1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невкусно, недолично облекување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 октомври 2010.

  1. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    За мене недолично облекување е едноставно погрешен аутфит на погрешно време во погрешно место.......

    ...тоа може да бидат преубави салонки,златни како за свечени прилики свадби и слично ставени за на кафе во 12 часот....
    ....блуза ставена како фустан за во дискотека или било каде за на вечер.....валјда ваквите девојки мислат дека се многу секси :)

    исто фустанот што го носеле на матура за петок навечер за во некое кафуле.....а пак на свадба отишле по патики.....или " кломпи"......
    ....секси деколте, а уствари е маичка за на плажа што открива премногу и цел градник е надвор...итн многу други примери........
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Плава убаво од тебе ;)
    Провокативното немора да значи дека е недолично и невкусно.
    Сосема е различно, ти сигурно за на факс или во школо не се облекуваш така... е тоа е недолично и невкусно. За во град сосема е во ред млади девојки да покажат нега или деколте ( е сега и двете ако се во преголема доза тогаш е невкусно, кичесто и недолично)
    Според мене треба да се знае за каде како треба да се облекуваш, се што отскокнува од тоа ми е невкусно.
    На пример не ги вадам цицките на маса на слава или свадба пред 300 роднини нели.. :)
     
    На brunete, baguf4e, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    Кратко сукниче и длабоко деколте не е грев ниту лошо пак во никој случај :) се додека не ги искомбинираш двете заедно :) ..........секако, во склад со пригодата :^) вистина не доликува така на работа негде,(зависи што работиш) ниту на предавање на факултет или слично....
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    еве јас ке зборам во мое име значи кажав дека не се облекувам провокативно но тоа не значи дека искачам по ролка и широки тренерки..значи ок не сум против да се носи минич ама барем може да се направи комбинација и да изгледа попристојно..стварно ми е без врска пола танга им се гледа пола прслук излегол надвор мрежести хулахопки шминка да не повторувам е ова ми е претеризам..а иначе ова со кршењево врат на машкиве па не мора да значи дека ако си така облечена се привлекува пажња и у фармерка тесна ниско струк4е и некое секси маиче јака штикла ке привлечш внимание сум приметила по мене далеку до тоа дека се фалам...сакам да кажам и прибрано облечена у фармерки можеш да бидеш секси..да ги копка што се крие под облеката ;)
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мразам кога ке сретнам девојчиња од 14-15 години облечени ко 25, да неможеш да ги познаеш, со миничи, шминка на нив тон итн.
    Убаво е секоја девојка да носи и минич и длабоко деколте ама да се припази на пригодата.
    Не оди за во школо, со минич и деколте, се знае како се облекува.
    Лично јас, знам да облечам кратко фустанче, со висока штикла за излегување, дискотека, кафана итн.
    Преку ден сум постојано во фармерчиња, панталони, патики, балетанки, маичка, дуксер, палто, зависи каде одам. Во секој случај по спортско се облекувам, така се осекам најудобно.
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bчера мислев да напишам во темава нешто за шминка,колку ми се лоши кога ке видам некој како кловн нашмикана,вчера излезени бевме во ресторанче,и влегува една девојка,имаше претерано со руменилото или бронзер што и да беше,а и сјајот некој лила боја :o :D стварно се гледаат в огледало пред да излезаат :geek:
     
  7. b.04

    b.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Jас воопшто не замерувам за начинот на облекување на луѓето.. За oние шо носат кратки здолништа.. кога нив не им пречи тоа шо задникот им се гледа или слично.. зошто па мене да ми пречи? Мислам, не сакам погрешно да ме сфатите, тоа е лично мое мислење. :) Јас повеќе преферирам луѓе кои си имаат сопствен стајлинг, поинаков од оној на останатите и ги ценам за храброста шо ја имаат да се облекуваат онака како шо си сакаат без разлика колку чудно и да изгледа тоа во очите на другите.
     
  8. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Недолично облекување според мене е непогодување на облеката за одредена прилика. Ништо друго. Еве зошто:
    Панк, рок, емо и други стилови. Таква облека може да се носи, но се знае каде. По дискотеки, искачања. Не е сигурно за во училиште или деловен состанок и слично.
    Свечена облека, сатенски фустани, длабоко деколте и сл. Се знае каде се носи-на свечености. Не се носи сигурно на денска прошетка.

    Сега навистина има некои парчиња кои сами по себе стаѓаат во групата на недолична облека во било која прилика(Освен во кревет со сопругот/дечкото, нАли ;) )
     
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Недолично за мене е кога некоја девојка ќе се облече ко српска кафанска певаљка (небитно во која прилика).
    Инаку јас немам некое тело за покажување, но барем градите ми се нормални..и тоа го покажувам во деколте...нормално не пола
    цицка
    да ја вадам надвор...но сепак отворено.
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Не може секој да биде провокативен !!! Барем не на оној начин на кој би требало со многу вкус и стил за да би се доловил оној ефект на секси ама префинето и моќно како појава а не кичасто , и дрољасто :^)
    Не е за секого тоа со два збора :!: . Треба да знаеш да го носиш . Знам милион примери од топ тела ама џабе бе сестро како Дрољетина ко си и привлекуваш внимание во погрешна смисла. :!:
    Старо правило едно истакни или деколте или минич двете само за на работа онаа најстарата професија .
     
  11. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Знам, забележав една девојка на нова година со гаќи. Сериозно, црни како мини боксерки беа, е сега ако таа мислеше дека се кратки пантолончина |( Свечено, сиво маиче, гаќичките на неа, мрежести холахопки и чизми до колена. :o
    Инаку, немам ништо против провокативно облекување се додека е со мера. Немам ништо против ако некоја згодна девојка си ги исатакне нозете во мини сукња, ама девојка а не 13/14 годишно девојче на штикли од 15цм.
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    недолично облекување одма ме асоцира на мојата комшика...кратки маици (а мајка е на дете од 3 год ) и кога трчка по него цицките горе доле панталони кратки и тесни да и се познава тангата уште па кога ке зема да го храни надвор а мора да се наведне-страшно....

    Кога ке видам жена над 45 год салцето од сите страни а она облекла нешто за млади девојки па уште и напрчила уста демек типка е...

    Кога пред некој ден сретнавме една девојка која ми е далека роднина и јас и велам абе ти заврши средно? ја гледам штикли ташна пудра еден тон накит-бижутерија се на неа стегнато баш како девојка над 18год а она ме попари со тоа дека тек ке биде 2 год средно....
     
  13. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Недолично облекување за мене не претстаува коа ние младите се дотеруваме у фустанчиња,сукњички.Нормално се у свои граници.Немозеш така да идеш у школо . Ја сум гледала средношколки у школо иделе со кратки сукни у блузи со кило шминка на нив.Тоа ми е баш онака вулгарно и не го обравдувам тоа.За у град за искачање ја сум за носење фустанчиња и нешо поубаво(она за кои некои го сметаат како вулгарно)
     
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Јас имам една комшивка и нема да бидам изненадена од нејзиниот стајлинг никогаш во животов после тоа што го видов.
    Значи мажена е ,има 6 годишно дете и оди во продавница облечена како проститутка.
    Сукна кратка 1 милиметар до под газот(јас носев подолга кога му играв стриптиз на дечко ми |( )
    Штикли 12ка .
    Блузиче кое личеше на горен дел од купаќи (можеби и беше горен ден од купаќи)
    Вака нешто
    [​IMG]
    Повеќе од пола гради извадени и цел гол стомак со стрии целулит и триста чуда.
    Најтрагично ми е местото на кое ја видов.
    Замислете си во маалската продавница си купуваше леб во 8 часот наутро.
     
  15. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    проблемот кај многу девојки во земјава е тоа што не се свесни дека можеш да изгледаш ненормално секси во фармерки и блуза....или кошула.постојат 2 дијаметрално различни категории - секси изглед и ефтин изглед. мене лично девојка со добра нога и добар
    газ
    облечена во фармерки и добра штикла ми е 100 пати посекси од минич...да имаш добар вкус за облекување значи да знаеш во која прилика што да облечеш...на пр. на некој прием во амбасада, на опера, изложба...итн. во никој случај не треба да идеш на sexy look туку исклучиво на отменост.... исто така, на првиот состанок со дечко во никој случај не смееш да ги извадиш атрибутите на послужавник, ниту пак да го правиш тоа на работното место.
    Е сега за во диско, кафич... е друга прича...секој си знае кој атрибут му е најјак и нормално е да го истакне, но и тука постојат граници. многу е лесно границата да се премине и да се создаде впечаток на ефтин изглед, затоа мора да се пази...мое мислење е дека девојка може да биде и префинета и страшно секси во исто време (само ако знае што каде треба да стои :) )

    а што се однесува до штиклите.....не гледам нивна поврзаност со вулгарноста....носам и патики и балетанки и штикли и btw ниеден пар штикли не ми се под 12cm :wasntme:
     
    На Hellen, De-lovely и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Оние кои се облекуваат со мини до газот и со цицки... на послужавник сакаат да привлечат внимание зошто никој не ги ни погледнува. Една моја пријателка детето нејзино раскажува како има кај нив некоја наставничка која се облекува бас невкусно и дека сите деца ја ѕверат инаку се работи за малолетни деца до 5-то одделение, јас да сум родител на дете кое учи кај таа веднаш би го испишала, навистина незнам дали постојат некој си кодекси на облекување баш на такви работни места и организациска култура.
     
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    И јас носам штикли но не за кај комшиите и до продавница за да си купам леб,
    тоа ми беше поентата.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Облеката го прави човекот, односно за секоја пригода одговара соодветна облека.
    Но пред се битен е и вкусот и стилот на човекот.
    Некој едноставно нема вкус и неговиот начин на облекување преминува во невкусно и недолично.
    Јас сум многу пребирилива во однос на облеката, одма забележувам кога на некој нешто му штрчи.
    На излегување моите очи страдаат! Само кич, измешани бои и стилови, парчиња облека најдени мислиш од јавна куќа и сето тоа спакувано и понудено од страна на млади и убави девојки, кои за жал на место да ја истакнат својата убавина, тие ја уништуваат.
    Минич и деколте, верувајте и тоа може убаво да стои и да не биде невкусно, ама треба да знае да се искомбинира. Ама ретко тоа кој го може.
    Секси и провокативно, не само што треба да знае да се искомбинира и да се пронајде вистинската комбинација, туку треба да се знае и како да се носи. Не секој може да биде и секси!
    Друго што мене ужасно ме нервира што младиве девојки или се црни или плави исфарабани. Не е битно дали ти стои или не.
    И постарите жени кои очигледно се изгубиле во трка со времето, па наликуваат на Баба Роги со црвен кармин.
    Кај мажите утките се најчесто кога сакаат да покажат колку злато имаат па се китаат како новогодишни елки, или да си истакнат како им се обликувани мускулите, па припиените екстра тесни рамбовки и тесните шорцеви се вистински тренд помеѓу овие типови. Блјак, да ти се :puke: .
    Е вака можам да пишувам до утре, да се испразнам бе :D .
    Почитувам различни стилови, за вкус неможе да се дискутира, ама луѓе бе, има нешто што се вика огледало, погледни се, види како изглеаш, па не секој ден е маскембал.
    Но се може да пројде, освен едно, кога како некој залутен марсовец ќе се треснеш на место каде си непригоно облечен. Е тоа не чини! Одма парталите и дома.
    Затоа со големи букви во секоја фирма, покана за настан или слично да се напомене дрес кодот.
    Вака болката за очите е загарантирна!
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    "Два" збора, шо би рекол нашиот народ... Сексапилот не доаѓа од алиштата, точка. :)

    Убедена сум дека една од двеста девојки/жени во градов уствари и го разибра значењето на зборот.

    Деколте до колена или танга над минич долг колку и штиклата, е привлечно на само една таргет група. Опиноци. Зошто паметна типка би сакала таков покрај себе - не гледам. Значи излегувањето од дома облечен така е со друга цел. ;)

    Да не вадам слики од зазабава/кадевечер последниве неколку недели.
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не. Облеката го прави само надворешниот изглед на човекот.

    Инаку секој си има сопствен ранг за рангирање на недолично облекување, пр. прекршување на модното правило отворени гради и нозе заедно, тоа треба да е или-или. Мислам на многу длабоко деколте и голи нозе со прекраток минич. Сум за миничи па и јас си носам, само што на тоа не додавам мрежести хулахопки како некои и цицките на мегдан или гол стомак и пирс на папокот АУФ ми се повраќа, туку корсет, маичка, блуза, топ и може маааалце да е отворено кај градите, што не го сметам за деколте и обично хулахопки месо боја со светкав сјај, а може и црни чорапи над нив, ако збориме за вечерни искачања и штикли. Ама минич до под гз, деколте огромно и ко ќе видам згора на тоа онакви отворени штикли со ременчиња ми се повраќа. Мислам вкус, стил и осет малце. И луѓето кои се облекуваат невкусно и недолично треба модно да се образуваат барем малку на нет.