Јас ќе се надоврзам на постот на Лајонес за лицемерноста во врска со невиноста,пред неколку год. гледам порничи и читам „Дефлорација на арапски пар на прва брачна ноќ„ и излегува таа арапката гола,ги тресе градите,мака си нема-се смее доаѓа типов ја дефлорира,крв ова она,после некое време типкава зема му дава орална сатисфакција па си го зема и си наставува со анал,онака стручно и ептен професионално,ми се згади од сценава-па и цел свет ја гледа „невинава„ си велам и утре таа примерна сопруга хм,а колку пати и со колку др.практицирала орално и анално-ама тоа не се рачуна,па ја дефлорира типот јавно на прва брачна ноќ,еееееј! Како и да е,секој има право на избор дали и колку ќе ја чува невиноста,да се води треба од потребите на своето тело,а не да го направи тоа од мода или дека сакал дечкото,па ја уценувал со прекин на врска,или сите другарки веќе го направиле тоа. Мене лично посимпатични ми се искрени што би рекле нашите соседи Срби „радодајки„ отколку вакви „невини„ лицемерки.Кој сака нека го осудува ова,јас секогаш гласам за искреноста и вистинското демонстрирање на човековата природа,барем со искрени знаеш на што си,од лицемерни Бог да те чува.
dobro ako bi go izlazala...kako da go izvedam toa??? aj obrazlozete mi STRUCNO kako da mu objasnam vo vrska so toa deka sum imala nekoi problemi i sum bila vo bolnica i morale da mi ja otvaraat ili sl...neka mi pishe nekoj sto se razbira epten na ovaa tema STRUCNO i DETALNO kako mi se slucilo ...
Cat5 доколку момчето што е со тебе те сака, нема да му биде воопшто важно дали си или не си невина. 21 век сме побогу. И нема потреба да лажеш, си направила што си направила, се случило тоа што се случило. Според мене треба да му ја кажеш вистината, а не да измислуваш глупости кои не авучат ни малку веројатни, затоа што не верувам дека дечкото мастило пие. И на карај краева, доколку не те прифати само заради таа глупост, не би требало воопшто да си со него. Барем ти ќе си бидеш на чисто.
Mene mi e tovar.. Dolga vrska, da kazeme ok vrska nisto posebno ama ete, od navika sto i da uste se vleceme. Skoro 20 god. Nema niedna pricina da ne go napravam toa. Nesto me koci. Ni najmalce ne mi e bitno sto ke misli posle sledniot, ako go ima, ili seedno koj. Ne znam dali nekoj inat ili sto e. Ama nesto ne mi dava.
Мене ми беше голем товар. Не го чекав ,,вистинскиот,, туку само некој во кого ќе имам доверба, од аспект дека тоа за мене може да биде болно искуство и сакав да биде со некој што ќе го разбере сето тоа. Бев решена ако во скоро време не ми се случи да соберам некој од шанк, ама во тој случај, тој немаше да ми верува дека сум невина Добро е што дечко ми го фатив на време, мада и тој нешто глумеше ај ќе чекаме, ама го разубедив дека јас само секс сакам да имам, не мора да се мажам за него, а тој пуст исплашен дека ќе барам прстен да ми даде после сексот Ич не ми е гајле кој што ќе мисли, нормалниот маж очекува девојката да не биде невина, се разбира освен ако не се деца од 16 години. Над 20 веќе е и глупаво некој да очекува да бидеш невина.
Па вака...имам 17 години и со дечко ми одиме веќе 6 месеци. Пред да бидам со него воопшто не сум размислувала за секс иако само на шала во друштво можевме да кажеме нешто. Но уште и пред да бидеме заедно, бевме скоро една година другари и имавме разговарано на таа тема на шала но и еднаш озбилно за она дека јас сум невина дека не сакам да имам врска само за да има секс и после чао. Тој е поголем од мене 3 години и е многу поискусен од мене и се изнауживал скоро што не пробал пред да биде со мене. За тоа и до ден денес ми раскажува како било што било дури и некогаш и детали му се испуштаат. Таа негова отвореност спрема мене направи да ми го доближи сексот како тема за која би можела и јас да зборувам иако сеуште не сум го искусила. Никогаш не ми побарал во смисла на она „дај ми“ или слично иако на шала можеме да кажеме се. Имам другарки кои веќе го направиле тоа ама за тоа требаше дечкото секој втор ден да вика „а кога?“ „уште ли да чекам“ „кога ќе бидеш спремна“. Јас мислам дека тоа е погрешно. Не е ова бонбонче па да имам резерва па што ако земеш едно. Или не е како едно спремање за испаѓање па да се нашминкав ставив парфем и да СПРЕМНА СУМ. Навистина ова ми е смешно. Мислам дека кога ќе има еден пар секс зависи од самата врска и колку тие се блиски еден со друг. Една моја другарка по 2 месеца одење беше секој ден кај дечкото дома и он беше постојано кај неа. И нели логично по неколку месеца имаа секс. Па што би правеле тие двајца сами една вечер би гледале филм, втората третата, петтата и десеттата исто...а после? па да ова она и псоле следува сексот. Не ја обвинувам и јас да имав таква врска нормално дека и јас би го направила истото. За овие 6 месеца ниту јас имам отидено кај него дома ниту тој кај мене. Ниту пак се имаме запознаено со родителите иако тие знаат дека имаме дечко/девојка. И неговите знаат на која сум и моите знаат кој е но и двајцата решивме ние да бидеме заедно не нашите семејства. Ако нас на двајцата ни е убаво заедно нема потреба на овие години неговата мајка да ми биде најдобра пријателка или мојот татко негов најдобар другар. Ретко кога ќе испаднеме сме сами секогаш сме со некого и времето кое сме останале сами го користиме за разговор а некогаш и за она нежно гушкање. Многу пати откако ќе бидеме понежни ќе помислам на тоа или како што предходно пишувавте сексуално да ме привлекува. И кога ќе размислам да тој е тој со кого би сакала да го направам за прв пат. Но мислам дека тоа треба само до себе да си дојде. Немора да биде договорено во овој оној парк па она место темно или во на другарот станот или слично. Може да биде спонтано. На пример сами на викенд или одмор тогаш кога и самата атмосфера ќе го донесе тоа. Или ако јас секој ден одам кај него дома и тоа ќе допринесе многу. Но како и да е треба да се ужива прво во љубовта а другото само по себе ќе си дојде. Сега би ве замолила вас поискусните ако може да ни дадете совети во однос на првиот секс. На пример јас незнам како да го направам тоа што ако тој ми се смее или како најдобро да се заштитам дали навистина толку боли дали воопшто кажувате на родители мајките со кои сте отворени како тие ќе разберат и слично веројатно знаете дека милион прашања има пред првиот секс Поздрав
И двете подеднакво . Кога си девица , совеста ти е чиста , се гордееш со тоа што не си му се предала на првиот безвезњак кој ти симнал некоја ѕвезда и така натаму... Потоа доаѓа прашањето ,ако тој Х човек бил недоволен за да ти го наруши интегритетот и суверенитетот на Бушавата Азбука , кои карактеристики би требало да ги поседува оној вистинскиот ... Сето тоа резултира со значително тупење на мозокот , потиснување на сите страсти и стравот од предавање на некој кој ипак те возбудил , но не е тој тој. Тогаш ,од никаде , се појавува некој кој ги исполнува критериумите и повеќе не можеш да се пофалиш дека го имаш оној специфичен украс наречен химен ,ниту пак те боли главата за него ( освен ако не си ја утнала личноста ,тоа е)
Изгубив невиност на 16 ипол години т.е за месец дена требаше да пунам 17. Идевме со типот година дена и му дадов. Не не се каам, напротив бев спремна! И ми беше товар невиноста веќе! И кој сака може да ме осудува, искрено ај донт гив а дем!
Интимни прашања, проблеми и совети Јас сум си горда да си кажам, идеме со дечко ми година и неколку месеци и сеуште сум невина Имам 17, и мислам дека сеуште ми е многу рано
За мене не претставуваше товар, а уште помалку украс. Едноставно ми дојде времето за тоа. Ја изгубив невиноста на 17 години со тогашниот дечко, одевме година дена пред тоа. Знаев дека ќе се случи и бев подготвена. И што е најважно-сакав да се случи тоа. Можеби и од љубопитност, незнам. Само знам дека не беше лошо, но не беше ни нешто спектакуларно. Најважното е што тоа се случи затоа што сакав, а не затоа што некој ме присилил, или од страв да не ми раскине!
за мене не е ни украс ни товар на мои 19 години. искрено мечтам за тој момент, но не сакам да избрзам и да му дадам на првиот што ке ми излета на патот - така де, ако можам да се изразам по нашки хех, Спојлер иначе имам доволно години, али јбг, немам врска нити сум заљубена во некој дечко а пак тој не ме забележува.
Znaete nekako mislam deka mnogu akcent se stava i mnogu se kreva prashina okolu nevinosta......mashkite istotaka gubat nevinost pa ne krevaat takva prashina...na krajot spored moe licno iskustvo...sekoj drug pat posle prviot e mnogu podobar.....
На жалост постојат многу предрасуди за ова прашање како во една така и во друга крајност. Јас никогаш не се преоптеретував со ова и никогаш не мислев и не сакав да се чувам за првата брачна ноќ. Ама во последно врема нешто друго ме нервира пак, тие што се чуваат (навистина малку се ама ги има) денеска наидуваат на предрасуди еднакви на предрасудите што некогаш биле насочени кон промискуитетните жени на пример, што не е во ред, ако некоја сака да се чува или не тоа е нејзино право, нема зошто јас или било кој за тоа да и префрла или да ја третира со потсмев, на пример ако е невина дека била затуцана, живеела во минатиот век, во времето на баба и и што јас знам, како што тоа го прават некои девојки кои веќе не се невини, па што сега ако ние не сме невини треба да им кажуваме и на другите да си го менуваат ставот и да губат невиност при првата прилика само за да бидат во тек со "модата"? Апсурд, сега е вака, во иднина може ќе биде и уште послободно а може и пак се ќе се врати на старо којзнае, па можеби нашите генерации ќе бидат сметани за изопачени исто онака како што денеска се сметаат другите пред нас за затуцани... што се однесува до машките од помладиве генерации, ако воопшто можам да ги наречам машки тие со следново размислување, имав еден другар, па и не беше баш другар повеќе само познаник, цело време само за секс му беше муабетот се чаламеше со колку девојки бил, а остај тоа и се исмејуваше со невиноста во денешно време, не сакаше да слушне за невина девојка, се гадеше од тоа, па ако била невина на 16 дали била нормална, пази на 16 не му било тоа во ред а сега го гледам заљубен до уши во женската што ја има, ама му кажала дека пред него имала друг е сега пак зборува наоколу како тоа го копкало постојано па кој бил тој, па дали го сакала повеќе од него, па дали бил само еден е а порано невините му беа смешни, се плашеше од нив, а кога ќе му го речеш ова ах па тоа било друго, само за секс без обврски, па тој бил машко, сакал да е_е на раат сега било љубов, оф бреее прав маж не пребира дали е жената невина или не. Епа јас мислам си го доби заслуженото, само за жал такви како него има многу, затоа девојки не раководете се од она што го вели некој "сељо" дали сака невина или не таквите прво со себе не се начисто, како ќе му дувне... Инаку мене подеднакво ми се лоши како од претераниот конзервативизам, така и од претераниот либерализам и мислам дека треба да се одржува некоја златна средина а не ја сметам невиноста за украс, уште помалку за товар
Имам 17 години така да не ми е товар, Поголем товар ќе ми биде ако ја изгубам. Ќе ме мачи совеста. Мислам дека е рано и не ми претставува ниту украс ниту товар.
Ниту укрс ниту товар, никогаш не сум помислила дека би се чувала до првата брачна ноќ.. едноставно тогаш сум била подготвена и тогаш тоа се случило пред се затоа што сум сакала да се случи
ниту украс, ниту товар, аман бе ејјјјј ниту е украс за гледање и фалење, ниту товар, не ти носи тежина на плеќите друга дефиниција барајте
Товар дефинитивно Значи на возраст од 24 год да си невина и те како е зачудувачко дури и јас самата не си верувам а не па да очекувам друг да ми поверува Но тоа е последица од моето домашно воспитување популарниот патријахизам да сум невина до 1 брачна ноќ Е сеа едвај мувач ке најдам а не па дечко со него да одма до крај од што сум искомплексирана Додуша има причина + ама отом потом