Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    3.816
    Ако се сака ќе се најде, ама тоа некогаш значи да поминат 2-3 год, и на крај плата од 10.000 ден, и ништо не се сигурно. Се на се во оваа држава ретко кој газда го цени и плаќа трудот.
     
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    718
    Не го сфаќам тоа барање работа 2-3 год. а што ќе се прави во период од тие 2-3 год. само ќе се седи и чека или...??? Можеби ќе почнам да го сфаќам догодина кога ќе барам работа поактивно, ова лето барав работа по струка и дури бев на неколку интервјуа, но подоцна не бидна ништо, но и јас сум свесен дека имам уште 1 год. од студиите па нереално беше некој да ми даде цело работно време кога еве сега од септември пак почнувам со зимски семестар. Но, како и да е, знам дека не оди лесно наоѓањето работа, но предавање нема. Ќе се најде работа сигурен сум во тоа, ама се надевам ќе ги избегнам тие нервози, неизвесност, мала и деградирачка плата уште во старт и сл. но ако така мора да биде нека биде.

    Што се однесува до невработеноста во Македонија, точно е дека е на големо ниво, но од друга страна па и ние сакаме повеќе да легаме и да имаме пари што не оди заедно. Како и да е не би прифатил било каква работа за 100-200 евра затоа што сега за сега не сум принуден на такво нешто. Верувам во моите квалитети и знам дека можам многу повеќе отколку да бидам физички работник и да се мешам со луѓе кои едноставно не се на исто ниво како мене и се со пониско образование и во суштина се попростички и поглупи, не дискриминирам ама така си е хехе. Во тој контекст воопшто не се сложувам со изнесеното од страна на Rainbow уште пред 2 год.

    За првиот болд не се согласувам затоа што Rainbow fails to understand the education system. :P Факултет е истовремено (привремена) пречка, но и чекор напред кон наоѓање подобра работа. Пречка е затоа што додека трае студентската година (септември-мај) многу тешко дека можеш да најдеш работа посебно ако си на факултет кој бара редовност на наставата и вежбите т.е. пред се ако си посветен на студиите, а инаку може формално да се водиш како студент + ич да не учиш и + да кукаш како нема работа што значи само стагнираш во животот. Е таквите луѓе се за осудување и верувам за тие лица дискутира виножитото хехе. Ако збориме за некоја викенд и хонорарна работа или летна работа секако дека може да се најде ако се има волја, ама јас зборам за работа full-time затоа што сепак од таква работа се живее.

    За вториот болд воопшто не се согласувам дека на 22/23 год. е срамота да бараш пари од дома затоа што најголемиот дел од нашата младина до 24-25 во некои екстремни случаи и до 30 год. е зависна до одреден степен од своите дома, а некои тешки случаи и на 35+ год. уште си ги сакаат мама и тато заради пари. :lol: Не секој се родил во фамилија која што има врски и уште на 19-20 год. да си работи во фирмичка кај тато и да крка по 500 евра какви што кретенчиња познавам. :lol: Кретенчиња затоа што сакаат да ме направат луд и да ме убедат дека “чесно и искрено“ си се избориле за работната позиција и платата. :lol: Такви приказни може на помали деца хехе. Но, да продолжам со дискусијата, оној што се одлучил да оди на државен факултет за кој во просек требаат 4-5 год. и под услов да почне да студира на 19 год. значи за 4-5 год. ќе биде при крај тоа е 23-24 год. така што 22-23 год. не е “срамна“ возраст за барање пари од дома. Јас лично не барам пари од дома, мене ми даваат сами. :D И со дадениот буџет си го терам месецот. Мора така да биде додека да се вработам и после ќе си уживам на своја сметка.

    Еве вакви луѓе како во примеров се за критикување: Имам другарче “дебилче“ во моето маало кој се обиде да студира, но пошто едвај средно заврши “студираше“ една год., ги “заврши“ студиите хаха и од тогаш седи дома, безделничи надвор и кука како нема пари и работа. :rofl: Е тоа ми е трагикомичен случај. Го има целото слободно време на светот, знае дека е во fucked up position, времето си лета, а он не прави ништо конкретно. Инаку мој врсник е. Додуша прави нешто, се жали дека нема работа и каде и да оди негде да работи, се е пробно, 2-3 дена работи, му исплаќаат дневница и толку чао пријатно. Добро барем земе некој денар за тие 2-3 дена ако ништо друго. :D Е тоа е моќта утре да имаш факултет нема некој вака да те заебава но исто така не значи дека многу лесно ќе оди по default. Ама сметам дека многу поубаво е кога си имаш факултет и струка и знаеш дека сакаш тоа и тоа да го работиш, а не вака како мојот friend дај што даваш работа. :D Затоа мислам дека тие што си се усмерени со струка и знаат што сакаат да работат наоѓаат работа, додека оние што бараат работа од типот “барам било каква работа“ и не поминуваат баш најлесно. Just my opinion...

    После долго време толку се распишав. :D
     
  3. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Проблемот е до државата гледав статистика дека сме една од најсиромашни во Европа.Разговарав на chat со една од USA и ја прашувам како ги објавувате работните места кај вас ми каза на Интернет или со врска,и ме прасува за нас јас велам никако. :lol:
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    3.816
    Ќе најдеш работа, ќе работиш 2-3 год, од 8000 или 9000 ќе ти качат на 10.000, или ајде на 12000, а со факултет. Сакав да кажам и да најдеш работа споро се напредува. Арно ако останеш на работа 2-3 год, ако не те избркаат или ако не бидеш принуден сам да дадеш отказ.
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.413
    Oва е еден од основните проблеми со кои се соочува нашата држава Mакедонија.
    Стапката на невработеност е огромна.Младите се без работа, не затоа што несакаат да работат, туку навистина се нема услови за соодветно вработување.Велат младите несакаат да работат.Има и такви ама тие не треба да и бидат изговор на институциите,со кои залажуваат.Повеќето сакаат да работат.Работа едноставно нема.Оние пак кои се вработени се соочуват со поголеми проблеми од кога биле невработени.
    Се вработуваат со надеж за подобро утре , со мисла дека конечно ќе стават некој денар во џеб.Ама кога ќе се земе плата и се распредат трошоците за живот пак не останува ништо.Што е најболно речиси постојано се на работа, па немаат време за ништо друго, а соништата за нов стан, кука , кола , за формирање семејство, пагаат во вода.
    Се сведува да помислиме дека многу работи не се во ред.Потребно е да се мисли со здрав разум, а не да се наогаат изговори, дека лугето не сакаат да работат.За жал денес вредните се ставаат на ниво со ментално болни, а од друга страна летаат фрази не сме вредни и тие им одат во корист на газдите, да ги оправдуваат и онака ниските лични доходи.
    Потребно е залагање на сите институции за да се ублажи состојбата.Прво вработување на што повеќе млади. Следење на односот на работодавците.Мислам на ова да се стави посебен акцент.
    Не е само да ги вработиме , потребна е здрава работна средина,услови за напредување,реално платен труд, за да знаеме дека ете конечно сме напреднале во развојот.
     
    На Gordana10, mimiiiii и hermosa им се допаѓа ова.
  6. tinavip

    tinavip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    52
    катастрофа е работата во македонија..... :P
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Конкретно за последниов пост морам да се сложам со Cka.

    Ако сакате работа ќе барате, ќе превртите се' живо на интернет, ќе препрашате секого што познавате, ако треба и по 100 пати во годината ќе се пријавите во завод. Вие идете на муабетот "како не, се' е партиски, никој нема да те викне и нема што да се трудам." Епа дома да седиш и некој да ти тропне на врата и да те викне на работа не може. Јас знам дека е потешко да се најде работа ама ако се потрудиш ќе најдеш. И во тоа никој не може да ме преубеди. Само што проблемот кај 60% од луѓево кај нас е што многу бираат.

    Имам примери за тоа и околу мене и на работното место каде што работев. Снемавме работници, која отиде на породилно, која напушти, која си замина од државава и останавме со помалку персонал, нормално се објави оглас за работа. Ви се верува дека никој не се јави? Ви се верува ли дека од цел град никој не сакаше да работи, или како претходно што правеа ќе дојдат еден месец и ќе си отидат. Толку ли од цела населба, од цел град немаше ни една невработена девојка, жена воопшто? Со колегите секој ден тоа зборевме. Како е возможно да нема ниту еден што ќе се јави да работи. Како може да нема ниту една што бара работа. Ама ова знаете како ви е, барам работа ама дај боже да не ме викнат. Епа не може од факултет директно на фотеља. Тоа ретко го има. Истото се случуваше и кај дечко ми каде што работеше. Дојди еден, поработи една недела ќе си отиде, дојди друг, поработи еден месец ајде и тој си отишол, со факултет бил човекот, му требало работа ама не работел он што било, сакал според струка, подобро дома да седел... Епа така нигде не одиме. И после ќе дојде истиот и ќе ми збори нема работа. Ми се случило да аплицирам на многу работни места и јас и дечко ми и од сегде ни се јавувале и ни понудиле работа. Ако се потрудиш може да најдеш. Некој покасно, некој порано, некој потешко, некој полесно ама ќе најдеш. Само многу зависи што бараш и колку навистина ти е потребна работата.

    И уште нешто морам да напоменам. Не сум партиски определена нит па моите се партиски определени. Не бранам никого и не ме интересира политика. Мојот коментар беше од мое лично искуство и од искуството на моите блиски луѓе што сум секојдневно со нив.
     
    На Cka и Dvolicen им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    5.196
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Ме иритираат луѓе кога ги обвинуваат исклучиво невработените и велат се наоѓа работа ако сакаш. Само затоа што тие си нашле добра работа не значи дека секој може да најде добра работа.

    Се наоѓа работа, не велам не, но каква ?
    Не се запишал некој на факултет, не фрлал пари за да работи продавачка.
    Она што најмногу иритира кај нас е што луѓе без образование имаат убави позиции.
    Во една банка има девојка која ја ставија шефица со педагошки факултет.
    Зарем не ги револтира тоа вработените кои се под неа со економски факултет и општо другите кои го гледаат тоа?
    Познава позиција шеф на човек кој има само основно училиште.
    Но, човекот е трчи-лажи, го бива да упикава секаде, има и среќа, и ете го.
    И затоа државава оди наназад.
    Зошто каде сврти се, се некадарен работи некаде.

    Јас сум била и на преубаво работно место и на прелошо, ама никогаш не сум ги обвинувала оние кои немаат работа и кои се склони да пребираат.
    Зошто пред се сите сме различни личности, имаме свој карактер, размислувања и не секому му е лесно да работи било каде.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    55.809
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Човек ако сака работа, ќе бара. Нема да седи дома и да чека од небо да падне. Ќе инвестира во себе и своето образование, во своите способноости. Бидејќи нема многи каде да се работи и бидејќи конкуренцијата е огромна, треба да се бори секој за да добие работа. И откако ќе добие, треба да се бори за повисоко место, за подобра плата...
    Јас ги оправдувам оние кои работат на места кои не одговараат на нивното завршено образование. Бидејќи тоа им е работа за која само земаат плата, додека се во потрага по работата која ја сакаат. Не може некој да рече дека пребира работа, бидејќи имал завршено некој факултет. А сите дипломирани вработени, ќе се сложат дека нивната работа нема врска со факултетот, или има премалку допирни точки.
    Го разбирам и работодавачите. Како и во странство, нив не им е битно дали пред името пишува м-р, д-р, или е со факултет. Нив им треба некој што знае да работи и работи. Ако сум научила сметководство, и го работам без грешкаа со години, зошто да неме стави шеф, како среднистка, а оние кои завршиле економија а во живот не прокнижиле нешто, не работат под мене. На работодавецот му е битно да му е завршена работата, а не дали е магистар оној кој работел. Затоа сметам дека секој треба да вложува максимум во себе и да стенува секакво работна искуство, бидејќи тоа ке му донесе многу работи во иднина.
    И сметам дека е голема помош некој да се пријави во Агенција, не дека ке му најдат они работа, туку за еден куп технички работи кои ги пишав во претходниот пост, да не се повторувам.
    Јас пак, не можам да сфатам млад човек, да дипломира, и да седне дома и кука како нема работа. Или да не бара активно насекааде. Јас имам над 60 места пратено ЦВ за еден месец. Кога ми се јавуваа за на интервју, не знаев ни од кај ме бараа, заборавав кај се сум конкурирала.
    Не викам дека е лесно да се најде работа, претешко е, ама ако седи човек и чека од небо да му капне, е невожможно да најде.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Како кажуваш, како да не сме во сопствената држава.Некои луѓе, немаат пари да инвестираат во свое образование, па и дополнително.За да стигнеш, да имаш образование, треба убави пари да фрлиш, па за да стигнеш до пемпелето наречено диплома, магистер и сл.Други, работат она што ќе најдат, а не според нивниот факултет, за мала плата.За која никој не би се нафатил да работи.Што и мислам дека не е фер, бидејки се препаметни, вредат како карактери, плус со висок просек, па работат, замисли, се, само не според факултетот кој што го имаат.Уште пострашно е што баш на такви луѓе, кои се живо и диво превртеле за работа, никој не им одговара на огласите.Затоа што, едноставно немаат одговорните време за тоа или заради тоа што својот внук, сестра, брат ги вработиле.Без разлика, што завршиле, а и дали одговараат на местото на кое се поставени за работа.Секако дека ќе ги постават, за свои луѓе се работи, а не за странци, кои вредат да бидат поставени на нивно место и да се ценат како луѓе заради нивната интелигенција, способност.И ова така убаво се заташкува, се кажуваат некои работи, како да чиниш се е совршено поставено во нашава држава.А што секој знае дека не е тоа така.

    Следно, ако е така како што велиш, чудно е што невработеноста расте, најмногу баш заради тоа што споменав претходно.Не дека така верувам, така ми текнало од никаде па сега си кажувам онака.
    Зошто нашиве не се запрашаат, зошто луѓето бегаат од државава? Или тоа не им е битно.Луѓе немаат леб да јадат, некои не можат да си дозволат се, не можат од месец за месец да поминат, фамилии, во кои гарант, стандардно има невработен.А па замисли што треба се да направаат за државата, какви пари треба да фрлат за да стигнат до дополнително образование, образование и др.А огласине, ставени, ради реда, колку да ги има, да се види дека се дешава нешто во државава.Па и замисли, сите пред време имаат вработено некој.Да се чудиш како успеале од толку „невработени“, да најдат предвреме некој.

    А згора на тоа, секој сака за висока плата да работи, никој не сака за мала, нормално, секој се цени себе си.Само што никој никого не прашува дали мала или голема плата.Што има, тоа, бидејки за голема плата, некој со факултет, треба некој роднина, министер, иначе нада од бизнисот.Ма, колку сака нека си е препаметен човек, колку сака титули нека има.Е тоа е проблемот со нашава држава, не ги цени своите луѓе, кои душа си извадиле за да се образуваат, да работат.Згора на тоа, пропратни нервози, собрале.И сега, као демек, функционира нашава држава, а секој втор истово го вели.Што очигледно не е само еден во државава што ова го гледа, кажува, толку отворено, што човек ќе добие доволна инспирација за да си ги собере парталите од тука и да замине од државава, бидејки не ценат нашиве.

    Зошто, кога се збори за невработеност, сето ова убаво и добро се заташкува? Како да ги гледа човек рекламиве на нашава држава, као се е под конец, а не е.

    Па и уште пострашно, што магистри, не можат да најдат работа, баш заради ова што кажав.Страшно, не е само за факултетски образовани луѓе, за млади, туку и за постари, кои имаат фамилија за издржување.И упорно се кажува “ абе види, државава цвета“. Цвета, толку многу, што во една јавна институција, некој поставен на своето работно место, да не знае ништо од она што го работи.А, се знае како стасал така на работа.

    Тогаш, ок , ако се лажеме, може да си велиме дека е се супер, а невработеноста, расте и расте.
     
    На Silver.E, Tanjamm и nadja.d им се допаѓа ова.
  11. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    205
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Како тргнало кај нас сите магистри да стануваат(од кои причини не ни почнувам),наскоро ќе станеме и држава со најмногу невработени магистри и др. на науки :|
    А што да прават и младите,се пријавува на работа со тригодишно образование ,не го примаат никаде.Нема чаре,продолжува да студира уште две години,колку да се прави нешто.После тоа пак исто,на огласот ке го примат тој со пониско образование а магистратурата и не му вреди баш.и пак магичниот круг.Значи стварно без двоумење некој треба да им даде шанса на тие млади,без оглед дали се политички определени или неутрални ,дај им шанса ,ке ти вратат двојно.Посебно што знам екстра интелегентни и вредни дечки,а никој не им дал никаква шанса да покажат што знаат и умеат,а се пријавувале.
    А тоа дека некој не барал и не се трудел доволно,дрн,дрн...Секој во своја кожа.Се знае во оваа немаштија дека младите бараат некој начин да заработат,тоа не е спорно(Оние мрзливите нема ни да ги коментирам ни што да бараат на темава)Има и млади кои со години волонтираа и сега ете ги без работа,да се разбереме не сите волонтери завршуваат добро.Тие што ке успеат на крај супер,но што со тие другите,како тие се чувствуваат по 4 или 5 години,знам и за подолго.Не ме сваќајте грешка,тоа е добар почеток ,волонтеризмот секаде се практикува како пракса,и лично знам дека е потребно искуство во животот,но пак на крајот кај нас нешто друго преоваладува.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    55.809
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Гордана, знаеш колку бесплатни обуки има за активните баратели на работа? Англиски и компјутери, се реодвно спроведувани обуки, БЕСПЛАТНО.И од Агенција и од некои општини. Само треба да пројават интерес. Знаеш колку луѓе со факултетски дипломи, пред еден месец на интервју, кажаа дека од информатички работи знаат ФЕЈСБУК? Жално е што мислат дека треба да плаќаат, а обуките се бесплатни. Ама ако спијат до 3 саат и чекаат мамичка кафе да им стави, никогаш нема да тргнат на работа, ни пак да пребараат на нет кај има бесплатни обуки. Отвараат компјутер и гледаат на ФБ, а не каде има можност да се работи. Заврти назад, една страна, и ќе видиш дека кај една феминка, никој не им се пријавил на огласот.
    Ги прашувам за работно искуство, вика немам. Кога дипломираше, пред 5 години. Маж на 30 години, со факултет, никогаш не отишол некаде ни како волонтер да работи. Еден ден не станал во 7 наутро.
    Еве денеска има уште некоја мерка за да се вработуваат млади. Ама подобро е да викаат дека нема, отколку да работат за без пари. Јас тоа не го оправдувам. Братучед ми ОНЛАЈН научи италијански и една компјутерска програма. БЕСПЛАТНО.
    И јас да сум приватен работодавач, за некој кој нема ни ден искуство, среднист, без никаква струка, не му давам одма голема плата. Треба да го видам дали сака да работи и дали го бива.
    Не може секој да сакам да ми работи, може ке расипе нешто, зијан ке бидам.
    Јас 100 пати кажав дека е тешко да се најде работа, ама со лежење дома и кукање, никој нема да најде. Некоа прогуглаат, нека бараат, нека одат волонетри, нека одат да се мешаат со луѓе, нека добијат стипендии(не мора од државата, странците даваат многу убави стипендии за нас), ќе најдат нешто. Малку ли се што студираат и работат истовремено? Или само кај нас е тешко тоа? Јас магистрирав откако исплатив кредит за студирањето, а со нов кредит, запишав мастер. Тоа е инвестиција за мене. Не е какви ми биле ноктите, косата и дали носам фирма алишта и дали сум во Штала или јадам пуканки дома со другарките. ЗНаеш дека на интерву ми дојде една дотерана ко за свадба, со фенирана коса, нови нокти и марка алишта, штикли од 15 000 и ми кажа дека немала време за дополнителни курсеви?
    Темава не е за да си контраме и да се убедуваме дека нема работа, темава е да си помигнеме. Мој придонес за темата е следниот:
    1.Пријавете се во Агенција
    2.Одете на сите бесплатни обуки во Агенција
    3.Заинтересирајте се за можнстите за млади
    4.Заинтересирајте се за можностите за самовработување
    5. ВОЛОНТИРАЈТЕ
    6. Одете на различни состаноци за млади, бидете дел од некоја група со лица кои се експрети во областа која сакате да ја работите
    7. Алицирајте на сите можни места каде се нудат стипендии
    8. Учете странски јазци сами, не мора да плаќате. На интерент има се денеска.
    9. Учете нови програми на компјутер. Фејсбук не е знаење :)
    10. АПЛИЦИРАЈТЕ на сите можни огласи за работа каде ги исполнувате условите. На 100 места да ве одбијат, на 101вото ќе ве примат. Кога ги прашував, зошто баш тебе да те вработиме? Знаете што ми викаа? Оти иам мали деца!!! Оти сите другарки ми се вработени само јас не!!! Оти сакам пари!!! Никој не рече, оти сакам да работам и сакам да направам нешто добро.
     
    На Ariel и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита


    Знам, дека има, а знам дека и од бесплатни обуки, нема придобивка, што кај млади, што кај постари луѓе, луѓе во години, што имаат занает од кој може пари да вадат, пак ништо не прават.И цело време им поминува во обука и пак ништо.Тоа што го кажуваш е игла во сено.
    Кој е тој што не сака да работи? Мене не ми е јасно како тоа може да има некој што не сака да работи, што сака да чека од друг и од небо да му паднат работите.

    А кој рече дека лежењето дома и кукањето дека нема работа има некаква придобивка? Луѓе трчаат за работа да најдат, не наоѓаат.Зошто не се гледа и од туѓ аспект, проблемов со невработеноста? Само се кажува како човек да бара работа, а не се гледа во каква ситуација е оној кој постојано бара работа и не може да најде? Секому му е јасно, ако седи со скрстени раце, ништо не прави.Проблемот не е само за оние што ги кажа дека ги мрзело да бараат работа, туку тоа што го напишав претходно.

    И не е за какви алишта ќе носи човек, фризури или не знам што.Туку да сака човек да работи, а што ќе прави после со тоа што ќе го заработи, негов проблем, дали ќе инвестира во свое образование или ќе му е важно каква облека носи.Ти кажуваш дека има такви луѓе, но ти кажувам дека има луѓе кои сакаат да работат, не им се важни облеката или дали секој ден имале нова фризура, нокти и др.Ама поради тоа што споменав претходно, не можат на ред да стигнат за работа да најдат, бидејки е зафатено тоа работно место за кое се определил, од друг, кој патем веќе нели е предвреме вработен.А огласот, тоа нема врска, тоа колку да се објави, морално.А не дека сериозно таков ефект имаат огласите, како што рече. Мене ова ми го кажале милион пати, а и тоа претходно што го спомнав вработување преку родинска врска.И ја разбирам нивната нервоза, разочараност од државава.Само тоа го слушам.Не сум слушнала некој да е задоволен, се не задоволни.

    Значи, би требало и од поинаков агол да се гледа на ова, не само на тоа дека не сака некој да работи.

    И не те напаѓам, не се контрам со тебе, немам ни намера.Само кажувам.

    Сосем јасно е проблемот со невработеноста, патот како да се најде работа, со аплицирање, пријавување во агенцијата.Секому му е тоа познато, само не се кажува каков е начинот на вработување.
     
    На Valerin, Silver.E и makedonkamak им се допаѓа ова.
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.480
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Мислам дека има мн што несакаат да работат поради некоја нивна причина .Дека се образовани за едно а треба да работат друго ,дека условите биле лоши а немаат искуство никакво и неможат да споредат туку само така слушнале од други .Кога нивните очекувања ,планови и идеи не се поклопуваат со моменталната сиутација па се разочарале и стојат на ставот дека мора или да биде добро или ке бараат и само ке се жалат дека нема работа и ке плукаат по се живо како они не успеваат во животот.Платите знаат да бидат и мн демотивирачки во Македонија факт е тоа но ете за одредени професии каде има премногу образован кадар |( можат да започнат со мин плата колку некое искуство од мин период и да исполнат цв и со тоа а не само со образование-то.
    За постарата генерација што нема работа е навистина жално и тажно,посебно кај нас во Македонија што ги поклопиле два периоди два система ...Ке кажам само дека човек кога е на мака нема да избира мн мн туку ке гледа да придонесе за опстанок добар за себеси и својата фамилија.Сеуште има што копнеат по она клацкај врата зимај плата познавам такви и таквите за жал некогаш успеваат.Политиката е пресуден фактор за тоа ! Младите што се сметаат за успешни а се продукт на такви мислења ке дојдат пак некогаш до степен на мизерија ...Во животот се има рок на трање :fubar:
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Јас лично не признавам "имам диплома и морам да работам по струка" или "ама јас сум магистер". Знаете колку магистри има во државава, колку има што имаат дипломирано? Ехее, со лопати да ги ринеш. Ништо повеќе не сте од нив. Искрено да ви кажам ако немате еден ден искуство (било какво), ако не види работодавачот дека нешто вие сте правеле во животот после факултет и дека вредите, освен што сте седеле на фб, сте се надградувале себеси на било каков начин, џабе ви е таа диплома. Значи мора да отскокнете од нешто за да можете да дојдете на прво место некаде каде што ќе аплицирате. Знаете колку млади знам што имаат завршено факултет и што седат дома? Имале они диплома и не работеле што било. А немале пари за обуки. Епа добро, земи работи нешто што било, работи во бутик, работи во маркет, работи било што за да дојдеш до пари. Па ем ќе имате нешто за вас, нема да барате од дома, ем ќе можете да си платите некоја дополнителна обука и одма сте над некој што има само диплома, иако еве Cka има дадено примери и за бесплатни обуки. Знаете колку млади познавам и колешки имав на работа што работеа и студираа истовремено? Мислите лесно е да дојдеш дома од втора смена претепан од работа и да седнеш да учиш за нареден ден за колоквиум? Епа не е лесно, ама ништо нема лесно.

    Не сум била никогаш богата, нит па сум се дружела со којзнае какви луѓе, моите биле секогаш просечни со финансии. Па сите луѓе што ги знам околу мене се вработени. Сите луѓе се снашле на некој начин. Не дека им било лесно ама се бориш, а не само седиш дома и кукаш. Знаете кои луѓе што ги знам не најдоа работа? Е тие што седат дома, стануваат во 3 попладне, легнуваат во 5 сабајле. И кога ќе седнеш со нив да правиш муабет, се за нив нема работа и секоја работа за нив им е испод част, они факултет имале молим лепо, а еден ден стаж немаат и џабе им е веќе таа диплома кога никој не сака неозбилни луѓе. Имаше пример кога дечко ми еден негов постар другар (кој никаде нема работено до сега со негови 30 години) го викна за кај него на работа, им недостигаше човек и сакаше да му помогне на некој начин. Отиде разговараше и со шеф и со одговорни и се договорено, и знаете што се случи, господинот во последен момент му откажа. Во последен момент му рече дека не сакал да работи. Е не, будала е, ќе работи до 12 навечер, кога може дома да си седи и тато и мама пари да му даваат.

    Од тоа "имам диплома и ќе работам по струка" ништо не правиме. Сите си ги дигнавме акциите и мислиме дека којзнае што сме постигнале ако сме дипломирале, па на сите им е испод ниво да земат да поработат нешто подалеку од фотељата. А да не збориме колку НАВИСТИНА сите тие дипломирани на вистински начин стигнале до таа диплома и колку навистина знаат да работат. Мислат дека ако го имаат тоа парче хартија треба сите да им се поклонуваат, а не знаат една реченица да сврзат на интервју и после државата им е крива и се тешат со тоа дека се' е со врски.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита


    Човек кој сака да работи, ќе работи било што.Само што некому му е важно, да има веднаш голема плата, да си приушти се.Никој не сака мала плата, како што реков.Не може човек да добие се според она што очекува, кога ќе нема избор, ќе работи тоа што ќе најде.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.480
    Невработеност - помош, мерки, заштита

    Многу јасно дека сите сакаме да бидеме платени соодветно и убаво .Да не бидам погрешно сфатен алудирав на муабет за оние што немаат кој знае што да понудат а се 1ви што се жалат .Познавам луѓе што работеле за мин плата па биле насмеани и ведри -позитивни ,се надградиле со искуство и малце финансии ,мигирале во други фирми полека и со малце среќа доше до статус каде се навистина задоволни.Ако очекувањата од сам старт се преголеми од реалноста паѓа во вода се .Убаво ми кажа еден газда каде што работев (кога дојде делот за договор за плата )ШТО ти можеш да придонесеш за оваа фирма ?Сам си одредив платата со одговорот ;) ...
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Невработеност - помош, мерки, заштита


    Но и не секој што се пожалил, немал што да понуди.Не може сите што се жалат, сите немале што да понудат.
    Исто, земаат мала плата се среќни, изгледаат како да мислиш немаат проблеми во животот.
    За последното што рече, точно така е.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.364
    Пол:
    Женски
    Јас сум точно 1 година активен барач на работа, значи секој месец се пријавувам. Но до сега не сум имала никаква понуда, најискрена да бидам не се ни надевам дека за нешто ќе ми се јават.

    Многу ми е смешно што сте запнале со тие бесплатни курсеви од владата. Мислам озбилно? Кој млад човек незнае Word или основно компјутерско работење. А постариве имаат страшна аверзија од работа на компјутер. А и на 90% од ограсите пишува за лице до 25 или 30 години.
    Од пракси и волонтирања што се немам поминато.... од мијач на садови, купувач на буреци до уплаќање на семестар на децата на вработените. Ужасен период. Ама ајде нели за се ти треба искуство нели во Cv-то ќе пишеш име на сметководствено биро, банка или адвокатска канцеларија. Ќе видат дека си вреден одговорен дека стануваш на време сабајле, превземаш одговорност... А сите знаеме волонтирањата и праксите што може да те научат.

    А кога некој ќе ми се направи паметен од типот бираш работа вака така, епа извини кој сака да работи без здравствено осигурување или пак да работиш по 8 саати а да те пријавуваат на 4 саати работно време. Но не се откажувам во мегувреме испраќам cv, одам на интервјуа, и при крај сум со мастерот. Нема ништо потешко од тоа да одиш на пракса и паралелно да студираш, да стануваш сабајле во сабота од 9 на предавање. Се надевам дека еден ден ова ќе ми се исплати.
     
    На Silver.E и makedonkamak им се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.961
    Пол:
    Женски
    Ах оваа невработеност ахххххххххххххх ова ми е кошмар веке, јас еве повеке од една година барам работа по струката што сум дипломирана, имам аплицирано на многу огласи, арно ама не исполнувам еден битен и најважен критериум, кој е главен и одлучувачки фактор дали ке ја добијам работат, а тоа е партиската книшка и активноста во партија.....мене како млад човек, а и согласно мојата струка која не признава таков критериум, не ме интересираат такви партиски поделби и движења. Сите услови ги исполнувам, ама тој главниот не, поради тоа седам како баба-стара дома, без работа и сопствени пари. Да работам во маркет, бутик или слични работи не ми паѓа напамет до толку да се отупувам и тапкам во место, наместо да напредувам и надоградувам -мислам се разбираме. Овде не се цени квалитетот, овде ако имаш партиска книшка ке имаш парче леб во рака, ако не ке мизеруваш како последен бедник.
    Затоа младите и општо граѓаните на Р.М се повеке и помасовно бегаат од државава наша, бараат спас и подобар живот. Овој проблем несериозно е сватен и не се третира како таков, затао сме такви какви што сме-никаков стандард и сиромашен живот, голема невработеност (платите мали и исти од пред 10 години,а цените на услугите и производите 5 пати зголемена), битно е државната фотеља, луѓето и нивните проблеми не се битни. И да работиш некаде, небитно каде само да заработиш и земеш некој денар, вложениот труд за работат е максимален, а цената за тој труд е многу многу ниска-работиш по 8-9 часа и сабота задолжително, душата ја ваѓаш букавно и на крај ке добиеш плата од 9000-10000 денари или максимум до 12000 денари- е тоа е реалноста, работникот не се цени. Само се прашувам до кога ке биде вака?
     
    На Valerin, bubamara12345, kikiviki32 и 2 други им се допаѓа ова.