1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. brightmoon

    brightmoon Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Да тоа е проблемот, што овде повеќе не важи правилото : Ќе бараш , ќе се трудиш , ќе се најде нешто. Или уште по нервозно ми е кога ќе слушнам : Ништо не излегува сега, бидеќи нешто подобро те чека :^) . Стварно незнам како да се справам со ситуацијава, привремено работам, ама душа те боли кога пред очи ти излегуваат партиски вработени, или некој кој за ништо не му ја мислел и не се замарал, а веднаш е прекрасно статуиран. Не знам до кога ќе се тешам... :?:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ајде вечерва сите да си ги спакуваме куферите и утре да одиме во големиот град, т.е во Скопје.

    Па, таму мед и млеко тече. Таму за сите има работа, а слободен си во сабота.

    Македонија не е Охрид, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Битола, итн.
    Македонија е Скопје.

    Ајде сите веднаш да се спакуваме и да се отселиме ако тоа е решението !

    А, вие Скопјани, отворете ја утре свечано портата, ние доаѓаме. :emo:
     
    На makedonkamak и ancebanance им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам тука во Скопје, младите од другите градови доста ги искористуваат.
    Во таа смисла што даваат доста помала плата од тоа што треба, буквално помалце од минимална.
    А и не е лесно, туку така да се отселиш иако поголем град значи поголема шанса.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Точно е дека на дојденците во СКопје им дваат помала плата.
    Имам доста колешки и колеги од факултет кои живеат под кирија во Скопје, одвај земаат од 15000-18000 ден., што за Скопје се премалку, со оглед на тоа што живеат под кирија.
    И испаѓа подобро седи си во родниот крај, со помала плата, барем дома си, трошоците ти се помали.
    Поретките кои се програмери, земаат огромни плати, ама турбо работаат.
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А мене па ми е преку глава од вакви коментари како твојов.

    Мислиш дека само ти си се трудела за твоето образование? Мислиш само ти немаш спиено по цела ноќ и имаш учено? Мислиш дека само твоите родители биле жртва за твоето образование? Многу сте кренати во небо да ви кажам и сте умислени до немај каде. Мислите дека ако сте завршиле факултет, по автоматизам сте богови. Е од вакви како вас, "јас не заслужувам да работам тоа" ми се крева косата. Сите имаат факултет денеска, ништо посебно не е тоа. Сите родители се жртва за своите деца не се само твоите па за да тоа ти биде некоја си доволна причина за да не работиш работа што е испод твое ниво.

    Само проблемот е што не ви притребала навистина работа и не сте дошле нож до коска да немате ни денар во џеб. Па да видите тогаш како одма друг муабет ќе правите. Си имате од некаде парички редовно, колку-толку па ќе кажувате и филозофирате овде што сте заслужиле, а што не.

    И зошто мислиш дека ти си нешто повеќе од мене или пример од Nati.P па за да велиш дека не си заслужила да работиш таква работа? Ете и Nati.P ти кажа дека има дипломирано и сигурно и она како тебе се мачела, учела, се трудела, нејзините биле жртва за неа, и што, не заслужила да работи по струка, само ти си заслужила? Ама некогаш немаме избор, и кога ќе ти треба навистина работата е тогаш ќе гледаш да заработиш, а не дека имаш завршено факултет.

    И доста веќе се еден ист муабет, партиски па партиски, државните работи биле клати врата земај плата, добро, така е, и сега што да правиме? Можеме да промениме нешто? Можеме јас или ти како единки и индивидуални личности да промениме нешто преку ноќ? Не можеме. Искрено не ни сакам да размислувам како работеле во државната администрација, не ме интересира, ниту пак сакам да размислувам кој, како се вработил партиски, тоа мене ништо нема да ми донесе и само ми е губење време. Истата таа енергија пренасочи ја кон нешто попродуктивно.

    И да, тоа што ти го болдирав во првиот пост е само показател каква личност си. Ги изруга сите што работеле по бутици и маркети, ги нарече уназадени и отупени, па после пиша дека ти не потценуваш никого. Знаеш само што е лошо? Кога ваква некоја умислена до облаци и назад како тебе ќе стане шефица некаде. Тешко на тие вработени. И не, ова последново не треба да ти ласка.
     
    На Dvolicen, Nati.P и vitomir им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од коментарите како се сакало се на тацна, па не се труделе доволно, па не оделе на обуки, па само фејсбук знаеле, не сакале да прифатат работа пониска од завршеното образование, па им доаѓале на интервју дотерани, исфенирани, лакирани само дека другарките им работеле или дека им требаат пари. Искрено, не верувам во такви глупости, од причина што знам како е кога се нема работа и оној кој сериозно сака да се вработи, нема да отиде во минич на интервју и со кило шминка на лице и дека нема абер од работа со компјутери или јазик. Не дека нема такви, ама оној кој сериозно мисли на себе, барем ќе се обиде да си го надогради знаењето.

    Што дека имам сертификат за основни компјутерски познавања од Влада (отидов заради сертификатот не дека ми требаше тоа знаење што ми го нудеа, знам многу повеќе од тоа), диплома завршен степен имам по англиски, се обидувам сама да учам германски онлајн, бидејќи финансиски не можам да си дозволам да посетувам курс, барем сега за сега, имам желба да учам програмирање ама повторно ќе речам дека немам пари за истото кое се движи илјада, 2 илјади евра па и повеќе од курс, имам сертификат за здравствен работник од средно, имам диплома од правен, имам потврда за положен испит за државен службеник, има волја за работа-но ја немам истата, скршен ми е сонот, полека се руши тоа што се надевав овие седум години поминати во волонтирање.
    Да, да-седум ебани години за 70 евра месечно. После толку нервози, се сомневам дека и кога би ме вработиле на ова место дека би била задоволна, после толку изгубено време и пари кои наместо за моја плата, легнале на сметка на државата.
    Каде се тука премиерот и владата да кажат како го решаваат статусот на волонтерите?
    Нека не тресат само по реклами пред избори како ја намалиле невработеноста, баш ме интересира како, така што преку врски ги напикаа преку Македонски шуми и сега ги ставаат наместо волонтерите кои дури и повеќе од 10 години волонтирале а нив ги испраќаат дома? Тоа ли е ПРОЕКТ, тоа ли се мерки? ПЛУКАМ врз таквите мерки и кампањи, кога државата ќе ти го одзеде здравјето, залудни се веќе ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА.

    И засрамете се тие кои коментирате дека оној што сака и бара работа не се трудел доволно, не барал доволно! Ако нема врски кои би му помогнале како што ви помогнале на вас што имате такво мислење, не значи дека не се трудат доволно добро. И не ги ставајте во ист кош со мамините синчиња и тазе налакирани ќеркички, "што спијат до три попладне и ја чекаат мајка им да им свари кафе".
     
    На De-lovely, SparkyAngel, bubamara12345 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Џабе Абеја, ситиот на гладниот не му верува. Џабе се докажуваш. И мене колку пати ме направиле мрза, а јас кутрата, од пракса на пракса, евентуално неколкумесечна замена. Па и од пракси се збоктисува. Пракса е година-две, за студенти, за дипломци, не за луѓе куќа што куќат.

    И не е дека сум се пријавувала само по струка. И јас сум праќала за работни места за кои е доволно средно образование. Но, ако не е речено да те примат, постои и преквалификуваност за одредено работно место како проблем.

    Тука владата не е ништо крива. Си донела закони кои ги штитат правата на вработените, според кои по одреден временски период мора да бидеш пријавен на неопределено, си има донесено закон за траењето на работниот ден, но, со чесни исклучоци, нашиот менталитет, „на комшијата козата да му умре, па и на мојата нека и` секне млекото ако треба“ не` донесоа до ова дереџе. Искрено, имам пријатели во странство и законите кои ги донеа и зацврстија кај нас за правата на луѓето на работа и пред вработување се навистина за пофалба и го следат напредниот свет. Е против менталитет, ниту една влада не може. Кога на еден форум се осудуваме за темава што сакаш...

    Да речеш, не им се работи на сите кои се жалат, ама по таа логика, да беше така, досега сите што печалат по туѓинава, ќе се откажеа, ќе се вратеа тука, а немаше тоа да бидат ретки случаи како што се сега. И тие кои заминале, еднаш се пожалиле.

    Ова не е точно. Јас сум од Скопје и никогаш не сум била привилегирана поради тоа во однос на плата.
     
    На SparkyAngel, imelda, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    A зашто сте се фатиле сите за таа државна администрација? И ако викате дека таму ништо не се работи, а се зема плата, зарем вие го сакате тоа? Сум имала прилика да работам за плата, и да седам за плата и верувајте дека многу е поубаво кога работиш за платата, отколку да дремеш 8 саати...
    Работам за 10 000, од Скопје сум, имам 23 години и завршено факултет, не се бунам. Зимам колку толку и барем не барам од моите, се снаоѓам. Доволно ми се, па здравје додека да улета нешто во меѓувреме се гура. Според мене, немаше фајде да чекам подобра работа според струка и според посакувана плата, ако требало да ја најдам таа работа ќе ја најдам и вработена.
    На крај краева, барем не седам дома, се мешам со народ, запознавам луѓе, што некогаш може и да ти се најдат во животот.
    А за отупувањето, повеќе се отупува седејќи дома, отколку со било која работа. Тоа е мое мислење, не сакам да ви го наметнам.
     
    На De-lovely, Dvolicen, Nati.P и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Секој со својата среќа. Некој имал повеќе, некој помалку. Ама јас сепак верувам дека вредните луѓе наоѓаат, иако не веднаш, некогаш поминуваат години.
    Не ги ставајте во ист кош ни сите што успеале да најдат работа и да напредуваат. Не мора да значи дека тоа било со врски.

    Мислам дека многу луѓе се насочуваат на погрешни опции. Партиски книшки ти требаат главно за во државна администрација, иако почнува тоа да се проширува и на фирми во кои има државен капитал. Значи, ако сакаш да работиш во државна администрација и гледаш дека книшка е главниот критериум, тогаш извади книшка. Ако ни под разно не сакаш да извадиш книшка, тогаш не барај државна работа, барај во приватен сектор. И не мора да е работа за друг, може да е за себе.

    Неколку мои пријатели отворија сопствен бизнис. На еден му тргна ептен, сега има веќе средно претпријатие. На другите не толку, ама за себе си вадат неколку стотини евра месечно. Некогаш 300, некогаш 1000, зависи колку работа имаат. Ама месеците кога зимаат 300 немаат многу работа и не седат 8 саати на ден на работа. Е сега, на еден му пропадна бизнисот, не поради лоша замисла, супер му тргна, ама увезуваше роба за која условите одеднаш се сменија, цената на превозот се качи петкратно и толку беше. Сепак тоа е надворешен фактор кој тешко се предвидува.

    Владата има мерки, ама тие се занемарливи во однос на потребата. Преку самовработување се вработуваат 1000 луѓе годишно, а што е тоа за 250-300000 невработени, колку што има? А таму врските не играат голема улога, туку идејата. Можеби од 1000 со врски ќе влезат 50, ајде нека се и 100, ама другите 900 не се. Имам пријатели што и преку оваа програма отворија бизниси пред неколку години и уште работат. Не направија милиони, некои останаа фирма - човек, ама си вадат пристојна плата.
    Да, имам и другарка со козметички салон која не може да си најде вработена веќе година - две. Една од тие што ги вработи ја крадеше, друга и каснеше секој ден по пола саат, па со тоа и термините и ги поместуваше, трета се гадеше да работи педикир и депилација... Инаку им дава плата колку што ќе и побараат, ниту ги малтретира, само сака прецизност во време и добро завршување на задачите.

    Дека има мрзливи луѓе - има. Не бев толку свесна за тоа додека не почнав да правам интервјуа за вработување. И не е само образование, многу голема улога има карактерот. Искрено, повеќе би вработила некој што знае помалку, а сака да научи, отколку некој со незгоден карактер кој знае се. Гледаш како човекот ќе ти се вклопи во тимот. Ако некој е арогантен, а треба да работи со клиенти, ќе го примиш? Ок, за професии што немаат контакт со луѓе тоа и не е важно, ама не сум имала искуство со такви.

    Пред некое време требаше да вработиме човек во мојот сектор, за позадинска работа. Во тесен избор влезе една типка, која беше доктор на науки. Работата што беше огласена беше за со средно, ама нели тоа си е нејзин избор, ако сака да работи, нема проблем. Терминот за интервју не и одговараше и и реков дека ќе и се прејавам за околу 2 часа да и кажам што можеме да направиме (морав да ги прашам другите од комисијата кога можат). Во тие два часа се јавила на сите во фирмата, од директор до шефови и не знам кој се не и зборела како тоа јас сум и дала лошо време не можело да се смени времето за интервју. И што мислите, ја примивме? Е па не. Ако не може да се стрпи два саати да и се прејавам и ми ги извртува зборовите, фала, не ми треба во тимот таква. А таа сигурно ќе збори дека со врски сме примиле некој со пониско образование од неа. И дечкото што го примивме беше со магистратура, ама се нафати да го работи тоа место. Кога си отидов јас, со мој амин му го дадоа моето место. Си заслужи, стварно се трудеше. Претходно на истото место имаше друга која верувале или не во 11 доаѓаше на работа и што и да сработеше беше со грешка. Пробав да и укажам неколку пати, ама на крај не и го продолживме договорот. Јас работев по 13 саати на ден за да ја покријам, па колку и да ми беше жал за неа, повеќе ми беше жал за мене.
     
    На imelda, Giovanna, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Daydream, ај прочитај неколку пати, ај види молимте што сум пишала јас.....кого сум навредила ? ај молимте види......
    И доста веќе се еден ист муабет, партиски па партиски, државните работи биле клати врата земај плата, добро, така е, и сега што да правиме? Можеме да промениме нешто? Можеме јас или ти како единки и индивидуални личности да промениме нешто преку ноќ? Не можеме. Искрено не ни сакам да размислувам како работеле во државната администрација, не ме интересира, ниту пак сакам да размислувам кој, како се вработил партиски, тоа мене ништо нема да ми донесе и само ми е губење време. Истата таа енергија пренасочи ја кон нешто попродуктивно.

    се читаш ли ти хехехеххеххехеххех сега ти мене ке ми кажуваш дека црното е бело и обратно, па немој да се трудиш и навредуваш тука.....знам вистината боли,за некои партиски војничиња кои се вработија и уживаат некаде знам....неможе да верува човек што нема макаа, многу многу нормално. Само во целава приказна е најтрагично што на многу теми едни исти, со ист стил на пишување се браните и поддржувате, како сите други кои неразмислуваат како вас, се ненормални. Јас има своја цел во животот, тежнеам кон тоа....додека некој без комапс овде може да филозофира колку сака.
     
    На bubamara12345, ancebanance, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не се навредив јас воопшто. Не знам ни зошто би се навредила. Не сум партиски определена (тоа можеш по моите мислења на многу теми да го провериш), нит па моментално сум вработена, моментално јас студирам. Така што, не те сфаќам. Моето мислење беше објективно. Ти беше таа што се испофали дека си завршила факултет и дека заслужуваш многу повеќе. Јас ти кажав дека не гледам да си нешто повеќе од многу на форумов или во реалниот живот кои исто така завршиле факултет. Не сфаќам што не ти е јасно. И не знам кои се тие кои "не размислуваат како вас". :^)
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Работата во администрација не е ни малку лесна, ама за кого како, нели? Ако има некој под тебе, по можност да е волонтер, многу ќе ти биде полесно и нема да се замараш. Ама тешко на волонтерот или оној што е без врски, тука не би рекла баш-клати врата земај плата. Ова не го измислувам, од лично искуство го кажувам, како што и вие кажувате какви ви доаѓале на интервју. Секој ден следам огласи и аплицирам и со високо и со средно, ама уште никој не вика на интервју. А сигурно ако ме викнат нема да им кажам, еј не ми одговара на депилација сум тогаш, може ли саат покасно или порано. :^)
    И Теси, власта е крива, донесуваат закони, да, ама се прават слепи дека им работат волонтери и го полнат буџетот со платата која им припаѓа а не им е дадена. Власта знае, ама полесно и е да се прави слепа додека народот и работи без пари.

    Точно, поминуваат години, и години и години...заборавен од државата, ама па тоа не е далеку од изреката-некој умрел чекајќи.
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со напишаново, државата и тоа како е виновна за ова што денес се случува, но тешко кој може да го свати тоа. Некој што е вработен си зема убава плата може да кажува се и сешто, а и убаво Гордана во погоните коментари има точни и реално напишано како стојат работите тука, ама кој да свати е работава. Можеме да паметуваме секому, ама од друга страна секој си ја знае сопствената мака, никому не му е лесно без работа. Jас живеам во западна Македонија, каде има проблем плус во оваа проблематика, да не навлегувам сега на таа тема. Kој незнае, не осетил на своја кожа некои работи може тука да паметува напразно до утре.
     
    На bubamara12345, ancebanance, kikiviki32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Читајќи ги коментариве овде и во други теми заклучувам дека баш сакаш да паметуваш и да го наметнуваш своето мислење :)
    Настрана тоа. Лично јас мислам дека не треба да се ограничуваме само во една област. Работата и не мора да ни биде по струка, многу често и вака се зема добра плата. Еве, пример, нешто што ви е хоби или сте се двоумеле кој факултет да го запишете, земете некој сертификат... Додека да најдете работа на струка, работете го тоа. И јас аплицирам на огласи кои немаат многу заедничко со мојата струка. Што е тука е, ако се вработам така, нормално дека ќе продолжам да следам огласи и да си барам работа на струка. Ама до тогаш не мислам да седам дома како паразит и да чекам од моите.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За муабетите: Јас не работам што годе, јас не сакам ваму-таму...

    Јас лично не сакам луѓе кои со сила се чукаат во гради, а не се дотолку вредни самите.

    Но !

    Секој, сам си се проценува и вреднува себе си.
    Ако некој се вреднува повеќе и не сака да работи што годе, што е вашиот проблем ? :^)
    Секој си има право да си одлучува за себе си.

    Некој кој стварно напорно учел, и вреди, секако дека ќе му е тешко.
    Е, сега некој кој завршил факултет со препишување, молење, и врски, му е гајле.

    *******************************************************************

    Секој со среќата своја, но тешко е кога ќе видиш некој кој 2+2 не знаел, одвај завршил средно, ќе ти биде утре шеф на глава и ќе ти мудрува, а ти ќе црнчиш. :!:
     
    На bubamara12345, kikiviki32, Ethrnity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Силвер остави не вреди драга да се спушташ на подолно ниво нечиво и да се убедуваме сега што како, секој одлучува за себе. Овде ако си го кажеш своето мислење, својот став кое е поразличен од некој друг, одма ти не си нормален, ти фали нешто. Една иста група, едни исти лица, исти коментари и константни навреди, ништо ново и невидено. Па се оди до тој степен да човек кој ни малку не го познаваш, одма го категоризираш- ваков е таков е.... не се суди за човек кој не го познаваш. Јас сум работела и сезонски и секаде каде што сум била во можност. Јас сакам тоа со љубов и труд што сум го учела, сега да го надоградувам, надополнувам, унапредувам. Кога јас ке напредувам во животот кога, кога јас на сопствените деца ке им овозможам убав нормален живот. Јас не потценувам никого, секој се мачи, никому не му е лесно. Секој си има цел во животот, секој колку толку сака да успее во животот, секој би работел и секој би се унапредувал во животот кога би имал и би добил таква можност, никој нормален не би седел дома како последен бедник-да чека денар од некого. Проблемот е тоа што денес ништо не се цени, проблемот е тоа партиско вработување, таа преплавеност насекаде каде постои, каде нема никаков квалитет, битно е платат во раце ја имаш на 1 во месецот, а дали си ја заработил платат е небитно, битно е да одиш на работа дотеран и на шетање и кафе муабети-тоа е реалноста. Денес и за најобична сезонска работа, без никкави обезбедени услови за нормално работење треба да фатиш некаква врска, за да почнеш да работиш. Да не зборувам за други пропратни проблеми. Ама некој несака да види, несака да признае некои работи. Тоа што несакам во бутик да работам е од причина што јас сакам да успеам во животот, да се усовршувам и да работам во корист на општеството. Jас сакам да им обезбедам еден убав, достоен живот на моите деца, да не бидат гладни и страдни за едени смоки или една чоколада.Јас небарам работа на директор или незнам што исфилмуваа овде некои, јас барам некоја праведност да има и еднаква можност на сите лица во вработувањето, да од некаде почнат и со текот на годините да се усовршуваат и дадат свој придонес во државата. За жал такво нешто државата не обезбедува, затоа младите се повеке и повеке бегаат од оваа држава, вадат бугарски пасоши се помасовно, а зошто сте се запрашале. Од што им е ќеф на душата и од убавинва овде што е...секој сака да има колку толку еден нормален живот, без посебни луксузи.
    Јас знам што е најдобро за мене и знам што сакам во мојот живот. Секој со својата среќа, битно е да не се губи надеж и да се бори за сопствен успех и прогрес. Нареден пат прво видете се себеси, па кажувајте приказни за друг.
     
    На ancebanance, Silver.E, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Нашава држава не оди напред, баш поради ова.Смешно ми е кога ќе ме убедува некој што е член на некоја партија, како стојат работите со вработувањето, пред се заради тоа што знам како навистина се вработува.Тоа го кажав претходно.

    Секој сака да работи, сметам дека не треба човек да вели некому „ абе како не можеш да најдеш работа, па лесно е тоа“ и сл.Особено ако се нашол во иста ситуација во која другиот се наоѓа моментално.Лесно е да се каже тоа, многу лесно, ама не е тоа целта, нема никаква корист од тоа.Или се заборава како било кога се немало работа, па ајде на друг ќе му се чуди човек и ќе му вели “ абе ти не сакаш да работиш, а не дека стварно нема работа“.Како може тоа некој некому да го каже, кога бил во иста ситуација?

    Бидејки огласите, паднаа како трн во око, за што се вели дека тие се единствен и прав начин за вработување.Човек и да прати цв, не се јавуваат, не одговараат едноставно.Како да мислиш ги нема, не постојат,баш така делуваат.Па и да нешто се случило, толку ли е тешко да се информира другиот, дека завршил огласот или сл.Да си бара човек друго чаре, а не да се надева за џабе.А неговото цв, да стои таму некаде кај нив, да фаќа прашина.

    И, никој не рече дека секој бара работа во фирми.Што толку само тоа се кажува? Како небаре другите не знаат што треба да прават со сопствениот живот, во случајов, ко да не знаат како и каде да бараат работа.

    А секако дека човек кога ќе си е вработен, нема да жали, колку плата, толку.Поарно нешто, него ништо.Најлесно е кога човек има работа, убава плата, да седне и некому да кажува „ вие не сакате да работите“ , и многу нормално зошто е најлесно тоа да се збори.Нека нема човек работа, па да видам дали ќе збори така некому или ќе му е поважно да гледа како да се справи со ситуацијата во која се наоѓа или некому да помогне, доколку видел оглас да го упати другиот, да си види.

    Кај нас тоа е проблемот, наместо да се вработува како што треба, да се цени нечив труд, обратното. Некој ќе се води ко вработен во фирма, а не дека стварно ќе работи и ќе си зема плата.И тоа го има.А некој душа ќе си извади за работа да најде и па не наоѓа,а не дека барал во фирми.Ама ете, бидејки од презафатеност, немет место, па ни за работа да се најде.
     
    На SparkyAngel, tessie и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај само да напоменам како факт, дека кога сум барала работа и од бутик ме одбиле. :!:
    Нив не им значеше дали имам диплома или каква сум, едноставно си требало врска и за таму. :tmi:
    До некаде ги разбирам, и јас да имам бутик ќе си вработам свој познаници. :?:
     
    На ancebanance, tessie и makedonkamak им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Силвер, реалноста е дека ова е типична слика во македонска фирма. Што побрзо го прифати човек, ќе му биде полесно.

    Јас воопшто не се замарам со тоа дали некој неспособен или способен ми бил шеф. Сум имала и паметни и неспособни. Не ме интересира како стигнал до таму и колку го бива. Се додека не ми прави сопки во секојдневната работа, мирна ми е главата. Ако ми прави, или ќе пробам да го решам проблемот или ќе си одам од таму. Ми се случило и едното и другото.

    Прво, не ја разбирам распределбата по нивоа, пониско и повисоко. Ниту потребата од истото.
    За второто, дисусијата не е отворена да се кажува за друг туку да се споделат мислења и ставови. Таман работа да имавме сите ист став за се. Тоа не значи дека не можеме културно да го искажеме и да дадеме примери.

    Туку друго ми беше муабетот. Во последно време вработувањата најчесто одат по препорака, без разлика на местото. И не е нешто чудно, ако имаш кандидат што го знаеш, или некој друг може да ти каже добар или лош збор за него, и ако имаш друг за кој апсолутно ништо не знаеш, природно е дека ќе го избереш овој за што некој нешто добро ти кажал. Тоа јас и не го сфаќам како врска, туку поголема сигурност кај оној што бира. Не зборувам за државна администрација, туку за фирми.

    Да речеме јас аплицирав на оглас. Кога веќе сум стигнала до првите три места, се распрашале по луѓе што ме знаат што мислат за мене. И тоа не кај еден, туку кај повеќе. Истово ми се случи за последните три работни места.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А зошто мислиш дека вадат бугарски пасоши? Мислиш дека таму во странство ги чека работа на струка? Ретки се тие. Распрашај се прво. Многу малку од тие што отишле работат на струката. Повеќето рибаат плочки, метат станови, работат во ресторани...

    За ова, и јас не го разбирам тоа твое категоризирање подолно/погорно ниво. Никаде не прочитав некоја да те навредила, да ти рекла дека си ненормална, дека ти фали нешто.

    Токму така, не се суди за човек кој не го познаваш. Како тогаш можеш да речеш - не се спуштај на нечие подолно ниво?