Искривена е цела, колку газе да има на сликата, па не се гледа. Дај друга слика Инаку стомаци голи ,труднички реков дека е невкусно. Исто како НЕтрудни а дебели нозе или со спољери...па се облекле во кусо и сл. Од кај си сигурна дека ќе ме видите?
Te сфативме што сакаше да кажеш ајде не се правдај сега. Ќе те видемѐ и тебе...... ако објавиш слика во темата
Не ми е пријатно да и го гледам гзот на некоја од шорцот. Не знам како не им е срам искрено. Ептен недолично. За било каде, освен за спиење дома во кревет. Истото важи и за оние ептен кратки фустани, па и уз тело ако се, топ комбинација. Другарка еднаш се запна да си купи таква блуза за фустан, гзот и се гледаше, ќе се скаравме во продавница дека не личи толку кратко, не знам што сакаше да постигне со блузата. За среќа, не купи. Изговор дека сме млади, тенки и витки (па сега ако не носиме, кога?!), не е валиден според мене во овие случаеви. Можеш да изгледаш многу секси и убаво и во поприкладни комбинации. Мислам, убавина или тело не мора на тацна да е, се приметува и преку слоеви облека ако е фино средено.
Нема потреба да се чувствуваш виновна за да се оправдаш Ти нѐ навреди нас трудните ставајќи нѐ во ист ќош со дебелите. Ја погледна темата?
А сега ти ги навредуваш дебелите со ова погоре. Инаку он топик.. Не смета недоличното облекување толку колку што смета недоличното однесување од страна на неизживеани ameba boys што демнат како девојка да немаат видено во живот без разлика дали била недолично облечена или закопчана до врат.
А си видела трудница да шета со гол стомак ? Што ти е дебело во трудничкиот стомак? Бебето внатре Си видела труднички стомак? Нема поубав
Ценам пристојност. Без оглед во кој период од возраста сме, сепак треба пристојно да се облакаме. Не поминуваат изговори од типот млади сме, кога ако не сега. Секој си знае, меѓутоа прво мене стилот не ми е таков, сукња над колена не е мој стил, голо стомаче, деколтеа, бретели исто така. И на работа си имаме кодекс на облакање, а и еднаш имавме состанок за тоа. Има кој да го гледа моето тело. Никој освен мојот иден сопруг.
На кој начин ги навредив? Да бидеш трудна е навреда? Да имаш стомак зашто си трудна и зашто си дебела не е исто.
Нема да се налутат дебелите Тие се посебна категорија на луѓе и имаат меко срце...Ќе и простат. Во секој случај колку што е непријатно крупна девојка/жена со гол стомак, исто толку непријатно е и трудна жена со гол стомак. Мене не ми смета, ама непријатно е за гледање. Непријатни за гледање ми се и девојки што носат прекратки фустанчиња и пантолончиња, од каде што им ѕирка газот...Посебно па покрупна ако е некоја Секој си има различен вкус и нема што да му се мешаат другите при избор на облека, ама па кога нема некој осет како да се облекува за на работа, како за во парк, како за на кафе...џабе е...со инка не се тура.
Јас некако не можам да гледам труднички стомаци. И во списание кога ќе видам гол труднички стомак, морници ме лазат.
Па не е навреда да бидеш трудна. Ама не треба да биде навреда и да бидеш дебела.. нешто што ти го спомна погоре кај што те цитирав. Нема потреба за стварање комплекси. Се знае што е убаво за око, а што не и кои се границите каде нешто излегува надвор од границите на вкусот.
На кој начин ги навредив? Знам многу добро како е когс ти ствараат комплекс поради тежината, не бев дебела туку претерано слаба и никогаш никој не сум го навредила поради дебелината. Туку ај да не коментирам веќе, испаѓа дека се фалам. Шта речи
Сакала-неќела униформава што ја носам за мене е недолична. Затвотена до врат да, ама светла панталона што исцртува се живо... Мака мачам...
Јас вака како претставник на дебелите, да си разрешам една дилема. Сега со стомаков што го имам не ми личи кроп топ, ама утре ако сум трудна ќе ми личи кроп топ? Абе ајде демек ако сме трудни, се' ни е простено Без оглед колку е згодна трудницата, стомак со бебе или сало нема потреба гол да се шета. Освен на плажа
Еве уште еден претставник на дебелите. Мое лично мислење е, слаба дебела безразлика, премногу кратко и отворено е невкусно и недолично облекување. Јас велам и најслаба да сум, нема никогаш да се "облечам" така што ќе ми се гледа задникот или градите извадени целосно. Да бидеш секси не мора да се разголиш целосно. И на друг начин може да си секси и дотерана.
Значи, ова лето се изнагледав виснати стомаци под кроптопови. Ај, шорцеви на дебели нозе некако ќе ги простам, бидејќи сепак никој не заслужува да се вари на горештина (иако и тоа ми е дискутабилно). Ама сериозно од мевовите има некаква потреба? Да се знае дека немаат проблем со самодоверба луѓето Од друга страна, не дека ме тангира кој како се облака, а и како би се ценел вкусот, ако не постои невкус. Па нека си тера кој како сака, крај краева, што да кажам друго. А многу ми е интересно како слабите не се поштедени од коментари дали јадеме нешто воопшто, дури ниту од претпоставки за нарушување во исхраната, ама затоа ние мора да размислиме три пати пред да кажеме нешто, да не испадне случајно навредливо кон пополнетите. Мислам, во ред е, јас од култура никому во лице нема да плеснам дека е дебел, преслаб, дека се облекол лошо, или што било врз база на физички изглед. Штета што не сите ја користат способноста за мислење, туку го пуштаат јазикот.