1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невообичаен контакт, помош?!

Дискусија во 'Сингл' започната од iliveinpast, 18 јануари 2011.

  1. iliveinpast

    iliveinpast Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    прв пат пишувам со цел да слушнам и Ваше поинакво размислување
    па вака, јас сум трета година, гимназиско, пред точно недела дена се смував (читај термин) со дечко помал 3 години од мене (тој е основно, осмо одд.)
    претпоставувам првото нешто што ќе го помислите е каде ми бил мозокот, факт е дека направив непромислена работа, едноставно тогаш не размислував на последиците. Според договорот, требаше да остане во тајност, и еве сеуште е така но, што ако можеби утре дознаат и останатите?
    искрено, тоа не е она што ме загрижува ... работата е што јас сум од оној тип на луѓе кои стануваат почувствителни од моментот кога веќе имаат таков близок контакт
    еве помина една недела и работите се тотално променети, веќе и немаме контакт (на почетокот тој ми пишуваше, спомна и повторна средба а сега 4 дена не ми пишува), а јас НИКОГАШ НЕ БИ МУ ПИШАЛА ПРВА, не се гледаме низ град (нормално пошто не излегуваме на исти места) а и незнам како размислуваат мозочињата на таа возраст
    незнам дали е возможно да имам некакви си, чувства кон него ?!!
    и да, ми беше убаво (морам да признаам дека подобро се бакнува и од бившиот што сум го имала хаха)
    подготвена сум на осудувања, благодарам однапред
     
  2. scorpija986

    scorpija986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Мислам дека на 14 год тој не е доволно зрел за било каква врска, бакнеш е во ред а врска мислам дека не. и јас сум имала искуство со помали, уствари до сега повекето ми биле помали 1 до 2. е сега зависи има мали кои размилсуваат и се поискусни од повозрасните, а има и такви на кои мозочината сеуште им се на ливада што би рекле :). искрено кога прочитав не помислив каде ти бил паметот :). и немој да се грижиш за тоа ако помислат другите, бидејки тоа е твој живот и што сакаш можиш да правиш со него. поздрав4е
     
  3. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    немој да се плашиш шо ќе речат другите тоа твој живот а секој има право во својот живот што сака да прај па ако тебе ти било убаво не милси шо ќе речат другите... али нема логика тој 14 години ти 17 сепак ти си повозрасна и друго размислуваш а тој не мисли така... барај си некој твоја возраст а од овај откачи додека е рано и има време... позз
     
    На scorpija986 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Моето мото е: Крцкалчиња да, ама фетуси не. :)

    А се надевам под мување мислиш на тоа што мислам дека мислиш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Можно е можно е....а можно е и следниот дејт да ви биде во некоја играчница на плеј стејшан.

    Совет:Попушти му,нека те победи за да немаат причина другарчињата да го задеваат после кога ќе си разменуваат сликички од животинско царство. ;)
     
    На Strumfeta93 и Incroyable им се допаѓа ова.
  6. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    :rofl: :rofl: абе ајдееее - 8 одд ?!?!?! :rofl: :rofl: :rofl: а има пубертетски мустачиња? :rofl:

    извини-многу ми е смешно :$
     
    На sweetyears и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Уште се радува што сте се бациле , остај го :D А што не си фатиш некој на твои години , што ќе се замараш со толку помал ? Ај втора , некако и прва , ама 8 :D
     
  8. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    .. Чудно е што до сега не сум слушнала женски род од зборот педофил. Еве сега гледам дека почесто ќе го слушам :D :D

    Извини девојче. Ама дете е да му се сневиди.

    Сум била во врска со помал дечко но, разликата беше три месеци. А овде станува збор за 3-4 години.
    Разбирам да бевте постари, па разликата во години и не е толку страшна.
    Но осмо одделение ? Дали знае да си ги врзува патиките ?

    Мој совет ти е да не спомнуваш ништо веќе за таа случка и одбегнувај го, доколку несакаш да дознаат другите. И гледај да не ти се повтори.
    Мислам дека неможеш да гаиш чуства за некој што може да ти биде како помало братче..
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Де бе де вие па ама му запнавте на девојчето, па и `педофил` го напраивте... е голема работа

    Искрено додека читав пробав да се вратам наназад на таа возраст. И добро бе само у мое `време` и `маало` се случуваа такви работи????

    бтв. момчињата во осмо оделение не се баш до толку (зборам за поединци)

    Првата моја љубов исто така имаше девојка 4 години постара од него кога тој беше (читај) седмо оделение.

    И не само што никој не и се смееше, туку беше она вау типка, ама и типчето си имаше изградено репутација за најубав у маало =)

    Е сеа додоуша многу ми се изместени параметрите од оваа перспектива, дали ние бевме по-созреана генерација незнам :D шала.

    Знам еден тон примери каде мои другарки од средно мувале осмооделенци и баш сме се зезале за тоа...
    Ама не беше ни приближно вака табу како што е сега... :?:

    Енихау мој совет: Да ти кажам не гледај што мислат другите неиде, бидејќи пред се во тие години си , поготово детево е во години кога пресудно му е да излезе мангуп пред околината и другарите...
    Не си гај надежи дека имате некаква иднона, радувај се на тоа што се случило, ако ти се повтори направи го пак ако не здравје...
    Секогаш ќе има некој осмооделенец :D -шала
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    131.134
    А бе девојче, што се замараш толку?

    Направи му shift+del и заборави дека постоел. Немаш чувства кон него. Грешки правиме сите.
    И друг пат пази што правиш. Закон фаќа :D Шала де :D
     
  11. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Heidi не ме сфаќај погрешно, се шалев. :)

    Имам и јас другар, кој го знам уште од мали нозе. Од секогаш имаше девојки 3-4 години постари од него. И јас тогаш искрено гледав сосема нормално на тие негови врски. Но, гледав нормално бидејќи гледав од негов аспект, а не од аспект на девојките.

    За некое момче да фати постара девојка е нешто како да добие на лото. Сака да изгради репутација пред другарите, нели "постаро - поискусно". Кога девојката е постара, а момчето е во таа доба на т.н луди години, има и поголеми шанси да ја легне отколку да има девојка на негови години.

    А што се однесува до девојките. Па не е малку глупаво ?
    Како што викаат нели девојчињата се понапредни.
    Па сега, дали би било поубаво да седиш со некој кој може да се однесува со тебе како со девојка или пак со некое ДЕТЕ кое ќе гледа во тебе другар ? Бидејќи не гледам како момче од осмо одд. би изградило врска.

    Девојчево сепак спомна само мување а јас претерав со врски :)
    Во првото мислење го дадов својот одговор :*
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Биднало што биднало, сте се смувале, big deal. Машките, можеби ти е познато подоцна созреваат од девојките, што значи ти си прикрај со пубертетот, а тој сега влегува. Три години разлика не е многу голема, но во некое друго доба од животот, сега мавни го, како што рече Душица сеуште се радува што сте се бациле. Колку повеќе размислуваш за ова толку повеќе ќе мислиш дека имаш некакви чувства. Без разлика што и да рече околината таа врска неможе да опстане, ти си скоро созреан плод а тој почнува да созрева. Освен тоа, ќе треба порано да го испраќаш дома, нели дада си му :D Шегата настрана, мој совет, игнорирај го, како ништо да не се случило, а ако имаш селективна меморија (како мене) по некое време сама ќе се убедиш дека ништо не се ни случило меѓу вас ;) :D
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Иам другари од осмо..али не очекувај баш нешо од него..тие се толку незрели шо може да се фали дека те "истискал насекаде"(сори на изразов) и уше шо не.Тие се како деца им се мени мислењето просто кажано нз може ќе те побара..
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Георгинче ме пресмеа :rofl: . Навистина никогаш не би излегла со некој ни на моја возраст а камо ли помал од мене. Доста детинести ми се сегашниве машки, што освен дота, кантер, фудбал и коли за ништо друго не слушнале во своите животи. Мислам недораснати ми се, не дека јас сум многу голема де ама сепак смешно ми е и од секогаш ми било смешно во врска девојчето да биде постаро од момчето (барем во тинејџерските врски). Се согласувам погоре со Инкројаб`л машко да фати постара девојка исто ко на лото да добил, ама сепак за да добие ќе треба ептен мозочето да му работи, или пак на некоја девојка да не и работи :) . Да не се навреди некоја, не посочувам општо си кажувам.

    Ич да не ти е гајле што ќе мислат другите, остај таму такво дете не ти треба ;)
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Маче , побарај го ,изналапајте се за цел живот и бегај! Што има везе тоа што е помал 3 години , и јас се мафтав 9 месеци со дете помало од мене 3 години ,јас матурантка тој гуштер. Ми се смачи,му ги акнав клоците и тоа е!
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ај бе,си му напраила кеифот,мислиш не се пофалил на другарите дека мувал некоја постара? :^) тоа гарант го направил па сега се праи фраер еј види ја си играм со неа како сакам а ти ке му се нервираш и се чудеш дали го сакаш :lol: моментална привлечност било тоа ништо страшно.Оди спремај си гардеробата за вечер и договори се со другарката за искачање.
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Ја би те советувала да го баталиш таму :D Дете е уште, буквално е дете! На тие години они не размислуваат баш на начин како што очекуваш да размислува. И сигурна биди дека се испофалил дека мувал постара... Дете. Што да кажам уште.
    Ајде искочи низ град, журкај се, ќе си најдеш ти некој врсник или постар некој, батали тоа детето таму, од него ништо не бидува, има уште он млеко да пие пред спиење ;)
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Од јануаридо сега сигурно го решила проблемот, не сфаќам зошто се активира темата за џабе.
     
  19. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Мало е детето, најди си некој позрел. На твоите години што ги имаш ( исто колку моите ) можеш да најдеш сто пати подобар, и да го осетиш она убавоно. Со овој немаш фајде. Поздрав :*
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Па зошто да не можно да немаш чувства... можно е ако те привлекува детето.Јас не би те осудила дека направи нешто кој знае колку грешно и самата си свесна дека е многу мал, а за јавно излегување не вервувам дека ќе сака, можеби само седење во парк, сепак тоа треба него да прашаш :D :D