Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невладина организација или политичка партија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од babyblond, 20 јуни 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.871
    Јас не би споредувала невладини организации и политички партии, излегува како да се дијаметрално спротивни, а не се. Терминот невладини организации одамна е заменет со граѓански организаци, ама овој првиов никако да се искорени од употреба. Значи тоа се теоретски група граѓани кои се здружиле за остварување заеднички интереси, и воопшто не мора да значи дека тие не се политички определени, или не се членови на политичка партија.

    Кај нас вообичаено граѓанските организации се сфаќаат како фирми кои безврска трошат туѓи пари, или уште почесто како што беше порано споменато перат пари. Можеби во минатото така и беше, бидејќи едно време немаше многу контрола над парите кои влегуваа во невладините организации, а тие беа многу парии, и се трошеа за некоординирани активности. Сега веќе работите се сменети. Во целиот тој период од 20 години, некои од организациите доста се професионализираа - имаа навистина многу можности за тоа.

    Тоа што за развој на граѓанскиот сектор се влезени многу пари укажува на тоа колку овој сектор е важен за земјите во развој. Не дека луѓето од организациите врска немаат. Тие што беа паметни - ги искоритија многуте можности да научат нешто. Секаде има луќе што знаат и што не знаат. И во јавниот, и во приватниот, и во граѓанскиот сектор има луќе и што знаат и што не знаат - тие се луѓето што живеат во Македонија, и се такви какви што се. Дигнати има и ваму и таму. Има и прекрасни луѓе.

    Мене искрено ме изнанеди ова што го прочитав во темава. Многу ми е жал што така се се гледаат граѓанските организации. Во суштина, би требало да се гласот на народот. Исто како и политичките партии :D
    И добро е да ги има што е можно повеќе, и во што е можно поразлични области. Убаво е да се здружуваат луѓето и заедно да остваруваат заеднички цели. И многу повеќе на волонтерска база. Волонтирањето е на ужасно ниво во земјава.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ме изнанеди ова што го прочитав во темава. Многу ми е жал што така се се гледаат граѓанските организации. Во суштина, би требало да се гласот на народот. Исто како и политичките партии :D
    И добро е да ги има што е можно повеќе, и во што е можно поразлични области. Убаво е да се здружуваат луѓето и заедно да остваруваат заеднички цели. И многу повеќе на волонтерска база. Волонтирањето е на ужасно ниво во земјава.[/quote]

    Целосно се согласувам со тебе, проблемоте што многу млади луѓе , без да поминат низ цедалката на невладините организации, се заробуваат во мрежит ена политичките партии, едноставно им сенаметнуваат мислења и ставоти и се претвораат во политички војници, без разлика дали се согласуваат и ги подржуваат политичките партии целосно во секој поглед. Од друга страна Граѓанските здруженија или меѓу младите(барем меѓу моите врсници) познати како невладини организации се многу добри, што до некаде, успеваат да не тргнат, од кумпјутерите и кафичите. Сепак тоа е многу малку, ако во мојата генерација има 180 души 20-30 најмногу се членови на овие организации. Едноставно, младите се демотивирани, тоа е жално. Волонтирање, првпат волонтирав кога пев 1-2 година, со големо задоволство. Ама за жал многу од младите седат по кафичи никогаш нема да го почуствуват тоа , кога си среќен кога малку од малку придонесуваш за подобрување на нешто. Не гледаат задоволство во ни една работа, а за некоја година треба да работата да бидат платени. Во мојот град на голема жалост има стотици млади луѓе што имаат околу 30 години и се уште не им е реѓено финансиското прашање. ЗОшто? Никогаш не нашле задовослтво во работата, не се потрудиле , дапобараат работа, не се потрудиле да научат на нешто ново, самите за се преобучат за друга ппобарана професија. Организациите те мотивираат ако ништо поќе, но не во погрешен правец, како тоа што го можат политичките партии.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Надвор од дискусијата на првите две страници, што е реалност, колку и некому да не му се допаѓа, тоа си е факт дека ситуацијата со невладиниот сектор е таква каква што ви ја опишав е, бидејќи работам во тој сектор и работам не изолирано само во област спроведување проекти, него и пишување и буџет и слични други работи, комуницирам со други невладини организации, така што за жел тоа е така. Но едно е раководство на невладина, а друго е веќе кога зборуваме за улогата на невладината и посебно на луѓето кои се ангажираат во истата на конкретни проекти. Проблемот перење пари, денгубење и слично, е проблем не само кај нас, туку и пошироко, и не е само во невладиниот сектор, а го имате и во фирмите и насекаде буквално... па ако од тој аспект некој одбива работа во невладината, тогаш како би се помирил со тоа да работи во фирмата на некој си, за кого ви гарантирам дека сметките се штимаат на ист начин како и во невладината.
    Така да ако зборуваме во поглед на искуството во рамките на една невладина организација или во политичка партија, тоа е неспоредливо.
    Во политичка партија, кога некој 18 годишник ќе се зачлени тој не добива ама апсолутно никакво значајно работно искуство, макар што секоја нивна активност, да речам ангажирање за време на избори, пред избори, лепење плакати, разнесување летоци, маички, ангажирање на избирачки кутии или некои слични нивни активности им ги сметаат за дел од нивната биографија... на база на кој што придонес за партијата, потоа ги викаат на интервјуа, кога има огласи за во јавната администрација.
    Но тоа и не е некое значајно работно искуство. Не е стекнување работни навики, не е тимска работа, не е справување со проблеми, не е просто искуство во конкретна област... искуство, што инаку ќе ти е од полза во иднина.
    Невладините организации и конкретно ангажирање на проекти ја даваат таа можност. Дали е сфера на екологија, дали е сфера сиромаштија, работа со социјално исклучени, демократија, владеење на правото и слично, ја даваат таа можност.
    Во графата искуство во биографијата, оној што лепел плакати, што ќе напише?!? доколку да речеме бара работа надвор од администрацијата, во приватниот сектор. Ама за оние кои биле ангажирани на проекти и те како помага сето тоа кога утре ќе бараат работа.
    Па, кај нас токму тоа е и една од главните причини што и на 30 години луѓето немаат ниту ден работен стаж, макар и не заведен.. пошто не има многу кои со години работиме а не се водиме во заводот како вработени. Кој да те земе на работа (без врски) на 30 години со празно CV .. на база на твојата диплома од факултет? Сите го имаат тоа денеска во земјава. На база на стипендиите што си ги имал? Се тоа е плус ама недоволно.
    За успешноста на невладините. Како што реков има разлика од невладина до невладина. Кампањите кои ги прават невладините за будење на јавната свест се кампањи кои се прават насекаде во светот. Успешноста на истите не е 100% и не може нити да биде. Кампањите, не се прават до толку за само да ти ги разбудиш младиве и стариве да им текне дека нешто не треба да прават.. тоа е само дел од функцијата на една кампања. Другата и најбитна функција кон која цели секоја една организација кога прави кампања за нешто е да влијае врз Владата, врз локалната самоуправа и останатите органи на власта, за да биде правно регулирано прашањето од нивната кампања. Бидејќи со кампањата ти трубиш над нечија глава дека ова е проблем. Без овој проблем да биде правно регулиран, јас секој ден да давам реклами на телевизија, ако не постои систем на казни, со кои ќе се влијае дополнително за редуцирање на конкретниот проблем.. џабе мене парите фрлени за кампања.
    Повеќето од кампањите инаку за разлика од проектите со конкретни акции во било која сфера располагаат со мали буџети. Претерано мали буџети, кои дозволуваат само промотивни материјали, организација на настани-трибини, конференции и слично и хонорарите за координаторот и асистентот се прилично бедни во истите. Во ваквите кампањи, не се ангажира шефот на организацијата, тогаш улогата ја препушта на друг, бидејќи нема многу што пари да лапне де :D , освен во ситуации, кога проектот е регионален, кога освен кампања вклучува и пратеници, локални шерифи итн. е тогаш па-па-па бабачко пари се во игра и тогаш шефот е ^_^ среќен.
    Најубав статус во невладиниот сектор уживаат оние кои се ангажирани во странските невладини организации, макар што кон нив имам лична одбивност, но прилично добро се заработува, во некои од нив си и пријавен и не се замараш со банда неспособни и исфрустрирани наши шефови кои сакаат само да те искористат. Нашите организации, како што реков се уан мен шоу повеќето, оние кои се ангажираат се мењаат на по неколку месеци. Не можат да задржат луѓе, што работат на еден дури и краток проект, а камоли подолго... баш поради тоа што се слабо платени (макар што милиони ситуации можам да ви раскажам за проекти во кои сумата што му се дава на асистентот и координаторот не кореспондира со финансиите одделени за него, ама на шефот не му се свиѓа да тој ја зима таа сума, мисли голема е за неговиот амал да ја зима, па му дава делче од тоа :D ).
    Абе има премногу работи за невладините. Прашање е оној што работел во невладиниот сектор, колку бил инволвиран во секоја сфера од работата, какво искуство стекнал и колку бил со отворени очи и уши додека се работело.
    Но, да невладините треба да се гласот на народот и корекција на власта, нешто како опоциција на власта надвор од парламентот. Но, едно е што треба, а друго е што е.
     
  4. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Спомнете некоа невладина организација во Скопје, сакам продуктивно да трошам време, не знам ниту една на коа можам да се зачленам.
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Младински образовен форум, МОФ е една од најдобрите невладини организации и е во Скопје исто познавам многу луѓе што се и во Црвен крст.
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ај ако можеш спомни нешто повеќе за МОФ, од која возраст се станува член, што се прави, кои се целите на организацијата, како се троши времето таму и во кои термини се оди и каде може да се пријавиш?
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.871
    Еве го линкот од веб страната на МОФ: http://www.mof.org.mk/
    Работат со средношколци и постари, а на страната има повеќе информации за целите и активностите на организацијата.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Ужасно мразам политика. Ако се почне таква тема, моето излагање е кратко и површно, не сакам да навлегувам, така да, ниту невладина организација ме привлекува ниту пак политичка партија.
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не би го вадела лебот кај демагози. Ако веќе морам да бирам, тогаш, партија, но, основана од мене, моја :D
     
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Можеби темава е стара, а мислењево датира од 2011 ама сепак е релевантно. :D
    Мислев, само јас имам лошо искуство со невладини, па затоа се повлеков. Не плаќаат доволно, фрлаат трошки, а те експлоатираат како некоја будала. Навреме видов што се случува, па си се повлеков достоинствено. Кога гледам од психолошки аспект, оние кои што се залепени како пијавици, за некоја невладина, обично се луѓе со ниска самодоверба, криза на идентитет и најчесто асоцијални. Не им е нив за искуство и за стекнување на вештини, немаат начин како да поминуваат слободно време, па им треба некој да ги координира. Жртви на сами себе и во двата случаи. Има милион други работи кои можеш да ги правиш, доколку имаш слободно време.

    А ова повлеченово ми е онака, on point. Јер, навистина се прават такви работи по тие хостели, мостели каде што одат. И глупаво е, знак на незрелост и неизживеаност. Ама погоре го објаснив психолошкиот профил, па затоа не е изненадувачко.
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    И невладините, прашање е колку се невладини?!?! Не би се инволвирала ни во едните, ни во другите.
     
  12. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Наидов на темава... Никаде не прочитав во закон, па ме интересира дали член на невладина организација може да биде и член на политичка партија?
     
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.086
    Пол:
    Машки
    Може :)
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Фала ти :D Интересно, тоа објаснува зошто некои луѓе се и ваму и таму, малку чудно ми беше. Иако има логика до некаде, пример здружение од областа на културата, нема причина зошто некој не би бил член на партијата. Од друга страна, овие невладини што работат со партии би било коректно членовите да им се независни, ама праксата покажува дека не е баш така.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Доволно е малку да ги погледаш, одма ќе видиш дека не се независни :D
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.