Серијата од понеделник ќе се емитува на Канал 5, во Турција заврши во мај, се работи за нова серија снимена во 13 епизоди. Ела е обична млада девојка која на факултет ќе се заљуби во 35 годишниот женкар и богаташ Илкер, кој патем е тежок нарцис, ќе почне да стажира во неговата фирма и ќе почнат врска, а Илкер во меѓувреме е свршен за друга девојка со која е во долга врска и ќе биде истовремено во врска со двете. Во меѓувреме Ела прославува 19 роденден и додека сите блиски и прават изненадување, Ела бега тајно од дома за да се најде со Илкер, таа вечер некој ја претепува Ела и во безсознание од автомобил ја фрла на автопат, тука почнува исплеткана приказна, со многу осомничени и многу вмешани луѓе, тука почнува драмата на Ела, покрај неа ќе биде мајка и која како вистински борец ќе се бори до крај против богатото поткупливо семејство на Илкер и против него, отргнувајќи ја на секој можен начин наивната ќерка од него, но за жал честопати не толку успешно. Серијата е психолошка драма, и мислам дека служи како лекција за сите нас од женскиот пол, посебно за младите девојки.
Првите неколку епизоди се многу интересни, со примамлива содржина. Серијата е правена за европски пазар со скапа продукција и убава актерска екипа, но терминот во кој беше објавувана во Турција и го намалуваше рејтингот кој е и најважен за што повеќе епизоди. Канал 5 ме изненади со изборов на серијава овој пат, мислам ќе биде гледана.
Во 22:30, слободно да ја гледаш, предобра е серијата, и не е долга да се вртат во круг ко повеќето @Saliii Не само што беше серијата добра, туку и на сет љубов се роди меѓу Ела и Илкер, скоро раскинаа, ама ич не ми одговараа ко пар, ни за серијата, ни приватно, ептен е ко дете Илајда спрема него
Нема да згрешиш, закон е серијата и доста современа е, опишува се што се случува на денешницата и во реален живот и на социјални мрежи
Добра серија, омилена ми беше. Посебно крајот Серијава прикажува колку социјалните мрежи влијаат врз нас.. @Rama Леле јас и ти ама скроз исти мислења имаме Стварно не знам Серкај што виде во неа.. дете баш Туку, што мислење имаш за новава Ask Mantik Intikam? Во Турција сум, оставив забава и се седев сама во соба и ја гледав епизодава, ептен интересна беше
Пример за тоа се Ирем и Хале кои опсесивно прикажуваа лажен живот, глумејќи нешто што не се, а ќе речеш возрасни жени, се до Ела и цела армија други девојки, страшно навистина и за жал доста реално. Не ја гледам таа серија, знам за што се работи, ама не ја загледав, не ми се баш омилени главните глумци, ама знам дека има голема хемија меѓу Илхан и Бурџу, и серијата има гледаност. Јас ја чекам сега во среда да почне Sadakatsiz, таа ми е врв серија
Ми фати око и мене серијава, ќе ја загледам. Добар избор на глумци, личи на добро осмислено сценарио, се надевам нема да ме разочара крајот.
На поучна серија ми се виде. ПС. Таман ќе ја гледам и Ферхунде (актерката што глумеше во Кога Лисјата Паѓаат) пак.
Кој ќе ја претепа Ела? Претпоставувам нејзиниот излапен татко и идејата за серијава е преземена од Твин Пикс.
Првата епизода ми беше мачна за гледање од аспект на ликовите и дејството. Како серија е добро осмислена, почетокот добар беше и ми задржа внимание додека гледав. Али мака ми беше гледајќи го Илкер, манипулатор тежок, па и 18г девојче што се пика упорно на 35г човек кој е верен. Исто и сопругот на Бахар многу ми оди на нерви. Бахар и комшијата Умут највеќе ми се допаднаа во серијава како ликови. Чудно кој би рекол дека некогаш за Ферхунде ќе кажам дека ми е омилен лик. Ама ете се зависело од сценариото. Може ќе сменам мислење како ќе гледам повеќе, ова само првични впечатоци.
На Ферхунде овде улогата и е малку како мутава, не е за неа Тој маж и што го глуми ми иди да го скршам.
Нели ја Илкер исфрли Ела од колата и ја удри со столот? Или до крај ќе е неизвесно, Илкер ќе испадне невин? Ако може во спојлер?
Спојлер Илкер ја претепа Ела, на крај ќе се потврди тоа, а татко му негов заедно со адвокатката која му е љубовница, ја исфрлија Ела од колата на Илкер