Ме нервира нашколо идаат со штикли,а прва година се,нашминкани,како теткици се,и големи деколтеа џоа кузнај колкави цицки имам а тие чорапи,памбуци и триста чуда во тоа прслуците...катастрофа
секое место си има свои дрес код значи како прво се знае дека во школо се идело со патиче, балетанче, сандалче, фармерче ајде и некоја сукњичка културна, маичка без деколкте и многу гол стомак, без 100кила шминка. на излагање и во дискотека сепак нешто кратко и добро искомбинирано нешто нели не секојдневно. се знае што се носи на кафе сигурно неможе да одиш на кафе како насвадба ( а ги има премногу вакви тоа ми е недолично), и секое работно место си има свои дрес код. Нефкусно ми е кога по бутици ќе начекам кратки сукњичи и штикла а треба да се наведнува или качува па оп привлекла внимание. и за на крај и колку кратко и колку долго да облече некој сепак пред излагање треба да се погледне во магичното огледало да види дали може да се носи со тоа што е облечено
Еве сум реплицирала, но да дополнам со конкретен пример. На екскурзии, секогаш кога не` носеле во црква, влегувале девојчиња со кратки шорцеви, што е недозволиво. Во една црква паметам даваа многу долги здолништа за да се покриеш па влезеш внатре, инаку не пуштаа. Исто и на една вечера, пријатели, фамилијарно собрани, 5-6 фамилии... И доаѓа дотичната госпоѓа мајка на 1годишно бебе, со цицките до пупак, и џемперчето исто толку длабоко, сите прслучето ѝ го гледавме. Не хиперболизирам, буквално 3/4 од градите надвор ѝ беа, на маса, пред мажи и жени, со децата. Ако тоа не е недолично, не знам шо е.
Има секакви хитови што се шетаат по скопските улици. Некои такви се осмелуваат да влезат во некоја државна институција. Срам - несрам, гајле немаат го шират насекаде тој невкус. Одвратно ми е значи, повеќе поштувам неправилно искомбинирани бои, него деколте до пупак, пичњак место сукња. Да не се знаело да се облакало, па облечи џинс и маица, не моеш да утнеш. Премногу храбри се, дури и само за чекдисаут. Само за сеирење. На нив и да им кажеш ќе си стаат филм у глава дека им завидуваш, ех што ти праат комплексите ЕХ.
Недоличното облекување го има повеќе кај девојките отколку кај момците. Излегуваш до чаршија во 6 сатот и туку гледаш девојчиња од 5-6 одделение ставиле мини сукна, маиче над попокот и едно бобидолче им се гледа над маичето, „дамите“ носат штикла се разбира тоа во секое време од денот. Абе ајде на што личи тоа. Плус замислете сите полуматуранки со штикли од 15 цм некаде. Ајде матуранките ги личи ама некоја уште незнае со балетанки да оси, се сопнува, ставила сандали со ШТИКЛА. Многу се претерува. Ама така ги пуштаат од дома. Инаку кај може дете од 13-14 години да се расправа дома што да носи за полуматура , за надвор или било каде. Не може сама да ослучува на толкава возраст. Ама некој од мајкиве, ќерката на тој и тој носела така и ти ќе носиш, убава ќе си им велат. Се правдаат такво било времето. Ма немој ве молам!!! Ако некој се фрли во Вардар, и ние по нив а!?, такво е времето. Плус да излезиш навечер 10-11 сите со штикли, мини, деколтеа, накити, шминки... Да им се живи сесетрите, комшивките, мајките, да не се нивни случајно??? Стилот им е на повеќе од денешниве девојки катастрофа ! Плус недолично однесување е нашколо со отворени блузички, мини сукниња, штикли, па и само хеланки според мене. Сепак имаме и професори. Цело тело е отцртено. Ај хеланки со оние подолги блузиња што ги носат , можеби и тоа е недолично, ама ајде, ама само хеланки, дефинитовно НЕ. Или туку гледаш на час по физичко девојче од 1.60 со околу 60 кг облекла хеланки.Боже мој!!! Се и е оцртено, и професори и машки, се гледа во неа. Стави тренерки, да му се сневеди, погледни се во огледало пред да излезиш некаде! Е ајде ова беше за до 13-14 годишници, ама и до 18-19 годишници им е сличен. Што ако има 18 години готово,порасна, за мажење е а? Колку само се изнервирав годинава. Си реков ја што се облекуваат за в чаршија со отворени блузи, кратки фустанчиња, сукни , ајде, ама за матура ??? Сите речиси со мини, јас незнам како седнаа да ја изедат вечерата луѓе! На сликите туку гледаш од девојките напред две до глужд свечени фустани, другите мини, едвај седнале, на третите им се гледаа... ај да не кажувам што. За срамота!!! Многу се нервирам кога ќе видам пирс кај некоја. И тоа ми е смрт. Или по 3-4 обетки на уво, еј абе салам се тие? Ајде 2 обетки ама цело уво и тоа не го личи. Или по усната , на веѓата Катастрофа!!! Едноставно, почнаа сите да забегуваат, поради тоа што се одгледуваат на светскиве мега ѕвезди, Ејми Ван Хаус, Лејди Гага.... Ај разбирам да ти се фанови, ама да си нечија копија тоа е страшно! Или навистина треба малку да се замислат, или за жал светов ни е пред пропаст (во стил на облекување) !
Мене ме нервира многу кога деца на 13/14 год. се облакаат како девојки, или уште полошо тетки....немора само провокативно да биде.. Ете пример девојче на 14 год во црна тесна пенсил сукња со висок струк, во неа тигреста маичка и огромни штикли...И да на секое искачање во диско они мора штикли да носат и миничи со хулахопки, или фустанчиња го гз....и уште една од нив на фб лајкнала група : одиш во дискотека и гледаш детска градинка БТВ една што видов во бугарија се шеташе буквално по прслук и минич до гз
најповеќе што ме нервира посебно во лето е кога крави од 100кила се облекуваа како манакенки од 50 кила аман бе видисе прво во огледало стави нешто пошироко што прилега на килажата одвратно
Треба да ви пратам слика, да видите што е невкусно Да напоменам ли дека девојчево наполни 14 години пред месец?
Недолично облекување немаат само 13-14 годишници , туку и многу повозрасни од нив. Сум видела секакви: од доаѓање на училиште со минич, отворени блузички, хеланки, боксерки за на физичко до спавачи употребени како блузи за вечерни излегувања и расцепени хулахопки што повеќе личи на стриптиз девојка отколку на пристојно облечена! Ако речам дека ми пречи, ќе звучам исфрустрирано и љубоморно, а не е точно затоа што кога доаѓам до средба со нив тоа што ми пречи не го гледам. Ретко се наоѓам во друштво на недолично облечени девојки, па затоа и не ми пречат претерано таквите. Но, не се такви само девојките. Тука се и машките. И тие знаат да се појават со раскопчани кошули, маици со безобразни натписи, искинати фармерки или шорц. Сепак, секоја прилика и секое место диктира кодекс на облекување, па се треба да биде одмерено и со вкус одбрано!
Тоа во раката и е сок од јаболко така? За другото, не можам да коментирам, само со знакчиња ќе објаснам.
Суштества кои не знаат од пристојното да направат секси. Па не е целата поента да се носи колан-сукња ,едвај 1/4 од газот што покрива и една беби-дол блузичка! Пудра - желба можеш да стиснеш ,сјај - не дај Боже да те бакне ,една цистерна вода не те мие ,вештачки трепки погрешно залепени ,прслуци 10 броја помали (ама мора ЦЕЛА цицка да биде на луфта ,да не им преврие млекото ),мрежести хулахопки ,танги кренати узврат кои не да ѕиркаат од фармерките ,туку зјапаат ,тони и тони безвезен накит ставен насекаде .... Фаци уштиркани ,парталчиња на нив - а ла Планет Тв ! А Планет е полоша од Мулен Руж ,па сега .... Ах ,морам за случкава. Чекам на факс за оцена ,10 и нешто саат ,кога пред мене излегува теткица од над 50 години . Колешка ,демек. Женава чекаше за усно полагање кај еден професоР на најзина возраст . Уште од рани зори ми стасала да стави 4-5 слоја фасада ,темносина сенка до веѓа ,очите исцртани со црн креон скоро до уво . Устата ...ма јооок ,она не беше уста ,она беше рилка ! Темноцрвено моливче ,онака (ин)дискретно потенцирана и бледо розев кармин на сето тоа ! Носеше нежно розово костумче ,СОСЕМ ПРОЅИРНО ,и се гледаа гаќите со чипки ,загубени некаде низ Двата Рида и сиот 3 броја помал градник. Е ми се згади !
И како да речам дека она(девојчето на сликата) е сеуште дете и незнае за секс, дека не била доволно свесна кога некој постар и се пушта...кога она испраќа такви сигнали....и незнам дали е веќе, дете девојка или жена-како би требало да и се обратам
Епа скоро сите од моја генерација се такви како девојчево Ок не до толку разголени ( освен една) ама пак.... А јас вака ни на 20 години не би се облекла...огрооомно деколте и уште па минич го дз....а и самиот стил го мрзам, вришти шмизла..... И како после можете да кажеет дека човекот не се познава по облеката? Оваа 100% е некоја ај да не кажам што , што моли за внимание од сите машки на светот и ако некој и се приближи мисли дека сега може да го врти околу малиот прст, па кога ќе си дојде дома ќе пишува статуси на фб како е некоја многу јака женска.... Се согласувам и со тоа дека не се само женските недолично облечени... Имаше еден во мое школо, една година поголем од мене што на одмори секогаш се симињаше доле и си ја разкопчуваше скроз кошулата, или ако носи блуза ќе ја соблечеше и идеше да збори со женски и да треска глупости..а од него поголем сељак у живот не сум видела...по самот од се гледаше кој сељак е, а не па кога ќе отвори уста
и немој да се облечеш душо те молам ни на памет во моите 23 години не ми има текнато вака да се облечам па и од мојата генерација имаше вакви девојчиња тоа незначеше дека и јас треба да бидам иста сега девојките се форсираат со таа помисла абе жалосно пред време жени се напраја
Ни во сон! Фан сум на кежуал облека, сакам да се средам и јас понекогаш, ама ова е претеризам! Во чашата: Алкохол.