1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невкусно, недолично облекување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сакајки да изгледаме модерно, често се претерува и сето тоа изгледа на крај неубаво, недолично, препровокативно, невкусно.

    Што сметате ВИЕ за недолично облекување?
    Иако станува збор и за вкус. За некои некоја комбинација е супер, за други не е убава.
    Некоја комбинација може е модерна, а сепак недолична за тоа место и време.

    Пример младиве тинејџери се повеќе се облекуваат недолично, несогласно со нивните години. Препровокативно, теткинско, несогласно со нивните години. Сакајки да привлечат внимание изгледаат толку ефтино и вулгарно.

    Или некои стари жени кога ќе ги видат стегнати, огромни деколтиња ми изгледа сосема неубаво, невкусно, сакајки да изгледат помладо претеруваат.

    Исто и кога не се почитува кодексот, па на работа препровокативно се облекуваат девојките, се претерува за вечерни излегувања во миничи и деколтиња, што поразголено толку подобро.
    Мислам дека постои врв на невкусот.

    А и кога ќе погледнам момчиња со откопчани кошули и ѓердани, со 100 обетки, со марами женски, со ташни ... :puke: просто се чудам кај забегал светов.

    Што е за вас невкусно, недолично облекување?
     
    На MarchelineAmaru, Elen.b и eleni23 им се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Невкусно и недолично, за мене на денешницава има еден куп девојки и момчиња кои знаат да ги преминат границите на убавото. Се претерува со накит, со ланци и тракатанци, се претерува со градите надвор, за малку уште и брадавиците ќе им летнат. Недолично е кога пред дедовци и чичковци покажуваат танга што излегла од фармерките. И уште еден куп вакви промашувања. :puke:
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.387
    Пол:
    Женски
    Денес шетав половина час сама низ центар и забележав се и сешто. Имаше девојчиња од 13, 14 год. со премногу шминка на нив, со голи половини. Некои беа и на штикли. Од друга страна имаше и многу старки кои беа облечени ко да имаат 25, 30 год. Една повозрасна жена , сигурно имаше над 60 год. носеше хеланки, чизми над колена и блуза со гол стомак, а за нејзината шминка несакам ни да коментирам. Момците и тие претеруваат. Момци од 20 год. со кондури, кошули откопчани и златни ланци.
    Обично не одам по дискотеки, но летово се договоривме со друштво да одиме. Кога разгледувавме во која да влеземе , забележавме дека ние не сме соодветно облечени. Фармерка, штикла и маичка, не се бара во нашите дискотеки. Девојките беа со фустанчиња кои едвај им го покриваа задникот. Сите изгледаа ко за на свадба. Па така ние си се вративме.
    Секое место, време и период од животот налага како да се облакаме. Се разбира да прилагодуваме според нашиот стил, но се што ги надминува границите на пристојноста изгледа катастрофа.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како прво сакам да кажам дека некои девојки се облекуваат недолично на училиште, во моето училиште мнозинството девојки доаѓаат во штикли па дури и тие денови кога имаат физичко, имам сретнато и случај девојка да дојде на училиште во сатенско фустанче и дизајнирани хулахопки што значи крајно недолично. За таа сметка воведоа униформи но сето тоа за џабе бидејки им помина радоста и на нив па пак продолжи старата песна. Некои пак сакат да се истакнат и да се покажат дека имаат вкус и направат цела брканица од бои па незнаеш дали да плачеш или да се смееш.. За во кафич пак некои девојки прават смешни комбинации и бидејки каде што живеам е мал градот девојките носат претежно иста облека, во една вечер ќе сретнеш 2-3 девојки во исти фустанчиња. Исто така имам приметено дека воопшто се нема вкус за чанти, на некои им е важно само да е голема а нема врска како изгледа (претежно се бабински) :puke: Застрашувачко
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е ова е прашање кое треба многу да си го постават.
    Треба да се разбере дека НЕ секоја облека, одговара за секоја ситуација.
    Има разлика дневна и ноќна гардероба, од работна облека и облека за излегување, од облека за диско и облека за свеченост, облеката варира од кодексот кој ја диктира и возраста.
    Меѓутоа, денес има толку многу стилови , и можности за изборот на облека, што веќе нема граници што е прифатливо , а што е не е. Па така има девојчиња што личат на тетки, тетки што личат на недораснати девојки, и девојки и тетки што личат на проститутки.

    Голем дел од девојките не разбираат дека надворешниот изглед може да промовира нешто сосема разично, од тоа како тие сакаат да се претстават во јавноста. Па, колку и да е паметна и убава девојката, облеката може сосема друга слика за неа да создаде.
    Морам само да кажам дека во Скопје има блага тенденција кај девојките да се средуваат повеќе. Дури и премногу понекогаш, па делува невкусно. Ама во секој случај, се трудат да изгледаат убаво.

    Кај машките многу влијае стилот на музика што го слушаат. Барем кај повеќето од нив. Ама сакал не сакал, секое машко ќе мора да облече костум за работа некој ден! Што не е случај кај жените....дека еден ден секоја од нив ќе го прифати работниот кодекс на облекување.
     
    На MarchelineAmaru, karak и sweetybarby им се допаѓа ова.
  6. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    И мене не ми се допаѓа кога ке видам мали девојчиња облечени како жени и со 100 кила шминка на нив.Исто така не ми се допаѓа за на училиште да се носат штикли од 15 сантиметри.Исто така многу девојчиња одат разголени на училиште,нас професорите не опоменуваа за тоа,и јас ги подржувам.Веќе има спомнато погоре за постари жени кои се облекуваат како девојки,и тоа е невкусно.Има и за нив гардероба во која ке изгледаат модерно,средено и пристојно.Не ми се допаѓа ни кога буцкастите луѓе ке облечат хеланки и кратка маичка или блузичка,и одат пред тебе а ти гледаш како салото им се тресе од задникот.Барем туника да облечат,и за нив исто така има соодветна гардероба.Гледам девојки по чаршија дошле полу голи.Деколте до папок што се вели,а сукњичка кратка,кратка,едвај покриен задникот.Сакаат да изгледаат секси и привлечно,а всушност изгледаат вулгарно и одбивно.Да се биде секси,не значи да се биде разголен :!:
    По естетика сум учела дека на себе не треба да имаме повеќе од 3 бои.И мене лично навистина не ми се допаѓа тоа.И кога некој ке стави на себе ланче,брош,обетки,прстен,нараквица,на другата рака алка,часовник,само за да има од секое парче накит на себе.Понекогаш изгледа убаво-но не секогаш.Одвратно ми кога ке видам преку ден излегле на кафе другарки,ама нашминкани(искречени) како за вечерашно излегување. :D Устата нацртани(за да им изгледаат поголеми) и 5 кила сјај,стварно незнам како дешковците ги бакнуваат :puke: а пудрата со лопата да ја собираш од нив...
    И нааааајјј што не ми се допаѓа е комбинација тренерки и ципели и сандали и хулахопки :x тоа е нешто најсељачки!!!
    П.С. Ме нервира кога некои девојки ке облечат високи штикли само заради мода,а незнаат да одат во нив,па кога одат се како прекршени во нозете.Мислам дека е подобро да си облечат пониски штикли-така барем ке се чувствуваат поудобно. :) Позз
     
    На Sara123, MarchelineAmaru, sweetybarby и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    хехех навистина е смешно :D
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Па смешно е како не,кај нас има многу такви.И кога сакаат да одат во друг кафиќ мора да платат такси,а има само 5 минути одење. :rofl:
     
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    За мене невкусно недолично облекување се оние кратки фустанчиња кои едвај ти ја покриваат п...... но не и газот.
     
    На strawberry06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mене најглупаво ми е кога ке видам некои мајки недолично облечени :puke: си одевме низ парк еднаш онака и една мајка носеше фармерки,навалена му подаваше нешто на синчето или играше него,не можам да се сетам,али цел г*з и се гледаше колку беше невкусно само,како што беше и свекор ми со нас,како ни падна незгодно :D па добро мори жено не осекаш дека га*от ти се гледа,не ти дува ветренце? :D :rofl:
     
    На untitled12, Didi-13, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    ^^Може сакала ветрето да и дувка, да си го проветри газето малку? :D :D :D

    Шегата настрана, навистина има многу што се облекуваат недолично и невкусно, што за годините, што за приликата. И се се тоа претежно припаднички на женскиот пол. Не дека нема машки кои недолично и невкусно се облекуваат, ама жените се во мнозинство. И ме чуди - нели ние како понежен пол, со смисла за естетика треба да имаме мера и осет за облекувањето? Демек жени сме...

    Ми пречи кога ќе видам мали девојчиња облечени како тетки, и нашминкани како за фотосесија. Ми пречат возрасни жени кога ќе ги видам облечени како тинејџерки и пак со некоја тешка шминка што секоја брчка ја оцртува. Ми пречи кога ќе видам непочитување на дрес кодот од страна на вработените - си има правила, пишани и непишани како треба човек да се облекува кога е на работа, кога е излезен низ град, кога е на журка, кога е на погреб - секогаш облеката треба да соодветствува со ситуацијата. Можеби некој и не знае како треба да се облече, ама затоа пак може да праша. Јас самата, кога ќе видам некој/а таков/ва се прашувам дали имаат огледало дома.
     
    На senjorita-v, sweetybarby, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    можеби сакаше да се олади :D еве уште една случка смешна бев на зумба и се местиме за играње и пред мене едно девојче со розеви тренерки и танга црна,а тие тренерките беа прозирни и се се гледаше,а пак одстрана имаше уште двајца машки,ама незнам дали ја заприметија ;( :D и пред мене играше цело време,мене ми беше и незгодно,но и смешно :rofl: па и во фацата плетенка врзана,очила,изгледаше како бубалица,а тангица назад :?: можеби имаше жежок состанок после зумба :wasntme:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Многу поинакви времиња дојдоа. Ние кога бевме основно, па и средно, бевме многу скромни. Ниту гола половина, ниту раскопчани деколтеа, а да не зборувам за кратки сукњи. И дефинитивно сум за униформи во училиштата, од причина што се знае како се облекува за во школо, а како за излегување.
    И разголувањето за вечерни излегувања си има граница, а јас кога и да отидам во дискотека се чувствувам како да сум на сред забава полна со проститутки. Па тоа на ништо не личи! Кратки миничи, голи нозе со високи чизми, гради на мегдан... и после машките биле вакви, такви, онакви.
    А имам и сретнато жени стари што се облекуваат како девојки. Со штикли, сукњи, шарени хулахопки, јака шминка...
     
    На strawberry06, Gora123, untitled12 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Пребрзо сакаат да пораснат тоа е целата работа. Не си го живеат детството туку летаат уште од мали години. Си замислуваат дека ќе бидат некакви фаци доколку фатат поголем дечко или пак доколку излезат во дискотека. И плус тоа се обидуваат да копираат некои комбинации од филмовите ама неуспешно.
    Мене лично многу ми делува невкусно кога ќе видам девојче во кратка сукња во зимо и мајчка со деколте. Толку евтино и мизерно ми изгледа тоа. :doh:
     
    На strawberry06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Недолично облекување. Секојдневно гледам разни невкусни комбинации на училиште. Разголени маички, кошулчиња, кратки да ѕиркало стомакот и огромните спојлерчишта. Од друга страна па машките: затегнати, затегнати, со цевка фармерки. Сега скоро секое машко се широко, но ај нека не е широко, но сепак и нека не е толку тесно. Кога и да ги погледнам таквите ме асоцираат на темата Денешната младина и првите коментари напишани во неа. Има уште неколку примери од кои би го издвоила следниот. Излегуваме од училиште и во училишниот двор ги чекавме и другите да се симнат. Погледнав на левата страна и стоеше една госпоѓа со детето нејзино - мало беше. Госпоѓава беше во еден претесен и залепен за неа фустан. Горе и беше отворен и пола гради и беа надвор, а позади и беше краток колку да и го покрие задникот. Ајде за тој ден ќе речам дека требало да оди некаде, но не беше еднаш. Кога и да ја видев дали пред градинка или го води детето некаде она се е така облечена. Добро ај да се дотера, да се нашминка, но сепак до таму ли стигнавме? :fubar:

    Ќе се вратам на деца моја генерација, помали поголеми во ист ќош ќе ги ставам. Повеќето носат штикли, а тек се 8 одд. Се облекуваат провокативно и тие провокации ги ставаат на Фејсбук само ради еден глупав лајк. За штиклите ги носат затоа што мислат којзнае што направиле еј на штикли се качиле. Пораснале 10цм. За во училиште, за до центар каде и е, носам облека која ми одговара. Тоа си се фармерки, обична блуза и дуксер. Секогаш се прашувам: Како нивните родители од дома така ѓи пуштаат?
     
    На untitled12, MarchelineAmaru, Marence.D и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Многу е невкусно, што еве за жал и мои врсници многу претеруваат за на школо, па се знае како се иде во школо и за што, а не е ова модна писта, и многу ме нервираат со 3 кила пудра со ташните под рака и у школо тргнале, па не викам да нема шминка, ама ова е претерано, млади девојчиња што има поубаво од природно? ама тоа е тоа, и еднаш излеговме со друштво во еден кафич, дури срам ни падна, сите по штикли 12ка, миничи, не им доликува на годините, а тоа што се кич до кич, друга работа..
     
  17. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    ЕЕЕЕЕ такви ги има еден куп!Мене искрено многу ме нервираат кога на работно место доаѓаат како за на свадба со светкави блузи и со шминка едно кило или со цициките на мегдан со блузи до над пупак, или има и обратна варијанта доаѓаат со патики или недај боже со тренерки и со подискинати блузичиња!!Хаос.За во слободно време можеш да си се облечеш како сакаш твоја работа нели?
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Темава може да се разработува нашироко и надубоко - простете са сленгов, ама така ми дојде :) Недолично облекување според мене или барем врз основа на она со што сум се сретнала досега: кога на работа девојки доаѓаат облечени како кафански пејачки, кратки здолништа, длабоко деколте - НЕ! девојки, се знае на работа како се оди, не одиш да заведуваш и да одвлекуваш внимание; кога на интервју за работно место дечки доаѓаат во апостолки и сурферски широки панталони - Аман бе, па вие сакате ли да се вработите или не?! или по грешка место на плажа заталкавте во сериозна фирма?!; на училиште или факултет кога гледам дека се луфтираат некои девојчиња со минич до ...екхм, ај да не се доискажам поарно - во ред, знам дека нема некои посебни правила, ама дај малку попристојно или сакате оценката на полесен начин да си ја добиете кај професорите?!; и последно, се ежам кога ќе видам жени во сериозни години кои се облекуваат како девојчиња на 20 години или пак како да се спремни да застанат и стопираат муштерии - жено бре, не ли знаеш дека можеш да бидеш прекрасна во билокое време од животот и да си ги скратиш годините визуелно - ако веќе до тоа ти дошло - и на друг начин?! Не мораш да изгледаш инфантилно или како теткица на автопат :^)
    Не сум тежок комунист, ниту пак конзервативна, ама кога ќе видам некој од горенаведените случаи, поарно ми е да замижам :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Потполно се согласувам со сите мислења пред мене.Најмногу ме иритира стилот кафанска певаљка.Јас стварно не знам дали тие девојки некој ги гледа пред да излезат од врата..Какви родители имаат ако искачаат од дома такви?! Миничи до под пи*ка,ци*ките на изволте,мрежаста хулахопка или па нозете голи и ајт у диско..На што личи тоа? Или влегуваш во дискотека и ги гледаш у хаљини,цвеќе у коса,пунџи,црвени кармини,накитени ко елки,фустани цели со шљокици им блештат на сите страни и само дремат у едно место со пијачката во рака и набљудуваат кој ги гледа и кој како е облечен! ПА СИ ДОШОЛ ВО ДИСКО ДА СЕ ИЗНАИГРАШ ИЛИ ДА ДРЕМЕШ КО СНОБ!?!?! :puke: Кај нас сосема се изгуби значењето на дискотеките.. За школо,слична приказна.Па уште кога ќе ги видиш 8одд на штикла у минич,нозете им се тресат не знаат да стојат на нив а не па да одат..Ама тоа е...ти си мислиш мала,ама она 8 ОДД!!! :D Скоро шетајки се,приметив дека на некои лето пак им дошло :rofl: Надвор -10 степени,облекле фустанчиња кратки во ЦВЕТЕН ДЕЗЕН и со проѕирни хулахопки,а одозгора капут! :DШто е работата?! Не го изнаноселе фустанчето летоска,немаат панталони..Што?! :D Не знам што више да кажам,се чудам,неможам да им се изначудам на паметот..Не се нервирајте девојки,мора да има нешто такво,па градов на што ќе се смее?! :D
     
    На untitled12 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    недолично?
    ке го опишам примерот на другарката со кој отстанав :o

    13 години или 14
    дојде од кај мене за искачање заедно со уште 1 другарка
    штикла 3цм
    деколте
    коса кадрава како на теткица
    ташна голема како за тетка
    нашминката исто како и другата но со оглед на облеката нејзе и стоеше многу грозно.

    додека истата шминка на другата и прилегаше убаво..

    не се облечува така често, па ме зачуди.

    секогаш сите си се нормално облечени но само таа вечер, таа другарка некако не беше океј.
    малце пунка е иначе