Искрено мене ми е голем товар. Веќе имам 25 години и сеуште сум девица. Пред една година (кога имав 24) се запознав со еден дечко и можам да кажам дека имаше хемија меѓу нас, но поради срам од тоа дека сум девица го оставив... Бев во толку очајна ситуација што сакав (и сеуште размислувам да го направам тоа) со помош на сексуално помагало сама да го искинам, но неможев, немав храброст и незнам дали би можела. Знам дека звучи лудо но навистина не би можела да се појавам пред некој и да му признаам дека на 25 сум сеуште девица
Не е ништо срамно ако си девица на 25 години. Зошто мислиш дека е срамота? Ако некој искрено те сака тоа најмалку е битно. Можеби на некого и тоа посебно ке му значи. Во никој случај немој околу ова да се оптеретуваш и да ти претставува пречка за твојот љубовен живот. Позз
Зошто да ти биде срам, напротив треба да бидеш среќна и да погледаш малку и од позитивната стран, тогаш кога ќе го најдеш момчето кое навистина ќе те сака, кога ќе ја најдеш љубовта на својот живот многу поубаво ќе му биде кога ќе знае дека не си била од никого допрена претходно и дека тој е првиот кој ќе те допре особено ако и тој е невин тогаш твојата невиност ќе биде еден голем + во вашата љубов!
Да ти кажам искрено треба да се гордееш со тоа а не да ти биде товар ..Еве и јас скоро 22 и мојот дечко .. во врска сме скоро 2 години и двата сме невини .. Тоа не значи дека не се сакаме или немаме доверба баш напротив го сакам најмногу тој е мојата единствена љубов,мојата сегашност и иднина и уште сто животи да имам пак би го избрала само него , туку едноставно не се погодил правиот момент .. се со тек на време не се брзаме никаде а мене воопшто не ми е ни проблем ни страм да кажам дека сум невина ... Немој да бидеш разочарана и да ти биде тоа товар , биди горда на себе и биди искрена со оној кој ќе го освои твоето срце и верувај дека уште повеќе ќе те цени бидејќи тоа твоето е реткост и е баш за пофалба .. Бидими поздравена
Морам да признаам дека ти си една од ретките луѓе на светов на кој се гордеам невиноста е мерило на карактерот и моралот.. лесното губење според моето конезервативно убедување е доказ за (не)големината на девојката на таа што ја изгубила.Зарем до толку ли дојде ЧЕСТА така лесно да биде продавана..
Ич да не се замараш со тоа, невиноста во никој случај не смее да ти претставува товар. Тоа според мене, е нешто со кое треба да се гордееш , во случајов што не си како денешниве девојчулина што без срам и перде го прават уште на 13 или 14 годишна возраст Живеј си го животот по твој терк и правила , и не се обазирај на денешниве трендови. 21 век сме и секој има право на свој избор. Позз мила
Искрено јас не можам да ги разберам девојките со тоа што невиноста им било товар неможам да разберам може јас сега звуЧам глупо ама ете
Истото важи и за украс! Украс= невиност.....или.... Товар=невиност Што се оптоварувате само не ми е јасно!?
За мене искрено е украс,имам дечко 2 и пол годни..се уште немаме односи..но сепак мислам дека се е во ред доколку не се преминати границите!
Ниту ја сметам за украс,ниту пак за товар. Невиноста го изгубила според мене значењето уште многу одамна,уште од кога повеќето почнале да глумат лажна невиност,која не е никакво мерило за морал.
Читам и се чудам, колку е тажно тоа што некои дозволуваат да ги водат трендовите, толпата, искривените верувања од западот кои одамна како рак навлегле во нашето општество. Каде ви е тука љубовта, остана ли место за честа, искреноста, остана ли малку нешто лично, место за раководење по сопствениот глас наместо по разузданата толпа што ве води во крив правец?
Мислам дека не би требало да биде никаков товар. Поголем дел од другарките не се невини па тоа нема никаква врска со мене. Јас мислам дека уште сум малечка и не сум подготвена би чекала барем до 18. Некои викаат дека немале врска годините но за мене имаат врска. Несакам сега да бидам со било кој во кревет и по 2/3 години да сфатам дека сум згрешила. Значи со тој со што ќе ми биде прв јас не мора да останам засекогаш, но невини сме еднаш во животот и за потоа да не ми биде криво.
И јас сум невина, а имам 24 години. Имав една долга врска, но мала бев тогаш и воопшто не беше стабилна врска. После тоа само сум излегувала со неколку машки, но не сум била доволно блиска со никој од нив за да можам да направам нешто. Не ја гледам како товар, не сакам да легнам со било кој, не дека прибирам и слично, само не сум наишла на некој со кој можам да се опуштам. Со последниот дечко со кој излегував, седевме во кола и сакаше да имаме секс после 3-4 излегувања и му кажав дека сум немала и си отидовме дома. Наредниот пат ме праша само дали е точно тоа, реков да и некако мислам дека поради тоа се одалечивме.
Стравот од губењето на украсот во денешницава се нарекува најверојатно товар. Не дека се плашат којзнае колку за да го изгубат колку што со брзина на светлината се покајуваат. Покајанието доаѓа кога овој украс во денешницава се губи брзоплето и непромислено. Со толку многу извори за информирање се располага денеска и пак џабе. На клиника наидов на три бремени девојки,едната на 15 се породи,другата на 17 а третата бремена на 16. Добро,на колку години започнуваат со сексуални односи. За жал ниту една од нив не ми наликуваше ни на девојка а камоли на жена.
Еве и јас на скоро 25 години сеуште го имам тој химен. Имав врска од 4 години, но поради некои причини (тоа е веќе друга тема) немавме односи. Сега имам двегодишна врска со прекрасен дечко, кој неизмерно го сакам, а знам дека и тој мене. Додека до вчера невиноста ми претставуваше украс, сега ми е товар, бидејќи сакам да го направам тоа со него, но многу ми е страв и никако не можам да се опуштам. Имањето односи на 16-17 години е полесно, затоа што девојките во тој период се во фаза на летање и не размислуваат многу.
Може не сум доволно зрела да коментирам тука, но според мене, невиноста не е ни украс, ни товар. Не знам стварно што се замарате толку. Невиноста не е нешто којзнае колку важно во животот, и не гледам причина да се срамите или гордеете ако ја имате уште на 24 години. Едноставно не е никако поврзана со карактерот на една личност и дали таа ќе биде сакана или почитувана. Не си ставајте комплекси
Невиноста е огромен товар, и понижување за една жена. Понижување во смисла што се бара или барало во минатото девојката да биде невина до првата брачна ноќ, и тој да и биде прв и последен. Ма што ви објаснувам турците, не си заминале одамна од ова мало парче земња, а и редовно не потсетуваат преку серииве како се третирале на времето жените кај нас. Невиноста е всушност тестирање на она вековното, дека жената треба да трпи, и да ќути, а мажот штом му се присака да си го направи кејфот. Жалосно е што и денес има луге кои се оптеретуваат со тоа колку партнери имала девојката, а девојките морат да се правдаат демек он им е втор, иако е тоа сосема небитен податок. Искрено мене тоа ужасно ми пречи, или кого машките живеат во заблуда дека ширината на вагината, има врска со бројот на партнети кои таа ги имала. Еве да им ја разјаснам таа мистерија, тоа нема врска со бројот на партнери туку едноставно како што некои имаат поголема уста други помала..... тоа е генетски предодредено и не зависи од бројот на партнери. Јас сум за тоа секоја девојка, да го направи тоа кога она ќе мисли дека треба и нејзе кога ќе и се присака, а не заради тоа што другарките веќе го прават тоа, или да се чува за првата брачна ноќ затоа што некој друг така сака, без разлика дали родителите или дечкото.... Исто така воопшто не ми е јасно зошто некои девојки драматизираат околу тоа да било првиот пат со тој што најмногу го сакаат, па да било вака или онака, кога првиот пат ниту едниот ниту другиот не ужива во тој одност, уживањето доага многу покасно. Невелам да го направат со било кој, туку да не го идеализираат тоа, кога ни од далеку не е како што тие го замислуваат. Исто така желудник ми се превртува кога за некого ќе кажат, он е машко и него му личи, е тогаш иако сум мирољубив тип ми доага да плеснам, некого. Но она што е нај битно, прво вие девојките треба да се изборите со таа поделба и омаловажување. Нетреба да му придавате толку големо значење на тоа, ниту пак да си дозволите некому да полагате сметка, колку партнери сте имале пред него, но секако тоа незначи дека нетреба да внимавате и да се заштитите од несакана бременост, и полно преносливи болести. Не е срамота ниту на 25 да се биде невина ако е тоа твоја желба, и ако немаш потреба да го направиш тоа, ниту е срамота ако некоја особа за тие 25 имала да речеме 10 партнери. Ниту невиноста ниту бројот на парнери не говори за карактерот и квалитетите на таа девојка. Живејте си го животот онака како што вам ви одговара, а не како што други ќе ви го скројат.