1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработените можно е да добијат еднократна парична помош

Дискусија во 'Коронавирус' започната од AnаR23, 15 мај 2020.

  1. AnаR23

    AnаR23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Нов сет на мерки со кои ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка подготвува Владата, како дел од третиот пакет мерки за спас на македонската економија.

    Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да се зголеми лична потрошувачка која, според Народна банка, годинава значитело ќе се намали.

    Како што дознава ТВ 24, се разгледуваат повеќе варијанти, а за мерката се планираат околу 70 милиони евра.

    Социјалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите можно е да добијат еднократна парична помош, која според некои проценки може да стигне и до 10.000 денари.

    Освен стимулација на приватната потрошувачка, новите мерки предвидуваат и раст на јавната потрошувачка преку форсирање на капитални проекти.

    Новите мерки треба да бидат внесени во ребаланост кој го подготвува Министерството за финансии.
     
    На LadyC, cresa-jagoda и ivimis им се допаѓа ова.
  2. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    763
    Ne veruvam vo vakvata pomos od vladata
     
    На Iv.c, Aleksandra1977, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Да го видиме и тоа чудо. Секако продолжија вонредна да ги 'до-обработат' финансиите во државава.
     
    На Aleksandra1977 и oblace1 им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Кажа муртинецот дека ова со 10000 се само шпекулации. Не очекувајте многу од оваа неспособна влада, не даваат пари на народ така лесно туку само земаат. Треба за нив повеќе да има за бадеми и лешници.
     
    На LadyC, Scorpiongirl12, Tea678 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Никој ништо не виде ни од прв сет мерки, ни од втор, камо ли од трет.

    Новинарите место да сликаат луѓе кој и каде отишол и дали носел маска, може да се позанимаваат со ова прашање. Додека лоповиве на тв гордо збореа за меркиве и даваа лажни бројки, по центрите за социјала и бирото, ги враќаа луѓето назад, уште образци немале за аплицирање.
    Нека засукаат ракави и бар еднаш у животот нека бидат новинари а не навиени кукли. Да се направи истражување зошто меркиве останаа неискористени, односно, кој не им даде прилика на граѓаните да ги користат.
     
    На Nausicaa, Sejfullai, Aleksandra1977 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
    Студентите имат ли право да земат парична помош?
    Се пријавува ли некаде?
     
    На blady, Aleksandra1977, Nightwish11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А кои па беа први и втори мерки, па сега трети?
     
    На Aleksandra1977 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Кузнае најверојатно на првите се мисли за угостителите. Иако не верувам дека ни овие ќе бидат исплатени, како и секоја мерка ќе има некој невозможни услови што само мал дел ќе добијат
     
    На jasbi, Dessa и Aleksandra1977 им се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Колку пари само имаат земено сега од европска унија ја не гледам никакви резултати... Ни па негде тие пари дс се вложени, срамота е лекарите што само 20% повеќе ќе земат за овој труд а каде се и другите работници што работеа додека траеше вонредната достојба?
    Исто така не е ни објаснето за додатокот за тие што земале плата под 15000 сиг ке излезе постојано што зимале толку плата..
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Ќе им давале по 9000 да се потрошет во кафана, на фризер и во продавница на македонски производи за еден месец и то помош било хахахаххаххахах не ве можам значи

    шо ќе прајш со тие пари, залихи од стоби флипс
     
    На *Amethyst*, blady, СуперДевојка и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Дане испадне работава да ни дадат па после да ги вратиме
     
    На Dessa и Aleksandra1977 им се допаѓа ова.
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Како почнаа прво ќе даваа 7000 на сите невработени, така кажаа на тв, ќе даваме по 7000 на невработени. Кога ќе ги прочиташ ситните букви најдоле, т.е условите што ги имаа дадено за тие бедни 7000, само за невработени кои за време на кризата добиле отказно решение на основ на кризата тие ќе ги добијат парите.

    Значи овие два месеци да те отпуштиле од работа, газдата да ти објаснел дека ти си добар работник ама поради кризата мора за жал да те избрка зошто нема доволно пари да ве исплаќа сите вработени и ти се тоа да го докажеш пред државата. Значи не да си добил отказ како нередовен и недисциплиниран, или други причини, него само една и единствена причина да е проблемот со кризата и да докажеш дека е така. Што нема шанса да докажеш или е премногу малтретирање и папирологии, така да и зад секое ќе даваме постојат услови за кои ти треба магија да ги исполниш. Не верувајте на се што ќе кажат на тв, тоа е површно и кажано за да се гласаат, не се надевајте на некои мерки или помош од државата условите нема да ги исполните ви гарантирам.
     
    На Nausicaa, GirlRose, Nightwish11 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Дали и оние невработени кои што не бараат работа преку завод за вработување ги следува оваа помош ?
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, АнеАце и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Колку се исповозбудивте со детални прашања ко да чекаат парите некој ентер да стисне и да легнат на сметка. :D
    Чекајте бе дечки, тие на фирмите не дадоја пари, па на невработените. Па процедура е тоа, па Нинче 100 пати ќе се премисли, па ќе се променат условите, па ако се решат да дадат (читај ако остане нешто неукрадено) ќе треба магично за четврт ден да собереш пет илјади документи за да аплицираш, па да чекаш да ти одобрат и на крај да чекаш да те исплатат.
    До кај семптември ќе завршат.
     
    На Mami3, *Amethyst*, Sexychica и 6 други им се допаѓа ова.
  16. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже на кој линк можам подетални информации да најдам за услови и критериуми кои треба да се исполнуваат за допивање на помош за сите мерки кои се досега објавени?
    Затоа што цело време гледам дека нешто се објавува а никаде начин како да се стигне да таа помош...не знам дали јас не можам да најдам детали или не се информира доволно за да нема голем одѕив. Некако не е доволно транспарентно...
     
    На glisa, ivimis, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    https://vlada.mk/ekonomski-merki-covid19

    На странава ги има сите економски мерки.
    Најверојатно мерка 4 и 7 се тие за граѓаните.

    Како што успеав да разберам мерка 4 е за тие што биле отпуштени од работа.
    https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-4

    "Граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос."
    "Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос."

    Мерка 7 е за социјално.
    https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-7

    "За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост на лицата се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано само од последниот месец, наместо досегашните три месеци."

    https://koronavirus.gov.mk/wp-content/uploads/2020/04/Uredba-za-ZSZ-30-3-2020.pdf
    Ова е уредбата.
    "Подносителот на барањето, односно неговиот законски застапник или старател е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести писмено или по електронски пат, за секоја промена на фактите или околностите кои влијаат на користење на правото и биле основа за признавање на правото од социјална заштита, најдоцна во рок од 30 дена од денот кога настанале тие промени."


    Само според искуството со исплатата на 14500 за фирмите, може уште 10 пати да ги сменат уредбиве и за се тоа ќе бидеме транспарентно известени во 5 за 12. (wtf)
     
  18. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Ако чекаме од влада и Нинче да ни даде пари... сто пати се предомислија за претходните мерки. Тоа е дечки само за поткуп на глас и на збор. Во реалност не очекувајте вакво нешто. Прво тие што работат не им дале плата и тие што останале без работа не добиле помош, па за невработените не надевам ни најмалку. Тие и онака се невработени меѓу кои и јас и сам ако не се помачиш никој не те ферма.
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.627
    Пол:
    Женски
    Да беа озбилни со мерките ќе кажеа каде кој и од кој до кој датум може да се пријавиме и кој документи требаат.
    Вака се паѓа во вода.
    Нит каде да се пријавиш.
    Нит на кого конкретно му следува.
    Нит од кога до кога е пријавување.
    Конкретно за студентите.
    Буквално ништо официјално.
    Се е на "Ќе дадеме", "Се планира", "Ќе добијат".
     
    На glisa, Rubiii, Sexychica и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.644
    Допаѓања:
    161.594
    Пол:
    Женски
    Би требало да НЕ ги следува
     
    На SummerGirl и eta им се допаѓа ова.