1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.429
    Затоа што никој од вработените не ги пријавува. Анонимно е, ама сите си ќутат. Поттикнете ги да пријават!
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не треба вработените да ги пријавуваат, туку државата ако си работи како што треба, нема да дозволи да дојде до таква ситуација да треба вработените да ги пријавуваат работодавачите. А кај нас цвета ситуацијава па уште и да пријавуваш работодавач од кој земаш барем за леб. Ако го пријавиш, подготви се за дома. Можеби утре ќе налеташ на уште еден таков работодавач. Па ќе треба и него да го пријавиш. Кога ќе се освестиш, ќе се видиш остарен и со живот поминат во пријавување на работодавци. Бидејќи да е еден, лесно би било, ама органите на државата ги оставаат да се множат таквите работодавци.
    p.s. Ништо не е "анонимно" во нашава државичка.
     
    На Hipster, SparkyAngel, makedonkamak и 7 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Имав чест да сум вработена една година во Македонија. Правата на работниците, колку се заштитени и кој им води ред на работодавците дали се држат по правила, гледам не мрднале многу работите од 1999 па наваму.

    Ми беше кажано од газдата за кој да гласам ако сакам да продолжам таму со работа. - Значи исто е и сега, да не се лажеме.

    Плата на рака за сите непријавени, на пријавените со доплата на рака. - Исто како денес.

    На нас, кога ќе дојдеше инспекција во 8 навечер на почеток на трета смена и ќе не прашаше една по една, пред газдата :!: , вие сабајле бевте ли прва смена, а вие, а вие? - Нееее друже, вчера втора смена бев јас, ахам така ти викам, навистина :nod: а, ај погоди кога сите до една излеговме низ врата последен пат, дали пред 24 или само пред 8 часа за да се вратиме повторно на работа? Жално што колку ние и газдата знаевме која ни била претходната смена, толку знаеше и инспекторот :!:
    Кај кого ќе се жалиш? Во Стразбург? |( И сега, подруго да не е случајно? Ако грешам нека ме исправи некој, може се смениле некои работи за последните 15 години :^)


    Анонимно :D Анонимно е се додека ти не видиш ништо, не си видел, ти не си чул, ти ништо не знаеш. Кажи А и опааа, стане нонимно(урбан речник) ;)
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.785
    Допаѓања:
    131.346
    Работниците би требало да пријавуваат, инспекторатот не може секогаш се да следи, наједноставно е да работи по пријава.

    Само така би било кога работниците би знаеле дека тоа не би им се вратило по глава. За жал, кај нас ништо не останува анонимно. Па и после, ако дадеш на суд, ако немаш врски, ништо не правиш, колку и да си во право.

    Се додека судскиот систем не профункционира како што треба и институциите неселективно си ја вршат работата, нема да станеме сериозна држава.
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tокму така Aбеја ништо не е анонимно.Tрудовите инспектори се за пријавување ,а не газдите Oдговороноста е нивна.Tоа им е работа да ѓи штитат работничќите права.Aма кого штитат веќе на сите ви е јасно.Oстанува само едно единствено решиние.Државата.Единствено таа може да им помогне на работниците во остварување на нивните права.Тоа може да донесе само позитивни промени, за сите, па дури и за работодавците.
    Колку почесно работат , толку ќе бидат поуспешни.Нечесноста никому не му донела ништо добро.Може сега се успешни и им цвета бизнисот,но утре кога ќе се откријат сите интриги и криминал( јас така го дефинирам искористувањето на работникот максимално не бирајќи средства и начини)верувајте се ќе се сруши за многу краток временски период.
    Затоа и толку невработени, толку сиромаштија, нема економски раст.
    Луѓето се вработени но ретко кој е задоволен од својата работа.
    Живеат ден за ден.
    Немаат мотив да се бидат трудољубливи, да напредуваат.
    Еве јас сум повозрасна од вас и сум разговарала со повеќе работници.Кога ќе ги прашаш Како на работа добиваш одговор Циркуси :!:
    Навистина повеќето се во право.Многу работни места наликуваат на циркуси.
    Неквалификувани работници, влезени со врски , се за жал претпоставени на интелегнтни образовани и висококвалфикувани работници, кои мораат да работат а немаат врски .
    Сето ова наликува на еден маѓичен круг кој има само еден единствен излез.
    Тоа е свеста кај секого од нас .
     
    На Valerin, makedonkamak, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Познаничка моја беше да пријави во трудова газда за работа на црно... и таму инспекторот и рекол дека може да го пријави, ама прво да си размисли, затоа што прво неа и следува казна од 100 евра затоа што прифатила да работи на црно :swear: . Девојкава му рекла дека не прифатила, дека и викале сега договорот, следната недела ќе биде, па ајде таа да не напнува (да не си направи лошо, нели, да не ги налути) чекала, па кога видела колку е саатот, дека нема ни пари ни договор, си отишла. И сега не и плаќаат каде што работела, си отишла, нели, без договор, а во инспекција и викаат прво таа ќе си плати казна, па ќе се испита за газдава работата. Ете ви го законот во Македонија :!: Ги штити работниците? :puke:
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Да ти кажам дека не си во право и ова е само еден лош приказ за трудовата инспекција .Ако другарка ти може да докаже дека работела таму е само + за да се провери и санкционира фирмата
    Инаку еве ти линк од трудова инспекција и кој се нејзините ингиренции ...и никаде не се наведени казни
    http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=9863721A3FFC86428BB08EA40ACF1AD4
     
  8. katerinastojkovsa

    katerinastojkovsa Нов член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    огромна е, поголема нити била некогаш.
    живеам во заедница каде мајка ми е вработена како чистачка за глупави 8.000 деанри со кои буквално издржуваме во месецот НИ САМИ НЕ ЗНАЕМЕ КАКО без помошод никого....сметки,трошоци, јадење, пиење, факулет,школо...

    татко ми е без работа веќе 3 години, има скоро 50 години и не може да најде работа сите бараат млад кадар.ќе поработи приватно еднаш во тримесеци ако најде некаде или го викнат и тоа е тоа драги луѓенца, ситуацијата ни била ни ќе биде полоша :(
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Линк :D
    Извини, ама правила и закони имало и еве мене кога ме прашуваа колку смени работеше денеска пред да се тутне инспекторот во канцеларија кај газдата на кафе. Прва рака, не другарка, не познаничка, мене ме имаат правено будала. Не фалат пишани правила и права. Фали правилно спроведување на истите во реалниот свет.
     
    На makedonkamak, Li0ness и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    И јас сум некаде работник така да добро знам каде и како се прекршуваат правилата .Целта ми беше да кажам да не се даваат дезинформации од типот дека ке се казни некој ако пријави нерегуларности.Мислам дека ме имаш сфатено погрешно ,сакав на некој начин да ги охрабрам оние што им се прекршени работничките права ,каде се отстапува од договорите до тој степен да се чувствуваш загрозено дали ке ти биде платено ......За многу работи се и самите работници криви кога незнаат или се плашат да се договорат убаво (или се неинформирани за нивните права и кодексот на однесување и почит газда-работник ) :fubar: .
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    А како да бидат задоволни? Како да бидат мотивирани, со лажни реклами? Ова државава ќе направела, она ќе направела, се прави, а ништо не се виѓава работава.Ако нема човек врски, ако нема партиска книшка, ништо не прави, па макар 10 факултети имал и уште толку титули, уште толку сертификати, што сака нека има, ако претходното што го реков го нема, џабе.Може и на глава да оди, џабе ќе му биде.На нашиве не им текнува каква инспирација само им даваат на младите да си заминат од државава.Ама изгледа не приметуваат, битно е за себе си да гледаат, а не за друг. Па барем кога веќе ја водат државава, нека направат нешто.

    Па и уште што е трагично, работни места, зафатуваат луѓе кои и не се адекватни за истите.Додека, други, адекватни, работа не можат да најдат.Нит ред има во државава, нит нешто друго, безредие.

    Да, тоа нонстоп го слушам од други, кои што работат, да не речам стандарден одговор им е „ Циркуси“. Цела држава ни е циркус, не се знае кој јаде, а кој пие.Хаос.

    Што е страшно, што има луѓе кои имаат цели фамилиии за издржување, а немаат пари.Нашиве не знам што си мислат, па за една сметка, цела плата ќе му летне на човек, а што останува за друго.Па ништо, па на нула, работава.

    Не дека и во странство нема невработени, ама нашиов проблем со невработеноста, начинот на вработување е врв.
     
    На drakulce, vinozito1, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не сакам да лупам бројки напамет, ама слушам дека кружи бројот 700 000. (ни на интернет не можев да најдам најсоодветни информации).

    700 000 луѓе во Македонија се работоспособни кои можат и сакаат да работаат, од вкупните жители на нашето тло.

    Зарем не е срамота во оваа држава со толку природни богатства и подем на индустријата, наводни инвестиции, туризам ИТН. да се нема работа за олку мал број на луѓе ???????? :x
     
    На SparkyAngel, makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Една слика, милион зборови. Еве колку се цени работникот во Македонија.
     

    Прикачени фајлови:

    На Silver.E, Gordana10, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Друг проблем е што кај нас еден човек кој има врски, му се може, си работи на 2-3 работни видни места.
    Тера свои бизниси и става друг управител (само на хартија), и си работи некои државни функции, каде си лапка огромни пари. :swear:
    Ова го знаат и врапчињата.
    За некого ќе нема работа, а на некој мала му е плата од 30-40 000, па мора да ги помножи со неколку пати. :^)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Ова е мизерна пензионерска држава. Дали знаете колку се запрепастив кога во разговор со моите баба и дедо дознав дека платите во сите овие новоотворени фирми биле над 21 000? :D Баба ми вика дека во Џонсонс ЧИСТАЧКАТА земала 500 евра плата, не па инжињерите. Не знаев дали да се смеам или да плачам. И не можеш да им го докажеш спротивното. Убедени се дека е така,излегол Грујо на интервју кај Миленко,детето нема шанси да лаже!!! Мене ме прави будала,еј,сопствена внука. Е до тоа дереџе сме дојдени. Џонсонс работниците во погон работат за 8050 денари,исто како и во сите овие фирми кои ги промовира премиерот наш. Се бара програмер за 12000 денари,економисти,правници за уште пониски плати. Се почесто гледам и огласи за пракса од 3 месеци,неплатена,без никаква можност за вработување.Те бараат за некој проект,ќе одиш,ќе им направиш пари и кој те шиша. Мизерија,само тоа ќе кажам. Не знам кога овај народ ќе се освести за некоја работа,кога ќе рече доста на нешто,па душата да сакаат да ни ја земат ми се чини ние сами на послужавник ќе им ја дадеме,нема да чекаме да ни ја побараат!
    Ми викаше татко ми уште за факултет да си заминам надвор од државава,дека нема иднина овде. Уште не сум почнала во потрага по работа а сфаќам дека бил во право. Иднината си ја гледам надвор и да заминам,нема ни да се свртам по ова место,ни по овај народ. Ова е трула почва, од стално била.
     
    На De-lovely и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    И јас често си вадам очи кога некој ќе ми го спомне Џонсон. Алоо луѓе кој не е нормален јас или вие? Плата 8000 денари, плус ноќни, но -2000 за храна. Врти сучи, во зависност од месецот, колку дена работиш, колку ноќни си имал најмногу 10000. Но, го прочитав и договорот. Вели година дена не смееш да напуштиш сам во спротивно ќе ги вратиш сите пари, а газдата смее кога сака да ме измава. Затоа ли јас учев бе, за ако некогаш ми се отвори работно место по струка, да ти ги вратам парите што сум ги заработила кај тебе. Не, благодарам.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Невработеноста во Македонија....уффф...мојот најголем проблем и на многумина други.Тешко.
    За некои лесно...хмм :^) .Нема да зборувам за други ,да напаѓам и да солам памет и кажувам излитени фрази од типот ААхх колку мрзи има кај нас...сите бараат работа ама молат Бога да не најдат..или за тој што сака да работи работа има...Е кога ќе ги слушнам овие муабети незнам што попрво да сторам дали да се смеам или да плачам.Трагикомедија!Трагикочично е нашево општество кое од ден да ден се повеќе станува општество на имбецили.После се чудиме до кај сме стасале со нашево безумие и бескруполозност..а сега тешко и да поверувам дали некој воопшто мисли и размислува до каде сме стасале и кај одиме..каква иднина не очекува?Мислењето и сопствениот став се забранета зона.
    Ете јас дипломирав со висок просек ,постојано се надградувам,вложувам во себеси со надеж дека еден ден ќе ми се исплати тоа инвестирање и труд..компјутери,јазици,долгогодишна пракса...на крајот пак ништо...егзистенцијална голгота...борба.Крпен живот.
    Ете сега нека се најде некој да рече дека грешката е во мене,дека не се трудам доволно..дека пребирам(работев и во текстилна фабрика за бедна дневница и изложеност на мобинг).Пак ништо...не сметајќи ја мизеријата и горкото чувство на искористеност.
    Не... грешката не е во мене и нема жива сила која би ме убедила во спротивното..Грешката е таа што живееме во Абсурдистан.Јас веќе престанав да ја гледам и замислувам мојата иднина овде...одамна мигрирањето одовде не е миграција туку евакуација!!!
     
    На Divinebutterfly, imelda, Damiana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас нема да ви кажам дека не се трудите доволно и дека работа има само дека не барате .

    Јас барем знам колку е тешко да ги пратиш сите огласи , да даваш пари за курсеви , за образование , да учиш за просек со надеж дека ќе бидеш поконкурентен .. Не знам по колку интервјуа не бев , волонтирав , одев на курсеви ама работа никако немаше .
    Не се откажав иако со помрачено лице и без воља одев на интервјуа и ми беше смачено веќе , ама конечно и јас се вработив :) . И додека одев по тестирања и едно па второ интервју немав надеж дека ќе ја добијам работата ама ете ми се насмевна среќата .

    На мене ми требаа 2 години , 2 години во кои се чуствував како паразит и неспособна , 2 години ми тупкаше срцето после секое интервју и безбројни разочарувања , имав и понуди кои беа мизерни и потценувачки и ги одбив , верувајте во себе не се потценувајте ама и не се преценувајте ..

    И јас не верував на зборовите на татко ми дека квалитетот кога тогаш испливува на површина и дека не е се наместено ама еве го сега ми се смее и ми вели - Нели ти реков :D

    На сите ви посакувам од се срце успех и што поскоро да се вработите. :) И колку и да ви изгледа безнадежно не се откажувајте .
     
    На glosipgirl, Divinebutterfly, Ariel и 7 други им се допаѓа ова.
  19. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Честитки mimiiiii!Убаво е да се чуе дека некој се вработил благодарение на неговите способности и квалификации.Ај па за скоро пофали се како на работното место :)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.429
    Има 2000 нови вработувања во градежните компании кои ги добија тендерите за градба. Ако има некој кој познавате, а знае и сака да работи, кажете му да се пријави.