Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    34.057
    Што мислите за младинава денешна и нејзиниот однос кон работата? Им се работи или? Јас се почесто наидувам на случаи кога немаат скршен денар во џеб, ама сепак не работат со едно и едино оправдување-факултетот. А да не зборувам за луѓе што воопшто ништо не прават. Но сосема поинакви се случаевите со стечајци и луѓе кои останале без работа во повозрасни години, па после не е така лесно.
    Дали би работеле било што ако ви требаат пари, или сепак ќе си безделничите?
    Што мислите генерално за невработеноста и бројот на невработени што постојано се зголемува? Кои се причините?
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ако немам пари ќе работам било што.Од работа нема срамота. Срамота е да се краде она што не е твое, а ако си ги заработиш поштено парите па било каква да е работата, воопшто не е. Многу ме иритираат такви мрзи што по цел ден седат дома, здрави и прави и кукаат дека нема работа, а всушност така им одговара, да лежат по цел ден дома и да ги јадат и пијат парите од мама и тато. Посебно ме нервираат машките, кои можат полесно да најдат работа, а од пуста мрза само ги мерат улиците по цел ден, и по радо би прифатиле девојката да ги части отколку да најдат некоја работа со колку-толку плата, барем да имаат свои пари. Јас имам 18 години, и веќе една и пол година работам за викенди, и преку летото. Не дека не ми даваат од дома пари, но за луксузи нема па парите што ги заработувам и те како ми се добродојдени. Уште еднаш ќе повторам,од работа нема срамота.По срамота е да си паразит, и цел живот да чекаш пари од родителите. И ќе очекуваш од таква личност некој ден да основа фамилија и да ја одржува! Пффф |(
     
    На noli и karak им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.843
    Има многу што не сакаат да работат. Во Скопје има работа, можеби не по струка, ама секој што сака да најде - ќе најде. Е не може сите да работат во државна администрација, да си одат дома во 4.30, и да не работат за викенди. Некој мора и нешто друго да работи. За квалитетот на стаботената работа не сакам ни да зборувам, странците кога доаѓаат тука се фаќаат за глава од тоа колку се забушава.

    За надвор од Скопје можеби потешко се наоѓа, ама верувам дека таму ако сакаш да почнеш сопствен бизнис можеби полесно би одело затоа што за некои работи и нема многу конкуренција. Ова е мое мислење, и не сум сигурна дека е така.

    Ни стечајците не би ги оправдала целосно - транзицијата е таква каква што е, и мора човек да се адаптира на ново време и нови услови. Знам една жена што има 60 години, фирмата каде што работела отишла под стечај, па жената се стегнала, научила англиски и компјутери и работи во некоја странска фирма и зема добра плата. Знам и еден куп други што се снашле.

    Викаат дека реалната стапка на невработеност е 10% пониска од официјалната поради сивата економија, а јас мислам дека е уште поголема ако се сметаат нерегистрираните земјоделци. Од останатите 23 %, половина не сакаат да работат - тоа е нормално, и секаде го има. Е сега има и 10-тина % кои се навистина без работа, и поради тој дел има многу експлоатација затоа што работодавците знаат дека во секое време можат да те сменат за некој друг - и максимално го користат тоа. Сепак, ако добро си ја вршиш работата и знаеш да се избориш за солидна плата и место, тогаш е ок.
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Секој што има желба и волја за работа-ќе најде
    Многу мразам кога некој ќе рече нема работа. фала богу дека за се и за сите нема работа во фотелја и со илјада евра плата, ама каква таква може да се најде. А за младинава, посебна приказан. Имам другар кој еве го завршува со факсот. Пари, аш, одвај крај со карј врзуваат неговите заради него, а и сестра му е на факултет, замислете сега. Во неколку наврати разговарајќи за имањето средства, му реков а бе дете, ти ете си Скопје голем град е, барај нешто работи, иамш време и за тоа и за учење. И норманлно, дечково ми рече оти не сакал да се терети :tmi: А има такви мислам многу.
    Јас не се срамам да работам, нормално дека работам, им помагам на моите во тоа што тие го работат, и кога би ми се пружила шанса за работа нема да ја одбијам. Животот е таков, мораш да се трудиш па да постигнеш

    Да, и не само во СК, има работа и во Прилеп, и во Битола, секаде, има дури и во помалите места, ама како што рече Ариел, има многу што не сакаат да работат.

    И земјоделците се вработени, само уште да беше реално платено нивното производство, и тие ќе беа задоволни. Некој мора и да произведува.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    34.057
    Значи и моите другар и другарки сите привршуваат со факултетот или пак се заглавени, ама никако за работа не им текнува. Имам еден другар пиша квадрат и сега не иде на факултет и буквално не прави ништо. Само кука како нема пари. И да излеземе негде се пребројува дали ќе му стигнат или не. Мислам дека на 22/23 години веќе е срамота да бараш пари од дома. Млади, здрави, прави луѓе да кукаат дека нема работа, а не ни побарале воопшто. :| |(
     
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Невработеноста во Македонија е голема , не затоа што нема работа ..затоа што добар дел од младите не ни побарале работа .Многу подобро им се гледа да се излежуваат и да кукаат како нема пари и државата не им помага.Па никој нема дома да ти дојде и да ти каже еве работа работи ,мора малку да се потрудите .
    Работа има за оној кој сака да работи .А за останатите секогаш некој им е крив.
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    929
    da, se soglasuvam deka poveke luge ne sakaat da rabotat. NO, ne e bas taka ednostavno da se najde i rabota. Od maj baram rabota postojano. Pri kraj sum so fakultet, imam prosek nad 9 i zboruvam 3 stranski jazici, i dolgi godini sum del od poveke nevladini kade sto volontirav (znaci imam CV sto ne mnogu mladi luge vo zemjava go imaat). Barav rabota koja ke odgovara na moite kvalifikacii, no zatoa sto nikade kade sto go prativ CV to ne se ni pomacija da mi pratat odgovor (izvini, ne odgovaras na nasite kvalifikacii ili slicno) se otkazav i pocnav da barav rabota vo kafic od kade sto dobivam odgovor " Barame devojka so iskustvo". Pa dobro, od kade da vi najdam iskustvo, ako nikoj ne prima devojki bez iskustvo.
    Iskreno, frustrirana sum od celiot sistem na vrabotuvanje samo ako imas vrski i edvaj cekam da zavrsam fakultet i da apliciram za stipendija za postiplomski vo stranstvo.
     
  8. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Искрено и јас сум многу разочарана од ситуацијава во земјава. Во секој град се отвараат факултети,се запишуваат 90% од матурантите на факултет, се нуди бесплатно студирање за возрасни....во ред е сето тоа,но сметам дека на тие студенти треба да им се обезбеди работа.Има стотици правници,економисти...кои седат без работа.Најтрагично е тоа што тешко се доаѓа и до работа која не одговара на образованието.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    Вистината е дека денес секој завршува факултет.Се примаат оние кои имаат врски без разлика дали знае нешто или не.Партиските вработувања зачестуваат.
     
  10. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    Гледам дека секој си зема заправо да пишува и да критикува. Не сакам никого да навредам, и ве молам не ме сфаќајте така, демократска држава сме па секој нека си го каже мислењето. Работа можеби има, но за секој нема тоа е факт. Факт е и дека тие со врски независно какви се први влегуваат и тоа на убавите места без разлика на нивното образование, интелегенција и способност.
    Сакам да кажам повеќе за тие кои не прифаќаат или ајде еве несакаат секаде да работат. Како прво кога ќе се ОКОЗИШ учејќи и ќе пропуштиш многу работи кои твоите врсници ги прават, само затоа што знаеш дека немаш врски, се чувствуваш (а реално е така) дека си вложил многу. Сите знаеме дека поголем влог е поголема добивка, па така и очекуваме повеќе. И кога одиш таму на интервју и сам гледаш дека едноставно си спремен мислиш ОП ЌЕ ДОБИЈАМ ДОБРА РАБОТА, но едно време сфаќаш дека си само ти без кабли, зашто оние кои те интервјуираат почнуваат со смешни прашања, кои апсолутно немаат врска со ниедна работа, а и нивниот одговор е двосмислен и ти кажуваат хмм па не си сигурен во одговор на овие прашања... ќе те викнеме ако има потреба.
    Епа извинете, ама нема да одам билокаде за 12,000, а условот да е сепак факултет. Ако морам ќе одам каде што не бараат факултет за истите пари, ама барем ќе знам дека иако сум вложувала јас, за ова место не треба.
    Не судете без размислување, многу е тешко да учиш ( зборувам за вистинско учење, без навреда за останатите ), и после 4 години чекаш феедбек, ама него го нема. Верувајте самата помисла ве мачи секој ден...
     
    На snegulka21 и irenaaabt им се допаѓа ова.
  11. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    ^^потполно се согласувам,само тие што учат знаат колку е тоа болно
     
  12. K-a-t-e

    K-a-t-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Има работа за тој што сака да работи.Само се жалеме нема работа па нема работа. Работа има за тој што бара и сака да работе. Неможе да очекуваш некој да ти дојде на врата и да ти рече : сакаш ли да те вработам ? Па кај има такво нешто
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    929
    да, ама прашањето е дали има работа за струката која ја имаш и за факултет што си го завршил?? Никој не сака да работи во кафич со завршен факултет и висок просек..
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    Кукличка, не знам што факултет имаш завршено, ама одприлика ако се потрудиме се наоѓа работа и по струка, треба многу волја и упорност... Полека, полека и ќе биде :D
    Со среќа.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    34.057
    Невработеност – кој е виновен?
    Младите не би работеле за 200 евра.
    Каде е вината за високата невработеност, во владата или менталитетот на македонскиот народ? Според економистите и двете причини имаат влијание.

    Ерменија, Ел Салвадор, Доминиканската Република, Ирак, Монголија, Косово и Македонија. Земјава, во поглед на стапката на невработеност, според извештајот на „Галуп“ се најде рамо до рамо со една новоформирана држава, една пост-конфликтна држава и уште неколку земји од третиот свет. Останатите балкански држави дури и по светските економски потреси, судејки по повеќе извештаи, поуспешно се справиле со овој неповолен општествен феномен.

    Кога станува збор за невработеноста, сите посочуваат кон владата. Во услови на пазарна економија, државата е должна да создава услови за развој на приватниот сектор, кој по дефиниција би требало да биде најголемиот работодавач. Доколку тоа се случува, проблемот со невработеноста може да се реши преку ноќ, вели претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија Димитар Стојановски:

    „Домашните инвеститори или домашните компании 99,9 отсто го полнат буџетот на државата како даночни обврзници, и замислете големиот број на компании доколку би имале поволни услови, можности, коишто како амбиент од страна на владата треба да се овозможат, вработувањето може буквално преку ноќ да биде зголемено, односно невработеноста да биде намалена.“

    Но, дали сè се сведува на (не)инволвираноста на државните органи? Ова прашање е посебно соодветно ако се има предвид дека од својата независност, во земјава расте бројот на луѓе кои седат дома без работа. Има проблеми и во менталитетот, вели професорот Ѓорги Тоновски:

    „Менталитетот во однос на невработеноста можеби може да го анализираме повеќе од аспект на младата популација бидејќи некако е наметнат или присутен еден став дека е срамота да се работи за 200 евра, подобро би седел дома отколку да работам за 200 евра.“

    Токму ваквиот однос на младите е еден од најсериозните социјални проблеми со кои се соочува земјава, смета Тоновски и дополнува:

    „Меѓутоа во секој случај невработеноста е пред сè нешто што е егзистенцијално, што не е врзано со тоа дали сакам или не сакам.“

    На што се надева Владата? Во буџетот за годинава е наведена проекцијата за намалување на стапката на невработеност на 30 или 31 процент. Како ќе се оствари тоа останува отворено прашање.

    Вчера на девизната сметка на Македонија легнаа парите од Меѓународниот монетарен фонд. Имајќи предвид дека овие средства се еден вид на осигурување и ќе се користат само во кризни ситуации, мала е веројатноста дека од овие пари ќе се инвестира кон развојни цели како намалување на невработеноста.



    Веста е превземена од http://www.makdenes.org
     
  16. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    Кога ќе дадеш еден куп пари за факултетот ,пари со кои ќе живееш богателен живот,но мора да ги дадеш и кога дома како ненормален ќе се трудиш да научиш,
    или кога во студентските денови зе едно кафе ќе штедеш една недела пари и кога ќе се вратиш дома те чекаат макароните и шпагетите,
    размисли би работела за 200 евра?
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    34.057
    Па баш поради наведените причини би работела за двеста евра. И сум работела и за помалку за да не седам со рацете во џеб, да имам да си купам кафе, да си ги платам книгите и превозот.
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    И јас сум работела за 200 евра, затоа што кога човек нема пари, едноставно нема, не се работи за малку - многу туку за ич.
    Кој не го видел зортот ќе бира, а да знаете со каква радост сум си ги земала тие 200 евра, леле жива среќа бев. И пак би работела за толку пари, мора од некаде да се почне, на сите амбициите ни се големи ама реално можностите и околностите се други.
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    3.871
    Се сложувам со фактот дека невработеноста во Македонија е огромна. Но морам да кажам дека денес факултетот не е мерило за тоа дали можеш да најдеш или не работа. Главната причина е врските колку ги имаш и колку знаеш правилно да ги искористиш. Ме иритираат и тоа во огромнамера муабети од типот не учев за џабе да бидам продавачка, келнерка и садоперачка.
    Но факт е дека мора да се почне од нешто и некаде, па преку комуникација со луѓе и самонадградување ќе се искачиш погоре. Жртвата за да се постигне тоа што го сакаме е голема и мора да се помине макотрпен пат. Најлесно е да речеме нема работа... Млади, здрави, прави деца чекаат 100 ден. за цигари и кафе од родителите само за да не работат за 200 евра и да не си го понижат егото дека тие биле магистри и дипломирани граѓани на нашето општество. Немој ти се молам ми се :puke: од такви.
    Може некој ќе рече ок не си го ценам трудот со учењето, но не е така и те како си го ценам затоа што работам надвор од струка, но не застанувам тука, паралелно се борам за подобро ,а додека не го најдам она што ми одговара не се гребам и не сум терет. И сума сумаро мислам дека со малку повеќе труд секој што искрено сака да работи ќе најде работа и ќе се вработи по цена да работи било што.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.254
    Јас работам за дупло помалку од 200 евра кои беа тука назначени за мала плата, значи за 100 евра.
    И пак работам само за да не седам дома. Иако на моменти знам да избувнам и се изнаплачам дома.
    И додека јас работам за тие пари, мои колеги кои 2 пати се појавија на факултет работат преку врски во фирмишта зимаат 500 евра плата, а најјаката колешка со просек одличен седи дома и си прави магистерски труд 1 година, зашто друго не ни има што да работи.
    Од крајност во крајност. Биди и најдобар студент ако не си некој зборлест, ако неможеш да се претставиш добро на интервју, ако немаш врски ќе седиш дома зашто потценување е за твојот 9 или 10 просек да работиш нели за 200 евра, ама од друга страна па ако седиш дома за тоа време другите послаби си го наполниле своето ЦВ, тоа е предност.

    Ама најголема предност џабе полно ЦВ, џабе јазик, џабе дипломи за компјутери, џабе 10ки во индекс, предноста се врските и партиската книшка.

    На 50% ако не и поголем процент од интервјуата однапред се знае кој е вработениот, на останатиот дел од интервјуа тебе како студент надежен ќе те претрка некој со искуство, џабе ти што имаш амбиција и Монт Еверест да го искачиш, ќе те потчукнат по рамо и ќе речат твоето време допрва ќе дојде.
    Кога ќе дојде? На 25 не е време. А на 35 време ли ќе е?
    И фактор среќа ах таа среќа.
    И шансите за добро вработување се помалку и од 1 % во државава.

    На една рака може да изброиш колку фирми добри годишно се отвараат кај нас. А илјадници студенти излегуваат од факултетски врати со дипломи со желба за работа, која треба под дрво и камен да ја бараш, да молиш за една смдрлива работа за минимална плата. :devil:
     
    На fallenangel, Tanjamm и sonuvacka им се допаѓа ова.