Без разлика на возраста, недолично и невкусно ми е кога ќе видам девојка со прекратко тесно фустанче, чија должина завршува веднаш под задникот. Мислам, каде така? Или претесни хеланки... Не изгледа убаво ни детска фаца заедно со провокативна облека (со облини во развој), ниту пак жени облечени како тинејџерки. Секој со својот стил, што да кажеме. Како се чувствуваме така се облекуваме.
И покрај тоа што денес има голем избор на гардероба, како и правото секоја девојка или жена да се облекува како сака, сепак не секоја си има изградено добар и пристоен вкус за мода и додека се сака да се постигне некаков ефект со изборот на облеката, за жал резултатот е катастрофален. Без разлика дали со облеката се сака да се изгледа помладо, повозрасно или попровокативно, сепак може да се каже дека самата личност преку облеката го искажува својот карактер. Иако ова е точно и умствено замислено во умот на личноста, другите луѓе во нејзиното поблиско опкружување примаат сосема различна порака, најчесто негативна. Според мене, едно од ситуациите каде се среќаваме со невкусно и со недолчино облекување е кога е тоа различно од возраста, односно кога младите девојки сакаат да изгледаат повозрасни, и обратно, кога постарите жени сакаат да изгледаат помлади. Друга ситуација е премногу истакнување на телото, без разлика на обликот. Овде се подразбира премногу тесна облека, или премногу откривачка облека. Трета ситуација е кога можеби една личност е облечена со пристојна облека, но комбинацијата е многу лоша, или пак, носење облека која едноставно не е соодветна за пригодата. Сепак, секоја си има различен вкус. Колку и да мислиме дека еден начин на облекување е невкусен и непристоен, и тоа на крајот на краиштата е вкус кој е наменет да му се допадне и да биде применуван од некого...
Невкусно и недолично облекување без разлика на годините, а и се почесто ги гледам девојките во прекраток тексас шорц каде ѕирка задникот
Инспирирани од социјалните мрежи најверојатно (најмногу инстаграм), се` повеќе гледам невкусно облекување. На слика и нападна шминка изгледа добро понекогаш, а во живо ужасно. Лепеза трепки и усти исцртани пола мм над линијата Али тоа е друга тема. Посебно ми пречи што не се почитуваат некои кодекси на облекување на места како факултет, ресторан, работно место и сл. Ретко можам да забележам и добро облечена девојка во дискотека, односно со стил, а не само голотија како за кафич покрај плажа. Да не се разбереме погрешно, немам ништо против длабоко деколте или нешто кратко, доколку е тоа добро искомбинирано и не изгледа вулгарно.
Најмногу ми се крева косата кога ќе видам академски граѓани облечени во хеланки за на факултет. Да, спортски хеланки. Прво изгледа ептен невкусно, а за факултетот имам мислење како установа од повисоко ниво. Не зборам за студентите каде што имаат потреба да носат хеланки и тренерки, ама таков дрес код за на факултет дефинитивно не. Исто така, шминка ала малтер, минич каде што речи си газот ти се гледа - не, а сум гледала такви и по банкиве и по дискотекиве.
Под невкусно и недолично го разбирам секое облекување кое не е во склад со пригодата, не прилега на личноста која го носи или е вулгарно. Пример миничи, разголени гради, хеланки, тренерки и парчиња за излегување искомбинирани за на факултет или работа. Или некои со зголемена тежина кои носат голи стомаци, кратки панталони и припиена облека. Едноставно не изгледа убаво.
Невкусно хмм ако не си испеглан или исперен а недолично е онаа облека која не ти доликува на годините .. А не е убаво ич да ги загледуваме сите што носат и како се носат и да му наоѓаме мани сепак секој си има различен вкус но најважно е да се чуствуваш удобно во облеката која ја носиш и да го почитуваш кодексот на облекување..
Не гледам ништо недолично во тоа ако некоја трудница носи фустан уз тело или блуза која го отцртува стомакот, се додека истото и стои убаво и и ласка на новата фигура. Има многу убави и згодни трудници кои го негуваат стилот и начинот на облекување и во блажена состојба, не мора да значи дека ако е трудна треба у пижами и тренерки да искача од дома само затоа што во тоа и е комотно. Гол стомак од друга страна не ми е пријатен на никого. Што знам можеби во тертана на вежбање и на девојка која има убав стомак, ете нека ѕирка, ама тоа истакнување и припаѓање во несвест - Види ми ги стомачниве е тотално не потребно. Дебела девојка со стомак како желе распафтан на сите страни, уште понепотребна глетка.
Пред некој ден во еден маркет кај што пазаруваме,жена со дете и сопругот беше облечена во мнооогу краток фустан и високи потпетици.Ако беше за вечерно излегување би било ок,ама за пазар во сред бел ден ми е вулгарно.Високи потпетици никако не ми се за денски лежерни прошетки,кичесто ми делува.
Многу добро е кога ќе се облечат и да се погледнат во огледало не на секој се му стои ...ама овие хеланкиве добро што ги измисли ја нашиве госпожи подотерани не ни биле стоеле или не секоја ги носи
Зборувај ми за кичерај Во мојава средина , некои за на обично кафе преку ден се пренашминкани и преразголени . Од сите националности кои живеат во градов сум среќавала . Невкусно ми беше кога видов апла дебелка девојка - моја возраст е , носеше хеланки искинати од под задник до доле и од напред и од зади . Во ред е да сакаш да си модерен , но треба да се обрне внимание и на килограмите и на годините кои ги имаш . Во 21 век живееме . Има модерна облека и за пополните и за повитките . Се е до стилот . Јас сум носела искинати фармерки да , но беа во делот на колената искинати ( дебела сум и нималку не ми е пријатно да се разголувам до степен да згрозам некој ) . Растресените бутови , стриите и целулитот се само за мое око . Невкусно е и кога лица вработени на сериозни позиции ( општина , суд , клиника ) ќе видам со миничи или прозирни панталони / хеланки . Еднаш сретнав жена во 35+ вработена во образовна институција , дојде со бели панталони , кои беа толку тенки што тангата и се гледаше . Што не бива , не бива . Госпоѓата ми беше наставник на мене . Секако тогаш бев малолетна , 5-6 одд бев . И после се прашуваме зошто генерациски се порано се влегува во сексуалните води . Епа затоа што има вакви примери
Едино би споменала облека во официјални/ професионални установи. Кога сме на работно место оддаваме углед за цела компанија, а и подсвесно формалната облека ни влијае кон сериозност. Се останато ни го забележувам ни ме интересира. Лично за мене, секогаш се стремам кон носење на удобна облека, можеби не ми стој, не е модерна ама доколку јас се чувствувам комотно, и не ми е баш гајле.
Штом веќе ги ставаш дебела и трудна на исто рамниште погледни ја темата Какви сме/бевме како трудници. Не секоја трудница е дебела, срамно е ова што што го пишуваш. На некои трудници само стомакот им е голем, а дебелите луѓе се дебели и во стомак, раце, колкови и нозе. Не знам како воопшто ви текнуваат вакви глупости.