Што мислите вие за ова прашање? Колку невиноста е украс на некоја девојка.. а колку нејзин товар? (со кој, кога, како, милион потпрашања.. нон стоп она АМА...)
Па мислам дека се повеќе и повеќе на женските им станува товар,зошто знам какви се другарките мои што се невини...некако им е страв или на некои им е гадно и не можат да сфатат како може некои работи да се прават ( зборувам за орален секс) А има некои што се гордеат со тоа што се невини и не им е важно кога туку им е важно со кого,што мислам дека така треба и да биде.Машките не го доживуваат сексот и невиноста како нас,на нив им е важно само да имаат,не е битно со која. Несозреани идиоти! И затоа пак ние сме тие што се повредени! Ме нервира фактот што ако некоја женска има секс со повеќе партнери она е к...., а машките што имаат секс со повеќе жени се фраери. Зошто е тоа така? :?
Демек непишано правило во општеството.Секс со повеќе од еден партнер не значи дека се работи за к**** или за фраер туку свесност за својата сексуалност.Не е важно дали е машко или женско во прашање, се си е до потребата.
Преценета е невиноста,дури и многу повеќе од времето на баба ми. Товар. Дефлорација уште при раѓање.Ослободени од секакви стеги.
Не знам од кога почна невиноста да ми станува товар. :evil: И не дека не можам тоа да го направам.. ама .. ах леле.. имам многу ама, имам ограничувања и имам ВАУ околности. :roll:
Добро, треба да биде некој прав. Иако и јас самата мојот прв го сметам за грешка. Но во тоа време и таа околност ми изгледаше океј, иако веднаш после тоа сфатив дека нешто нема да е во ред со врската и се подзамислив зошто го направив тоа. Сега имам 22, а тогаш имав 20 години. Некако сакав да го направам тоа, и се чуствував дека тоа е тој момент. Да не беше тогаш, ќе бев можеби позамислена, зошто мене не ми се случило, зошто само јас не можам да си најдам дечко, што навистина и сега не можам да си најдам вистински... вистински, не за мажење, туку да ми одговара... А и мислам дека невиноста не е битна, барем мислам...
Мене ми е украс искрено. Засега. И ако некој ја сака, ќе треба богами и да ја заслужи, ако не ми прекипат хормоните.
Јас сум си баба во однос на ова прашање. Украс ми е, ја сакам и за мене претставува гордост. Утепана сум во врска со ова прашање, далеку идам низ вековите ама не знам, сметам треба да ја заслужи некој. Ме нервира фактот што многу девојки на моја возраст, отприлика го сфаќаат тоа несериозно, како начин да добиеш некое машко, оние старине ФИНТИ излегоа од мода Сакам да си се чувам до прва брачна ноќ и отворено си го зборам ова, не ми е срам. Колку ќе издржам не знам, ама пуста желба. Колку сум си старомодна.
Невиноста е украс, што некогаш ми изгледаше ко товар Сепак среќна сум што во тоа време, кога ја изгубив невиноста го направив тоа од љубов и поради тоа што мислев дека ке бидам со него до крај на животот. Наивна...
Леле, леле.... а мислев дека напредуваме. Не се давала. Као демек женските не уживаме во сексот, па не ќе давала. Не даваш за негово уживање, даваш за твое. А инаку на темава. Товар. Украс е за тинјџерчиења кои мислат дека невиноста е свето нешто. Ако си невин си добар човек, ако не си си лош. Човекот не се осудува според невиноста. Значи, ама не дотолку луѓе. Како што рече лилит. Исто мислам. Дефлорација уште на раѓање, така ќе ни биде и нас полесно а и на машките. Вака сме ништо. Ќе ме осудува мене некој ако не сум невина, ма немој. Посебно некое е*ачиште што поминал илјада, ќе бара од мене невиност. Нека се врати во времето од прабаба ми Трпојца лесна и земја, и нека си бара невина.
Ја видов темава и еве да ви кажам што читав баш пред 15 минути во весник. Си било едно семејство ама многу патријархално, и имале еден син. Син му се оженил и дошол ред за прва брачна ноќ.Се му спремиле во собата и влегле овие внатре. Невестата пред да легнат му рекла имам нешто да ти кажам ја сне сум невина. Мажот толку многу се исфрустрирал заради тоа, оти знаел дека таа пред него имала некој деќко што го сакала многу и дека тој и ја има одземено невиноста и ја зел и и рекол сега ќе те носам кај него. Отишле кај него и овој се зачудил ко ги видел на врата, ама мажот му кажал шо како е и му рекол за замена да му ја даде сестра му која била невина. Се убедувале и се договориле и си отишле дома. СИ легнале и биднала работата. Другиот ден ја чекале домашните невестата за да пијат кафе. Ко слегла таа ко ја виделе не била таа што ја зеле, и го прашале синот што е работата. Тој му објаснил се како шо било и татко му бил многу задоволен и среќен со него затоа што имал храброст да направи така. Значи според мене искрено сексот и невиноста се сеуште табу-тема, и далеку сме од она општество каде што слободно разговараат за тие работи. Да кажеш дека не си невина тоа ќе биде не знам како Земјата дека ќе се сруши, а од друга страна дечковците екс и сегашни поминале 5-6 и многу повеќе. За мене не е ни украс ни товар, секој различно си го сфаќа.
Типична малограѓанштина. Па луѓево на месечината парцели купуваат, овие уште невини сакаат да најдат... аууу Боже Боже... Најтрагично е што, како што е и во приказната, не е битно ич дали девојките биле заљубени и се надевале на најдобро па се предале, туку уште има некој примитивци чаршаф со црвена дамка што бараат?! Чудесија!!!
Сеуште сме многу конзервативни. И мислам дека баш поради тоа што повеќето го сметаат сексот како табу тема, доаѓа до СИДА, до несакана бременост и сл. Треба да бидеме по либерални во поглед на тоа.. Мое мислење е дека секој си има право на се, а не секоја жена да ја гуши фактот дека ако веќе не е невина ќе ја озборуваат, или новиот дечко ќе ја остави кога ќе дознае итн.
Скината сум, уживам во сексот и не се каам што не сум невина, но и покрај тоа според мене хименот е украс. Не заслужува секој еден да ја добие твојата невиност.