1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невладина организација

Дискусија во 'Барање работа' започната од PeachGirl, 5 септември 2011.

  1. BBBBBBB

    BBBBBBB Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    некоја невладина организација во скопје ???
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Креактив - Скопје, People to People International и Реакт (подорганизација на Active Europe)
    линкови:
    http://evs.mk/
    http://www.demokratija.org.mk/
    http://kc.kreaktiv.mk
     
  3. nepoznaata

    nepoznaata Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Некоја невладина организација во Штип ?
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Да стварно, кажете ајде ако има некоја и јас би сакал да бидам член :)
     
  5. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    http://zk.com.mk/act/%D0%9D%D0%B5%D0%B2 ... 0%B8%D0%BF еве овде најдов нешто :)
     
  6. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Од штип би ја препорачала Фондацијата за развој на локалната заедница: http://frlz.org.mk/

    Инаку се сегласувам за Младински образовен форум, мислам дека човек навистина може да научи многу таму.
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    За Гевгелија некоја?
    Најдов на Златна Книга некои, ама незнам колку се активни.. :)
     
  9. bobmarli

    bobmarli Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    2
    Девојки не знам како е во другите невладини организации, но за Форум ЗФД Струга навистина не знам што да ви кажам. Имам другарка која е член веќе околу 3 години, и таа и другите членови секаде се претставени како волонтери на Форум ЗФД, а тие немаат ниту една волонтерска книшка, немаат никаков договор за волонтирање. Кутрите членови само се надеваат дека барем нешто ќе им биде исплатено, но никако да бидне... :( А имаат многу работи направено до сега, целата работа, целиот центар тие го водат, а тие неколку вработени, наместо да си ја вршат работата тие се вработени на друго место, а си земаат плата и од тука, за работа која ја врши друг. Навистина жално, досега не сум била член на невладина организација и мислам дека нема ни да бидам. А би сакала да и помогнам на другарка ми, знам дека таа ја сака оваа работа, но како да и помогнам???
     
  10. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Морам да истакнам за големата придобивка од Невладините организации- обуките кои тие ги организираат.
    За секој би било од корист да посети некоја обука. Шанса за стекнување знаење, дружење, усовршување на некои вештини и себенадградување- БЕСПЛАТНО. И најважно ке имате обука што добро ке дојде за пополнување на страните во CV-то ;)
     
  11. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Кој е невработен, студент или има време, а сака и има намера слободно нека се испроба во оваа област. Регистрацијата е околу 2500 денари, да се направи статут е лесно, треба уште програма за работа, одлука од основачко собрание, некои изјави од претседателот, банкарска сметка и уште некои документчиња. Имате еден куп на области кои се предизвик во оваа работа. Интересни ми се НВО кои работат во областите заштита на ендемски видови растенија и животни, заштита на животна средина, екологија,... Во НВО за граѓански општества, политики, меѓуетнички односи, “пис билдинг” не гледам ништо занимливо. Во работата се остваруваат многу познанства, пријателства, среќавате луѓе кои ќе сакаат да ве збришат, луѓе кои ќе ви помогнат и потоа мислат дека цел живот сте им должни и луѓе кои баш искрено од срце ќе ви помогнат.

    Профит од НВО нема, а и не треба да има, со оглед на тоа зашто служи секоја НВО. Знае да се земе добар хонорар, плата доколку се добие добар проект. А тоа е прилично тешко. Зависи од вас самите колку сте креативни, вешти во изработката и разработувањето на проектот. Скоро секоја од странските амбасади, UN организации и разни фондации кои даваат финансиски грантови или техничка помош имаат веќе готови формулари-апликации, па пополнувањето и аплицирањето се најмал проблем. За добивање на проектот може да се чека и по 6-8 месеци, а доколку некој од донаторите се заинтересира и проектот влезе во потесен избор, уште еднаш до детал разработете го проектот, па следат посети на местото на проектот, ќе имате еден куп средби, состаноци, ручеци. Е ако го добиете проектот тогаш се ова се исплати солидно. Ако сте добри во “менаџирање” на проектот може да се извади и нешто екстра ;) (тендер, набавки, разни тековни трошоци и сл.). Ова е доколку сте на некоја од функциите во проектот, а не волонтери и потрчковци (за жал за нив нема ништо :^) ). Од владините институции не очекувајте некој проект освен ако немате врски, а од локалната власт уште помалку, затоа што 90% од градоначалниците се неписмени и немаат врска околу НВО секторот. Прво бараат да има за нив, другите не се битни.

    Вистинските НВО се формираат за помош на граѓанинот и поврзување на истиот со институциите на системот. Врската е НВО, секогаш почитувајќи го правилото "одоздола кон нагоре", давајќи му секогаш внимание, предност и посветеност на поединецот, потоа на заедницата, групата и на крај власта, било локална или централна. НВО чија цел е заштита на околина, животни, животински видови, разни билки и тн., ја имаат истата цел, преку нивно сочувување се штити, на разни начини (економски, здравствено, социјално и др.) граѓанинот, заедницата па се по ред.

    Добар дел од нашите НВО се послушници на некоја владејачка или опозициска гарнитура па така нивната програма на работа стои само на хартија. Имаме еден куп НВО-портпароли, а многу малку организации кои функционираат како вистински НВО. НВО се создаваат само за протестирачка намена и регистрираат преку ноќ за да протестираат пред влада, а други формирани со иста намена и легализирани преку ред и со врски штрајкуваат пред опозициска зграда :clap:. Финансирањето на ниедна од овие не им е проблем.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Ако станува збор за мулти-култи центарот кај пливалиште, и ако другарка ти не земала хонорар воопшто откако е отворен, требала да реагира во УНИЦЕФ, додека го финансираа. Затоа што пари за тие што ги спроведуваа работилниците - имаше.

    Инаку и не мора секој да формира граѓанска организација, може да се стане член и во некоја постоечка. Или пак ако формирате своја, мора прво да барате проекти во партнерство со некоја што е веќе разработена, за да стекнете искуство. Никој нема да ви даде пари ако немате искуство.
    Има различни области на делување и секој би требало да си избере според сопствениот интерес.
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Најголемата бенефиција добиена од членство во вакви организации се новите познанства.
    Сега не сум активна никаде, ама порано (особено како средношколка) членував по разни организации и одев на многу викенд семинари. Во тоа време од ваквото членување не очекував никаква заработка, иако некаде имаше, до душа симболична. Секаде може да се научи по нешто, ама за мене најскапоцени беа познанствата со луѓето кои ги среќавав во тие кругови. Дружбите беа страшно многу интересни, а кога се дружиш со малку постари луѓе, тогаш учиш да размислуваш поинаку. Растеш многу побрзо. Со некои од нив до ден денес сум во контакт, а многу од нив и ми се нашле понатаму во животот :)
     
    На cresa-jagoda, sofijanoka, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    И да додадам при барање работа дел од работодавците сакаат да видат дека сте волонтирале некаде, значи имате работни навики иако можеби и не сте добиле никаква парична надохнада за тој ангажман
     
    На Elena69221 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Средно училиште сум и имам одлична прилика да започнам со вакво нешто.Бидејќи не сум полнотелтна свесна сум до каде можам да одам, барем за сега.Но,сакам да почнам да се занимавам и да навлезам колку толку.Имам навистина добра прилика бидејќи познаник на моите родители се занимава со невладини организации уште од мои години и можам да кажам дека е навистина успешен во тоа.Што мислите на моја возраст во која област најмногу би можела да се активирам.Секако ги знам моите интереси,меѓутоа еве да речеме да ми помогнете да одлучам,некоја идеја која што би можела да ме заинтересира и да вложам во неа?
     
  16. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Штом ги знаеш твоите интереси, следи си ги. Вака од око никој не може да знае за што имаш највеќе интерес и која област највеќе ти лежи. Може да биде нешто на национално ниво или поврзано со микро регионот каде што живееш. Животната средина, меѓуетничките односи, социјалните проблеми, прашања од областа на здравството, младите,... се само неколку од полињата каде можеш да се испробаш и да вложиш. А бидејќи си почетник, и тоа како ќе треба да вложиш.
     
  17. 2406

    2406 Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Невладини организации

    Веќе подолго време сакам да се зачленам во некоја невладина организација, ама немам со кого да се посоветувам во која :?: Сакам да си го подобрам говорот, не е дека имам проблем ама имам трема кога зборувам пред непознати лица и мислам дека ќе биде добра одлука ако станам член некаде. Ако некој бил член некаде нека ме посоветува :lol: :*
     
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.121
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Дали знаете невладнини организации во Прилеп и дали некои од нив бараат членови?
     
  19. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Младински образовен форум
    www.mof.mk
    https://www.facebook.com/MOF.edu

    Топло ти ја препорачувам!
     
  20. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    знаете ли некоја невладина која се бави со животни. ако имате некоја информација ве молам пишете.:)