Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    5.204
    За какви курсеви кажувате??? :fubar:

    Јас лично сум одела по курсеви за компјутери, јазици, знам 3 светски јазици, сум одела и по други семинари.
    Какво волонтирање ???
    И како волонтер сум одела и по разни пракси. (А, знаеме кај нас какви се праксите, попрво си амал, отколку дека реално нешто правиш).

    Мене ми треба работа !!! Ми требаат пари !!!

    На моиве години сум потрошила еден куп пари за факултет, семинари, јазици, мене не ми е повеќе до играње и детски работи !.
    Како може така наивно да речете, правете нешто со себе ! |(
    До кога да правам ?
    До пензионирање ???

    Дајте бе луѓе, во сите нормални земји, младите завршуваат и наоѓаат работа, јас уште 3-4 факултети да се запишам овде ? Уште ќе учам јазици, а ни првиве не ги имам употребувано некаде ?

    **************************************************************************

    Кој си нашол убава работа, лесно му е да зборува. Сите го знаеме тоа.

    Само да кажам, за тој кој пратил 50-60 цв... Каде ги прати, во Скопје ???

    Те молам појди во Берово, Кичево, Струга, Ресен, Македонски Брод, Крушево ИТН. и таму прати само 1 ! Само едно единствено цв ако можеш !!!

    И пребарај се живо и диво на интернет, абе еден оглас нема да ти излезе !!!

    Затоа кога кажувате за невработеност, не мислете само во Скопјето, зошто таму вака-така се наоѓа, замислете како е по другите градови !!!
     
    На imelda, kikiviki32, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.164
    Пол:
    Женски
    А, да и тоа што го рече, е и тоа е проблемот во нашава држава.Секој знае така и си може, кога ќе има убава работа, убава плата.А кога ќе нема, воопшто нема да има намера да кажува некому како треба да прави за да најде работа.Секој си го знае тоа и нема потреба што и како да се кажува, освен да се каже за некој нов оглас пример, за да се помогне.Секој си е паметен да знае што треба да прави во животот, маката ќе го научи човека на се.

    А за тие 50 - 60, некоја бројка, па за и во Скопје, изгледа како апстрактна, а не па за други градови.

    А кога веќе се збореше за агенцијата, интересно е што и да е човек пријавен, нема ништо да направат, второ кажуваат истите таму што се вработени, дека доколку човек не е пријавен, може да се вработи. Само ќе се води како евидентиран.Така да тоа е уште нешто што го негира тоа таканаречено случајно вработување.Барем кога се зборува за агенцијата, нека се кажуваат точни работи.

    Џабе не бегаат луѓето од земјава, ако навистина функционирала како што треба.Што е трагично за државава, а за нив позитивно, среќа, што ќе отидат во странство.Бидејки таму ценат труд и редовна плата, секој месец точна, нема таму роднински однос према поставениот, па ај ќе се прогледаат низ прсти грешките, оти за роднина станува збор, а не за некој не познат.Ете затоа бегаат нашиве од државава.И сосем во право се, кога некој не цени нечив труд, што има некој да си губи време, чукајки од врата на врата за да се вработи, а гледајки дека секоја е затворена, а се знае која е причината.

    И после, како некој да си ја сака сопствената земја, кога истата го оставила на цедило? Не е можно да има голема вработеност, а сите да се жалат дека нема работа.Тогаш нешто апла не чини, нешто што дава поинаква слика од она што се претставува.Па не Македонија, како сакала нека се вика.Секој тоа би го направил, малку ли има странци, што не живеат во сопствената земја, а живеат на друго место, каде имаат подобри услови за живот, па макар биле и од Пакистан.Тоа е нормално.

    Да се кажува дека лесно се вработува во земјава, е исто како да се каже дека Обама „ престојувал“ во земјава, само за чудо никој не знаел, нити га приметил.И после никогаш не бил, епа не бил дека нас.
     
    На makedonkamak и Silver.E им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.614
    Нема што многу да зборам на темава на сите ни е јасно каква е состојбата за вработување,и сте во право,не се цени трудот,но има една работа што ме нервира а тоа е кој некој ке ми каже ја за 200евра не работам? :^) е па тогаш седи си дома и не се жали дека нема работа,зарем јас сакам да работам за тие пари?Но што да правам морам да се задоволам и со тие,подобро 200евра него без тие и дома да седам и да кукам.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава да ви ја претставам ситуацијата во моето смејство поточно јас и брат ми невработени млади и двајцата до 29 години. Прво да се надоврзам со волонтирањето, брат ми има завршено средно образование и секое лето работеше сезонски во хотели бидејки потоа самите газди те испуштаат, се запиша да волонтира во невладина организација со надеж нормално за вработување но 2 години ги помина таму само со подарок бесплатен курс со што со него може само да се слика, следува повторно волонтирање во болница една година со надеж за вработување и тоа и тоа волонтирање со партиски уценувања за да останеш тамо и уценувања да најдеш по 30 гласачи за да останеш на работа за 45оо денари? Јас со завршен факултет, работа повторно само сезонска, кажете ми вие што мислите дека кој сака може да работи што било и за 200 евра, мене толку пари ми се премија да ми кажат овде се работи за 8ооо денари, со што ние не живееме во градот плакаме месечна и хранарина од плата од татко ми 11000 денари живееме 5члено семејство. На кого побрзо татко ми да не финансира да работиме за без пари, а настрана е храната и сметките, ајде нека ме демантира некој дека има работа за сите, катастрофа е по другите градови во државава освен во Скопје. Живееме во Охрид кој веке ја доби титулата најсиромашен град и град на духови :(
     
    На Silver.E и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.356
    Допаѓања:
    4.026
    Затоа јас како пример многу често ги наведувам малите градови. Убави се, тивки, мирни, многу од нив етнички чисти, ама што ќе прави таму човек без работа и без пари? Нема таму работа, па каков сакаш факултет имај. А и да најдете нешто со плата од 6000 евра не се живее. Па после паѓа наталитетот, па кој нормален Македонец без пари ќе чува деца, ќе се мажи, жени?Па не можеле во селата да се оженат, па што ќе прават без пари, без егзистенција, нема пат, нема канализација, нема школо, ништо нема. Многу сум разочарана од мојата земја.
     
    На poenta и ancebanance им се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    845
    „Мене ми треба работа, пари ми требаат, ама во бутик и во маркет не ми текнува да работам ни на крај памет.“
    Како можете вака да кажете? Јас пак мислам дека токму овие се тие што не сакаат да работат. Што сакате вие без никакво искуство? Плата 500 евра? Па мора од некаде да се почне бе луѓе, макар и од маалска продавница. И јас сум дипломирана, па еве аплицирам за работа во маркети за основна плата од 8050 денари. Што треба да направам? Да чекам работа на струка? А до тогаш?
    Ова ти се вика - барам работа, ама молам Бога да не најдам.
     
    На Daydream, Emotional123 и vitomir им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.027
    Кај нас вработувањето е по приципот ако имаш вујко владика - и ти ке бидиш поп жално,реално но вистинито можам да кажам тешко на нас од помалите градови нис нашата мила Македонија.
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    6.616
    Силвер искрено ниту те познавам лично, ниту знам од каде доаѓаш. Ако се ова што го напиша е точно тогаш ми е навистина жал што се' уште си без работа. Но сепак не треба да се откажуваш и пробај да си ја најдеш среќата во друг град на крај краева, ако можеш.

    И јас не сум вработена во моментов, но секакви опции ми се во игра. Сите сакаме да се вработиме по струка, но ретко кој ќе прашаш и ќе ти каже дека го работи тоа што го сакал или тоа за кое учел.

    Инаку мислам дека главно проблемот во државава е тоа што има премногу факултетски образован кадар што е невработен. Се удира акцент на образованието, но не се мисли за тоа каде понатаму би се работело. И не се сите за факултет и не ни треба да бидат. И самите сме сведоци колку луѓе и на каков начин завршиле факултет. Затоа се повеќе и повеќе таа диплома ништо не значи и се бара усовршување на други начини.
    За една држава не е нормално да нема развиено земјоделство од каде што селаните и луѓето од помалите градчиња ќе можат да си во вадат лебот. Голем дел од тие луѓе почнаа да запишуваат факултети затоа што им е преку глава да ринат цел ден по секакви услови на нива и на крај никој да не го исплаќа тоа и кога ќе го пресметаш „ќарот“ да испадне дека повеќе си во зијан.
    Треба да има и работни позиции за среднисти, по фабрики и индустрии (кои нели ги немаме), а не сега за скретарка да се бара високо образование.

    На крајот сите мислат дека дипломата од факултетот ќе загарантира работна позиција, ама не е така. Тоа доаѓа денес ко да си завршил некој курс за јазик или компјутери. Буквално.
    Секоја чест на тие што упорно се трудат и би ги посоветувала да не престануваат. Но имајте на ум и дека треба да си ги проширите видиците. Ако нема работа во вашиот град, барајте на друго место. Јас сум од Скопје но сум спремна да одам во друг град на работа, но и во друга држава. Дали привремено или за секогаш, зависи од тоа картите како ќе се поклопат, но сум спремна и на тоа.

    Државата нема да ја промениме и џабе се кука по цел ден дека нема работа, кога на крајот на денот се работи за конкуренција и преживување буквално како во џунгла и треба да си го најдеш своето место и хиерархиски да се поставиш над останатите за да не те прегазат.
    И затоа сите зборуваат дека треба да се вложува во себе, затоа што тоа не го правиш за никој друг туку само за себе и никој не може да ти го земе или оспори тоа знаење. Ништо веќе не е лесно, ниту ќе стане полесно со тек на време.
    Јас од државата одамна се откажав и не чекам ништо од неа, не чекам ниту од родителите и не ми е срам да работам било што кога се мора. Повеќе ми е срам да просјачам од нив, кога и бездруго се доволно намачени до сега, затоа што во иста држава живееме и ист третман имаме. Моите се и стечајци двајцата, па знам колку нервози имале за еден животен век.

    Не планирам да гледам како животот ми поминува, а јас да бидам премногу квалификувана за некоја работа и да ми е испод чест да се нафатам на нешто. Ќе се преселам и од државата ако сметам дека во моментот е неопходно и ако сите опции овде ми се исцрпени.
     
    На Silver.E и poenta им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    5.204
    Моментално сум без работа, но имам извор на приходи
    (не сакам ова да е сфатено погрешно, но имам брат кој работи во странство и кој ми праќа пари, за него тоа не е никаков проблем, дури и кога работев ми давал пари, за него е навреда да не земам. Има, му се може, сепак брат ми е, многу се имаме.)
    .

    Значи мене не ми е дојдено до итно да барам работа во маркет или бутик. Но, сочувствувам со сите други кои напорно завршиле факултет со пот и труд и сега треба да работаат на ниски работни места со мизерни услови, а некој необразован или нечовек да им стои како шеф над глава, само зошто има врски. :!:

    2 години работав во државна институција, поубаво ми беше таму, отколку дома што се вели. Влегов по врски, и тогаш никому не паметовав: ајде бе се наоѓа работа !
    Е, како се наоѓа, кога и мене ми ја најдоа ?
    И секогаш признавав, влезена сум по врски, знам дека е тешко да се најде работа, сочувствував со другите, никого не напаѓав.
    Секој си има свои причини зошто сака или не сака да работи некаде.
    Мене ми беше глупаво седната во фотелја, да држам предавања, зошто не сакаш во маркет, па ти си мрзлива, чекаш од дома, бла бла. :^) :!:

    (Потоа на мое место ја ставија внуката на директорот која во меѓувреме беше на факултет, значи јас знаев дека сум за еден период и морам да признаам дека потоа ми беше многу тешко на новото работно место, зошто животот таму ми беше одличен. :tmi: :worried: :P )
     
    На Dentina, makedonkamak и kikav им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    60.250
    50-60 ЦВ можеш и денеска да праитиш. Мене не ми беше срам со факултет да работам и секретарка. Ама и не ми беше проблем да се одвојам од мамичка и да одам во СКопје и сама да се борам за живот, по кирии и газди и јадење еднаш на ден. Сега јас сама одржувам едно семејство. Се додека не се одделеите од дома и прво излегување надвор од домот на мамичка ви е кога ке се омажите, нема да нзаете каков е суров векот.
    Мене немаше кој да ми дава пари, и сама се борев за се. Не пребирав. Знаев дека еден ден ке најдам работа што ми прилега, а во меѓувреме работев се.
    Продолжете да чекате од мама, дада, и вујче од Америка, потценувајте ги сите кои се труделе од ништо нешто да направат и само така ке успеете директ дирекори да станете.
    Работев за 0 денари и не ми беше тешко кога гледав како „фацата“ ставаше во еден ден 500 евра во џеб. Учев од него, крадев знаење. Тоа што со пари не се купува. Круната не ми падна никогаш. Ме изгради како посилна личиност. Не е тешко да се работи, тешко е да се седи дома.
    И на 50-60 испратени ЦВ, само 10 ме викнаа. 50 беа наместени. Ама јас не изгубив надеж. Не плачев по форуми. Одев и саботи на работа за 0 денари, и глас не ми се слушаше.
    По стоти пат ке повторам, тешко е да најдеш работа. Уште е потешко да најдеш способен работник. Ама тоа не треба да демотивира некој и да продолжи да бара.
    ПС Другарка ми, со докторат во крајна фаза, беше невработена. Со м-р по странски инвестиции и компаративни анализи за инвестиции во Западен Балкан. Знаете како се вработи? И кај што не нудеа работа, сама праќаше дописи. Денес, 600 луѓе се вработени преку неа. Оти донесе една инвестиција. И зема огромна плата. Ама секогаш викаше дека еден ден ке докаже дека може.
    И јас не сум задоволна од работатат понекогаш. Знате колку време потрошив и пари на обуки??
    Треба да вложите, не да плачете.
    Кога ќе ви додеј јајцето на задникот, се ке работите. Очигледно, лабави ви се круните и не можете сенешто да работите.
     
    На lasthope и Daydream им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.966
    Пол:
    Женски
    Зачи преку глава ми е од вакви коментари-Ова ти се вика - барам работа, ама молам Бога да не најдам. Ма немој :D :D :D Работи си ти кај сакаш, немој да правиш категоризации и сега да се спуштаме на ниво да се убедуваме.........не треба ни ти никој, ниту сум јас компетентна да кажувам за некого, као му отворам очи, секој за себе, бидите РЕАЛНИИИИИ, ништо друго. Jас знам како сум завршила со моето образование, како моите ги поминаа тие години додека јас се школував. Времето лета, гази, никого не чека-овде, кога јас ке напредувам во животот, кога ке се надоградувам јас.....во бутик на некој албанец, за 8000-9000 денари од 8-12 часа, некој мајмун да прави од мене-епа извини али не сум заслужила, и несметам дека јас сум понеспособна од некои неписмени што работат по државниве институции и нишај врата-земај плата, што им го зафатиле местото на тие нешто што вредат и што можат да придонесат за напредок во општеството.....е од такви партиски политики за вработување и партиси газоли*ачи ми е преку глава....Aко ти сакаш да отупуваш и уназадуваш, без никаков прогрес, напредог и понатамошно развивање оди работи кај сакаш, не кажувај овде кој за што молел-јасно. Секој си ја знае маката, лесно е некому да му филозофираш вака-така, тешко е реален да бидеш........Јас не потценувам некого, не е срамота да се работи и чесно заработува, секој треба да има подеднаква можност за вработување, а не ова што денес се случува и што сме сите сведоци-партиски вработувања. Сте се запрашале дека еден ден власта може да се смени и од прв последен да бидеш.
     
    На bubamara12345, kikiviki32, Ethrnity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    43.703
    Cka, дали читаш што другите пишуваат, или чисто онака само си вртиш тоа што тебе ти одговара?
    Прво, ти си морала да си отидеш од твојот град, зошто? Зашто не си можела да најдеш работа. Што не си одела таму кај што си живеела на обуки, пракси, таму да се надоградуваш и да најдеш работа, м?
    Зошто? Можеби зашто немало работа?
    Ете го нашиот проблем, во твоите зборови. Си дошла во Скопје. Што сите го прават истото, сите доаѓаат тука и после нема работа, епа нема, кога цела Македонија е во Скопје.
     
    На bubamara12345, imelda, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.414
    Mорате да признете дека конечно владата почна да ги прави првите чекори за решавање на овој голем проблем.Tешка е состојбата,млади невработени , постарите место да уживаат во пензионерските денови , тие си кратат од лебот за да ги помагааат помладите.
    Секој сака работа.Но верувам достоинствена, чесна и се разбира платена секому според трудот.
    Но жал , ретко е денес да се најде таква работа.
    Зависи од самата личност колку е таа спремна да се соочи со предизвиците на денешнината.
    Набројавте безброј примери и сите сте во право.
    Жално е млад човек со факултет да работи за 4 500 денари, но тоа е само минлив период, и признавам демотивирачкќи е.
    Познавам млади личности кои тие 4 500 ги вложија во магиструри и сега се успешни млади луѓе.
    Колку повеќе сте упорни и се трудите толку повеќе сте поблиску до успехот.
    Не верувам дека ако се работи, се труди, се сака, не се успева на крајот.
    Можеби ќе потрае , ќе смените работодавци , повеќе работни места, може и држави, ако се залагате доволно, сепак ќе има резлутати.
    Упорност, издржливост снаодливост и желба да се успее во животот и нема да има невработени .Што се однесува до невработените.

    Газдите и владата се друга тема.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    60.250
    Барав работа, не удобност. У село нема работа.
    Ако сакате дома да работите, епа жал ми е. Во малото градче од кај сум, нема работа. А сите сакаат со мама да живеат. Јас излегов од дома на млади години. некој и на 29 е дома, оти му е страв да отиде во големите градовии да се снајде. Не ми е лесно да дадам 100 евра кирија, ама се трудам и се мачам. СО лесно, ништо нема. Освен тато да беше директор.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    43.703
    Ете, тука сме. Убаво што кажа. :)
    Работата е што можеби некој не сака да го напушти градчето каде што живее, каде што му се сите пријатели, роднини, партнер... Можеби има желба и волја за работа, ама зошто да мора да се сели.
    Зошто да мора сите да се пикаме во еден град. И на крајот и во тој еден град има веќе премногу луѓе и станува уште потешко. Ете, тоа е тоа. И затоа се повеќе си одат.
    И сакав да кажам дека веќе стана тешко да се најде работа и како келнер и како продавачка во бутик. Баш од таа причина. А и да не зборам за тоа колку паднаа платите поради тоа што има премногу работна сила.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    60.250
    Факт е тоа дека таму нема работа, ама има кај има. Ама има и некој што од папочна врвца не може да се оддели.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.164
    Пол:
    Женски
    Интересно е што никој не чека од роднини работа, никој не чека од небо да му паднат работите.А уште поинтересно е упорно се вели дека некој не сака да работи.Што не е јасно кога се вели, дека не може да се најде работа, па макар и пратил 1000 цв? А што не е возможно толку, а не па за ден.Дали може да кажете каде ги праќате тие 50 - 60 цв? Дали ги праќате на фирми кои даваат висока плата? Стриктно таму или се што ќе се најде? Или ви се само додадена бројка, за да се каже демек “ еве колку е можно да се пратат на ден“? Можно е, само во случај ако некој праќа години, месеци, во зависност од колку време бара работа, а само на ден, не.Тоа можете друг да лажете.

    Па не очекуваат сите на директори да бидат.Што не е тука јасно? Или тука на кинески се зборува?

    Сите знаат дека огласите се само така поставени, а однапред се веќе вработени други и скоро сите велат дека не е така.Поради ова, дополнително бегаат нашиве, што не е тука јасно?

    Не е само да се кажува „ најдов работа сам/а, без ничија помош“ и тоа за се, секаде стандард се кажува.Веќе позната шема на муабет околу работа.Но ретко кој ќе каже, како се вработил.

    Мислам јасно е ко ден, кога некој ќе рече “ има работа, се наоѓа, регуларно ќе си појдете во агенцијата, случајно Вас, како на игрите на “ среќа“ ќе ве одберат и сосем случајно ќе се вработите.
    Феноменална реклама, нема што.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.414
    RainBowЗа истата таа работа во поголемите градови се зема дупло повеќе плата.Мораат да те пријават, нема работа за празници виќенди,прекувремено,и тоа е главната причина.Тука некој друг треба да му ја мисли за миграцијата на младите не само во Скопје туку и надвор од државата.
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    3.444
    Пол:
    Женски
    Точно. Ама има многу луѓе што попрво ќе седат дома и ќе чекаат.
    Понижувачки им било. Па да криво му е на секого да се утепа од учење и пак да не работи по струка ама тоа е тоа. Реалноста е тоа.


    Како и да е треба сите да почнат од негде, макар и продавачка, нека заработува, а во исто време дааплицира на работни места по струка. Поарно 8000-9000 во џеб отколку ич.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    43.703
    ^ Виножито1 точно. Ама колку се поголеми трошоците за живеење во Скопје е дури и смешно да се споредува со другите градови. Ама бесмислено е и ова што се збори, ако се трудиш, се мачиш, одиш натаму-наваму, ќе успееш секако. Тоа е мачкање очи. Имаме проблем во државата што гние и гние... И треба некој да му ја мисли, ама очигледно никој не го прави тоа, па сме дојдени на ова дереџе.
     
    На tessie и makedonkamak им се допаѓа ова.