1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невозвратена љубов..

Дискусија во 'Канта' започната од vikktorija, 22 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vikktorija

    vikktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки...барав таква тема но видов дека нема направено па решив јас да направам...па ајде јас да почнам со мојава приказна...
    Се заљубив во едно момче кое е поголемо од мене 5-6 години..почнавме нонстоп да си пишеме и се беше океј додека не се појави една трета личност.тоа беше девојчето кое сега му е женска.јас премногу го засакав и иако знаев дека има девојка повторно му пишав,но не беше се исто, тој престана да ми пишува :( иако тој никогаш не ми пишаше прв откако се фати со девојката јас повторно му пишував..понекогаш и се понижував пред него,но тоа не ми е битно.сега ТОЈ е со својата девојка на викенд некаде и ужива.секоја чест.. девојки ве молам за совет како да престанам да мислам на него... :?:
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Девојче, не сакам да бидам груба, ама зарем ти стварно мислиш дека дечково планирал нешто со тебе?
    Претпоставувам дека има некои 20 и кусур години, така да не смеел ни да помисли на нешто такво, остај што тоа е неморално, туку е и казниво со закон.
    И тоа што сте си пишувале за тебе е љубов? И јас такви филмови си праев пред некоја година, така да до негде те разбирам, ама еве ќе ти кажам сега: тоа не е љубов.
    Излези малку, прошетај се. Остај фејсбукот и бркни некој од другото одделение :)
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Тоа како да престанеш да мислиш на некого, па и нема некој што може да ти го даде рецептот. Никој не може да ти влезе во главата и да му нареди на твојот мозок, НЕ МИСЛИ! тоа самата треба да го направиш.
    Секоја од девојките на фемина имале некогаш во животот дечко дури и со кого биле предолго време, но се разделиле и некако успеале да заборават или во најмала рака продолжиле со животот.
    Прифати каква што е ситуацијата. Човекот си го направил веќе својот избор и очигледно е дека, тоа е тоа за него, тоа сака. Можеш само да му посакаш среќа и да си продолжиш со својот живот. А, инаку далеку од очи - далеку од срце, макар што не е баш буквално така, но во ситуацијава можеби ќе ти е ОК, избриши го од фб и не му пишувај. И самата гледаш, самата велиш тој прв не ти пишува.
    Почни да излегуваш со другарки и да правиш се што ќе те натера да не седиш сама дома и да мислиш. Време дај си и втерај си го тоа во глава ИЗБРАЛ и нека му е со среќа.

    wow па ти имаш 15 години бре дете еј!!!!!
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vikktorija

    vikktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Па мене како што ми стоеше тој планираше нешто со мене зошто секојдневно и пишевме и мн. други работи..даваше некои знаци но тоа веќе не е битно..ајде ќе пробам да го избришам од главата.:)
     
  5. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Заборави на него така како што тој заборавил на тебе! Ако си му била важна немало да се врати кај женска му. Најди си нешто занимливо што ке ти го исполнува слободното време... оди на прошетка со другарките, на кафе, земи прочитај некоја убава книга...едноставно УЖИВАЈ како што велиш дека тој ужива без тебе.
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не е веќе битно, баш како што и самата кажа. Едноставно додека да созрееш сосема гледај ги луѓето приближно на твоја возраст. Овој, очигледно е дека не знае што сака во животот и како што ти кажа девојката пред мене, тоа што го правел НЕ СМЕЕЛ ДА ГО ПРАВИ. Но, за секоја наредна ваква ситуација, научи дека не е само што другите прават - покажуваат, бидејќи тие секако ќе направат се да те намамат, твое е да осетиш дека се трудат само да те намамат. Не им дозволувај едноставно. Пишувањето по фб не е знак на љубов. За нив тоа е најлесен начин да те придобијат, само тоа разбери го. За секоја девојка тоа ствара навика, па дури и за нив. Се создаваат чудни чувства кои инаку немаат врска со реалноста, ВО СИТУАЦИЈАВА БАРЕМ. Не си го прави ова друг пат едноставно немој. Заборави на фб како место каде што треба да запознаеш дечко. Не гледаш лице таму, не гледаш мимики, а и се уште не си поминала се што треба да помине една девојка за да научи да проценува. Гледај да си безбедна едноствано не се втрчувај во ситуации во кои само ќе си наштетиш, а фб е една од таквите ситуации. Од се тоа само ти губиш. :)
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Твојата возраст е баш точниот момент кога се случува тоа-невозвратена љубов! Ако може да те утеши ова,еве би ти кажала дека скоро сите на 15,16,17 години сме поминале низ тоа, сме сакале некој недостижен,зафатен,или било каков друг кретен :tmi: ! Како да е некое непишано правило да мора да се помине низ тоа ,,љубовно страдање,, а кога ќе помине ќе се најде некој нов сакан дечко кој помалку или повеќе ќе не направи среќни!
    Затоа помалце го замарај на дечкото и имај разбирање дека тоа што не ти пишува повеќе е затоа што сака да остане верен на девојка му! Ти меѓувремено барај нов симпатија, дружи се со другарките, уживај си во годините, насочи ги мислите кон нешто друго и така времето ќе ти помогне да подзаборавиш на зафатениот дечко!
    Со среќа! :)
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Тоа не е никаква љубов! Кога ќе искочиш со другарки, ќе почнеш да шириш нови познанства, нови личности ќе ти влезат во реалниот а не во виртуалниот живот, ќе сватиш што всушност е љубов,а на ова што си го мислела и напишала ќе се смееш! :)
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојко
    јас мислам дека е тоа моментален занес и дека воопшто не си можела да го имаш ни да бидеш со него ти остана во мисла но тоа што го чуствуваш ти сигурно не е љубов
    љубов е кога си со некого кој можеш да го допреш и почуствуваш да го осетиш ти не си била со него воопшто колку и да звучи грубо искрена сум незнам ни како можеш воопшто да речеш дека си заљубена
    излези дружисе уживајси тргни на лов :)
     
  10. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    А што да ви кажувам јас....дооолга приказна која започна пред неколку години :worried:
    Во трета средно се заљубив во него...во четврта заедно бевме во организациски одбор за матура,цело време заедно...се надевав и бев среќна...иако од него само пријателство...инаку тој е од многу богата фамилија а јас не,но ќе се изненадите каков е скромен и добар,ист како неговите родители,убав ,паметен,културен...за матура бевме партнери,и тоа јас му реков :$ сепак од негова страна пак ништо,џабе се трудев да му дадам знак...значи тоа беше одамна....
    Откако се запишавме на факултет,по 2 години-јас уште не го заборавив,,,,,се погоди да чекаме заедно нова година...цела вечер игравме заедно се смеевме...се смувавме...бев пресреќна а потоа испадна дека тој не се ни сеќава на тој бакнеж...на таа нова год му се засвиќа другарка на сестра ми,на втората вечер и се пушташе и таа прифати....и ден денес се заедно...а јас,и ден денес неможам да го заборавам...од сестра ми слушам за нивните убави моменти...колку ја сака тој, ;(
    Кога се фатија тие,после 2месеца раскинаа кратко и од сестра ми разбрав дека воопшто не комуницирале....кога доаѓаше девојка му на гости кај сестра ми ја прашав дали ќе се смируваат зошо тој почнал да ми се пушта мене-а уствари ја лажев...и кажував дека ми пушта пораки мене,дека сме се договориле да се видеме итн...таа инаку поверува во моите приказни и 5,6 месеца збор немаа прозборено со него за да дознае дека сум ја лажела уствари...но изгледа љубовта им беше појака па се смирија....оттогаш тој ни з драво не ми вика-сигурно дознал што сум правела :tmi: иако ми немаат речено ништо, и сега се срамам од тоа но бидна....ниту таа е дошла 5 год на гости кај нас,а со сестра ми комуницираат на кафе......
    но луќе неможам да го заборавам, ;( никако,никако,на овие години се осеќам ко дебил,скоро 8години вљубена и знам дека никогаш нема да ми возврати ;(
    .......фатив сега дечко,и тој излезен од долга врска,абе луѓе неможам ни за рака да одам со него,никој неможам да засакам а не знаете колку се трудаммммм...како да си помогнам незнам,а осеќам дека кога ќе ме видат со новиот дечко-мојоата љубов и девојка му ми се потсмеваат ;( пред сите глумам силна и никој незнае дека сеуште го сакам ама јас си знам ;(
     
  11. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Мрази го, не е лесно само така да си речеј еј ај ќе го замразам детево пардон човеков,но сепак ти давал знаци,а накрај си отишол со девојка му? Тоа и е добра причина. ]:)
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И ти после твојата приказна нејзе дека ти пишувал пораки и дека сакал да се видете очекуваш да комуницира со тебе?Дали си ти тоа сериозна или да?
    Зошто воопшто си го трошиш времето на некој кој повеке е очигледно дека не му значиш?Избриши го од фејсбук,од месенџер,од секаде ако сакаш да го заборавиш.
    Ехеее и јас се мачев пред 2 години како тебе ама кога видов дека си губам време се прашував зошто порано не сум ставила крај,туку сум се мачела.
    И си си фатила дечко? Па ти и него го лажеш со тоа што си заедно со него...Не му расипувај врска на типот,сврти нов лист,далеку од него,пробај да се заљубиш во дечко ти,и се ке биде во ред.
     
  13. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    ^ јас знам многу убаво дека е така,и секој ден се трудам да го исфрлам,,,,а не сме ни биле во врска,може да го наречам и платонска љубов,едно обично мување-за кое утредента ми се извини дека бил пијан и дека не се ни сеќава... :doh:
    го немам ни на фб ни на ништо....они живеат со девојка му во ск,а јас со душа чекам да си дојде и да го видам иако болиииии оти нонстоп е со неа,заедно живеат.....проблемот е што не се надевам дека некогаш ќе биде со мене,знам дека премногу се сакаат сигурно сега планираат и веридба ;( како да го заборавам ниеден нема како него,ниеден,незнаете какво совршенство е,баш она што го сакм од еден маж ;( ;( ;(
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Го сакаш.Тоа е во ред,но што фајда ако го чекаш?м?мислиш ли дека добиваш нешто со тоа?не бе злато,тој сега си ужива со неа а ти овде на пц се мачеш и плачеш.Џабе ти е и да го чекаш со години,немаш друг излез.
    Мување си е муваше,немало ништо повеке а со тоа што "не се секавал"докажува повеке дека не е заинтересиран.Олади малку,кулирај.
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99

    немој да се налутиш но навистина ме насмеа :D Се пронајдов во твојов текст не сосема но да и јас сум се понижила себе си на твои години поради постар од мене 8-9 год :rofl: сега сето тоа ми е смешно.Верувам дека набрзо ќе го заборавиш.
    Згора на се,разликата во години сега многу се приметува а додуша и казниво е со закон,можеби понатаму тие 5-6 год нема да се никаков проблем(барем за мене не се)но сега и тоа како треба да се гледа и на таа работа ;)
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emma.A

    Emma.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Знам дека прашањево нема никаква врска со темава но навистина ми треба ваша помош.
    Вака. Јас имам само 14 години, до сега ниту еднаш се немам мувано. Многу ми понудиле но јас сите ги одбивав. Па сакам да ве прашам Што точно се подразбира под Мување? xD :$
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Заборави го, затоа што не вреди да се нервираш заради него! Не вреди ни најмалку, тој си е со друга, најверојатно е среќен со неа, биди и ти среќна со тоа што ќе си излегуваш, ќе се дружиш, ќе запознаваш нови луѓе.
    За вакви работи, само времето е лек. А совет како да престанеш да мислиш на него... па што друго да ти кажам, освен да се помириш со ситуацијата, таква каква што е. Животот продолжува, не си го уништувај заради некој што не вреди! :)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На тие години невозвратената љубов е мн честа појава, особено затоа тогаш најчесто и самите доволно не знаеме што бараме од онаа личност со која сакаме да бидеме.

    Ми се случило и не постои работа која повеќе фрустира можеби. Како да го заборавиш? Па, не би ти советувала како што викаат, излегувај забавувај се, флертувај со други затоа што и тогаш во состојба на очај можеш да направиш голема грешка. Сепак, времето лечи се'. Не може за тие работи да се брза пред времето.
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Па ништо посебно,да се бакнувате без да сте во врска,без обврски,ете тоа е мување.Ако некој ти се допаѓа ,мувајте се ;) :hai:
     
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    :up: :up:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.