1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невладина организација

Дискусија во 'Барање работа' започната од PeachGirl, 5 септември 2011.

  1. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ме интересира колку е исплатливо и паметно да се отвори невладина организација?
    Дали има некоја од форумџиките која поседува своја? Инаку во мојот град засега нема нитуедна и пред да се одлучам за таков чекор сакам да слушнам (прочитам) ваши искуства.
    Фала :)
     
  2. sofijasofija

    sofijasofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    По мое мислење невлдина организација е многу поисплатливо да се отвори во нашите поголеми градови како на пример Скопје , Битола, Охрид, каде што постојат можности да се просперира но и да се напредува во областа на невладинот сектор, додека за отварање на невладина организација во некои од нашите помали градчиња дефинитвно тоа ке биде пропадната инвестиција.
    Додека студирав во Скопје волонтирав во една од невладините организации кој се занимаваше од областа на трговијата со луѓе и знам дека имаа голема соработа и со министерството за образование, труд и социјална политика , но и со школите од цела Македонија, едноставно мислам дека подобро просперираат невладините организации во поголемите градови.
    Ви посакувам да отворите некоја невладина и да напредувате, позз
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала и за тоа. Но, од друга страна мислам дека средношколците и основците во мојот град се навистина неуппатени и непоттикнати за било каква вон школска активност. Така да би можела да имам таргет група на која никој не и обрнува внимание и да бидам прва во тоа. Тука е и локалната самоуправа. Вмрежување со други невладини и сл. Но, останува да видиме. :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Прво и основно за да имаш невладина организација дали ќе е Здружение некакво или Фондација треба да имаш одреден проект кој ќе го работиш и врз основа на него да најдеш донатор кој ќе ти донира средства. Е тука со нешто може да ти помогнат Министерствата ако сакаат :) инаку сама си ги бркаш донаторите.
    Да не те замарам али ќе ти кажам дека и тоа е правно лице кое се регистрира во Централен Регистар на РМ и во зависност од тоа како ќе се регистрира подлежи на плаќање на даноци, обврска за изготвување на завршна сметка.....
     
  5. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Феминки дали некоја од вас е во невладина организација во Битола? И ве молам да ми кажете на кој начин можам да станам член на таква организација? Со оглед на тоа што сум невработена, имам премногу слободно време и навистина ми е потребен некаков ангажман :)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    ^ Барем во Битола има добро развиен невладин секор. Прогуглај малку, ќе најдеш нешто што те интересира.
    Знам дека МКЦ се ок, и веројатно би ти било интересно да волонтираш кај нив.
     
  7. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    ^^ Во Битола освен МКЦ имам слушнато и убави зборови за една друга невладина, незнам точно како се вика, нешто поврзано со заштита на природата, екологија, така мислам ми имаат кажувано. Мислам дека се наоѓа во Пелагонка 2.
     
  8. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Деввојки знате ли некоја невладина во Струга каде што би можела да се зачленам??
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    ^ Зависи во која област те интересира, има колку сакаш.

    Знам дека многу млади членуваат во Езерка - тие беа „женска“ организација, само лани се пререгистрираа во нешто погенерално. Работат на проекти за трговија со луѓе, меѓуетнички односи, итн... дел се од некоја од женските мрежи, само заборавив во која. Никогаш не ги научив кој со кого против кого е во тоа мрежите :D

    Според мене најпрофесионална организација во Струга е Локална агенција за развој, и тоа сега се во подем, веријатно ќе се прошират. Работат на локален развој, периодов знам дека се доста активни со обуки за вработување на млади (посебно жени), меѓуетнички односи, култура... имаат и некоја страна на ФБ, побарај ги, ќе видиш што се прават.

    Форум ЗФД работи со младинските центри по училиштата, медијација и не знам уште што се - ама веројатно волонтирање во младинските центри би било многу интересна работа.

    Имаше и некои еколошки друштва кои се активни, сега не ми текнуваат имињата на организациите, туку само на луѓето кои ги знам од таму.
     
  10. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Ај пишете за невладините организации во Скопје јас сум заинтересирана и би сакала да се вклучам, да бидам малку од корист де :)

    Нас од фах не носеа во Македонскиот центар за женски права - Шелтер центар за жени и деца жртви на насилство и многу ми беше интересно во текот на предавањата. Еве на пример, сакам таму да волонтирам. Дали некој има искуство од таму или е запознаен со некои тековни настани? Ако има некој, споделете :)
     
  11. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    ^ Барем во Ск има мн такви невладини организации. И како што кажа @Ariel, зависи во која област те интересира.
    еве некои невладини организации кои јас ви ги издвоив. p.s. супер работа се организациите. следува мн дружба,шетање,патување,нови познанства,способност за работа во тим........


    Креактив - Скопје, People to People International и Реакт (подорганизација на Active Europe)
    линкови:
    http://evs.mk/
    http://www.demokratija.org.mk/
    http://kc.kreaktiv.mk
     
  12. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    ^ Ти благодарам antonina :)
    Конкретно ме интересира невладина организација поврзана од областа на трговија со луѓе, насилство и слично. Ако сте запознаени од овој тип невладини организации, пишете :)
     
  13. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Јас членувам во невладина организација. Се зачленив затоа што верувам дека во сечија биографија треба да има барем малку искуство во тој сектор. Кога се сака, се се може.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    За невладиниве организации се се работи волонтерски или има и некоја заработка?
     
  15. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    прво почнуваш како волонтер а понатаму ако имаш поголеми активности може нешто да ти исплатат :)
     
  16. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    А девојки дали треба да ангажирам правник за подготовка на статутот, или пак можам јас сама да го средам,секако по пример на некои други организации...
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Супер работа се невладините организации. Мојата другарка која студира во Ск, лани се пријави да волонтира во Меѓаши - првата детска амбасада во Мк, и ја примија. Организира работилници за средношколците во Ск, оди скоро секој месец во некој град кај нас во хотели, ужива. Има запознаено многу луѓе, и до сега беше по 4-5 дена во Охрид, на Пелистер, сега за некое време ќе оди во Берово. Супер си поминува.
    И јас би сакала да се зачленам во некоја невладина, ама студирам во Штип, а сум од Кочани. Не сум запознаена со тоа дали и какви невладини има во овие 2 града. Ако некој знае, пишете ;)
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Не ти го разбирам терминот исплатливо во контекст со невладина организација?
    Инаку чини околу 6000денари да регистрираш сопствена невладина младинска организација, на која ти ќе си претседател. Мора да има околу 15тина членови мислам, податоците ми се од пред 2-3 години.
    Ама размисли добро како ќе функционира таа организација, од каде ќе се финансира и на каква тематика ќе работи?

    Во невладините организации пари за активности може да добиеш преку пишување проекти-добри проекти и поднесување на истите во локалната општина или на распишани конкурси од страна на фондации и слично.
    Што значи треба да се обучиш за проект менаџер.
    Оние организации со некаков статут имаат предност во одобрувањето проекти, така да ќе мора да почнеш од малку, локални кампањи во градот, во училиштата итн., за публицитет и за да привлечеш членови-волонтери.

    Членувањето и работењето во невладина организација е едно од најдобрите искуства кои ги имам.
    Доста работев како волонтер за да стигнам до повисока позиција, но кога започнав со студиите се оддалечив. Сега започнав да волонтирам тука во Асоцијација на спортски волонтери и се вратив во играта.
    Сите тие семинари, тренинзи, проекти, летни школи, се прекрасен начин да запознаеш различни луѓе и култури, да научиш нешто ново и пред се добро да се забавуваш.
    Но треба и да бидеш мотивиран да работиш за таа цел.

    Таква организација во која има млади волонтери е Отворена Порта -Ла Страда во Скопје. http://www.lastrada.org.mk/
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    48
    Мислам дека во Штип нема невладина организација :|
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Во Штип имаше центар за поддршка на НВО, а тие главно самите се пререгистрираа во НВО кога им запреа донаторските средства.

    Конкретно, овие во Штип се викаат Фондација за развој на локалната заедница - Штип. Имаат некоја страна на ФБ, а официјалниот сајт не ми се отвораше. Побарај ги под имево, ќе ги најдеш, ќе најдеш и контакти.

    И во Кочани сигурно има, во сите градови има. Ако не друга, општински Црвен Крст мислам дека секако има. Побарај малце по интернет, ќе најдеш.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.