Невладина организација или политичка партија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од babyblond, 20 јуни 2011.

  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Во денешно време, младината е поделна, дел се членови на невладини организации, а дел, на политички партии. Јас сум член на повеќе невладини организации, и поради возраста и други лични причини ги одбив сите покани да станам член на политичка партија. Кои се вашите мислења околу ова прашање? кои се споредвас придобивките од невладините органозации или од политичките партии?? кои е се подобри? која опција би ја одбрале вие? Овде можете да г и споделите вашите мислења околу ова прашање. :)
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.295
    Би ја одбрала опцијата невладина организација. Во мојата околина имам многу познаници кои се членови на невладини организации, но и такви кои се членови на политички партии.
    Сметам дека преку невладините организации се отвара можност да се оформиш како личност, да станеш подобар граѓанин и да размислуваш рационално, без влијание на политичките тенденции.
    Сепак има и поголемо дружење и повеќе шетање. Се создаваат пријателства, за разлика од политичките партии кои создаваат само притисоци и расправии :?:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Која е подобра опцијата невадина организација или политичка партија, две прашања но со исто значење (ист к... со различно значење) . Претежно позади невладините организации стои политичка партија за кои сум 100% сигурна, и секој пат велат ние сме невладина организација но подржана од политичка партија? Како и да е јас сум политички определена и секако член на невладина организација.
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Ни едно ни друго. Не станувам член на ниту едно од горенаведеното.
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Јас сум веќе 3 години дел од невладини огранизации и благодарение на нив, станав мн посамоуверена, го подобрив говорот , во смисла имам концепција во зборувањето , пишувањето, одговарањето на прашања. Иако ги немав, сепак се одалечив од предрасудите, околу луѓето до други националности и запознав многу луѓе. научив повеќе кои се моите граѓански прва и како најдобро да ги користам. Сите предавања, беа траанспаренстни, без никаква политичка позадина. Членовите се еднакви , во смисла не важно кој чие дете е , колку пари има, со кој директор се знае итн. секој се пробива со знаење со труд,со покажувањена талентот, со дружељубивоста. едноставно ти се отвораат видиците. јас сум слободоумна личност, не скам да бидам неќиј „роб“ некој да ми наметнува мислење, да не ми дозволува да гледам на реалноста со свои очи. невладините организации ме нааучија да го почитуам секого, да се борам против неправда, без страв да си го искажам мислењето, креативноста, ставот.
    Невладините организации спаѓаат во неформално образование, тие користат методи, со кои секој член има еднакви права, еднакво време и простор да го кажи своето мислење, има право на избор од кои активности сака да биде дел. Се занимаваат со општи прашања и дискусии. Интересот и резултатоте ги имаат самите членови. за разлика од политичките партии каде немаме право да се противиме, а работиме заедно , за најголемиот материјален интерес кој го има лидерот на партијата.
    Преку дебати и дискусии научив да бзборувам аргументирано, а не по методот нападот енајдобра одбрана. Според мене партиите се организации, за веке зрели оформени личности кои ке знаат да се изборат, а не да бидат нечија жртва. и членстото во партија има свои предности, но затоа ќе пишам подоцна.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Немам убаво мислење ниту за едните, ниту за другите.
    Ама повеќе ме ирититираат невладините, ќе појаснам и зошто:

    Партија ко партија, си има зацртано одредена цел, агитатори, симпатизери, крадачи, лажачи вакви или онакви, знаеш од прилика како функционираат, ти се гади, но не е нешто неочекувано, целиот свет функционира така. Си имаат агенда, си се држат до неа, некои бираат, некои не бираат средства за остварување на својата цел, нејсе, ако не сакаш - не мора да бидеш дел од ниту една.
    Тој што е дел од политичка партија, го поплочува патот до пеколот, со саде убави намери.
    Значи според мене - кукавичка, лузерска и бедна варијанта до постигнување на некаков си успех (колку е тоа УСПЕХ е варијабилно, за некого можеби е, за мене е смешка)....

    Од друга страна, познавам неколкумина од различни невладини организации во Македонија.

    Жими Господ, умислени и уфурани 100 %. :^)
    Си имаат замислено дека вршат којзнае каква работа, уствари само шеткаат, се лицкаат и се занесуваат до точка во која ти изгледаш неамбициозен, неспособен, а они се посветени, вредни, трудољубиви, прошетани...
    Неверојатно ме иритираат со нивната квази-професионалност, глумат некое лудило, ми се иде да влепувам воспитни на таквите фацки.

    - Денес почнуваме кампања за борба против оружје.
    Уау, еден флаер, браво за вас. |(

    Остатокот од парите кои им ги донираат, буквално пералница за пари, ама сите невладини кај нас, до една.
    Некои од нив самите признаваат дека невладина не е ништо, освен бедна фарса, преку која се перат пари, а ним им е овозможено шетање (и читај сексање секој со секого) низ Европа.
    И после уште се дрзнуваат да те убедуваат - ама ние вака, ама ние онака - ма ти не знаеш нашата последна кампања за заштита од сексуално преносливи болести колку вроди плод.

    Да, гледам ептен. |(
    Нацијата, т.е. младината ни е сексуално необразована како никогаш, клиниките вријат од болести, и запрепастувачки е бројот на малолетни лица кои извршуваат абортуси.

    Fuck off!
    И двата типа.
    :puke:

    Понекогаш си мислам дека одредени невладини се само инструментичиња на власта или опозицијата сеедно, кои трчкараат на секоја нивна наредба и удираат де демонстрации, де протести, убедувајќи те дека бесценето е правото на глас, слобода и демократија.
    Ајде бе... и 40 000-те илјади ден. на твојата сметка од невладината месечно се бесценети, I bet...
     
    На sesilija, SunFlower94, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Тоа е точно дека на невладините организации има дебати за кои дискутирате и секој ја брани својата теза со аргументи за кои треба прво добро да истражиш и аргументирано да ја браниш тезате лани бев и во собрание на ваква еден дебата, но душо моја позади ваквите организации стои политичка партија и добро сум упатена во тоа.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Целосно ве разбирам кога зборате за пералници на пари и слично. сепак имам 18 години и побрзо би била дел на невладина организација каде можам нешто во корист намојата личност, отколку да сум дел на политичка партија и да ми го перат мозокот и да ми забрануваат да одамна митинзи, протести и други активности. навистина бев иритирана кога дури јас и неколку мои другарки копавме за денот на дрвото и садевме дрва, неколку наши врсници членови на политичка партија, дојдоа, само да се сликаат. или јас имам чистено и лакирано клупи во национални паркови,тие од партиите одат само по софри платени со државни пари. друга работа , тие што сме членови на невладина организација не правиме раздори не ги нарекуваме , наште некогашни пријатели предавници оти не се во партија или не се во нашата партија. Дека има мн кренати луѓе и исфилмани по невладини организации има,ама ете тоа ми беше уште една лекција дека низ животот ќе сретниш секакви луѓе и ќе треба да соработуваш со нив. Што се однесува до она што погоре го спомна една феминка околу сексот. епа вака , досега не сум била на мн семинари, кампови и тие работи, ама алкохолот и дрога се забранети, ама сексот никој не можи да го забрани. сепак околу сексот кој сака, прави што сака, на тоа поле, тие работи се случуваат и за викенд дури и кога ќе се дома или излезени в град, по коли , по влезови каде не. па секој кој бил Градиште на одмор или во некојд друг камп ќе потврди дека тоа е редовна појава. тоа е случува и во охрид кога одат младите на одмор. тоа е индивидуална работа. на крајот на краиштата луѓето се муват низ населба, се муват во кафич , се сексаат каде ќе им е згодно. за тоа не се виновни невладините организации и нивните екскурзии. тоа е до домашното воспитување, и друштвото со кое се дружат,и карактерот на личноста.
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    57.141
    Пол:
    Женски
    ^Мене ово ми звучи како култ/секта а не како невладина организација,кој побогу може да ми забранува што ќе правам во приватниот живот, едно е да се укажува на лошата страна на злоупотребата на алкохолот и дрогата а сосема друго е да се забранува.

    Јас под невладина организација подразбирам луѓе кои го поклонуваат своето време и знаење за помагање на оние кои поради X причини не се во можност самите да си помогнаат, а такви организации за жал не постојат во Македонија, се се врти околу парите.
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Ако морам да бирам, веројатно би ја избрала невладината организација и тоа би се ангажирала јас лично за работи во кои сум убедена дека можам самата да помогнам.
    Не! преку лепење постери. Не! преку безполезни километарски дебати ниту конференции, затоа што со таквите само уште повеќе се трошат пари кои би можеле да се употребат на илјадници други места.
    Значи јас сум за подигнување свест, помагање реално онаму каде што е потребно итн. ама по можност никој да не ја злоупотребува мојата хумана свест и желба за помагање во своја полза, разбирај, не поддржувам перење на пари.

    За жал колку такви невладини организации се искрени, чесни и колкумина нивни членови се онакви какви што треба да бидат?!

    Морам да кажам дека и јас сум скептична како Трендафилка, пред се затоа што имам искуство со организации од типот на Green Peace, Habitat for Humanity низ Европа а кај нас овие организацииве за згрижување на животни и слично - ако спаѓаат тие во невладини :^) Поправете ме ако грешам, се надевам не испомешав баби и жаби :)

    Кога прашав една другарка од Грин Пис - што прават на тие кампови низ цела Европа каде као демек демонстрираат против испуштање на отровни гасови од тракторот на Влад во јужниот дел на Трансилванија, ми беше одговорено, цитирам
    - Па онака се зезаме. А уствари тоа ти е единствена можност за многу големо количество на неврзан секс со многу националности. Плус се ни е платено.

    Што да додадам?!

    Скептична сум и за работата на организации како Хабитат. Се е убаво во она што го прават но потоа, после толку бедотии кои ги гледаат неколку дена или часа, се враќаат во својот мал, приватен луксуз во кој уживаат и забораваат на она што го виделе претходно.
    Од каде толку пари се прашувам за тој луксуз?!

    Во суштина не би да плукам по невладиниве, да не бидам разбрана погрешно, затоа што некогаш навистина вршат голема работа и помагаат, но не би рекла дека голем дел од нив го прават тоа заради тоа што сакаат тоа да го прават. Го прават тоа пред се за пари. И тоа не мали пари.

    Политичка партија? Не мора ни да ме прашувате. Знаете дека сум кардинално против зачленување и робување на каква и да е политичка доктрина. Политиката е ку*ва. А јас не би да ширам нозе на автопат. Фала :)
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    9.360
    Сум дел од Невладини, веќе со години и можам многу да дискутирам на оваа тема. Се согласувам дека многу од невладините се перални на пари, и заради тоа имам излезено од неколку. НО, глупаво е да се генерализира и да се кажува како СИТЕ се исти, како СИТЕ се глупави и само се шлепаат на грб на странски организации кои даваат грантови, и како НИКОЈ не прави ништо. Има невладини кои одлично си ја работат работа. Глупаво во земјава е што секогаш има некој што ќе ја зезне работата, и после крива е сликата за сите останати.

    Од лично искуство, кажувам дека Невладините организации се одлични за развој на критичкото размислување, отварање на видиците кон светот, разбирање на различностите, развивање на комуникациски вештини, работа во група, лидерство... Сите овие работи денес се бараат и на работното место, и затоа на оние кои се излезени од невладини им е полесно да се снајдат во работната средина. (на многумина им е полесно и да најдат работа).
    И да, секој со својата среќа. Мене членството во невладини ми има донесено многу позитивни работи во животот и затоа секогаш ги охрабрувам сите кои да се вклучат во невладиниот сектор ;)
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    кои се споредвас придобивките од невладините органозации или од политичките партии??
    - ...
    кои е се подобри?
    - Ни едните, ни другите. Сите ми полеваат исто масло некако. :^)
    која опција би ја одбрале вие?
    Ниту една. Кога веќе морам да одберам, би одбрала политичка партија, но се надевам нема да бидам во таква состојба.
     
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    798
    кога би бирала би одбрала невладина организација дефинитивно не сум член на ниедна но би сакала да бидам имае ли предлог каде да станам член :$ :$ :$
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Зависи во кој град живееш, во мојот град нема многу избор. сепак најдобро ти е да одиш во некоја организација која се занимава со екологија со заштита на животни , а потоа и во други. Ако живееш во Скопје, би ти препорачала да станиш член на МОФ, доколку се запишваш на некој од општестевните факултети би имала многу придобивки, па и да не одиш на општествени, секако би имала корист во изградбата на личноста. Јас штом почнам да живеам во скопје планирам да стнам член на таа органицазија. :)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.503
    Од тро помала се влечкам по невладини организации,чисто за да се исшлифувам ко чоек,нешто тро да се подзапише во св и да се пополни време...е сеа,научив многу лоши и добри работи.
    Научив како да комуницирам со луѓе,паралелно да ги спојам работата со зезање за да биде уште поефикасно,шкртнав во св.Научив дека луѓето манипулираат и те користат како знаат и умеат и додека си само пион ќе те цедат додека тие ги берат плодовите и паралелно како да не го дозволам тоа.Дека со тие луѓе не можеш да бидеш пријател и не смееш да бидеш пријател,ок си и се,ама ... доверба брате,тешко.Отидов,видов,прошетав,ама за моја среќа никогаш не станав ко оние кои ги напомена Трендафилка.Тие у детство ти имале дефицит на внимание од своите родители и ете ти...мислат дека свет спашаваат и дека всушност тие да не се,ние ќе заглавиме на спротивната страна каде што не е сонцето и имаат опасно забавен живот,толку се ангажирани и барани тоа е чудо едно,нив ги интересираат дубоки работи и ти се нешто ко прикриен хипстер,сокриен хипик,или нешо такво.Па дури од што се толку слободумни и прошетани го слава Ст.Патрикс и при тоа не знаат зошто.Нејсе...многу се учи и многу се добива ако не влезеш во машината и не дозволиш да ти го заперат мозочето и да доживееш таква мимикрија,да се претвориш во движечи еготрип кој гледа само да искористи за лична афирмација,ма да не можеш да се препознаеш.

    Нејсе,ова звучеше лошо,но кој бил знае колку е добро за у живот.А лошото е што...тие невладини организации зад кулиси се опасно владини и определени.Што мислите како се ќаруваат спознорства и донации?!Разбира се!И така,доколку си ја работат работата ко шо треба и те како се важни од социо-општествени причини и проблеми кои би се решиле така,но кај нас...не е така,за жал!Тврдам!Се манипулира со луѓе за да се дојде со пари и да се манипулира со истите.Ако си чесен си глуп,ако не си чесен си у ќар,но сепак,нема ништо подобро од чувството кога мирно ќе си легнеш на перницата и си заспиеш зошто знаеш дека парите кои ти биле дадени си ги искористил правилно и си заработил за себе доволно и реално.И така од тие причини,почнав да се подповлекувам и си терам на друга страна,почесната ако ништо друго.
    И да,можам да ви набројам пар личности од една попозната невладина организација што ѓубриња се,а за ароганција да не праам муабет,а се трули ко пењушка.Не би си го издувала носот на нив,ама немит везе,им се може и да...тие луѓе се во страшен недостиг на секс...се ложат ау како му го плеснав,ау шо кажав,ау шо мислам...жалосно.И утре ќе ви застанат да ви зборат за содржината на калта на дојранското езеро,а тие по она што го студираат правници,а како се образувале?!Со една книга,малте не,сакато знаење со кое ви се перчат остварувајќи ја нивната ооо света цел.А зошто не го прават поинаку?!Зошто парите треба да ги дадат на некој друг што навистина знае,а не да си ги лапнат тие.

    Ако мене ме прашувате,ниедното!Ма да,ако се замислам,пре би у политичка партија,ама политиката е кажаа погоре...што.

    Све у свему,отидени сме по ѓаволите.
    И критички став тука нема.Точка.Треба да го има,кај нас го нема,не те поттикнуваат на тоа,затоа што нив ги поттикнуваат пари.Функционираат ко бизнис и не обавуваат основна намена.
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.309
    Допаѓања:
    101.008
    Пол:
    Женски
    Невладини организации се само поинаков назив за она продолжена рака на политичките партии. Само разликата е што овие се водени од самоуки бизнисмени, кои не се они политички активни не, јок :) , кои не го гледаат проектот, туку ја гледаат сумата што тој проект ќе ја донесе.
    Пак како очекуваш еден таков кој не го ни погледнува проектот, да има макар и трошка грижа за оние за кои е наменет тој проект. Сумите дури што се добиваат се добиваат со фини манипулации со донорите на тие суми, бидејќи си оди процент за чиката од фондот, остатокот иде во организацијата, од кој што буџет освен постојаниот голем хонорар за демек координаторот како што е случај кај повеќето уан мен шоу организации, бидејќи жалосно но грото се такви, од секој настан, секоја активност, макар и печатење на обични материјали се зема фина сума пари, екстра ќеш во џебче за координаторот, кое го добива преку штимање на сметките со фирмата, хотелот или кој и да е тој што и ги нуди на невладинава услугите.
    За жал прилично добри мозоци, интелегентни луѓе движат во овие кругови, но не се главните и јаки фаци, а се луѓе кои просто ги бидува, но само тука како за старт си го нашле местото под сонцето и главно се газени и смачкувани од неспособњаци, безкичмењаци, како и секаде другаде и на нивни грб некој се ќити со нивни перја.
    Има де и онакви странски организации, филијали некакви си на западњаците кај нас, кои повеќе се во улога на некакви си сателити со политички мотиви отворени во земјава, кои се кријат зад параванот на хуманоста, солидарноста и просперитетот, но бар во нив ако ништо друго, обичниот може некое одредено време да извади пристоен хонорар во времетраење на проектот, што пак во нашите организации е НЕВОЗМОЖНО, јул би јузд анд абјузд од нашите бизнисмени, за кои би рекла ќешки да беа вистински бизнисмени бар ќе знаеа како да создадат и ќе имаа и за нив и за другите. Но овие се паразити залепени за задникот на некои политичари и преку шуш-буш добиле шуш за неколку проекти и од тука се возат на тој истиот воз дур не им се смачи на политичарот од нив. А, за способноста на истиве уф! Што да зборувам по ѓаволите, кога за такви работев и работам.
    Само во државава се ти е едно големо преголемо булшит на куп, што годе сакаш ти да си поработиш.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.503
    А најгрди се оние тн ротари клубови...која проста раја,со потечени м*да од фалење се собира таму...
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    многу пати сум се обидела да волонтирам, но не мозе да ми се исполни зелбата, оти уште не сум дипломирана, здравје кога ке дипломирам, планирам да волонтирам :)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    ја отворив темата , бидејќи навитина бе спиздена од подмладокот на многу партии посебнона владеачката, има деца што се 2-3та година, немаат ни право на глас, а пропагираат , вреѓаат ,напаѓаат, етикетираат, лепат плакати, ја фалат партијата, како религија. многу од нив го користат туѓиот труд за да парадираат и слично, жално е толку мали деца да бидат искористувани, за целите на една партија, да се лажат бескруполозно, и единствено што знаат е да вреѓаат и методот нападот е најдобра одбрана, се прават многу шетани, и образовани, и сезнајковци а подалеку од Скопје не отишле. Агресивни, само со телефоните, јас го знам директорот на ова, јас го знам директорот на она, тетка ми е во ова министерство, брат ми е на подмладок не знам што. мислам тешки малорѓани се замислуваат кои сме ние. не знат ни правилно да се изразат, ни да дискутират културно,ниту се љубезни и штое најлошо тие ги земаат наградите, стипендиите, местат на факултет, собите по студентски доови, тие имаат секакви привилегии. одат на размени, им се пумпаат отценките,каде и да се(серазбира има и исклучоци). едноставно ми е преку глава од неписмењаци. преѓе зеле ќе правиме котра-протест, каков е тој контра протест, тие се ЗА полицистата бруталност?? тоа е конрта протест!! а не против политичка позадина на протестите!! тие се единстевни со политичка позадина, која за да им надохнади за забраната што им ја ставиле да присуствуваат на протестите како останатите слободни граѓани. ете зато се лоши политичките парти за младите кои претходно не поминале низ цедалката на невладините организации, за знаат за слобода, дека никој не можи да им ги скрати правата или даим се зканува. што е протест а штое контра протест, кога се организира протест, кои се други средства за постигнување на целта итн..