1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невиност (Masumiyet) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Rama, 15 септември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Очекував некој пресврт дека ќе има, сепак тоа не му ја минимизира казната, се надевам ќе биде осуден.
    Секоја чест за глумецот како глуми, ме изненади пошо го гледам у друга серија кај што има добра и лабава улога и баш ми се допадна како знае да се прилагоди на сценариото.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ептен е психопат и нарцисоиден како лик овде Илкер, а во Господин погрешен улогата му е мекуш, ама искрено според мене повеќе му лежат вакви психо улоги:lol:
    Всушност во детството Илкер бил психички малтретиран премногу од неговиот татко и затоа е таков, а и мајка му е виновна, таа премногу му удоволува, премногу го штити и тој мисли дека е господар на сите.

    Криво ми е серијава што има малку епизоди, ама ептен доловува се што се случува денес, и навистина треба сите да извлечеме поука.
     
    На Bebce1, Dream-Girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Само Ела мислам дека е утната за улогата. Некако млитаво глуми според мене, а и на која тв и да пуштам во секоја серија ја гледам, не знам што толку ја форсираат. :rofl:
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Општо гледано не ми е Ела лоша глумица, знам дека треба да глуми 19 годишна, ама сепак ептен има детска фаца спрема Илкер, ич не ми се пар визуелно, патем и приватно беа пар неколку месеци:lol: тој па со сите што глуми пар во сериите после е во врска, и со онаа адвокатката од другата серија беа во врска:D
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl и @ceci11 им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ич не се складни, видов дека приватно се 5г разлика ама стварно личат ко за годините во улогите шо им се. :D
    Ко глумица за некои лабави улоги ми е океј ама овдека некако ми беше ко со сила да глуми во серијава, некако ко да не се снашла со сценариото. :D Ај, може ќе сменам впечаток до последните епизоди, ко за овие 2 епизоди таков впечаток добив.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Главната глумица Ела се познава дека не е 18-годишна, изгледа ко за 25-30.

    Мајка му на Илкер има околу 60, јас мислев дека е во 40-ти, колку и е негувано лицето, аферим.

    Значи нишо ново, ниту посебно. Со нападот на девојкава, серијава ми има Твин Пикс вајбс, и доза феминизам карактеристичен за поскорешните турски серии.
     
    Последна измена: 22 септември 2021
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Не ја почнав од почеток, но зошто татко му го малтертирал психички, како добар ми стои, дури рече дека ќе се откаже од син му ако навистина го сторил тоа.
    Инаку зошто ја исфрлил Ела од колата и дозволува да се обвинува син му?
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Татко му уште од бебе го заклучувал да плачи сам во соба, за да станел вистински маж, демек да ојачал, после пак не му давал да јаде и го оставал на дожд да стои сам надвор. Очигледно нешто психопатско има и во татко му
    Тој таа вечер Ела ја исфрли бидејќи го наговори адвокатката љубовницата, тие ја најдоа, бидејќи Илкер откако ја претепал заминал на плажа и таму заспал


    @Аргентина * Тебе не ти се допаѓа серијава, ама пак си во тек со се:D:P
    Инаку серијава е инспирирана од вистински случај во Турција, само што за жал девојката починала.
    За мајката се согласувам, топ е жената и во тело и во лице.
     
    На Tajnaotrovna, spacegirl92 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Со кое се? Првата епизода не ја ни фатив од почеток зш гледав Барса. И не реков дека не ми се допаѓа, туку дека не е од калибар на моите омилени.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Е па сите постови на темава ти се дека е просечна, ништо ново, ништо посебно, и океј е имаш сосема легитимно право на свое мислење.
    Ама дека не е посебна серијава, тоа не си во право.
    Баш затоа што е модерна и посебна немаше гледаност во Турција, бидејќи таму успешно гледани се сериите кои се снимаат во стари конаци, кај што се слуша зборот на дедото и таткото, и кај што сите шетаат со пиштолот на каиш барајќи чесност насекаде.
    Додека овде во серијата се раскажува за тоа како сите сме опседнати со социјални мрежи и како на истите претставуваме лажно соврешен и лажно среќен живот. Тука е прикажана борбата на една мајка која САМА се бори против богато и моќно семејство.
     
    На Tajnaotrovna, mssuniquee, spacegirl92 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    5.672
    Пол:
    Женски
    Серијата го прикажува денешното време-невреме и нереалниот свет во кој живеат младите.
    Уште рекламата кога ја видов знаев дека ќе е добра серија и сега не трепнувам, со душа чекам да дојде 22:30 :D
     
    На spacegirl92, Rama, Melodi-Mel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ела кај најде на овој да му се залепи, за некоја година катетар ќе му треба. Ко да нема згодни дечки во школото каде што учи. Несреќа, ете. На другата, (сега веќе) жена му, ќе и дојде ли памет да се тргне од него?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Пари виде. Како ја гледаше куќата со восхит кога дојде... :bandit:
     
    На cresa-jagoda и Аргентина * им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Таткото на Илкер му вели "мило мамино" :rofl:

    Сега гледам дека млад бил овој што го глуми Илкер. Па и се познава по кожата на вратот дека нема 35 години, јес да високите делуваат повозрасно, ама не е тоа тоа.

    Од мајка му поубава жена на тие години немам видено навистина, пак ќе пишам, секоја чест. Најубава е во филмот. Ама ликот што го глуми е негативен, го има распрдено гомцето, за злосторство само го потапка по рамо. Ќеф ми е како го растргнаа медиумите, ѓубре.

    Добро е, станува возбудливо. И тажно. Ама не се знае со турскиве серии, дали некоја ќе задржи ниво или ќе тргне по удолница. Оваа изгледа озбилна засега, иако не ми е реално толку моќна фамилија која може да понуди мито од 10 милиони долари, да заврши на суд со обични луѓе пред цела јавност. Зарем навистина се случило ова во Турција?

    Татко и на Ирем ќе биде некој позитивен лик, нели? Ферхунде срцка како и секогаш :rofl: само што е наивна некако, нез.
     
    На cresa-jagoda, spacegirl92 и Rama им се допаѓа ова.
  15. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    5.672
    Пол:
    Женски
    Па нормално, глумица :D а и цело лице ботокси. Задникот и е пластичен а и градите, синоќа во таа епизода ја приметив :D.
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Нема да и дојде памет на жена му до крај, свекрвата ќе ја манипулира премногу, исто и психото Илкер, татко и едвај ќе ја отргне

    @Dream-Girl Ела всушност не е девојка која сака пари, таа од што е затрескана во Илкер мисли дека во пакет ќе и дојде и тој со богатството, уствари сака се што е негово, таа има психички проблем и несигурност, имала несреќно детство, Илкер го избра бидејќи во него најде татковска љубов и фигура која што никогаш ја немала.

    @Bebce1 Јас ја гледав серијата ко се емитуваше Турција, и само да знаеш како ја даваа Хале со ефекти измазнета цела, не и се познаваше лицето од што и беше замаглено, почнаа луѓето да се мајтапат, дури и колегите, оној што го глуми Тимур и тој ставаше на стори зезанции за Хале, и на крајот почнаа да ја даваат вака нормално ко што е кај нас сега, арно Канал 5 што не се толку напредни со ефекти и чуда:D:rofl:
     
    На Tajnaotrovna, Аргентина *, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Таа барала од режисерот лицето да и биде замаглено
     
  18. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на Илкер му беше откриена нарцисоидна болест. Ела ми изгледа како многу наивна личност, помеѓу судењето десет пати му се врати на Илкер, го сака, па го мрази. Среќа на крај се освести и го пикна во затвор, го заслужи тоа.
     
    На Tajnaotrovna, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    5.672
    Пол:
    Женски
    Нема да се заедно? Илкер во затвор ли ќе заврши на крајот од серијата?
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    52.078
    Пол:
    Женски
    Da, ke se vencaat no Ilker na kraj zavrsuva vo zatvor
     
    На Tajnaotrovna, Rama, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.