Еден куп шмизлички кои за во школо или пак за обична прошетка низ град се облекуваат "unique & glamorous" т.е мислат дека се такви со својте обетки со кристали, сатенска гардероба, штикли, 2 тона шминка, декотлте + минич итн итн... Во школо ги гледам униформите ги замениле со демоде и кич гардероба и си мислат "Која сум јас" леле леле и уште се љутат ако им свика некој професор, па јас да сум и би ги избркала од школо!
Najgolemata i mislam edna od najvaznite pricini za nedolicnoto oblekuvanje na golem broj devojki e domashnata kontrola!!Epa ako nivnite roditeli im dozvoluvaat da iskacaat taka nevkusno obleceni shto se devojcinjata krivi?!I posle se ljutat koga gi ogovaraat i vregaat!!Definitivno ne e bitno shto ke nosis...bitno e kako go nosis toa [mod-kirilica:29rgd7vj][/mod-kirilica:29rgd7vj]
^^ Точно! Ама тука не станува збор само за малдите девојки, туку и за постарите девојки и жените. Еве на пример одам јас во една фирма пред некој ден за да завршам нешто работа. И сите девојчиња млади, убаво средени, пристојно облчени за работа. Кога видов една теткица се запрепастив! Минич црвен, а нозете баш онака дебели со целулит, кошула стегната раскопчана кај градите, кило сенка на очите, пластичен накит и штикли од 12 цм. И таа е задолжена за пречекување на клиентите и за информативен разговор. Е што ја тера таа жена од 50 и кусур години да се облака како евтина проститутка? Не разбирам...
тие жени дефенитивно имаат или искривена слика за себе (мислат дека изгледаат феномелано) или имаат некој комплекс кој би го сокриле со оросписка облека. Дали воопшто се гледаат во огледало??? Па јас да влезам во некоја фирма и да ме пречека некоја таква ке си отидам. А што се однесува до денешните девојчиња кои се носат ептен разголено, не ги кривете родителите,повеќето од нив немаат појма што прават нивните деца
^се согласувам..си имат искривена слика за нив..можеби се гледат на искривено и матно огледало, па така да се облекуваат.. не им личи на годините..!! а некои помали да не бидат покусо.. многу ги има такви..
сметам дека џабе дрндаме на оваа тема..гледам дека стварно имало девојки кои мислат како мене и мило ми е. јас кога бев прва па и втора година средно НЕ МОЖЕВ да се замислам на штикла, мајка ми ме молеше маскара барем да ставам а јас ни тоа..а сега..спореди осмоодделенка со мене - нејзе ќе и дадеш дупло години од мене. дефинитивно младината не си ја знае границата. искрено кога навечер ќе излезам јас се чувствувам вишок облечена сосем нормално покрај сите останати..оох Боже..па јас во продавница не им се ни испулувам на облеките што девојчињана ги носат.. а восрасните тетки..кога не им дошол умот до сега - нема ни да им дојде. овие помаливе да се научат што треба а што не..
сaкам провокативни девојки! ама провокативни со стил, елеганција и префинетост....ти биди Спојлер пиче , ама се знае, со вкус и мерка, и не доловувај изглед на ефтина девојка, која излегла да бара клиентела за бизнис накратко ова сакам да го кажам
Многу ме нервираат девојки и жени кои немаат основно познавање на кодекс за облекување. Најголемите утки се случуваат нормално на работното место, но покусо не се ни оние кои на свадба ќе се тупнат во бело , ко да нема други бои, па ајде ќе и правиме друштво на невестата, или на погреб ќе отидат во све ми боје лепо стоје, разголени, нашминкани и со деколте. Таквите ми се оди да ги здробам. Ги мразам и оние помодарките кои по секоја цена сакаат да го носат тоа што е во тренд и се во илузии дека се кул и дека убаво им стои. Па не може теткица од 40-50 години да носи хеланки и туника и каиш и чизма до колена.
Кратките здолништа го измислиле за тие со убави нозе кога ќе видам некоја дебела престегната во сукна и и се гледа и сало и целулит и триста чуда ми се гади како намерно да ги покажува своите ''адути'' Или широко деколте од кое се гледаат повеќе од половина гради многу дебилско ми е Професорка која им предава на ученици во средно во стегнат минич од кој ако се наведне ќе и се види г*зот и учениците намерно ќе и ја туркаат кредата за да се наведнува и ќе и свиркаат и незнам што ...тоа не е час ...и треба да е забранет стил на облекување за во образовните институции Каква е таа мода од која се гледа повеќе од половина тело во зима?! чудни луѓе
хахахааха ама тие првите фуфици со силиконите секако дека ги ставам во негативната група, само последните 2 слики се оние пристојните цурици да не ме сфати некој погрешно инаку фала
Е мене ме интересира и нешто друго, зошто нели студентка сум, па се прашувам дали воопшто постои кодекс на облекување на факултетите наши?! На државните нема униформи, па јас што се не се изнагледав... Па добро, до толку усул да се немало!!! Зборував со еден пријател и ми кажа дека таков кодекс на факултетите не постои, одн.дека е оставено секој со својот памет и вкус да се облака, сметајќи дека веќе на 18/19 години еден млад човек би требало да знае што и како да облече. Истото важи и за професорите и асистентите. Меѓутоа, изгледа дека кај нас толкава слобода си даваат студентите што холот личи на циркус. Штикли, хеланки само со маичка, мрежасти хулахопки, миничи, деколтиња, шминка еден тон.... А што е пострашно има и една асистентка што личи на порно глумица. Значи, нашиве студентки мислат дека одат којзнае каде кога доаѓаат на факултет. И никој ништо не може да направи, зошто нема никаков кодекс, па си парадираат гордо како на модна писта. Страшно и одбивно!
Има нешто што сум приметила на факултетите.На пример на економски сестра ми додека студираше понекогаш одев со неа.Таму сите се дотерани,во ципелки,во панталони,со пеглани коси,кошули,бла,бла,сестри ми дури и ја беше срам онака поопуштено да си отиде на факултет(во фармерки и маичка).А на педагошки или еве на мојот филолошки не марат толку за облеката.Има и дотерани и буквално распандани Кој како стигне си се облекува. А недолично облекување како и за училиштата несакам ни за на факултет!
Недолично облекување барем кај нас има на претек. Доволно е да отидеш до еден супремаркет и да се изначудиш на вкус. Теткица од педесет и кусур години во бели хеланки згора бела маица и деколте, а во деколтето бапнат огромен златен ланец па згора со крст и исклучиво лилав кармин. Понатаму средношколки исфирцани во фустанчиња, три кило шминка и 12 цм штикла спремни за на училиште. Или на родителска кај децата, мајките ко за на оскари. Со свечени тоалети и фризури ала тулумба.Значи се си има и место и време. И аманте - минич и деколте бре луѓе,до кога??? За да бидеш дотеран не мораш на себе да имаш прескапо или којзнае што.Доволно е да биде уредно,чисто и убаво комбинирано.Значи не ко папагал,и не ко за ххх филм
Ова како за мене.. Јас многу се нервирам бидејќи нема никои што ти кажуваат директно НЕ ТИ СТОИ .. И многу нормално нема да се бламираш. Како и да е да се вратам на темава.. Имав во основно една се облекуваше со суќни.. Т.е. еве ќе кажам пример. Жолта маичка, зелена суќна ( ставена над маичката ) и доле црни чизми, горе бело венче! А сега ми се праи Macedonian Idol, ја видов на реклама
Сфаќам за на факултет да се оди пристојно дотерана, ама да се станува во 5 сатот на сабајле и да се облакаш како за одење во кафич, тоа не можам да го сфатам! А имам другарки кои тоа го правеа буквално секој божји ден! Знам дека шминката е средство за разубавување, немам ништо против, и јас си се шминкам се во границата, ама да станувам во 5 на сабајле да се ималтерисувам со 3 тона шминка, креон, црвенила, па потоа да се пробувам комбинации пред огледало...во 5 сабајле.. ! Секогаш од вечер си ја местам комбинацијата што планирам да ја облечам другиот ден! За малите во средно веќе излишно е да говорам, тие фаќаат некој западњачки правец! А исто така имам заприметено млади особи на работно место! Во банките се прибрани и средени тука нема што! Ама мој впечаток во другите фирми, значи има персони кои крајно недолично се облакаат! Од проѕирни блузи, до миничи, деколтеа! Јас разбирам да се облакаш така, ама тоа е за во кафиќ, кабареа, а не за на работа! Таквите личности сакаат само внимание да привлечат, и за таквите баш и не верувам дека немаат вкус, туку тоа го прават со намера! Исто така имам сретнато и стари баби, со зелени, тегет, виолетови коси, наџиџани со златни венци на вратот, со деколтеа, миничи...........уххх, да ти се повраќа !
Уф мора да си се испразнам. Значи каков КИЧ владее кај нас дури се нервирам на моменти Среќа нова година славев во домашна атмосфера и не ги гледав помладиве, ама затоа вчера фино лепо во кафана си отидовме друштвото. И што да видам ... ваква бев Младиве немаат појма од истакнување на атрубути, од сексипил, од умереност, туку се тоа заедно споено доаѓа вулгарно и кичесто!!! Ако истакнеш гради, намали на нозе! Ако истакнеш нозе внимавај на хулахопки и на горен дел! Ако си побуцкаст глеј да ги покриеш килограмите, а не да ги истакнеш! Ма нееееее беее, младиве по фустани до пи*ка, со бут свински од 100 кила, со чевли на потпетица и светла хулахопка, со гради во чинија што ти излегуваат, мешаат на маси и се изнаааааааагледав гаќи!!! СРАМОТА! Одвратно! И тоа постарите ај подобри се знаат да го комбинираат (иако имаше и такви со туники и хулахопка и црвени гаќи), знаат деколтето да си го истакнат, нозете итн. Ама малолетниве и оние млади полнолетнички не се сексипилни, тие се вулгарни, како еротска порно ѕвезда. Научете да истакнувате убави работи на вашето тело, да не претерувате, зашто сексипилот не се истакнува со комплетно разоткривање, туку со умереност! Порно ѕвезда на вечерта беше девојче од 16-17 години со 100тина килограми, туника во некоја полутигреста шара, должина до гз, проѕирна хулахопка, чевла на потпетица и црвен кармин.
Кралици на новогодишната вечер ги имаше во изобилство. Тргнувајќи од таквите со хеланки со тигрести дезени облечени како фармерки да си носиш, па една видов ја кренала маичката за да биде многу секси. Сите гледам го имате тоа кажано,а и секаде постои тој феномен "покажи се што имаш", односно сукњичка до под *цензура*, пуш-ап стегнати гради, црна маичка со деклоте, меѓутоа мора да се познава и прслукот, црвен кармин, очи до линијата на веѓите нашминкани со црно и сиво и сето тоа спакувано во една тинејџерка. А, јас па помислив дека моето фустанче со гол грб е премногу провокативно, но кога видов се премислив. Не е недолично, но да го напоменам морам и кичерајот со пунџи,а ги имаше во изобилство кај млади девојки. Се прашувам зошто?