, се остварува и одреден вид на блискост.
    Четврто, станав доволно возрасна и свесна дека невиноста е индивидуална работа во поглед на сфаќање: некој ќе ја сфати како трофеј, некој како чест, некој како проблем или баук, некој па баш никако.

    Впуштајќи се во интимните односи со овие сознанија многу ми помогна и излезе многу поинаку и помалку страшно одошто го опишуваа другарките на времето.

    Значи се' е до тајмингот во вас самите, а разликата меѓу сегашната и годината на вашето раѓање е само бројка и не би требало да игра пресудна улога кај зрели луѓе кои ве заслужуваат.
     
    На Anon, mimiiiii и irena.1 им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.347
    Пол:
    Женски
    Имам другарка која беше невина до брак, до 28 години. со истото убедување повеќе ќе ме почитува и ќе бидам посакана. Тикви варени. Нејзиниот маж " среќникот" пред сите и се обраќа со кучко, краво, свињо и други животни. Пред сите ја пцуе, и мајка и сестра и се. Ваква си таква си, којзнае кај си скитала пред мене бла бла. Ова е само тоа малку што го гледаме кога сме во друштво.
    Значи ако си е твоја желба невиноста ок, ако не си спремна пак ок, ама немој да мислиш дека тоа ти е гаранција дека ќе бидеш попочитувана. :!:
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    јас колку што знам како христијани сме должни да ја чуваме невиноста во брак.
    а мое лично гледиште е дека не се работи за тоа дали си невина или не,туку таа себичност и кај машките и кај женските,работите да се засноваат само на сексот,тоа е центар на вниманието .тука да го додам и балканското сфаќање на нашите мажи на кои вечито не може да им се угоди :!: .
    на типот на кого му ја дадов невиноста,одевме 3ипол години,имавме многу проблеми но тоа е др тема,стално ми кажуваше за негова бивша која истотака била невина.и тогаш почна да ми пука филм,а да не ни спомнувам колку навреди и понижувања претрпев од него,и накрај се разделивме зашто неможев веќе да слушам еј и таа беше невина |( .
    си стана со дотичната на фб пријател и така го избришав од мојот живот.
    така да,невиноста не е гаранција за ништо,се зависи од разбирањето и љубовта во врската :emo:
     
    На bart.simpson му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bart.simpson

    bart.simpson Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Вака сега, јас како машко ќе го дадам моето мислење, па после ако сака некој нека се смее...
    Знам дека многу машки не размислуваат вака, а и многу девојчиња не веруваат во мојот карактер и моето размислување, ама мое е да кажам нивно е дали ќе веруваат...
    Јас искрено сум воспитан и од таква фамилија што повеќе го ценам тоа да девојчето е невино или да била посветена само на еден човек. И најискрено би сакал мојата девојка да е невина, па уште и ако добро се сложуваме зошто да не заврши тоа со брак. И повеќе би го почитувал девојчето ако знам дека сум и прв, затоашто по мене друго е чувството на некого да бидеш прв, а друго е да бидеш да не кажам 100ти... како прв треба да ја почитуваш зашто тоа задоволство ти го пружила тебе, затоашто имала храброст да те чека, затоашто ти верувала па ти дала, затоашто те почитува... а мислам дека тоа е доволно за мене, за да и го возвратам истото... Додека пак кога си на некого 100ти и таа те гледа како човек за една вечер, а и ти неможеш да ја гледаш за нешто посериозно затоашто пола град ја поминал, ипак несакаш да закачиш некоја болест или незнам што... што вика една група на фб ,,она возена, возена, ти ќе ја регистрираш''... тоа е моето мислење... иако знам дека многу нема да веруваат во ова што го кажав т.е. дека постојат и такви машки, иако знам дека во ова време е тешко да најдеш невина девојка па уште и врската да опстои до крај, затоашто такво е времето сака и таа да смени повеќе и да има различни искуства како и нејзините другарки кои и го зборат тоа...
    Но и покрај се, јас сум тој што сум, така сум воспитан, и се гордеам со тоа, и да можам да го сменам тоа не би го сменил, само се надевам искрено дека еден ден ќе ми се исполни да кажам желбата и дека ќе налетам на такво девојче, што ќе знае да ме цени и мене и моето размислување и ќе биде таква каква што опишав, па сето тоа ќе и биде возвратено....:D
     
    На Libera, Tanjamm, Antigonna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    Bart .simpson ,тоа е она за кое спомнав во мојот пост,се ок,те сфаќам сакаш девојката да е само твоја но и машките треба да бидат невини,според христијанството,за бог да го благослови тој брак.Iсус рекол дека не треба да гледаме корист за себе,туку за другиот!таа е таа несебична љубов,вистинска.но,на балканов важно е мажот да ти префрла се и сешто,а тој во меѓувреме со којзнае колку легнал :^) ,ама неее жената не смее да му префрли ништо,оти тоа машките ги личело дрн дрн.мора да се смени мислењето и кај двата пола ,ако не ништо од хармонијата :!: .
    значи не се работи за тоа машкото да си гледа корист оти е прв,нема болести,нема друг пред него,а најчесто машките најмногу ги повредуваат невините девојки.
    ама нема на кој да се докаже,тоа е 8)
     
    На Џасмин му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Имам 22 години и сум невина ( леле како го кажав, како да се претставувам во анонимни алхохоличари :lol: туку да не забегвам од темава ) муабетов ми беше да невина сум и баш ми е мило :)
    Дури и мизерно ми е кога читам на форумов како имале секс на 14 - 15 години и се самозадоволувале...
    Би имала односи кога би започнала по сериозна врска и сум сигурна во него :) А и не ми недостига секс, бидеќи неможе да ти недостига нешто што никогаш си го немал
     
    На Eagleeye му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Голема работа. Невиност на 20 години.
    Туф никој нема да ме сака вака невина.
     
  11. bart.simpson

    bart.simpson Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Баш ради тоа коментирав и реков дека нема сериозно да ме свати, или ретко кој ќе ме свати, нема врска, јас сакав да искоментирам и да го дадам моето мислење, а ако сака некој нека верува, а ако не здравје.... ќе се најде некој да верува во тоа што ќе го кажам... :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    На некои теми навистина и да посакаш не можеш да останеш само посматрач......како што пишал bart.simpson навистина никој не би сакал да има девојка која што се меркала, имала сексуални односи со пола град, и да си во врска таа нема да те цени, сака туку ќе те гледа само како потенцијален секс партнер или поради корист евентуално за некоја вечер и после ајт клоците, секој би сакал да го прави тоа со вистинската личност а не со која/кој ќе се најде пред него/неа, е сега што слушаме од другарите или другарките дека невиност мора ама МОРА да се изгуби на 15 години инаку после нема никоја/никој да те сака, тогаш си лузер пфффф малоумно размислување, баш тие што се чувале или што сеуште се чуваат за вистинските, барем јас а не знам за другите машки повеќе ги ценам-едноставно таков сум ми се гади кога ќе помислам дека девојка ми имала однос со едно 10-15 машки пред мене, а ги имаме по 19-20 години, чекајте животот доправа почнува нема да се жениме/мажите на 19-20 па и 21 година па брзај што побрзо "плескај се" со кој ќе фтасаш или пак да је скраја не ни завршува животот со полни 20 години, не велам не хормони кај секого проработуваат но барем понекогаш да се контролираат, и за овие "жени/мажишта" што на 13-15 години губат невиност добро бе јас на ваши години сеуште уживав во детството и во игрите, ни на крај памет да се замарав со секс што ви се случува на што дрога сте се навлекле бе :fubar:
    офф топик: xoxo.Martina можам да ти кажам уште од сега дека си во голема невоља :lol: хахах иако сум помал од тебе и по постовите ти прошуркав малку ти си девојка која што ја барам :$ :inlove: можеби некогаш ќе ме навеј ветрот да те запознаам :call: ]:) хехехех
     
    На sadangel и xoxo.Martina им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.746
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно што не си имала односи до сега.
    Ако ти значи дечкото, ако имаш потреба направи го тој чин. Нема зошто да се срамиш, ако сакаш тој чин да биде со него направи го тоа. Но, ако не сакаш, не си спремна, не дозволувај било кој да ти врши притисок. Било другарки, било самиот тој.

    Невиност и оплакување се даваат на тој што ги заслужува.
    Поздрав. :hai:
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ахх барт еми оти си контрадикторен сакаш да е невина а сакаш и секс пред брак :D значи ти сакаш да запознеш невина да се сакате ама ако не бидне работата ем била невина ем не си ја оженил срам да ти е :D секако хипотетичка ситуација , и после тоа таа девојка не е вредна така :?:
    Ако така одлучиш не и барај пред брак важи :wasntme: :geek:

    Јас апсолутно не подржувам впуштање на сексуални односи на тинејџерки , ако има некоја врска зрелоста со годините сепак тоа да се направи после 20 години , девојката да има искуство во животот да знае што носи сексот и најважно да знае да го процени партнерот и тежината на нејзината одлука и не почитувам рипање од кревет на кревет не за џабе се викаат интимни односи ..
    Еве една статија за средношколките и сексот

    http://www.notformen.mk/mazhi/toj/8198-nevinost-radost-ti-ke-bidesh.html
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    пак ќе се вмешам ,значи машките не сте сакале девојка која ja поминал пола град,а зошто машките трчаат по такви девојки ,м :^) ?зошто гледаат животот пред брак да го поминат со вакви девојки,а потоа трчаат кај невините,и дури им е чест па уште фали да се заљубат |( .
    ако ви смета на вас машките,редно време е и ние девојките да правиме разлика од пристојни и непристојни машки,читај курвари :!:
    ако навистина цените невини и добри девојчиња,тоа навистина да биде така,а не само кога вас ви одговара :^)
     
    На Џасмин, dzeneta и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Како идат времињава изгледа срамота е да си невин на 20 :D

    Јас имам 18 години, и невина сум. И појма немам кога ќе се деси тој чин проследен со огномети, не ми е ни гајле. До сега не се чувствував спремна, еден од бившите дури и ми раскина пошо не му давав.

    Секако не ми кажа така, ама јасно ко ден ми беше зошто :D Едноставно се чувствував уште како дете, и си стоев на ставот дека не сум спремна.
     
    На ivaaa.iva, Divinebutterfly, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  17. FlOrIjA01

    FlOrIjA01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Поздрав до сите невини од една 20-годишна девица 8) Ќе дојдат ајде и нашите 5 минути хахаха :wasntme:
     
    На Angel4eeee, Ketrin.Moon, marc и 2 други им се допаѓа ова.
  18. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    мн сум глупава

    имам веќе 20 год. и сеуште сум девица бидејќи се плашам дека ако не сум не ќе сака никој да се омажи за мене
     
  19. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    мн сум глупава

    Е да глупава си, оти девојките на твојта возраст мислат како да го завршат факултетот, и да си ја обезбедат иднината, што е многу поважно според мене, за разлика да се замараат дали се девици, или дали некој ке сака да се омажат оти се девици :^)
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    мн сум глупава

    не плаши се,важно е ти како се чувствуваш,дали си спремна за односи пред брак,мора да знаеш се за полови болести и да се заштишиш и од несакана бременост,а машките имаат односи и со девојки пред брак,така да многу не им се треси оти они нема да мислат на тебе,невиноста не ти гарантира брак,а и да е така да те омажи некој невина не мора да значи дека ќе те сака и почитува.аман веќе до кога со овие муабети од четрстурско |( ,девојко живеј како сакаш,и по насловот се гледа ни малку не се цениш самата себе,поработи малку на самодовербата :!: