Не гледам дека има ваква тема, ако сум грешка пренасочете ме слободно. Ме интересира дали невработените жени имаат право на социјална заштита некаква парична и која е процедурата да ја добијат? На другарка една моја прва бременост и е и е невработена. Ваљда има некаков закон и за овие жени.
Имаше нешто еднократно од Социјално што даваат, макс 100 евра да беше. Ваљда за тоа мислиш? Најдобро да си праша таму.
Искрено не знам дали ни следува нешто. Јас сум невработена и плус студентка. Но немам поим дали имам право на некоја сума.
Само еднократна парична што е следи од град Скопје и од општина плус . Ете пример општина Карпош баш дава на еднократна плус кај кој едниот е невработен и сл... Друго како породилно нешто не, оти не ви тече стаж, мада може е најпаметно во Завод за вработување да прашате да не може да се пријавите како невработени па да следи нешто мада сумњам ...
Јас колку што знам следи еднократна парична помош за новороденче ама следи и за вработени, за сите е таа. Друго не сум слушнала.
Доколку си во брак, и маж ти е вработен, би требало да си средиш преку него да си осигурана. Ние баш заради здравството правевме регистрација и сега преку него си имам здравство. Не верувам дека може преку родител штом си мажена. Ама и дека си студент сеуште незнам тоа како оди. Најубаво да си се распрашаш во фондот.
А ако си е осигурана како невработена во социјално? Дали тогаш плаќа за пораѓање у државна? Требаше да се венча, ама ради короната останаа така, плус ризична бременост, па не смее од кревет да станува, не па да иде во матично, да се изложува на опасност. Плус и тој маж и мислам дека менуваше работно место, па сега е невработен. Млади се двајцата, па се уште на мама и тато. Ваљда знае некоја нешто за вака.
Се уште имам осигурување преку татко ми. Проверив пак пред некој ден. Мажена сум од февруари. Прашував и ми рекоа дека се водам според матичен број, а не според презиме. Е сеа за после породување не знам дали ќе биде проблем нешто..
На родител може додека си во заедница со родителот. Со брак, го губиш тој основ. Секако дека во овој момент ќе бидеш пријавена, ама може да има проблем некој од вас. По грешка кај татко ми бев останата како пријавена иако со години имав свое осигурување. Татко ми имаше проблем години отплосле.
Епа ќе треба да средам изгледа што побрзо. Веќе влегувам во 9 месец.. Планирав во септември како и секоја година кога се носи белешка бидејќи сум студент. Ама сега не знам по породување да не ми се појават проблеми.
Мислам сега да не си комплицираш. Они секако нема да проверат одма, ниту ќе се ангажира некој во фзо да прави такви проверки. Работата е да не го оставиш така.
И јас така планирав, да не комплицирам, секоја година во септември носам белешка за редовен студент и ми регулираат тогаш. Сега искрено не знам и колкава процедура ќе биде. Ама не знам да не ми направат проблем по породувањето за пријавување на детето.
Не е некоја процедура. Треба само книшка твоја да дадеш кај мт во фирма и они ќе те пријават преку него. едит. За пријавување на бебе никаква улога не ти игра. Бебето ќе си го пријавиш преку таткото за здравствено.
Моментално не работи административната служба кај што е вработен мм. Ќе се распрашам баш и ќе видиме кога ќе менувам.
Ако е пријавена како невработена, треба да и е покриено здравственото од државата и да не плати ништо во болница. Секако треба да си праша, сега не знам дали уште се пријавува секој месец како порано.