Да ти кажам право ни јас, не ја знам, не ја имам на фејсбук, ми ја имаат пратено пред неколку месеци, другарка ја знае и така ми има кажано.
Невкусно, недолично облекување за жал денес има на секој чекор. Како може дечишта од основно да одат во школо со миничи, со деколте (на цицки што ги немаат) и со кило шминка на себе??? За средно важи исто а и за факултет. Секое место си има некој вид на кодекс што треба да се почитува. За помаливе генерации најнејасно ми е како од дома ги пуштаат да излезат такви. Иако не сум многу постара, знам за случки каде вриштиш пиштиш ама мајка ти не те пушта во школо со розев кармин како Барбика. Секој стил може да се приспособи за секоја пригода. Мислам дека веќе се губат вредности од типот на долично облекување. Има разлика меѓу слобода на изразување и стил и морални вредности.
А бе доста, немојте ко стари баби дртави да сте...Не е битно што носиш туку како го носиш, не ми смета да видам некоја скрос разголена ако и стои добро и го носи со стил... И немојте со такви слики, вас би ви било ок некој да ви земе слика од фб и да ве лупне овде па сите да ве коментираат?
Океј, во право си, сега се размислив и јас самата. Не требаше да ставам, ама бев крајно изреволтирана во моментот. Девојката не ја ни знам, преку шесто луѓе стигнала сликата до мене. Како и да е, сепак стојам до ставот дека не сме ние криви што тука завршила, доколку не се промовира немало да има причина да има вакво нешто во баш оваа тема. Затоа, ве замолувам да не коментирате повеќе на тема таа слика, за да остане во последните страни бидејќи бришење нема.
Па во денешница има повеќе претерување за време на журките. Да би можеле девојкиве ке одат и по долна облека само. Ах ах, невксно и недолично навистина. Но што да им се прави, они си знаат за постапките, си имаат свој вкус. Јас на пример си се облакам така како што сакам, во рамките на нормалата, привлечноста.. Не се разголувам сега премногу колку да привлечам некому внимание. Некогаш и среденоста и убавото лице привлекува многу повеќе внимание отколку едно парче облека на себе.
неможам:кога НЕ си ги знаат границите мојата најдобра другарка која што има вишок килограми и свака и част успешно се справува со тоа,едноставно свесна е дека неможе да носи некои работи свесна е дека не и стојат за мене недолично е: светкави хеланки, 80 кила и школо нешто што не ми е јасно потоа, секако се истакнува определен дел од телото, неможе стомак, нозе, деколте не иде според мене има многу утки во денешно време, особено мои врснички.. не викам јас перфектна дека сум али ...
Hајмногу,најмногу ме нервира и недолично ми е-фармерки со низок струк и се наведнуваш и цел задник на мегдан
За мене недолично облекување е фустан/сукња што едвај газот ти го покрива.Мислам,јас сум за мини сукњички и фустани ама не претерано кратки
Девоја висока да овлече штикли, ама ептен високи и да се ведне коа испаѓа од врата. Па доброде, сакаш штикли, сеа виокса си мајке ти облечи пониско нешо
Да се дополнам,пред неколку недели,коа бевме искочени со друшството,една облекла штила до небо висока,Минич од кој гаѓите и се гледаат,силиконски усни со кармин ко кловн се напраила,деколтето па, да не зборам Ц****те како на сушара си ги извадила... ццц
премногу отворено деколте , суќна од која се ти се гледа и напред и назад и штикли на кои одиш ко прекршена во буквална смисла на зборот, вакви има кај да се свртиш.. за жал
премногу отворено деколте , суќна од која се ти се гледа и напред и назад и фармерки со могу низок струк
Ме нервира кога ќе видам некоја пополничка облечена со хеланки, некоја со пола и повеќе цицки надвор или некоја со минич до п*ч
станува збор за вкус ,ке го кажам она што мене не ми се допаѓа,и што сметам дека не е соодветно за носење според мене,не сакам никој да навредам . Прво, екстра кратки панталони. Длабоко деколте ,и гол грб Ликресто кратко сукњиче Стари жени што се облекваат како тинејџ женски И тинејџ девојки што не знаат да си се облечат соодветно за годините
Не мора да е некој облечен премалку, прекратко и преразголено за да биде невкусно. Јас имам познаничка која има изграден стил, убави парчиња, ама не личи на 20 годишна девојка. Понекогаш изгледа како гардеробата да и е симната од модна писта, ама штом ќе ја погледнете во лицето и малата конструкција, веднаш станува одбивно. Панталони со висок струк, постојано носење кошули, формални фризури, сакоа, и премногу шминка, се во едно за вечерно излегување. И за жал, мисли дека делува позрело и вкусно, а уствари обратно од тоа. Или на некои девојки многу им се брза, или сакаат времето назад да го вратат. Се во склад со годините и не би требало да има утка. Ама кој тоа го разбира...
Да,да се сложувам потполно.Да не се повторувам со сите претходни,недолично и невкусно облекување значи деколтиња до земја,одење без градник,разголеност,и сл. Ама ова,дека некои многу се дотеруваат за годините,и во несоодветни прилики,тоа дефинитивно уште повеќе да. Значи,се сеќавам,на предавања одеа како од диско да излегле неколку девојки.Сакоа,шминка и пудра на кило,кратки сукњи,или онакви кошули елегнатни,како што се облакам за во дискотека,за по журки или евентуално некоја посвечена пригода. Мислам,секој треба да има усул со тоа што облака и за каде,за се треба мерка.Некои девојчиња,дванаес-тринаесет годишни шетаат по Рамстор,по град со сакоа,ланчиња,накитени,шминка да не зборувам. За тоа кога ќе ми кажат секој си има свој стил,не прифаќам.Може има добар стил,ама треба за се мерка и граница. И да дополнам,кога ќе видам на фејсбук 12 годишна дотерана,нашминкана некој минич,штикла само за една слика.И 345 лајка.
Мислам дека сепак треба да се запази годишната разлика и секако да ДЕЦАТА си се ДЕЦА а возрасните ВОЗРАСНИ... Спојлер Минатиот виканд во едно кафуле имавме кафе со пријателка на внука моја која едвај може да се каже деа има 14 год. Девојката (најдобра другарка на внука ми ) изгледаше постаро од мене и од децхко ми ... а после секако имаше состанок ДАТЕ со еден тип кој е од мене постар 5 години ( буквално може и татко да и биде)!!! МНН ми е невкусно точно тоа кое го прави младинава !! И плус МАШКИ кои имаат цел да покажат која боја им се боксерките МИ Е МНН ужасно !!