1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на тие што работат за 100 евра ама ако се собере превоз и храна тие се парите пак не останува за кафе....
    Искрено јас подобро ќе работам во кафич блиску до мојата дома ( каде не трошам за превоз и храна ), ама знам дека таму не ми е потребен факултетот, отколку за 100-200 евра во фирма каде ДИРЕКТОРОТ има помалку памет од мене ( да се разбереме овде не мислам на диплома - таа не ти дава памет ).
    Инаку именуваниот ми раскажа како за од моето вработување па во наредните 5 години платата ќе ми пораснела од 8000-10,800 АЛООООООООООООо за 5 години ќе и се приближам на 30ката ќе бидам магистер и се надевам дека ќе имам дете или деца епа ДИРЕКТОРЕ се надевам дека за мене има некој поубав план ќе почекам уште малку ако не .... ќе наведнам глава и можеби ќе бришам подови... ама пак ќе знам дека за таму не ми треба факс, дека тоа било за моја лична сатисфакција...
    Ве молам делете ги работните места на кои е потребна Х диплома и се малку платени и кај оние кај што не е потребна. Јас се жалам на 200та евра онаму каде што морам да имам факултет и (просек само некаде не секаде) и незнам диплома за јазик - која чини ПАРИ. А таму каде што е потребно средно.... МОЈ Е ПРОБЛЕМОТ СО ФАКУЛТЕТОТ!!!
    извинете на нервозава ама... кога ќе се вработам ќе ми е поарно... :) Ви посакувам на сите убава работа
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Младина и работна навика се два спротивни поими.
    Чест на исклучоците кои се во многу помал процент, затоа се и исклучоци.
    Дури имаат мама и тато пари, ќе јадеме, ќе пиеме, ќе шетаме.
    Е сега како што рече rainbow има премногу млади кои не им се работи,бидејќи нели учеле факлутет за едно,а работат сосема друго.
    Кај нас тука се кочат од државните роднински вработувања кои се во изобилство.
    Таму треба да си од истиот организам ако сакаш да добиеш работно место со работно време од 8 до 3.
    Во приватните фирми сигурно нема да гледаат дали ти е роднина или не.
    Ако не си квалитетен ќе те избркаат и на клоци ако треба, бидејќи никој не сака да плаќа штета за некој што сака само на столот да си седи и ништо да не работи.
    А,да..
    работа на никој не му паднала од небо
    некој преку врски, другите снаоѓај се како што знаеш и умееш,односно треба да бидеш многу мудар и комуникативен
    Епа подобро 100 евра плата да земам во месецот, барем ќе закрпам некаква сметка, отколку да не работам ништо и да се мрчам што неможам да си најдам работа каква што сум замислила.
    Каде ли се розовите слончиња на сини облачиња?
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Некои премногу се занесуваат.
    "Јас имам факултет"....
    бре, голема работа, денес секој втор има факултет и слепо и сакато е студент и што е најтрагично - сите ќе завршат, порано или подоцна.
    Море, ултра паметна нација сме ние.

    Работам од трета година на факултет.
    Првото работно место ми беше вистинска мизерија - помеѓу 4000-6000 ден. месечно земав.
    Но, блиску ми беше до дома, и секој четврт ден ми беше слободен.
    Издржав точно една година.
    Парите секако беа малку, но битно беше стекнувањето на работна навика, учење како да си го организираш времето и најважно - да видиш со каков свет ќе си имаш работа во иднина.
    Во министерството бев година и 5 месеци. За тоа време, земав дури 7 нередовни плати од по 12 000 ден.
    На третово работно место, во приватна фирма сум веќе 4 месеци.
    На интервјуто немаше чиче, бате, стрина и скоро никому не му беше гајле имам ли диплома или немам.
    Има вработени во фирмата и со средно, ама вредни и способни.

    Не се сите будали да седат 10 часа на работа (како јас овие три недели), и да креваат на повици во ниедна доба од денот и ноќта, и да работат 9 саботи по ред, итн, итн...

    Наместо тоа, чекаат работа по струка и само кукаат како нема и како е малку.
    Да, малку е.
    Да, ништо од овие горенаведени работи не ми е по струка, ниту приближно.
    Да, некој со средно веќе има решение во администрација и гледа да истурка од пон-петок до 16.30, да се искуца, и да лапа плата од данокот кој го плаќаме сите, и уво да не го боли.
    И да, јас и со мојата диплома, можам да си ја напикам во г*з, зашто очигледно не ми е доволна, не се доволни ниту моите додипломски, ниту сите сертификатчиња кои ги поседувам, кога ќе положам лекторски испит, ќе ми фалат посдипломски, здравје ако ги положам нив, ќе ми фали нешто сосем трето во оваа изопачена држава и
    НЕ! нема да кренам раце така лесно, ќе туркам и буткам, за инат, со сила и ќе стигнам до тоа што го заслужувам, па макар и крв проплакала, зашто ништо не паѓа подарено и од небо, зашто и моите на тој начин постигнале се' што имаат денес, како и нивните родители и нивните родители...

    Апел до сите свежо дипломирани - ништо таму надвор не е розево.
    Ниту фер.
    И работа има.
    Прашањето е - колку изговори имате вие, за да не работите?
     
    На Elenpelen, fallenangel, creshicka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Тренди може во Скопје е така, но во помалите места не е баш.Ете и јас имам диплома и еден куп сертификати ама не барам работа само со неа.Значи барам било каква, верувај имам испратено цв и за продавачка и за секретарка и за што уште не.Досега за година и пол и за испратени сигурно 50 цв(ако не и повеќе) ми се имаат јавено знаеш колку пати...2!! И секогаш беа зачудени како јас со факултет ќе ја работам таа работа, ме тапкаа по рамо и ми велеа преквалификувана си..(кога тогаш ќе бегаш) ќе ти излезе среќа во струката. И се останува на тоа..Кај нас се функционира со книшка или со тате и бате..јас ги немам и двете и ете си седам дома и си пратам огласи.. Во мало место со многу невработени секој има некој близок кој ќе пополни некое испразнето место.Ми останува само да се надевам дека и мене ќе ми упали така :tmi:
     
  5. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со ова.И јас сум со факултет,барав работа,почнав како продавачка во маркет каде што платата ми беше 6000,работно време во смени,а јас живеам подалеку од градот и навечер ми требаа минимум 120-130 ден за такси,плус автобус,храна...Кога ќе собереш се од платата ми остануваа 1500-2000 ден.Каде се не пробав за работа но се функционира на принцип кој те познава,дали имаш врски за вработување,дали си веќе мажена со деца или и тоа не ти е решено(ова се повеќе го потенцираат при разговорите)...Значи секаде е иста приказна,за Скопје неможам да кажам,но во помалите градови се функционира вака.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Разбирам дека во малите градови има помалку можности за вработување, за кариерна изградба, за некаков амбициозен личен раст. Ама навистина прашањето е што ви е на вас целта?
    Дали сакате со факултет да се прилагодите на таа ситуација која е моментално актуелна за вашиот град и да работите како продавачка, или пак ќе го зграпчите моментот, ќе појдете во поголем град каде што има шанса да си најдете и пристојна работа? Белким не сте го завршиле за да седите дома и да чекате од небо да ви падне некоја работа па уште и по струка?!

    Маченце, конкретно ти ми падна во око со твојот пост :) Значи велиш дека си пратила ЦВ-а и дека си чекала некој да ти се јави, а си од мал град. Е сега не знам од кој град си ама ако чекаш да ти се јават отиде и тоа. Ако си од мал град, излези, прошетај, распрашај се, немаш сигурно километри за шетање како во Џу Јорк нели? ;) Не верувам за продавачка дека треба баш да чекаш на мејл да добиеш покана за интервју.
    Не сакам да те напаѓам, туку чисто онака размислувам, дека не секогаш треба и само да се чека. Ако нешто очајно посакуваш - тогаш ќе бидеш подготвена на секакви потези. А да прошеташ и да се распрашаш за работа лично низ градот - тој потег е барем минимален. Во секој случај ништо не губиш нели?

    Сега чисто онака општо размислено, не оправдувам седење дома и чекање. И наоѓање изговори. Едноставно сум видела дома во најголемата криза како се отпочнал нов живот од почеток и се успеало. Се е до карактерот на човекот. Или човек има заби и се бори во дадената ситуација или едноставно седи и плука по држава, по систем, по временските услови, по тоа дека е денес четврток а во четврток не смее да се мрдне со лево прсте итн.

    Не ја негирам големата невработеност во Македонија. Не негирам тоа дека приватните газди - или барем повеќето од нив, го искористуваат максимално трудот на своите вработени а потоа не им обезбедуваат основни работи кои следуваат - како на пример плата која редовно доцни |( Меѓутоа знам дека успеваат оние кои се упорни и кои покажуваат заби. Е сега или ќе ги наострите или нема. Останува на вас.
     
    На JuLleE, rossonerka и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас сум за тоа биди упорен, работи ако треба и за помалку пари, верувам дека ќе се исплати. Ако не верувам немаше година ипол да работам до сега. Вечен оптимист сум, со краткотрајни испади :lol:

    Иначе морам да спомнам еден пример на пријателка која заврши едни постдипломски во Македонија со фантастичен успех, и уште едни постидпломски со комплетна стипендија во странство на одличен универзитет, за жал област која е потешка за работа меѓународно право-дипломатија.
    Немаше книшка за да ја бутнат во министерство, а и процедурата денес кога секој втор вади книшка само за работа е тешка зашто пред тебе има уште илјадници кои трчкараат за тоа место.
    А година дена одеше на интервјуа од фирмички до фирмишта.
    Секаде ја враќаа, знаете со кои зборови? ПРЕКВАЛИФИКУВАНА СИ!
    Сега среќа си најде работа не е со она што го студираше, ама барем солидно е платена.
    И не се откажуваше иако студираше на престижен универзитет, иако имаше 2 постдипломски и бараше да прифати и пракса ако треба.

    А најинтересно ми е она ееееее ја сум со средно и барам работа, ама добра работа минимум 15 000.
    Алооо оно со постдипломски работат за под 10 000.
    Секогаш се почнува од малку, ако си солиден ќе добиеш што заслужуваш.
    Или често бараат работа, кукаат, викаат и кога ќе ги прашаш а праќаш ЦВ? Бараш огласи? Добиваш одговор НЕ! Епа никој нема да чукне дома на врата и да те покани во нивната фирма за 25 илјадарки плата.

    Кај нас во нашава земја предодредена за земјоделска земја, срамота е да си земјоделец па мама и тато продаваат нивишта за нивниот син да е економист, програмер итн. Срамота е денес да работиш и занаетчиски работи. Па и владата фура програми за студирање.
    Ќе дојдеме до тоа ниво да ќе гледаме огласи Д-р М-р Трајко Трајковски бара било каква работа!
    Младите се повеќе се запишуваат на постдипломски и докторски студии само зашто немаат работа. Седењето дома и ненаоѓање на работа ти да дава некоја лажна амбиција да продолжиш со студирање, божем така на тацна ќе ти е дадено вработувањето.
    Никаква престиж денес не се постдипломските, а мож за некоја година доктор на науки ќе е секој 5ти.
     
    На JuLleE и sonce777 им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    150.561
    Да сте ми живи и здрави за темава...
    Невработеноста во Македонија,особено кај помладите е заради тоа што пазарот на работна сила е преполн со тн преквалификувани,што нема простор за конкуренција.Зошто е тоа така?!Затоа што под присилна на некои настани кои ни претходеа по осамостојувањето на Македонија,луѓето сметаа дека за да успееш тука,треба да имаш диплома,затоа што само тие успешно испокрадоа и фатија фотељи.А потоа следи како главен удар,кампањата на владата за задолжително средно образование и зборување дека се повеќе млади луѓе се запишуваат на факултет.Што се случува потоа?!Прво,фала богу,секој сака да се пикне во државна администрација,затоа што и онака приватните бизниси не цветаат,освен поголемите компании во кои доминантен е странскиот капиталн и се бара навистина квалитет,второ,Македонија,иако би требало да биде земјоделска држава,тоа е невозможно повеќе,затоа што никој со универзитетска диплома не би сакал да копа на нива,трето,веќе нема обичен работник и навистина е жално,среднист да ставиш во погон,особено затоа што порано,со средно или не биле ценети и можело пристојно да се заработува и живее и не бил никаков срам или престиж,а воедно многу постари генерации на индиректен начин ги навредуваме,четврто,заради овој систем на функционирање се повеќе е на цена партиската книшка како начин за вработување затоа што пазарот на работна сила е презаситен и има толку многу луѓе со исти квалитети,што веќе нема слободна конкуренција на него,како петто,исто за работниците во погони,прво немаме развиена индустрија,а и да имаме,нема кој да работи,нели?!И врти-сучи,прва работа која ни ја урива економијата е оваа,а уште попоразителен е фактот што имаме толку многу образовани момци и девојки,а толку многу неспособни да создадат и смислат стратегија за оправање на економијата и воошто сите социо-економски проблеми,што уште повеќе говори за фактот дека кај нас генерално не постои доволно квалитетно образование,а оценките 10ки на факс...па што знам,што се однесува до мене може тие страни од индексите да ги скинат и да си ги избришат задниците.
    Јас познавам мои колеги со просеци јаки,искрено...се простаци невидени,а башка што нивниот поглед кон светот е крајно ограничен и не поседуваат никакво општо образование,а да не разговарам за тоа дека немаат никаков морален и етички подков(не мора да е не знам каков,светов не функционира така у секој случај,ама нужно е основниот осет да го имаат,но го немаат),а еве уште не излезени од амфитеатри,на дело го гледам преку некои конкретни настани на факултетот.
    Да не должам,владата со последната кампања за образованието,ќе не дотепа скроз.У иднина ... ќе можеме да си седнеме сите по една дебела оревова сенка и да млатиме празна слама за суштината на постоењето и за некои метафизички срања,а при тоа еден по еден ќе умираме од глад,затоа што само за философирање не бидува и за погрешно сфаќање на нештата,да не речам идиотски.И секој странец шо ќе дојде и ќе каже...леле што фин,топол и срдечен народ сте...ми оди на му ѕвекнам една,затоа што не сме!
    И да се надоврзам за тутунарите...епа ако е тоа е така,тоа е дел од нашиот прост менталитет,ама за тоа на друга тема.
     
    На Sunchild, fallenangel, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Нема невработеност само во Македонија, верувајте ми, рецесијата сегде зеде замав, но негде повеќе се почувствува, негде помалку.

    Што е проблемов со нашава држава? Проблемот е што кога ќе се вработи одредена група на луѓе, автоматски тој факултет станува "најпрестижен", а при тоа воопшто не се размислува дали по 4,5 години кога студентот ќе заврши ќе биде така. Затоа одредена група да речиме јазичари и информатичари се вработија, но уште поголема група останаа да седат дома.

    Другиот проблем е тоа што кај нас, секој студира. Прогуглајте малку и ќе видите дека во друга држава, на факултет се запишува просечно 60% од населението, додека кај нас тој процент е доста поголем. Па заради тоа и способни и неспособни си имаат дипломи. Па после со помош на книшки, се вработуваат. Не се сите луѓе програмирани за учење, не може една држава да има 90% од младо население кое завршило факултет.

    Приватизацијата, и со тоа што се затворија голем број на фабрики исто влијае затоа што голем број на работници останаа без работа. Кога би имало повеќе државни институции, многу поинаку би се одвивале работите. Се на се, сума сумарум, тешка е ситуацијата, но не е невозможна. Затоа треба убаво отворање на очи за избор на факултет и упорност, само упорност. Една од моите професорки тропала на вратите на повеќе од 20 училишта и приватни фирми, и секако на крај се вработи. Мајка ми бараше 3 години работа, пред да се вработи, но со упорност сето тоа се исплати.

    Негативно делува тоа што кај нас цените на прозиводите се отидени многу повеќе отколку што дозволува една просечна плата. Платите не се доволни за сметките да се доисплатат, а не пак да си дозволиш мал луксуз. Тоа многу ги депримира луѓето, но сепак таква ни е ситуацијата, такви ни се условите и место да се жалиме, подобро да работиме нешто отколку да седиме дома, нели.

    За тие што само седат дома и кукаат, за нив не ни ми се дискутира, нека си седат дома поарно, кога не им се пробува, нека не пробуваат. Никогаш не можеш да знаеш како ќе ти се одвива таа работа за неколку години. А за тие што пробале, но не успеале не треба да ја губат силата, кога имале сила да прашаат на 10 места, нека најдат сила да прашаат за уште 10.

    Сепак полесно е еден човек да се адаптира на целиот свет, отколку тој човек да живее во очекувања тој свет да се адаптира на него.
     
    На glosipgirl, JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Има вистина во ова Спаркс што го кажува особено во делот за високото образование. Во Македонија навистина се сите или економисти, или правници, или доктори. Чат пат по некој јазичар или програмер. Земено онака општо, из ширине, из дубине.

    На пример во Швајцарија веќе на почеток на средно образование се класифицираат учениците според просек, интереси и други слични критериуми кој ќе учи понатаму занает а кој ќе студира факултет. Така државата никогаш не е во недостиг на занаетџии и да ги наречам обични работници како ѕидари, месари, молери итн. ниту пак во недостиг на интелигенција (ако можам вака да ги класифицирам оние кои продолжуваат со факултетско образование).
    Замислете, си одите во школо и се одлучувате да станете ѕидари. Си го учите занаетот и потоа си го работите, си земате пристојна плата и си обезбедувате сосема пристоен живот. И секако немате најмал проблем ниту никаков комплекс на пониска вредност да кажете гласно и јасно - ЅИДАР сум!

    А во Македонија? Е тука сите сакаат да се директори. Сите сакаат да земат прва плата која ќе биде висока, високааа да можат уште веднаш да си купат стан или кола за да можат клучевите да ги опнат на маса, за да ги види нив светот кои се. Битно се ценат себеси! Не можат они да работат било што за билокаква пара! И така додека мама меси, тато носи, баба добива пензија а дедо вади по некоја испеглана банкнота од некој стар Вујаклија, магарено со начукани 30 и кусур години, ќе отиде да си ја истера дневната кафе шема во Чао и додека го срка своето макијато, дига телефон и почнува да се жали или да пцуе „Е*ате државата! Што праам еве сееедам! Нема работа, тоа е!“
    За да биде уште пожалосно вакви магариња како јас милувам да ги наречам познавам и реално постојат.

    Врти, сучи, тоа ти е Македонија :)
     
    На Annath и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^Maлку офтопик, ама се надевам нема да ме караат модераторкиве, морам уште ова да го кажам.

    Многу ми се допаѓа таканаречениот систем на "head hunters", односно ловци на глави како што милуваат некои да кажат. Значи некој работодавец, си плаќа одредена група на луѓе да ги следат учениците уште пред да станат студенти, да видат дали ги бива или не за работата која тој ја работи, ако примети потенцијал во некое дете, му ги плаќа студиите, но го условува потоа тоа дете со договор да работи за него некој период.

    Поубаво здравје, ем ќе го работиш она за кое навистина те бива, ем ќе ти ги платат студиите, ем ќе имаш работа после. Од поголемите бизнисмени, не е никој луд да дозволи дете со потенцијал да го пропушти кое би можело да придонесе многу за неговата фирма.

    Онтопик, кај нас исто смета тоа што има многу факултети на кои што учат многу малку студенти, затоа што тоа веќе одамна не функционира. Пример металуршкиот факултет. Што со него после? Дефектологија исто. Едвај по еден дефектолог ако има во град. Има многу вакви случаи, и тоа е главниот проблем кај нас. Што има навала на едни факултети, а други полека изумираат. Во ред е некои да бидат со поголем број на студенти од други, тоа сегде во светот е така, ама не смее да се дозволи економски факултет да има во неколку градови и само таму да има навала, а после сите "eкономисти", додека од друга струка има многу малку.

    Не ни фали нас подобрување на сектор за вработување за луѓе кои студираат на вакви добро посетени факултети, ни фали подобрување на сектор за вработување за луѓе кои студираат на факултети на кои нема толкава навала.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Пирамидче сум пробала и така, верувај дека никој не те прима ако не те познава.Ама баш никој. Кај мене во друштво, од 13 души колку сме,(од кои 9 се со факултет) работат само 4, и тоа 2 во фирмата на татко им. Епа тато нема фирма за жал. Не се откажувам лесно и јас. За цв праќам таму каде има огласи а тоа со барање онака го правам скоро секоја недела каде се научам дека бараат работници. За во голем град работев во Скопје после факултет година дена, ама кога ќе се пресметаш за кирија и трошоци и пат за до дома ти останува да работиш за лепи очи.Јас не се откажувам, знам дека кога тогаш мора да излезе нешто, во меѓувреме се надоградадувам па кога тогаш ќе се сменат работите, не може секогаш да е вака ;)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Факт е дека во Македонија невработеност постои.Неоспорен факт.И непотизам и наместени огласи.Меѓутоа дека не се наоѓа ама баш никаква работа-е самоизмама.
    Јас првите сопствени пари ги заработив на 14год.продавајќи сладолед.Цела средна школа за викендите скоро секогаш работев по шанкови и земав многу солиден хонорар+бакшиш.Досега сум работела на 2 административни работни места-сметководител и комерцијалист(референт за продазба) и како продавач во повеќе фирми.А имам факултет од групата економски факултети е,соу ват?!Требаше цело време да си чекам дома да дојде некој и да ме вработи по струка?!
    За време на студиите работев паралелно и вонредно ги завршив студиите(кои во голема мера ги самофинансирав) со просек над 8,што е златна средина,ама одев на работа+учев+имав дечко и толку успеав да го распределам времето :lol: .
    Првите 2 компании каде имав административно работно место сама ги напуштив поради премала плата(од 4.800-7.200),сега сум во приватен сектор со месечни примања од 9.700-10.300.Плус ја чистам зградава каде зивеам и тоа се дополнителни 1.800 ден.приход.И за крај,моето семејство има земено нива под наем,работам и тука-копање,садење,вадење и се‘останато е овде приходот е варијабилен,ама го има и тоа и кеш и храна(а оние во брак и др.кои учествуваат во домашниот буџет,знаат колкави се издатоците токму за храната) и не се мавам в гради „Абе,еј,јас имам факултет„.А на тие што го прават тоа им порачувам „Имам и јас,ама за разлика од тебе имам и нешто плус - свои сопствени приходи„.
    Ова дојде како CV да пишував :lol: ,ама поентата ми е ако сакате еден ден да земете пензија треба да имате најмалку 15 год.работен стаз,а тој со дремење дома и со денски кафе-шеми и ноќни лумпераи не се стекнува.Секое работно место е искуство плус,мене секогаш ми помагало да дојдам до ново вработување токму искуството.Не дека не сакам да имам убава работа со висока платичка,ама во меѓувреме не седам со скрстени раце.Размислете,доколку поседувате сопствена компанија дали би вработиле некој со 35год.старост и сите 10-ки во индекс а нема ни ден работно искуство,зошто го чекал вистинското вработување,како што нашите прабаби и прадедовци ја чекале првата брачна ноќ?Јас не би,за др.секој си знае.
    И не е дека мене моите ме мразеле па ме терале да се измачувам,јас сама согледав дека морам да им помогнам,кога мајка ми остана на 48год.технолошки вишок,со 30год.работен стаз,и да чека 62год.старост за пензија,а како 18год.девојче почнала да работи.Така се одлучи да работи на нивата и јас веднаш се одлучив да помагам и таму најмногу што мозам.
    Повеќето од овие млади луѓе кои си шеткаат свиркајќи нека се замислат на мигрените на мајка им и притисокот од 200 на татко им кои се секојдневни,пред да останат со истото безделничко убедување за нивната супериорност со просеци.И ова го велам најдобронамерно,а не за да провоцирам некого :!: .
     
    На glosipgirl, Espadrila, kikikikirika и 6 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    студирав бизнис коресподенција до пред неколку месеци, но морав да ги прекинам студиите заради недостаток на финансии
    аплицирам секаде, ама буквално секаде од техничка секретарка, деловен асистент, продавачка во обична продавница, во бутик , во оптика, презентер дури и пробав во УНИЦЕФ; УНДП;и нели ке ме повикаат на интервју , ке ти се јавиме и останува на тоа па ти ако немаш попаметна работа чекај

    до каде и до кога вака навистина незнам, но не губам надеж како што се вели надежта умира последна :$ па единствено тоа ни останува.
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Точно е дека во Македонија има голема бројка на невработени лица, можеби тоа се должи на лошата политика, секоја партија гледа да си ги пикне своите на работа па после за младите нема работа и претежно имаме излив на мозоци од државата, да се запрашаме зошто? Јас дипломирав сега сум на мастер па каде што сум конкурилала за работа никаде не ме повикале на разговор или ако ме повикале поставуваат услови итн. Мислам дека денешнава младина е уништена
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    Секој што има желба и волја за работа-ќе најде
    е ова е тоа што највеке ме нервира :envy: сигурна сум дека во скопје, има повеке шанси за вработување, без разлика дали е по струка или е, имам роднини таму, сите работат, а и ако не им се допаѓа таа работа работа си наоѓаат друга, др пример:една наша пријателка се пресели ск и одма си најде работа преку агенција за привремени работи,ама кај нас еве конкретно во бт тие агенции се само шо би рекле старите лажи пари. јас веке две години се имам пријавено во Партенер конкретно и досега ама баш ниеднаш не ми имаат кажано за некоја работа.Се имам јавувано на сите можни огласи, за продавачка, за бутик, ....абе каде не, и се за џабе,имам завршено фах но сето тоа не ми вреди ништо,уште кога ке им кажеш дека имаш фах а сакаш да работиш во продавница, одма те елиминираат ко божем ке сум ги крадела,абе глуп народ :@ во бт можеш да одиш да работиш во текстилните фабрики на грците и тоа за 5000 ден месечно, а ке работиш цел деннннн..... и не само таму, дечкоми работеше конкретно во Цермат во Бт, и дали знаете дека одеа по 13-16 сати на работа а еден сат му беше платен 50 ден?????нити осигуран, ни плата на картичка се на рака,душата им ја вадат,,е сега видете колку имаме ние можност да работиме во др градови, ако нашите татковци не се директори?????? е сето ова е вака затоа што нема воопшто контрола во оваа наша никаква држава, сите се исповрзани, и сакаме да одиме напред???? или ке имаш јаки врски за работа, или ке бидеш извинете вака курва, па ке имаш работа ;) другарка ми кога отиде на интрвју за работа во бутик, морло двајцата газди да ја видат, и и рекле ке мора да се облекуваш малку попровокативно, за срамота.... е вака нема да одиме напред :devil:
     
  17. irenaaabt

    irenaaabt Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    оној што има студирано во друг град знае колку е тешко и скапо школувањето, а плус и да има висок просек,а и плус да имаш магистерска од старата рограма со 10 просек, и бараш работа 4 години, можеби на 20 години изгледа многу полесно и мислиш дека ке прифатиш се, но понатака не е така, а посебно за бт да не зборувам каде што луѓето работат за 6000 ден бидејќи морат да ги прехранат своите семејства :( а скопје точно дека има повеке работа, и дека скоро во секоја фамилија се повекето вработени,а многу помалку луѓе подстечај, за разлика од другите градови, но сепак по струка е тешко и таму да се најде работа, еве веќе 4г барам работа секадее :(
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Во право си. Јас имав среќа по струка да работам и да земам добри 20.000. ама луѓе на оваа скапотија и на овие млади години тоа и не се многу пари кога ќе размислам колку труд вложив. Сега во овие млади гдоини се создава , во времето на СФРЈ со една плата човек можел фамилија да издржува. Ај сега нека издржува ако му е платата 10.000 ден или 8000 ден. За мене не е во ред девојче со факултет да работи во кафиќ или во продавничка, фабрика каде има женички со основно образование. Штета е , ама тоа е , квалитетот ретко кој го вреднува. Сум била на инервјуа, си бараат некој наивен да им работи месец дена и да го избркаат без пари Што им е нив битно дализ борувам 3 јазици.
    Тоа полека на другарка ми и беше период од 3 год, и работеше на крај 30 дена во месец по 10 саати и пак пла пари не и ги дадоа. А девојчето со факултет. Е каде тоа се наоѓа?Кажувам за поголем град, не за мали места каде ништо не функционира и по бутици седат за плаат од 4.000 или 5.000, и тоа го има .
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со мислењето на Теодора 100%. Браво!!!

    Работа нема-тоа е факт ама има неколку работи што ми бодат очи:

    ПрвоГледам сите пишале "млади луѓе завршиле факултет а работат тоа и тоа". Прашањето е Како се запишале на факс без да го испитаат пазарот на трудот? И јас сакав да станам адвокат ама видов врие од адвокати па фино лепо стурирам технички науки каде што има многу поголема побарувачка во моментот од квалификуван кадар. Не е само да зе заврши факс, фала богу Педагошки сите го завршија имаш учителки дипломирани на секое ќоше. На крај на студии сум, иден инженер во моментов знам неколку места слободни за мојата струка (додуша не убаво платени), сите мои дипломирани пријатели се вработија, ама не отидоа на педагошки туку на машински технолошки градежен...
    Второ Забележувам секој сака канцелариска работа. Зошто? Тука е нашиот проблем. Научени од времето на Југославија нишај врата земај плата, ке се истепаат кој службеник да биде.
    Трето Не знам зошто се срамат лугето од земјоделие. Ете јас живеам во место каде лугето живеат од земјоделие. Еден член во семејството оди на равота на пример зема 12000 плата со тоа си плакаат сметки а цело семејство заедно си работат само земјоделие и годишно си земаат 20000 евра. Е па мајка ми и татко ми кои работат на државна работа треба 3 години за тие пари да работат. Во местото кај што живеам не познавам земјоделци а да немаата автомобил, да не одишле на одмор или слично...
    Четврто Се ми се чини дека нашите луге не се амбициозни ич. Оние амбициозни луге што ги имам сретнато ни еден од нив не проси за леб. Почнува едно, не успева, почнува друго, зема од ваму, вложува таму ама на крај пак успеваат. Кај нас повекето ке почнат со едно нема да му успее и тапка во место. Имам другарка 8 години чека од дома да ја викнат и директорка да ја стават. Па заврши бе мајката еден курс научи некој занает почни нешто снајди се...

    Луѓе на работата нема срам. Живеам во семејство каде парите не се голем проблем ама пак секое лето работам или на шанк, или во погон, или миење чаши во ресторан. Летово бев чистачка во странство. Гајле ми е лугето што зборат јас пари за студирање годинава си обезбедив. Ке направам се што е во моја моќ за да работам во струка, но ако нема, прифакам секаква работа. Дури и ако работам во струка а не е платено, прифакам приватно и земјоделец да сум. И сигурна сум дека пак ке имам повеке пари од оние што лижат газови по партии за да бидат административци.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Ја советуваш лично да оди по фирми. Па знаеш ли дека во малите места фирмите на прсти се бројат и пола се неплаќачи. Моја другарка одеше по фирми и носеше цв и тоа цв којзане во кој ќош завршило. Никој не те ферма. Не можеш да додјеш до директорот или некој друг на кој во 2 реченици ќе му кажеш што сакаш. А што е со малите градови акде има 4 бутика и 3 маркети и 2 продавници. Верувај дека таму леб за интелектуалци нема, затоа доаѓаат во ск.