какви “мажи“ се повекето во македонија подобро никаков секс доволно е да му покажеш малку нога за да ја извара девојката манијачишта на фејс и на инста
Оваа е уште една од оние теми каде се оди од крајност во крајност. Едните викаат не бидете лесни, чувајте се, не си го давајте телото за џабе, не бидете распуштеници итн. Другиве па да вратат на ова, шо демек ти часна сестра, остани си затуцана цел живот ако не. Не знам како треба да се објасни дека не постои објективен правилен избор за ова. Сè додека секоја личност свесно одлучува да има или да нема секс, не е ниту украс ниту товар таа одлука. Не знам зошто сè мора да е црно и бело. Ако ти не сакаш да имаш секс тоа не значи дека некој што сака греши. И обратно, нормално. Common sense.
Манифестирањето на "prude-shaming" versus "slut-shaming" во темава претставува само уште една практика каде нарцисоидното човештво се обидува да воспостави субјективна супериорност во општеството врз основа на објективна биолошка состојба. Невиноста претставува состојба на одредена индивидуа која никогаш не се впуштила во сексуален однос. Ништо повеќе, ништо помалку... Меѓутоа, луѓето се социјални суштества чија вредност и успех го пронаоѓаат во почитта што ја добиваат од човековото општество. Проблемот настанува кога социјалната психологија се обидува преку културолошки и религиозни традиции да креира генерална перцепција дека зачувувањето/губењето на невиноста претставува "социјално добро/зло" кое ќе служи како критериум врз основа на која се одлучува дали одредена индивидуа ќе биде вреднувана или обезвреднувана во човековото општество. Со други зборови, човештвото поради неговата егзистенцијална зависност од општеството, има тенденција да ги искористува дури и објективните биолошки состојби на неговиот вид за да придобие субјективна супериорност, вредност и почит, притоа не сфаќајќи какви штетни последици произлегуваат од истото.
Епа сега... знаеше дека може да има крв.. не е ништо страшно. Кожиче е тоа тенко, не ти пресече аорта. Немаш гајле
најголемата грешка во 2020 година ја направив....тоа што ја отворив темата и читам некоие мислења Ни товар ни украс,ако некој те сака ќе те сака и каква да си, не брзајте се што е ваше ќе си дојде
Како прво повеќето од машките незнаат да ценат ништо од тоа затоа небитно е. Кој те сака ќе те онаква каква што си. И тоа што прочитав погоре "никој не сака дупнат производ" Како да неможе таа и после тоа да има однос со други Ама битно првата брачна ноќ да биде се како што е редот.. Е сите така што прават како што е редот ама после тоа затоа си прават што сакаат А како да и тој се чувал за да му биде таа некоја си прва абе филмови Многу сум против за оние кои се само на страна на машкиот пол како да мажите се "светци" а женскиот пол го потценуваат, тоа е неправда Кога станува збор за жена, самиот збор ми представува тага, зошто некоја да е наречена би рекла "никаква" само ради тоа што изгубила невиност. Никој не смее да суди по тоа бидејќи колку девојки се само искористени и фрлени. Некои ќе одат долго во врска и на крај типот ќе ја изигра а таа можеби се надевала и на брак со него, значи таа знае да сака и не е "никаква", потоа само колку силувани девојки има итн... Да не зборувам повеќе има мн за набројување... А машките се манијаци поголемиот дел. Оди искористија, излажија, фрлија и после бараат невини. Епа нема Ради тоа би рекла сите врски треба да се сведуваат према љубовта која е на прво место и карактерот. Некој ако смета дека таа девојка е за него доволно добра и со добар карактер да не ја пропушта, без разлика на тоа дали некој ја повредил во минатото. Па тој ако е маж нека и докаже дека вреди. Бидејќи љубовта е побитна ако има љубов има и слога и може да трае вечно , без разлика што се дешавало во минатото. А тој што незнае да цени жена значи не ја сака и ја гледа само како предмет исто како тоа кожиче во неа што не е побитно од самата особа, два прста да пикне може да си го скине значи не е вредно. Само што тој би си играл со нејзините нерви и чуства и кога ќе видиш во секој поглед жената страда што е многу жално и трогателно. Мн ми е глупава темава