1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Грешката кај македончето е што ќе се наоружа со 500 рала опинци и ќе мава со нив по туѓиот грб ама нема да преземе иницијатива да се соедини со своите! :!:

    Никогаш нема да се крене на бунт за она што не му годи од страв, и ќе дозволи тиранијата да го надвладее неговото граѓанско право. Епа затоа си патиме.
    Дур нашите претци се превртуваат во гроб, и кога само би знаеле во чии раце ја оставиле својата татковина би станале од таму.

    На крај краева зае*и лажен патриотизам и лигавење!
    Ма не дипломирани, не магистри, докторанди и уште што не со лопата да ги ринеш. Ене ги дома си прават змајови со дипломите, и ги летаат од канцеларија до канцеларија прикажувајќи ги небаре бонбони се.
    Да да, не се чудете. ;) Стана популарно денес да имаш диплома, онака фино да им се прошеташ на твоите другарчиња кафанџии, физикалци и да им речеш ,,батка ти немаш факс ја иам'' (читај: партиска книшка), и да му мавнеш морален шамар и набиеш комплекси без никаков разлог. |(

    Чаламот де, што ве чуди. ;)
    Нашиот народ од секогаш бил прост, и ќе остане.

    Докажавме уште еднаш на овие избори дека не бива бе! Дека сме саде мозоци кои ничкум никнуваат среде бавчи. На секој чекор по еден!
    Затоа стасавме до каде стасавме. Оти сами си одбравме и никој не е виновен тука.
    Во Европските земји дали вака ќе дозволи народот да се плука на него.
    But, it's fu*king Macedonia, ofc :hai: тука важат поинакви вредности.

    Епа ради овие ствари никогаш нема да дооспеме ни близу до средината. Велам средина, оти идеал е далек ко Русија шо вели Бајага.

    Јас само чекам да пукне тиквата. А ќе пукне, порано или подоцна.
    Кога директорчињата компетентни на тате и мама ќе бидат завлечени за увце и истрескани на улица ко последен шут.
    Може не денес, не утре, ама за 20 години и те како.
    Назад им е зимата слушајте ми го зборот. ;)
     
    На Glasna, esperanca и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    За некого мајка. За некого маќеа. |(
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Тоа е проблем, стравот.Во другите држави, народот може да се крене на бунт, тука не, иако многу работи му сметаат, а не дека не може, туку има страв.Нашите, не може да очекуваат дека народот ќе си ја сака својата земја, кога истата кренала раце од него.Само некои реклами си прават нашиве, што се далеку од вистината, а да не речам дека се практикуваат.Скоро секој знае, па и мало дете знае дека она што нашиве го зборат, нема врска.Намалување на невработеноста, нема, има зголемување на невработеноста во државава, само на институциите, тоа не им е интересно, не се замараат.Некакви мерки, кои врска немаат и тврдат нашиве со некои си информации извадени од никаде „ еве се намалила невработеноста, има толку и толку слободни работни места“, кои според нив, слободни работни места? Дали и воопшто се сигурни дека има слободни работни места во државава? Бидејки не може да тврдат дека има, а цел народ да е невработен, тука нешто не штима.Нека не се чудат нашиве што повеќето си заминуваат од државава, бидејки не секој може да биде излажан.Доколку ги интересира, нека сменат нешто во државава, ама очигледно не ги интересира.Ставиле огласи за работа, еден куп колку само за да се види дека нешто се дешава, а нема врска.Кога газдата ќе ти рече дека предвреме е ставен некој на работа, а огласот уште не завршен, што да кажам повеќе? Апла самиот кажува.Секако дека вака ќе мислам, не чини државата, кога реално не чини.

    Една членка имаше спомнато во друга тема, мислам за бугарските пасоши беше, кога рече „ нашиве си се обезбедени, кога ќе настане хаос, ќе си заминат од тука, обезбедени финансиски во друга земја“ потполно во право е.Во сооднос на ова, комотно нашиот народ, сосем нормално ќе си оди од државава.После ќе прочитам тврдење, дека нашиов народ си ја предал државата, абе ајде, ќе се правиме небаре не сме од тука, за да не видиме што се дешава во државава и ќе се тешиме дека ќе биде подобро или е подобро, само трета е причината што сметаме дека не чини државава.Мене лично, не може да ме излаже некој со реклама од владава, за „ убавините“ на државава.Според мене во ред си е, секој да си одбере дали ќе биде политички определен или не, негово право, но нашава влада треба да обрне повеќе внимание на оние работи кои прават народот се повеќе и повеќе да си заминува од државата.Наместо да си одат нашиве заради подобар живот во странство, истиот да го имаат тука, не секому му е мило да ја напушти сопствената земја, заради тоа што има подобар избор во странство, не дека таму тече мед и млеко, но секако секој би се насочил кон нешто подобро.

    Можеби ќе звучам како нашава влада, ама ќе речам, има разлика од реклама до реалната слика за невработеноста во државава, оти едно зборат нашиве, а сосем друго народот, нема кој не ми се пожалил за ова, се повеќе има такви кои се разочарани, а тоа е сериозно.Мислам сепак дека е џабе што народот збори.
     
    На makedonkamak и Valerin им се допаѓа ова.
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Горде во право си за се што си пишала.
    Да е добро во државава не е. Може само да се залажуваме т.е да не залажуваат дека невработеноста е намалена. Сега на митинзите на Вмро во секој град кај што одеа секаде најавија странски инвестиции и фабрики. Фабрика за ова, она, де Иванов злато ке копал итн. Мене не ми е јасно, како толку најави со странски инвестиции и нормално слободните работни места што ке следуваат, се појавија баш тој период. Зошто не се најавија порано, како ги изнредија и наброија како печурки никнати после дожд. Прво, на тој начин т.е преку таа вечна болна тема невработеност лесно се манипулира со граѓаните. Сите се активираа месеци наназад по партиските штабови со ветување дека ке добијат вработување. Каде не ми е јасно ке се вработат сите тие лица, каде ? Секаде веќе е преплавено со непотребни вработувања. Има ли капацитет државата за плус вработувања. Општо познато е дека државата зема кредити и се задолжува само да им исплати плата на сите доплнително што ги вработила. Уште ли ке се задолжува Македонија за таа цел. До кога? Има и граница и тоа, ако се премина таа нормала што ке се случи сите знаеме. Од Агенцијата за вработување пред некој месец кога се пријавував, прашувам има нешто ново... Има вика обука кај познат работодавач во времетраење од 3 месеци и должност да ти плати износ од 5000 денари. И што мерка е ова? Ова се тешки глупости, хартијата трпи се и еве јао-као мерки имаме за младите. Агенцијата нуди можности, младите не сакаат. Ма дај те ви се молам, ова е срамота. Таа што ме пријавуваше беше тежок партиски активист и одма си доби исто така тешко унапредување. На нејзино место оп изникна една албанка. Значи за албанциве и за врмо кога -тогаш се наоѓа по нешто, а што е со другите, останати лица. Тие нека преживуваат, немаат еднаква можност да се вработат. Ке си седат дома и ке се чудат.
    Друго оние лица што се пријавуваат на 6 месеци ако задоцнат 1 ден со пријавување ги бришат од евиденција. Така се смалува невработеноста луѓе. Фиктивно само, а не реално.
    Јас не сум против ако има инвестиции, нека се отвараат работни места. Убаво е сето тоа, само под услов навистина да е така. Да не се лажат луѓево, да не се надеваат.
    Оделе ваделе пасоши бугарски, е не ке седат овде и ке трпат за леб или ке трпат секакви понижувања за некоја ненормална плата.
    Никаде нема лесно знам, работата си го бара своето. Но, од друга страна дали работникот ги има и дали ги ужива своите права.
     
    На poenta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    ^

    Читајќи ја темава, ми текна за Субрата Рој.. Е сега, каде е да инвестира и да отвара нови работни места?
    Тогаш медиумите правеа пропаганда, а сега.. штама.

    Друго, стварно е иритирачки што пред предизборна кампања има налив на најавени од странство 'инвестиции', а по изборите, и тоа се заборава.

    Се сомневам дека најавените вработувања ќе се остварат.Молам Бога да грешам..
     
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Еве каде е:
    http://libertas.mk/%D1%81%D1%83%D0%B1%D ... %B4%D0%B8/
     
  7. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    А вие мислите дека ако отворат фабрики од инвестициите дека од таму ќе се хранат по 5.000 или 10.000 домови? Како порано што било и кога се можело?
    Не, ќе се отвори некое погонче за неколку стотина работници (па дали и толку многу ) колку да можат и странците да исперат некоја пара, а нашиве да се ‘лупаат‘ во гради дека они тоа ја обезбедуваат иднината на народот и отвараат работни места.

    Патем, не сум партиски определена.

    Друго, жал ми е за онаа рекламата што ја пуштаат на мтв1 демек да се запишувале децава на технички факултет, од типот на машински, технолошки, пмф и слично... Поточно, жал ми е што после тие инженери со таквите знаења ќе нема во која индустрија и во кој напредок да се впуштат.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Moj близок роднина магистрита после завршување на машинскиот факултет. Но, и после две години не успеа да најде работа за која е квалификуван. Со најразлични изговори го ,,туркаа'' од местото кое му припаѓа како и многу други.
    Така да џабе е, и партиската книшка е џабе. ако немаш некој познат да те прогура во овие тешки времиња, и пет факултети да завршиш ништо нема да ти се вреднува.
    Залудно се тешам и јас..
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Ги читав мислењата и не можам да се начудам , зашто никој не каже некој добар збор....
    Никој да спомне дека не е се така црно ., или само така навикнати од вашите дедовци и родители кои не работеле ништо а земале огромни плати , а денес пензии преку 30000 илјади и сега кукајте ова не чини она не чини никој не е крив за ништо работа порано си земале убави парички директорчиња , функции , навака натака ...И сега се не чини ...така е кога никој во оваа стапанкина не се однесувал домаќински повеќе од 30 години
    А да не правеме муабет за лошата приватизација која преку ноќ ги остави семејствата без корка леб ..И денес ни е крив друг , е драги мои тоа ни е сега со свој камен по глава се маваме и не се кукајте не е се така црно , кога сите имате телефони од по 500 ЕУ а плата од 8050 ден .Па зарем е тоа можно а ...?
    Пародија е тоа смено е апсурдно ..А и плу нови коли одмори скапи во грција турција ,шпанија и каде не од каде се тие пари а..?
    Има уште многу да се каже и сами знаете ..Не е се така црно , се согласувам има и нешто што не чини но има и добри нешта , да бидеме критичари и самокритичари
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Дали ќе го дочекам тој ден да прочитам нешто паметно од тебе или ќе цркнам чекајќи? :^)

    Како прво, ти не знам во која земја си живеел, ама сигурно во оваа не.
    (Ако не сум грешка зборуваш за периодот на Југославија).
    Ама како и да е, никој без заслуга не добивал директорски функции! Ама никогаш во тој период!
    Особено не почетокот кога било уште потешко, па луѓето биле приморани сами да си ги градат стамбените објекти, а згора на тоа се задолжувале за да можат финансиски да ги обезбедат своите семејства.
    Како и да е, сиромаштија имало секогаш и ќе има!
    Никогаш оваа земјичка наша не куртулила. Но, сега во периодот на транзицијата ја чувствуваме многу повеќе, поради огромната нееднаквост меѓу сталежите.
    Е порано не било така мили мој.
    Ретки биле луѓето кои биле пуни ко брод. А, денес еден тон такви. Кукаат божем немаат, а не знаат ни сами месечно по колку плата зимаат. Имам јас другари такви, не се секирај. ;)
    Велиш мобилни од по 500 евра? Ти ова озбилно? |(
    Не знам у кој свет живееш пак ќе речам, веројатно во ,,Богатија'' ама овде сигурно некој со осум илјадарки, и да умре молејќи нема да може да си овозможи луксузен мобилен, освен ако претходно не турил настрана у банка.
    Грции, курци палци никогаш досега не сум видела да плати некој годишен одмор со волкава плата.
    И 30 илјади да зима месечно, со четворо члено семејство пак нема да му стасаат.
    Така да напраи ја математиката првин, а не лупетај глупости.
    Сме се жалеле без причина, ма немој молимти се.
    Тебе ако ти е арно, заврти се малце околу себе. Ама немој да се чудиш ако видиш едно брдо луѓе кои зависат од социјалната помош и бедните 4000. А да не збориме за гладните кои молат за корка леб по улиците. Или тие се небитни, не постојат.
    Па, секако во твојот прекрасен имагинарен свет каде е се совршено. |(


    Не знам дали сум јас глупава што не можам да ја најдам таа позитивна граница за која зборуваш, или пак е таа единствено е производ на твојата бујна фантазија.
     
    На DraTilHelvete, Night Rider и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222

    Јас знам луѓе кои одат на одмор во Дубаи, Малезија, и пак не се задоволни, па ако имале шанси ќе ја напуштеле Македонија. Инаку не навредувај, ако си од Скопје прошетај во помалите места да видиш дали некој пие кафе по кафичи или си го купуваат од продавница па дома го пијат. Поголемиот дел од граѓаните се доведени во ситуација кога не можат да си подмируваат сметки и трошоци за живот. Колку само свадби кај подалечни роднини сме испуштиле, не сме отишле затоа што ни било приоритет да платиме сметки или ако сме поканети 4 одиме 2. Бев на свадба кај што на младоженецот 30 гости не му дојдоа. Не дека не сакале, ама сигурно немале средства.
     
    На DraTilHelvete, Gordana10, devojka54 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Намерата не ми беше да навредам никого Извините на сите оние кои се почувствуваа навредено
    Кажав само дека не е се црно кај нас како што се претставува само тоа и искоментирав некои примери не викам де се е во ред кај нас треба да се чека време Да бидеме оптимисти само на тоа мислев
    не сум ни ја некој кој има мн за фалење ама и не се жалам многу никој нема да ми дадее ако се жалам по форумиве..Поздрав
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Има и зошто што никој не кажува убав збор.Човек кој има работа, убава плата, ќе се прашува и чуди како тоа нема работа и сл., не ме разбирај погрешно, не знам за тебе, туку зборам за такви луѓе, кои си се убаво обезбедени финансиски и истите тие се чудат како тоа не може да се најде работа.Зошто се чудат? Затоа што, мама, тато, дедо, баба и цела фамилија се поставени на високи функции, своите, деца, внуци ги вработуваат.Нивни проблем кого ќе вработат, проблемот во државава е што не се цени било кој, се гледа своето.Сосем други се приоритетите кога станува збор за вработувањето, а сосем друга песна се пее кога ќе треба некој да се вработи.Прво и основно, кого лажат? Второ, мислат дека народот нафта пие, па ќе можат секого да мотаат, како што тие сакаат? Во државава важно е човек нели да ги има сите предиспозиции за вработување, ама најважно и е кого вработува.Ова не е ни за муабет, но реалноста е таа, само очигледно скоро сите меѓусебно сакаат да се лажат и да замижуваат пред реалноста, а истите тие велат мразат да лажат и дека си кажуваат онака како што е.Иронично, премногу.

    Како може да се очекува од ова што го споменав позитивно мислење да има некој? Зарем нели е трагично да некој што вложил во себе си, завршил факултет, се надградувал, плус, мислејки дека ќе е тоа од некаква корист за државава, а од поголема корист за себе си, тука да не може да најде работа? Има и такви луѓе, за кои може да ти биде мерак да ги слушаш, што се тие не направиле, од аспект на образование, само за да најдат работа и утре ден, да бидат излажани дека ете можеби некогаш, а кога не се знае, ќе бидат вработени, а притоа, прилично им одминале, троа, годините.Имав можност да го слушнам ова, ми падна криво, иако таа личност не ми е роднина.После, нашиве се чудат зошто заминуваат од државава, па фала Богу, нема да седат тука и да чекаат нешто од небо да им падне, од наводна „ чиста среќа“ како што многумина милуваат да кажат, дека по случајност се вработиле.Што да кажат останатите во државава, кој со факултет, кој без факултет, без разлика, и едните и другите сакаат да работат и не можат работа да најдат? Изгледа е се така црно, ниту сиво, а за бело да не збориме.Само, знаеш, кој си има, ќе си ужива и државата ќе му биде рај, кој не, ќе си трга маки.Колку пари, толку музика.
     
    На kolovoz и makedonkamak им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Горде душо, не ме сфаќај погрешно, но не можеш на возрасен човек кому според напишаново, не е тешко да се склопи една фина слика дека речиси се му е сервирано на тацна. Не очекувај да сфати дека многу работи не чинат бидејќи тој има лагоден живот, и сеуште живее во некој свет каде владеат CS 3, 4, 5 мобилни телефони, кои јас впрочем не знам ни што значат. :)
    Нему очигледно секое парченце од сложувалката му е вметнато на соодветното место така да може да се кладам дека веќе има резервирано еден огромен сеф за црни денови кој за повеќето тоа е научна фантастика.
    Па, според ова тој и да сака не може да има објективно видување кон проблемите. Бидејќи му е замаглед видот од добивката на материјален план.

    Па, згора на тоа ние му зборуваме невработеност, немој молим ти се. :rofl:
    Ма каки невработеност, тоа е вечно незадоволниот македонски народ. ;)
    Тоа се речениците со кои се правдаат мнозината, а особено таквите како него кои не виделе криза во текот на својот живот.
    Башка, очекува ,,светли'' ствари да се пишуваат на тема ,,НЕВРАБОТЕНОСТ''. А не го прочитал ни насловот очигледно, а уште помалце ја сконтал неговата цел и покрај тоа што потенцира дека ги прочитал претходните страници. :D
     
    На DraTilHelvete му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Те разбирам, само приметувам дека како и тука, така и во реалноста, некои луѓе размислуваат на тој начин.Секогаш се гледа од свој аспект, не од аспект на тоа што на многумина им се случува, односно објективно.Очигледно не разбираат дека не ни може да се има позитивно размислување на оваа тема, кога веќе и тој самиот има такво мислење, знам зошто така мисли, да не може да најде работа, да знае како е да се нема, нема ни да му текне на тој начин да размислува.Можеби и знае како е, не можам со сигурност да тврдам, но таквиот начин на размислување не произлегува од луѓе кои имаат за да преживеат, кои си се обезбедени финансиски.Како може да цвета државава, кога тие огласи за работа поставени на нет, кога ќе прати човек никој, ниту еден не се јавува и да е тоа само кај еден човек, па да речеш дека можеби тој нешто не направил како што треба, ама како може на многумина кои праќале апликации за работа по огласите, никој да не им одговара? Може ли самиот да каже или евентуално да потврди, сите огласи на нет поставени, предвреме се најдени луѓе? Ова и странцине го знаат, а не пак ние, па ај сеа ќе се правиме демек не сме од тука.Тука, човек колку и да си ја сака државата, ќе му се одмили.Во странство се цени работата, не се гледа низ прсти, заради тоа што некој си го вработил својот внук итн.Затоа, нашава држава си е онаму каде што е, нит НАТО, нит ЕУ, ќе види.



    Изгледа заборави што кажа претходно, а велиш дека не употребуваш навреди.
     
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/16 ... -rabotnici
    Јас не сум учел факултет 5 години за да имам плата од 15,000 денари. Не можам да работам било што, ја чекам вистинската работа за мене.
    Овде брат не ја бива. Во странство сигурно ќе добијам плата од минимум 1,000 евра.

    Ова се само некои од коментарите кои секојдневно ги слушам од луѓето во мојата околина.
    Во исто време на друштвените медиуми фрчат статуси од Робин Шарма, Доналд Трамп, Нелсон Мандела и ред други лидери кои станаа наши херои на денешницата.

    Се ова е во ред. Сите овие луѓе треба да ни служат како инспирација. Доказ дека соништата се остваруваат и причина да продолжиме да сонуваме. Но, позади успехот на сите овие луѓе, се крие една работа која малкумина ја практикуваат а тоа е дека за да ти се исполни сонот, треба да работиш за него и на него. Вербата е само почетокот. За да го доживееш неговото остварување треба да се окозиш од работа.

    Една друга важна работа која не треба да ја заборавиме е дека последното поглавје од животот на некој човек не може да биде нашето прво поглавје.

    Да, Ричард Бренсон е синоним за човек кој ги исполнил соништата ама не верувам дека пред 30 години тој седел дома и си велел самиот на себе- што е мое ќе си дојде. Или пак, дека не му било ни на крај памет да излезе од дома да работи за 100 фунти. Сигурно не го правел тоа.

    За да успее Ричард Бренсон, работел се и сешто на почетокот. Исто како Доналд Трамп. Исто како и Робин Шарма. Не се разбудиле тие еден ден и добиле се и се разбира дека никој не им ги сервирал овие работи на послужавник. Не! Тие се бореле, ризикувале и најмногу од се не се плашеле да работат. Знаеле дека само преку макотрпна работа можат да си ги остварат сопствените соништа.

    Вистината е драги пријатели дека ништо во животот не доаѓа само од себе. Целиот наш живот е делчиња од мозаик кои се собираат со секое работно искуство, со секој поминат предизвик, со секоја исплакана солза и неуспех. За да добиеш нешто треба да се бориш за тоа. Треба да ризикуваш за тоа. Треба да работиш на тоа. Бидејќи ако само седиме и чекаме чудото да тропне на нашата врата ќе го поминеме сиот наш живот чекајќи и жалејќи се дека животот е суров и дека се обидуваме но работите едноставно не ни одат од рака.

    Сонувањето е прекрасно и да треба да се сонува но треба и да се разбудиме и да сфатиме дека секој почеток е тежок но и секоја тешкотија со себе носи лекција која ќе не однесе таму каде што живеат нашите соништа.
    Кога ја земав мојата диплома, татко ми ме прегрна и ми кажа- сине, толку од нас, сега е време самиот да почнеш да заработуваш за себе. Мислев дека се шегува но фала му на бога што не се шегувал.

    Ја мразев мојата прва работа. Продавав услуги за рефинансирање преку телефон во Англија. Луѓе ме пцуеја на телефон, ми се дереа, ми се закануваа но јас продолжив да вртам. Знаев дека сето ова е само едно искуство кое ќе ме однесе до местото каде што заслужувам да бидам. Не дојде тоа место туку така. Требаше да се случат многу предизвици, многу падови, за конечно да сфатам дека апсолутно се вредело бидеќи нема ништо поубаво од тоа кога си го остварил сонот и знаеш дека тој сон е твоја заслуга. Ти си се борел за него. Ти си работел и плачел за него. И продолжуваш да се бориш бидејќи сфаќаш дека секоја борба колку и да е тешка носи со себе благодети кои ќе те направат подобар и посреќен човек.

    Ден денес се чудам кога некој ќе ми дојде на интервју и гледам дека на 25 години, не само што завршил факултет, туку има и магистратура па и докторат. Искрено, не гледам ништо спектакуларно во тоа дека со твоите 25 години си успеал да докторираш а притоа немаш ни еден работен ден во твојот живот. Вистината е дека исто како сонувањето, и факултетот ништо не вреди ако не го ставите сето тоа знаење во пракса.

    Време е да се разбудиме луѓе. Поминаа времињата кога брзо се правеа пари. Живееме во суров свет во кој има уште милијарди луѓе како нас. Она што ќе не направи поразлични од другите е само нашата трпеливост, издржливост и работливост. Само таквите луѓе ќе преживеаат и само на таквите луѓе соништата ќе им станат реалност. Другите 99% ќе продолжат да сонуваат и еден ден кога ќе ги снема ќе сфатат дека сиот живот го поминале спиејќи.

    Затоа, не плашете се од работа. Не плашете се да започнете со минимална плата. Не срамете се од тоа што го работите бидејќи тоа што можеби сега ви изгледа како најмизерна работа, чекор по чекор ќе ве однесе до работата од вашите соништа.

    Разбудете се и почнете да работите за вашите соништа.
     
    На butterfly4 и Spidy им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    ^^ не би било лошо дечкото што ја пишувал колумната прво да прочитал нешто за Донал Трамп и за Нелсон Мендела.
    Донал Трамп не почнал од ништо татко му имал фирма (добро ситуирана) кој тој ја проширил. Што значи не е дека немал ништо. А Нелсон Мендела не се спомнува никаде дека е богат и не е богат. Тој само се борел за човековите права и бил неправедно осуден на 20 и нешто години затвор кој ги одлежал.
    Секој денес стана колумнист и специјалист за наогање работа. Незнам како некои луѓе се дрзнуваат да ги осудуваат оние кои немаат работа дека се мрзливи исл. кога и самите знаат како ја добиле својта.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Значи како лажат нашиве за намалување на невработеноста, страшно |( повеќе од 80 компании присуствувале на саемот ( смајли што се самоутепува), какви бре 80, што им е на овие, не знаат да бројат или што им е проблемот, па ај тоа, па повеќе од 80 биле |(

    Како може да си играат мајтап со народов, па поготово младите да ги залажуваат... :|
     
    На makedonkamak, Night Rider и Daleron им се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Еве јас во подршка на АДОКИ. Мене не ми е се така црно. Си живееме со маж ми убаво комотно по одмори викенди итн. Си купивме кола сега здравје боже уште малце и стан.( значи зборав ова неколку години не да помислите дека се сме стекнале за една недела :D ) Имам 27 год и оваа ми е трета работа. Мм можеби наскоро ќе остане без работа ама не се плашам здрав паметен способен сигурно ќе се снајде. Сите другари и луѓето со кои се дружам ми се вработени и искрено не слушам кукања. Сите сме од провинција дојдени со минуси на сметка после студии но со напорна работа фала богу се живее.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Joelle , а што да прави тој што немал пари за студирање, не ни дошол во Скопје туку си останал во провинција. Има многу паметни деца кои пропаднале во животот само затоа што родителите немале пари за да ги пратат на факултет. Малку се таквите оптимисти како тебе. Сега читам породилното ќе го плаќал газдата, па државата ќе му гу врати парите. А и ова со хонорарите, да плаќаат луѓето од хонорар 35% на државата. Значи ако одам на промоција и земам денеска 1000 ден, 350 ќе одат за државата?Ужас .Иако си ја сакам Македонија се повеќе ја гледам како црна дупка, слепо црево на Балканот. Ќе биде се потешко и потешко.