1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеноста во Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 21 мај 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Не се сложувам дека ако неможеш да идеш на факултет треба да пропаднеш. ( коллку успешни луѓе има во светов и во Македонија без факултет) Факултетот не е гаранција дека ќе најдеш работа како што можеш да видиш од претходните мислења. Постојат мали приватни бизниси, земјоделие и мал милион други работи со кои можеш да си обезбедиш живот ако сакаш. Не е се совршено ама за живот се има. Неможе сите да имаат факултет и неможе сите иста плата да зимаат. Некои се поспособни од другите и нормално е да има класна разлика.


    Едит. за хонорарите не плаќаш, плаќа тој што те ангажира, ти ако се договориш 1000 дена тој треба да плати + на таа сума не ти.
     
  2. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    факултетот буквално не е никаква гаранција за успех.. не живееме ние во држава каде после завршен факултет,државата сама им наоѓа работа на младите. е сега,секако факултетот отварат повеќе можности,повеќе познанства и сегакако повеке шанси за работа. реално да прајме,во државава шансите за вработување без јаки врски,партишка книшка и такви срања е све потешко...
     
    На makedonkamak и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Во ниедна држава, државата не им наоѓа работа на младите, им нуди повеќе можности да но никако не им наоѓа работа. За работа во приватниот сектор не ти се потребни врски и партиска книшка, за државните институции да верувам дека е потребно...
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Во земјите низ Европа каде што сум била, само со средно може да најде човек работа и да си заработува за нормален живот. Тука мислам само средно, без познавање на странски јазици, без познавање на англиски. Кај нас со факс и со познавање на 2 странски јазици седат дома или ако заработуваат тоа не е доволно за семјество, доволно е да поединец. Јас говорам 3 јазика, со факс земам 200 евра во провинција, и доволно ли е тоа?
     
    На Nausicaa, makedonkamak и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ооо и тоа како ти е потребна партиска книшка и за во приватните фирми. Па сите се врзани со влада. Како инаку просперираат, не им одат инспекции, ги тераат вработените да одат на работа и викенди, плата даваат колку сакаат, не плаќаат придонеси... Сите се врзани со партиите. Сите. И за таму ти треба врски и партиска книшка.
     
    На Nausicaa, Abeja, vinozito1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Кој сака да работи, се наоѓа работа.
    Прашање е само дали ги задоволува вашите потреби или не?
    Кога многу бираш или чекаш по струка ќе си седиш дома.Читам погоре факултет јазици, а само 200 евра плата, па давај приватни часови по јазици ете ти плус уште 200.Партиската книшка не секаде е мерило за вработувње.Приватник што одвојува од устата на децата ќе те прими со партиска книшка, ако за свирка не те бива. Глупости.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Тања во ред е да си незадоволна и огорчена но мислам дека премногу ги идеализираш работите за во странство, и таму не е мед и млеко посебно сега, тешко е за работа секаде. И тука се наоѓа работа со средно, дури можеби се повеќе се бара таков кадар бидејќи сега сите завршија факултет и сите очекуваат да бидат директори, а потребен ни е различен кадар. Џабе некој збори јазици и има факултет ако едноставно не го бива човекот. Тоа не е мерило денес секој втор има вакви квалификации тоа не е доволно. Ова не се мисли на тебе мислам општо... Јас додек не дојдов на фемина воопшто не ни размилував вака дека е потребан партиска книшка или незнам што а до тој период веќе бев на втората работа. Зборот ми е дека ако ви фали нешто превземете мерки и тоа драстични, со плукање по државата и соседење дома ништо не правиме. И дајте малце позитивност бе женчиња.:toivo:
     
    На Daleron и do-re-mi им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Знаеш ли колку професори молат за часови приватни да држат? Јас не сум филолог, но сум учела јазици за себе. Порано работев хонорарно и така фаќав по 4000-5000 денари месечно плус од плата и беше ок. Ама сега ме цицаат за 200 евра , плус само недела ми е слободна. И што да правам попрво во недела?Таму кај што работев хонорарно знаат дека сум вработена, зафатена и ме заобиколуваат. Викаат луѓе кои се слободни цело време и за мали пари ќе завршат еден куп работа. Работа има, да , ама за пари кои се доволни само за поединец, не за семејство. Пред 3 - 4 години ми беше добро, ама сега нагло се вложуваат работите и не сум задоволна од општата состојба во државата.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    За приватните часови напоменав од личен пример. Сега повеќе од јасно ми е дека платит се движат повеќето околу 200 евра, ама некој не зема ни толку, од пуста мрза (не е генерално).
    За ќерка ми се јавив кај 2-3 ца професори по матматика за сабота и недела Ме „откачија“ поради немање слободен термин.:?: Најдовме една професорка за во недела 250 ден. 60 мин.Имаме потреба уште од еден час неделно пак ка термин да се најде попладне. Малава има во четврток термин навечер, а во четврток прави тест. Побаравме термин за среда вечер и дури во 22 часот слободно. Така да веќе не знам што да мислам до што е. Дали до квалитетот или квантитетот.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    За 200 евра од приватни часови треба да се убие од работа човек. Професорката која ми предаваше германски од 40 ученици колку што имаше земаше 9000 денари. За неа беше успех ако тргне 20 евра од парите кои ги заработува месечно. И тоа ли е за оптимизам. Ако е помала група нема ни 100 евра да земе. Додуша таа беше среќна што воопшто нашла ангажман.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Душо моја не ја жали професорката со 400 евра плата и + 150 и тргање на страна.Јас со мојата плата и + дете тинејџер треба да кукам, не фала. Фала му на Бога и за ова па ќе го притегнам малку каишот. Никој од нас обичниот народ велам обичниот затоа што има милионери не може да е на исто со нив.Колку ти е чергата толку ќе си ги пружиш нозете.
    Ќе отиам малку офф.
    Едно не ми е јасно, никој ништо не работи , а по цел ден и ноќ кафитериите и кафаните се полни. Тој луксуз на запад го нема (а сите споредуваме запад) како во Македонија. Ринтаат по цела недела нон стоп за еднаш, а можеби ниеднаш да не излезат.
    Сега кога прочитав подобро сватив дека професорката дава само приватни часови или се лажам?
    И да е така 40 часа неделно по 250 денари нека е колку се?
    10000
     
    Последна измена: 4 ноември 2014
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Сакав
    Девојката има само хонорарен ангажман од кој зема 150 евра и 20 ги тргна на страна. Не зборам за професорка која ем работи во школо, ем приватно дава часови. Има во приватно школо вкупно 40 ученици кои учат во група. Ама без разлика на бројот на ученици во група за 90 минути таа зема по 300 денари.

    Инаку на Запад нема толку излегување, ама мислам дека тоа е затоа што се затворени луѓе, а не дека немаат пари. Во едно семејство каде што бев на размена дали и еднаш во месец ќе излезеа. Плус кога ме одведоа во трговски седнавме во кафуле, тие ме прашаа сакаш сладолед или сакаш пијачка? Едно, кај нив нема и кафе и сок и слично.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Токму тоа сакав да го кажам сите кукаме, а насекаде се парталиме. Заработуваме 200 трошиме 400 од каде?
    Имај убав ден.
     
  14. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Девојки дај кажете како се справувате со наоѓање работа( вие што сте невработени)?
    Имам дипломирано на Економски факултет, но мн тешко ми оди со вработувањето.
    Се утепав од одење по интервјуа, сум стигнувала и до трето интервју нели каде што треба директорот да те запознае, но ништо.
    Година ипол ја потрошив по интервјуа и сеуште неможам соодветна работа да најдам.
    Дури и за пракса не се наоѓа ништо. Незз дали е веќе до мене или општата ситуација во државава е таква?
    Искуства ваши?
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Не е до тебе, драга моја. Проблемот со вработеноста влече други подлабоки корени.Ако си партиски активист и поборник за владејачката партија ќе ти било полесно. Вака си тапкаш во место како и илјадници други. Мислам се разбираме.
     
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Многу глупаво напишано, нема никаква допирна точка со фактите. Во земјата има околу 5-6.000 слободни работни места според заводот а невработени се 280.000. Од тие 5-6.000 барем пола се државни места кои само фигурираат како слободни а за кои веќе се најдени партиски активисти.

    Изјави како ``кој сака да работи`` се типичен пример на луѓе без никаква свест. Работникот влегува во работен однос за плата а не само за да работи. Работа за беспари може да се најде веднаш, се договара човек со газдата да му ги враќа сите пари кои ќе ти ги префрла на тековна и решена работа. Тоа е секако ретардирано но поентата е таа.
    Плата од 150-200 евра прашање е дали е доволна за физичко преживување. Стоката по шталите барем е сигурна дека ќе преживее до клањето, овдешниот работник или работничка е пресреќна ако добие 200 евра?

    Многу тажно.
    До стан за неколку години со работа во земјава? Само едно би прашал - колку го давате грамот и дали го делите на два? :D

    Ова е врвот, тврдење дека луѓе со 8050 денари плата имале мобилни од 500 евра и оделе по одмори во Шпанија. Претпоставувам дека купуваш роба кај горенаведената членка, смени си го дилерот на време.
     
    Последна измена од модератор: 7 ноември 2014
    На DraTilHelvete, okcenzi, SexiLy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Меѓутоа ова е многу лошо според мене.Цело време си го вртам филмот: За што сум учела ?
    Верувам дека има многу млади кои се соочуваат со овој проблем, но ова веќе зафаќа големи размери. Да неможе човек да најде некоја пристојна работа според струка, нормално сам да успееш без некакви книшки, пријатели и сл...
    Заради ова пишав да видам ваши искуства, бидејќи понекогаш се доведувам во ситуација да мислам дека јас нешто погрешно правам.Страшно !
     
    На WORRIED.BT и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Пролистај ја темава наназад и ќе сфатиш како стојат работите и дека не си сама во овој проблем.
     
    На kate89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Не би рекла, Дејдрим. Можеби има некои кои се поврзани со власта на овој или на оној начин, ама секој работодавец кој си отворил фирма и чесно си го заработува лебот, ни на крај памет не би се мешал во чорбата на партиите.
    И зошто на пример кај мајка ми во фирма врие од инспекции (работи во приватна фирма) и досега како што се сеќавам, само еднаш заработиле казна, пред некои си 4-5 години, кога почнаа да аздисуваат со казните.
    Ниту ја терале да работи прекувремено, ниту пак придонесите и останале неплатени.
    Не генерализирај, фирмата каде што работи мајка ми ја зедов само за пример. Трета година по ред како одам на пракса низ приватни фирми од мојата бранша, па гледам дека и таму не се нешто поразлични работите.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Во мојот град има приватни фирми кои се блиски до градоначалникот, добиваат тендери и тие примаат партиски кадар. Значи за да бидеш шофер, секретарка ти треба препорака од штаб. Тоа е за приватни фирми кои се блиски до локалните власти и имаат привилегии.
     
    На Night Rider, Gordana10 и makedonkamak им се допаѓа ова.