Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.603
    Мајка ми ми се јавува пред некое време, целата забезекната - пријател на брат ми платил данок на имот над 150.000 ден. Ех бе мајче, замисли што имот има за да е толкав данокот - зарем треба да го жалиме? :D
    Нешто слично и муабетот со кредитите...штом банката утврдила дека има основа за давање (а кај нас се побааѓи строги во критериумите и барањата) тогаш нема потреба од жалење. Само, што вика коловоз - поплукајте во пазува и молете се да не се најдете во морето невработени, зошто имате одговорност на врат за пола ваш век.
    Што е и уште една причина зошто газдите си поигруваат со вработените, ама тоа е друга тема :)
     
    На makedonkamak, bonitacika и kolovoz им се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Убаво си одговори: немале, работеле - завршиле. Имаш студенти што волонтираат и сами си плаќаат партиципација, студенти што заминуваат на сезонска работа и сами си плаќаат магистратура дури и од 2000 евра на постдипломски на УКИМ за две години.
    Мене ми е особено мило што наброениве ги трошат парите за образование или отпочнуваат мал семеен бизнис, отколку на кола, ајфон и частење по другари. И после ќе мрчат зад грб види ја оваа со два факултети или магистратура а дете на родители без пари или самохран родител. Спечали па курчи се.
     
    На fallenangel и Daleron им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.866
    по се изгледа само јас незнам проста математика
    Баш ме интерсира колку пари се плаќаат на агенција за посредување за наоѓање на сезонска работа во странство. И баш ме интерсира дали земаат пари од дома за додека се снајдат таму. Затоа што познавам луѓе што продаваа ниви за да отидат таму. Значи пак имале па затоа отишле. Или пак и на ова ќе ми речеш дека позајмуваат па после враќаат. И баш ме интерсира кој на оваа денешница ќе ти позајми, а кредити во банка за тоа не даваат. Ама еве и да е така и на ова ќе ти речам илијадници отидоа, илјадници се снајдоа ама добро е, ако ти не си тој еден кој нема да се снајде, па ќе се врати дома со празни раце...И што потоа...
    А волонтерството е мах.6000ден мах. 6 месеци утврдено со закон во Македонија. А 200евра е партиципација во државна квота. Како сакаш врти не излегува матемтиката.

    Нема повеќе да пишувам, затоа што постојано пишувам надвор од темата...Ако мислите дека е така, во ред, ваша работа. Јас имам спротивен став и тоа е мое мислење, за кое на секое прашање имам одговор. Значи сум размислувала и сум довела став. Едноставно така размислувам...
    И не мрчам за два факултети, според мене образованието е добро. Тоа никогаш не го успорував. Можеби и јас имам магистратура ама не се удирам во гради како сум немала а сум ја завршила.
    А кој се курчи незнам.
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На mims-89, makedonkamak, Night Rider и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски

    Девојче секој студент може да земе студентски кредит. Распрашај се по штедилници и во банки, возможно е и изводливо студент да земе пари од банка со помош на еден жирант - (може да биде и твојот родител доколку е вработен).

    Јас заминав во странство без агенции и посредување, токму со ваков кредит. Сега има и убави сезонски понуди за Германија за студенти во времетраење од три месеци, исто така и практиканство по струка во истата земја.

    Генерално се слагам за едно - многу заминаа, прошетаа, спечалија пари и ги потрошија, а земените од дома ги вратија. И воопшто не им сугерирам затоа што нивната цел беше тоа: патувај и заработувај. Меѓутоа имаш и луѓе што заминаа и до соседна Грчка, направија по некој денар и се вратија купувајќи коли, реновираа, платија партиципација за школување, заостанати кредити итн. Е сега не е лесно знам, ама мораш да мрднеш со гзот и да се распрашаш за своите опции. Лесно е агенција да ти најде и да се буниш зошто им даваш 30% од твојата заработувачка.
    Значи тоа твоето: мора да земеш или да ти дадат е точно, меѓутоа без ниви и позајмици по луѓе.
     
    На toogood и Elena69221 им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    И што бидна од она со саемот, што беше? Видел ли некој аир од тоа? Нели толку го промовираа, помпезно го најавија и толку.Ех и нашава држава ќе одела напред, абе едно одење, да не можеш да кренеш глава од убаини.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.479
    Ти партиска книшка покажа кога отиде на саем? Не! Епа што прашуваш безвезе работи
     
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Чист популизам и глупост е тоа со саемите за вработување.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски

    А што се изнервира? Ако сакам ќе прашам, ако ти е безвезе, не мора да одговориш :) Знам дека партиска книшка помага, а некогаш и не, ако немаш врски е џабе, нема толку голема улога партиската книшка.Сепак на саемот имаше и доста луѓе, од толку народ, сите да ги одбијат, тогаш џабе оделе на саемот.
     
  9. galapce

    galapce Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    99.121
    Пол:
    Женски
    Vikam aj i jas da vlezam vo temava da vidam so ima.A ono se imalo samo prazno rabotno mesto da ti nemalo.
    A zosto?
    Pa site luge gi vrabotile.Taka na Sitel rekoa.Duri i za avtobusite od Svajcarija navaka trgnati,muabetot bil tocen.
    Ne gi izlazale lugeto od sitel.Oti tie sami ne si prasale do koga traat oglasite vo sluzben vesnik za da im se kaze deka na tie mesta veke se vlezeni luge uste pred da izleze oglasot.
    Kaj nas prvo se naoga rabotnikot a tek potoa se izmisluva rabotno mesto.
     
    На makedonkamak, Annath, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.557
    Допаѓања:
    36.859
    Пол:
    Женски
    Не бев на саемот, а ми пуштија и смс од аврм :D не сакав да се замарам, бидејќи се е тоа само маска , демек се нудат вработувања еве, тоа е еден владин трик, и не сакав да си трошам драгоцено време. Ни саем не помага ако немаш партиска книшка или вујко владика 8-|
     
    На bonitacika, makedonkamak, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.