Деколтеа во институции (V до немај каде), на кафе со мрежести хулахопки (со прекуси тексас панталони), партал(че) на градите (не покрива ни колку градникот), многу тесна облека баш онака сè што треба и не треба да се оцртува.. Мене ме фаќа срам, ми иди директно да се закопам ко шо ги гледам.. И не се лутете ако некој ви даде коментар за вакво облекување. Разбирам стил, али не мешете со недолично облекување. И шлиц.Кога ќе видам до стомак..
Темава сериозно треба да престане да се меша со body shaming, a уште повеќе со мајчинство, постара возраст (посебно кај жени) и слично. Она што навистина ја преминува границата на невкусно, вулгарно и неприкладно според дрес код за приликата - ја преминува за сите.
Ја отворив темава случајно и што да видам полна предрасуди. Каква врска имаат годините и мајчинството со вулгарноста. Ако и стои добро хеланка или краток фустан и знае да го носи и те како треба да го носи. Се вртеле мажи..па што ако се вртат ако жената изгледа убаво, се чувствува убаво и зрачи со самодоверба и мажи и жени ќе се вртат по неа и тоа е сосема во ред. Ако била мајка не треба да се облака атрактивно? Па по таа логика и татко не треба да носи тесна блуза иако има добро издефинирано тело само зошто е татко. Вулгарно и неписмено е непочитување на дрес код на места каде што е потребно (црква, работа со странки, конгреси итн да не бројам се). Но тоа нема никаква врска со годините, има врска со сопствениот стејт оф мајнд . Јас лично обижавам и скинати фармерки, шешири, кратки јакнички, пирсови, тетоважи ... а не сум тинејџер, мајка сум Нема формула, секогаш сум била поборник на индивидуализмот. Не на нешто што е социјално оправдано зошто другите така сметаат. Не можеме луѓето да ги ставиме во калапче.
Според мене годините и мајчинството немаат врска, ако е држеча има стил нека носи како сака.Мајка на другарка е 42 год. Жената се облака ФЕНОМЕНАЛНО.Секој со својот вкус и својот џеб па се облака како може и сака.
Не ми се верува што читам. Се обидов да најдам некој нормален коментар, но не успеав (прочитав можеби 90%). Се тешам со тоа што најновите коментари се од 2018 година. Женски, што е ова ширење омраза? За што? Се нашминкала и покажала деколте, па што? Јас лично сум прилично конзервативна, не би облекла нешто такво, но зошто да велиме дека е одвратно што така се облекуваат оние девојки што тоа им се допаѓа? Или дека било одвратно да се става вечерна шминка (повеќе шминка) преку ден? Се согласувам дека понекогаш не е во ред провокативно облекување, но сѐ зависи од местото. Во јавни установи, училишта, цркви се знае како се влегува, има дрес код и со тоа се изразува и почит и култура. Но малолетно девојче кога носи купаќи на плажа не ви пречи. Зошто тогаш да не носи мини фустанче на отворено, да речеме во парк? Вам никако не ви штети, а таа се осеќа подобро бидејќи надвор е жешко. Сакам да кажам, во Охрид на плажа магично е во ред што сите се полуголи, иако во вода може да се влезе со маичка и шорцеви без проблем. Температурите во Скопје се повисоки од Охридските, па сепак тука сакате сите да се стокмени. Се е до тоа кој како се навикнал да гледа. Нема зошто пополнети жени да си го кријат стомакот, или телото воопшто. Па било лошо кога жена носела повеќе од 3 бои на себе, кога не знае да оди во штикли.... Тоа не би требало да ве засега вам. Можете слободно да си озборувате со друштвото, но кога е вака јавно навистина е претерано.
Апсолутно немам ништо против деколте, разголеност, голи стомаци на пополнети жени, уште помалку на трудници. Секој си се облака онака како што се чувствува најубаво, така што ако некој се чувствува убаво како горе наведеното, не ми смета, зашто не ме засега. Тоа што на некого му смета нечиј стил на облекување, многу кажува за тој некој.
Соодветна облека за институции, цркви, за работа.. Инаку кој како сака нека се облекува. Од некои коментари мајка била, колку години имала До кога со предрасуди? Јас со моите години па уште си носам кратки суќни, најверојатно и јас сум една од најозборуваните. Додуша мене и во лице ми кажаа дека како не ми било срам да носам ланчиња и гривни за работа, како не сум се срамела да одам средена на работа Ова од жена за жена не знам како ќе му дојде Дотерувањето се однесуваше на кошулите во кои одам, требало во џемпери да одам, баш така ми кажа И тоа помлада од мене, девојка, а јас со стомак до заби, на што личело во бременост да се дотерувам.
Недолично облекување не личи на места каде што има дрес код или неформално правило за облекување кое се кажува за да се покаже почит.На други места секој може да се облекува како сака.
Недолично облекување е она за кое баш на прв поглед ќе го помислиш зборот недолично. Не доликува на таа пригода, во тој објект, на тоа тело, покрај тие луѓе. Да, имаме желби како да се носиме и можеме да сме тврдоглави и убедени дека сѐ нѝ стои на секој настан, ама не е така. Сите сме со различен облик на тело, тоа не значи дека треба да форсираме парчиња кои едноставно - не прилегаат. Затоа постојат различни модели. Тргнувајќи од тоа како се чувствуваме во едно парче, каква емоција предизвикува, тоа значи дека не можеме сѐ да облечеме и да кажеме изгледаме убаво. Да, стилот е индивидуален, ама има нешто што се вика естетика и тоа треба да се разграничи од инаетливата потреба сѐ да се натне. Едноставно, забележувам луѓе кои се немарливи и како со затворени очи да се облекуваат. Ми пречи недолично облекување во црква, особено на мои пригоди; ми пречи кога на свадба има девојки облечени во бело, ко да нема друга боја баш тој ден; ми пречеше кога една ми дојде дома на бебе облечена целата во црно, од фустан, чорапи до патики, језива ми беше; ми пречи секакво кратко прекратко на граница со невкус и вулгарност, ми пречат деколтеа отворени, гради истурени особено пред возрасни лица, како без осет итн.. Повеќе облекувањето го сфаќам како уметност и естетски момент кој се доловува. За мене. Внимавам да сум складно облечена, повеќе сум кежуал стил со некои интересни додатоци, ташнички мали со долги рачки, фармерки, за пригоди интересни фустани, соодветни со убави бои и недречливи дезени. Повеќе сум по еднобојно отколку многу шарено, ама сум носела и шарени.
Да бидеме искрени, не сме нација која може да каже да се пофали со моден вкус како Италијанки, Скандинавки или Турчинките на пример. Ние си патиме од внимание и затоа на себе ставаме се што е модерно, кич и што паѓа во очи само за да бидеме забележани од страна на другите. И коментарите годат, добри или лоши не е важно, важно ни е некој да не спомне. Секоја чест на оние девојки/жени кои го разбираат стилот и своето тело и знаат да се облечат за да се вртат глави по нив на улица, без разлика на килажата и годините.
немам проблем ни со миничи, деколтеа ама ми се гади кога ќе видам млада девојкa со претесни хеланки кои изгледаат како залепени за неа и и се познава цела линија од задникот како wedgie нз македонски речник за ова, дури и на школо ваква облека носат...