1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Колку е само тапа ова. И надвор има вработување ако знаеш некој, но таму мора да се докажеш бе, не тука, преку партиска книшка, роднинска, семејна, немаат поим од работење,ама важно си зимаат платичка.

    Толку е мизирено, цела младина нека замине од земјава, па да видиме после колку стрижани овци ќе останат и како владава ќе најде начин да си го полни сопствениот џеб.

    Толку сме ние паднати, што незнаеме еден асален бунт да направиме бе, како пример во Грција или Бугарија, што после се што ни прават за името, им симнувам капа, што знаат да го изнесат својот револт.

    Влади паѓаат од тоа што народот ги бута цело време. Се додека не се најде некоја асалена личност да води една ебана држава со приближно 2 милион народ.
     
    На Divinebutterfly и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    night rider не работам со толку мала количина само на големо (hollest)
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Твоево е бзобразлук. Кој си ти да судиш кој со што работи и каде работи? Прво рипни па викни оп.
    Оваа не е оправдување туку личен пример:
    Имам дипломирано далечната 1990 година. По струка работев само 1 месец и 20 дена. Стабилна работа во послдниве 6 години. Останатото време не седев и не кукав туку работев, а од 99-та и дете покрај себе. Најлесно е тато носи мама меси, ама малку треба да си го запотиш г*зот за да заработиш, а не само да седиш и кукаш. Ако чекаш на заводот за вработување ќе дочекаш на куково лето.
     
    На irena.1 и joelle им се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Со ваквото мислење не би ме чудело ако е невработен, нели во државава кај нас ништо не е можно, само ако имаш книшка или слично ама верувај ми се работи и се заработува. Ти мислиш јас цел стан го платив? задолжена сум бе за 20 години, собравме за учество со пот и мака а ти најде да ја омаловажуваш мојата работа и напор. Ама ако јас ќе си работам и ќе си терам по мое а ти мрчи и биди оогорчен.
     
    На Hipica и Daleron им се допаѓа ова.
  5. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    За вработување во државна институција треба партиска книшка , и да го запотиш газот кога има избори од трчање па кој што сака нека кажи. Познавам дечко со 3 годни средно образование ,кој работи во администрација, секако член на вмро со години, па одете само по шалтерине видете ги пола не знаат да зборат се со средно се примени се со врски, тетка ми работи во матична управа и вика се на нас постарите е оставено ние по цел ден дремеме на шалтери, правиме уписи, овие новиве се шеткаат само, си прават изводи за нивни блиски, не се замараат, имаат грб позади нив .
    Братучеда ми вчера дипломираше што се вели, одма се запосли како наставник во школо, самата си кажа дека од општина ја викнале дека се ослободило работно место, ма какво интервју, какви огласи, си отиде таму и одма почна со предавања . За приватно се наоѓа работа кој сака да работи, ама се знае за каква плата, ама ако сакаш да зимаш буџетска плата само книшка и врскички :)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Буџетската плата на среднистите не е многу повисока од оние во приватниот сектор. Максимум достига со стаж до 15.000 денари. Така да платата е занемарлива во однос на посигурно работно место и навремено исплаќање на придонеси и плата. Воедно немаш газда кој што ќе лечи комплекси на тебе, ама пак некој искомплексиран раководител има. Единствено што се разликува е сигурноста во државната институција, иако ништо не е сигурно во денешно време.
     
  7. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    Дечково зима 19.000 плата, а работи од 2009, а тетка ми со стаж од +25 години, зима 15.600 . Па сега види ја разликата. Башка мала му била платата сакал повисока, па брка работа да иде нагоре, во Мвр. :/
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Партиката активност веќе и не е главен предуслов за вработување. Преполно и пренатрупано е секаде, нема место за нови вработувања. Има, но многу малку.
    Сите што ги познавам на кои им беше ветено работно место после изборите и не им е исполнето. Сите партиски војници се поприлично незадоволни. Мислам дека сега од понов датум за вработување треба само кеш.
    Сакам да кажам кој искористи искористи. За седење и уживање некој зема плата.
     
    На Hipica, Nausicaa и Daleron им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ќе ја однесеме темата Офф.
    Малку ми е нелогично со средно да зема толкава плата без прекувремени часови и ноќни смени плус тоа да има амбиции за место погоре.
    @makedonkamak се сложувам со тебе во целост.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Какво чекање од заводот? Заводот го споменав поради бројките контра твоето тврдење дека имало работа насекаде.
    Па ова што го пишуваш е само потврда на мојот став, кутра жена... :(
     
    На DraTilHelvete му/ѝ се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Значи вака завршив средно, се запишав на факултет, тешката финансиска состојба на моите родители ме принуди дур студирав да почнам да работам. За 6000 денари, да да, за толку. а факултетот паралелно, наврат нанос го завршив. Се запишав на магистратура. Во меѓувреме сменив работа за малку поголема плата, се во приватен сектор, без партии и слични работи. Завршив и магистратура. Поминат се многу години, уште работам за просечна плата. Факултетска диплома сеуште неупотребена, реалност. Сите години наназад штедев, многу. без закинтоси, лефкади и разноразни шетанции, без скапа гардероба и чевли. Од скоро си купивме стан со вереникот.
    Да бирав и да чекав со факултетот да се вработам уште ќе чекав, ја партии не играм, и не мољакам. И ќе ме читавте тука нема работа, нема работа.
    И да со скромни примања, но со педантно нивно распределување и куќа се куќи. Еве ви жив пример.
     
    На Hipica, SexiLy, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Грев ме фаќа, како што прочитав 24 години по завршување на факсот како што членката наведе истата да има неполни два месеци работа по струка и во сиот тој четврт век да има само шест години на стабилно вработување со on & off odd jobs here and there.
    Факс за џабе завршен, џабе потрошени пари и нерви, детенце добиено без да се има стабилна работа...
    А во исто време да кажува како работа имало насекаде. Тоа е веќе умствена дефицитарност бидејќи се коси со основна логика и со лично искуство, мене ми е сериозно жал.

    Симпатични се ваквите приказни, особено делот каде од 6000 денарска плата девојкава уште и штедела па дошла и до стан. Ги имам слушано многу но најчесто премолчуваат некои детали кои би ја нагрдиле замислената слика за self-made man. Or girl. :)

    Факт е дека во Македонија нема работа, бидејќи е дно на Европа во животен стандард, во број на работни места вс. невработени и бидејќи младите масовно се иселуваат.

    Туку едно прашање, зошто воопшто сте завршувале факсови па и магистратури ако не работите по струката?
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На makedonkamak и f.e.m.i.n.k.a им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Нема фирма во МК која на овој или оној начин не е врзана со власта. Свестете се, Грујо паметно ја шири својата мрежа - поданиците ги вработува по-што по-то, со испраќање на списоци до фирмите, и така ги ''држи'' со наведнати глави.
    Нема да вработиш? Колку инспекции ќе издржиш? Сам ќе му се јавиш да го молиш да ти ја прати листата, ќе отпушташ од своите луѓе за да вработуваш нови (негови). Што мислите, за кого се направени сите измени во законот за работни односи?
    Дали знаете дека фирма има право да отвори постапка за технолошки вишок и во ИСТО ВРЕМЕ да вработува нов кадар? Нека ми ја објасни некој логиката на законот - ''заради економски и деловни причини и работа со загуба'', а може и зема нови?? Се разбира, новите не се било кои :)
    Кој сака да остане во државата, навреме нека се свестува и нека игра по грујовите правила, зошто се' различно од тоа ќе значи туркање на ѕид со глава.

    Погоре напишаното доаѓа од вработен во приватен сектор, кој пред 3 години веруваше во исправноста во овој систем, и кој во тоа време успеа да издвои дел од битката кога повиканата Трудова инспекција влезе и го реши проблемот најрегуларно. 3 год подоцна, Трудова, во законскиот рок од 15 дена, не најде за сходно да излези на терен, ама затоа добив Записник како да биле. Замислете, истиот беше направен на 17ти, а во него имаше реченица ''на 24ти на работникот му беше доставено....'' Нормално, сменаа стар кадар за да вработат нов (партиски), и се' тоа им се води како најрегуларно.
    Во оваа држава? Да заминам само, аманет ќе оставам и кога ќе умрам да не ме враќаат тука |-)
     
    На okcenzi, Edie.S, butterfly4 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    многу е смешно во нашата земја кога се жалат како немале за факултет, па морале да работат а на крајот ќе запишат и завршат магистратура. А сите знаеме дека една година чини 2000евра без додавање на дополнителните трошоци за пријавување на испит исл.
    А уште посмешно е кога ќе ви речат немавме пари а си зедовме кредит за стан, односно купивме стан при куќа во која можевме да живееме со родителите и да ги делиме сметките. И додека процедурата за земање кредит значи дека мораш да дадеш 20% до 30% учество од потребниот износ за станот и воедно ратата треба да биде , да опфаќа само третина од платата -за да си кредитоспособен. А сите знаеме колку чини еден стан.
    Е сега не сакам никој да невредувам ама барем бидете реални. Да мала е платата во Македонија тоа е факт ама тешко на оној кој и таа ја нема. И немојте да се спредувате со сите, не сте во нивна кожа за да знаете. Знаеме дека на секој неговата животна приказна е најтешка. Но тоа не ни дава право да мислиме дека не постои потешка.
     
    На okcenzi, makedonkamak и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    2000 евра?! Каде бе ова? Мене 200 евра ми е година, максимум 300 со книгите.
    Инаку, за кредит за стан, истиот стан го даваш под хипотека, а влогот ти е друг кредит, потрошувачки, од 10 000 евра со куп жиранти на име на мајка ти :( Е тоа да видиш како се живее.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    За магистратура???
    еве ти последен ценовник
    http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/178_KONKURS-vtor-cklis-2014-FINAL2.pdf
    А за кредит е 100% така затоа што тоа го работев. И многу добро знам што и колку средства ти се потребни.
     
    На okcenzi и bonitacika им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    За магистратура една година е 600 евра, јас така магистрирав. Е сеа ако сака некој да си го прчи и да не учи и да плаќа по приватни, 2000 евра е. Иначе, кредит за стан сите иаме, не ни дал сите тато на рака клуч, 10 000 евра се зема потрошувачки и истиот се дава како влог. После кредит со хипотека на станот. Може си работела тоа, ама кога ке земеш кредити 2, сосема е поинаку.
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Луѓе....не сте само вие со кредити, па продавате сега тука демагогии како да се преживее и отплати кредит(и) во исто време.
    Потрошувачки од 10.000е, на 10 години (максимумот, КБ) рата 110евра.
    Станбен од 30.000евра (по претпоставка нели немате други пари, бидејќи и за учеството сте земале кредит) , рата 160 евра (на 30 год, 4,5% првите 5год, 6.75 останатите).
    И ајде сега Худини - КОЛКУ пари треба да заработувате за само на банката и' давате месечно по 270евра? Каде е секојдневното живеење, трошоци месечни (кои денес не се под 150евра тотал), храна, бензин, регистрација на кола? Одморот ќе го отфрлиме, луксуз е.
    Значи, или имате добро платени позиции, кои се реткост во денешно време, а ете вие сте имале среќа, или некој помага од страна, или имате екстра приходи од ренти, камати, дивиденти. Друго не ми текнува, најискрено....или ние другите сме расипикуќи :worried:

    Не е ова темата, ниту пак сакам да навлегувам во туѓи буџети и приватни работи, ама ај дајте реално да пишуваме на форумот, може со нашите совети ќе помогнеме на некоја фамилија во организирањето на финансиите, кој знае (fingers)
     
    На makedonkamak, okcenzi, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Зошто се буниш @Cka отвори ја адресата па ќе видиш. Значи зборам за уни. Кирил и Методиј.
    А за кредит не разбирам што сакаш да ми кажеш. Јас потенцирам колку средства се потребни за некој на свое име да земе кредит. Без да ги задолжува родителите. Ти ми потенцираш како твоите се вработени и земале потрошувачки кредит на нивно име за ти да можеш да дадиш учество.
    Сакаш да ми кажеш дека и твоите се вработени...па за мене ако сите по дома сте вработени тогаш не сте за жалење бе злато...А обезбедувањето мора да го има, дали ќе биде тоа хипотека на станот што го купуваш, дали ќе биде хипотека на куќата во која живееш тоа е твое, важно мора да го има.
    Извини ама не сакам да те жалам поради фактот што имаш два кредита за плаќање. Затоа што си можела да живееш со твоите. Значи си имала опции во животот. Единствено што ќе речам е пу,пу,пу, не дај боже, никој да не ти остане без работа. Затоа што тек тогаш ќе сватиш што ти зборам.
    Јас како лице чија професија е тоа, сметам дека е најголема глупост да земеш два кредита а да немаш потреба за тоа.
    Сакаш лути се , ама тоа е мое мислење
     
    На makedonkamak и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. bonitacika

    bonitacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Кого лажеш? Мислиш нас или сама себе се лажеш. Цените на УКИМ се тие и не се 600 евра како што кажуваш. Друго за да плаќаш стан треба да имаш најмалку 1000 евра плата. За да си дозволиш нормален живот, не раскошен. Тука влегуваат основните потреби за живот и сметките кои се плаќаат. Остантото од платата го даваш за кредит. Да не се залажуваме. Реалноста е таква.
    Можеш да си пишеш дека и 300 евра земаш плата и плаќаш кредит за стан во Скопје. Како што пишала една феминка погогоре. Тоа ти е чиста лага, смешна дури.
    Точно 300 евра уплаќаш во банка за кредитот за стан, а како ќе преживееш до први месецот без храна, сметки и пропратни трошоци?
    Може од љубов.
    Да не си правиме филмови, реалноста е друга и далеку поразлична од она што ти сакаш да ја претствиш преку твојот коментар.
     
    На makedonkamak, f.e.m.i.n.k.a, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.